1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Светци

Дискусија во 'Религија' започната од Bitter-Sweet, 31 август 2016.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.526
    Пол:
    Женски
    Би сакала да отворам една нова тема за дискусија.

    Прво едно објаснување дека светците се дефинирани како луѓе кои се сметаат за пример за исклучителна верска доблест и светост, кои претставуваат и пример за следење на верата.

    Е сега, која ми е поентава на темава. Баш се сетив на Тоше Проески и Мајка Тереза за кои имаше иницијатива да се прогласат за светци. Тоше не го прогласија за светец а Мајка Тереза мислам дека ја прогласија. Тоше беше само обичен човек, верник кој правеше постојано добри дела и го ширеше христијанскиот дух но не поседуваше никаква друга моќ, на пример исцелителна, како што поседувала Мајка Тереза. За една личност да биде прогласена за света, потребно е да ѝ бидат признаени две чуда. Мајка Тереза тоа го постигнала, нејзиното прво чудо – излекување на Индијка со абдоминален тумор а второ - лекување на маж од Бразил од неколку мозочни тумори.

    Како вие го објаснувате поимот светец и кој може да биде светец?
     
    Последна измена: 31 август 2016
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  2. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Според Библијата свети луѓе се оние луѓе кои го прифатиле Исус Христос за Свој Господ и Спасител, му го предале животот и Небесното царство им е приоритет број еден. Според Божјото ветување тие луѓе го имаат Светиот Дух кој ги управува, води, утешува, им дава духовни дарови и плодови. Бог преку Библијата заповеда и очекува од сите христијани да бидат свети.

    Зборот „свет“ на оригиналниот еврејски јазик значи „одвоен“ или „одвоен за посебна Божја намена“. Такви биле на пример ковџегот на заветот, жртвеникот, садовите итн во старозаветниот храм на евреите и никој не смеел да го оскверни со тоа што ќе ги искористи за друга намена. Од секојдневието на пример четката за заби не ја користиме за четкање кондури или други работи, туку само за заби. Таа е посветена за чистење на нашите заби. Слично на ова, христијанинот е свет ако е целосно посветен на Божјата служба и не се сплеткува со работите од овој свет.
    Израелците биле свети на тој начин што се одвојувале (разликувале) од останатите народи по тоа што не верувале во многу богови, туку само во библискиот Бог (Јахве), не јаделе нечиста храна, имале одредени ритуали за прочистување и морални вредности за живеење свет живот. Книгата Левит од Мојсеевите книги е тој кодекс за живеење свет живот и истиот содржел и уредби за приноси за грев - со што јасно се ставало до знаење дека да бидеш свет не значи да бидеш и безгрешен.

    Кој може да биде свет? Според Библиското учење секој може да биде свет и тоа не е препорака, туку јасна заповед до сите Божји луѓе во Стариот завет:

    „„Зборувај му на целото општество на Израелевите синови и речи им: ‘Бидете свети, зашто Сум свет Јас Господ, ваш Бог!“ (Левит 19:2, Библијата)
    Истата заповед е повторена многу пати во книгата Левит: Левит 11:44, 11:45, 19:2, 20:7, 20:26, но и во други книги од стариот завет (пр. Броеви 15:40, Библијата).

    Христијаните стануваат свети преку Исус Христос. Така на пример апостол Петар (познат како свети Петар) ни порачува:

    „Како послушни чеда, не управувајте се според некогашните страсти, кои ги имавте во своето незнаење, туку според Светецот, Кој ве повика, бидете и самите свети во целото свое држење, зашто е напишано: „Бидете свети, зашто Јас Сум свет.”“ (1 Петрово 1:13-19, Библијата)

    Како што се гледа од конктестот, оваа заповед не е упатена само до одредена елитна група на христијани, туку е универзална до сите христијани. Тука воопшто не станува збор за „свет“ од типот на светците како што се прикажани во католичката и православната црква со сите нивни супер моќи и божествена природа.

    „Според таа волја осветени сме преку приносот на телото на Исуса Христа еднаш засекогаш.“ (Евреите 10:10, Библијата)
     
    На Jas! му/ѝ се допаѓа ова.
  3. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Во нашето поднебје од светците се направени култни личности и луѓето им се молат, ги слават, им палат кандила, гледаат на нив како на божествени битија и ги сметаат за рамо до рамо со Бог. И заради многуте заблуди, од перспектива на Библијата ќе објасниме што НЕ се светците:

    Свет човек не значи и безгрешен човек, бидејќи таков човек нема, немало и нема да има освен Исус Христос.
    Свет човек не значи човек со супер-моќи. Кога апостолите Петар и Јован го излекувале инвалидот што просел покрај храмот во Ерусалим, Петар рекол:

    „А кога Петар го виде тоа, му проговори на народот: „Мажи Израелци, зошто се чудите на ова или зошто гледате на нас, како ние со своја сила или побожност да направивме овој да оди?“ (Дела 3:12, Библијата)

    Овде апостол Петар не одрекува само дека тие со својата сила го излекувале инвалидот, туку одрекува дека тоа се должи и на нивната побожност!

    Кога светиот апостол Петар бил пресретнат од еден христијанин по име Корнелиј, Корнелиј му се поклонил. На овој гест апостол Петар не ги споил прстите како на иконите како да дава благослов, туку…

    „А кога Петар влегуваше, Корнелиј му излезе во пресрет, падна пред неговите нозе и се поклони. А Петар го подигна, велејќи: „Стани! И јас сум само човек!”“ (Дела на апостолите 10:26, Библијата)

    Апостол Петар бил сметан за еден од столбовите на Црквата (Галатите 2:9, Библијата) и еден од тројцата најблиски апостоли на Исус (покрај Јован и Јаков) и е првиот кој ги признал Исус за Син Божји (ев. Матеј 16:16, Библијата). Сепак не одобрувал да биде обожуван или да му се поклонуваат.

    Во сличен контекст апостол Јаков за свети Илија рекол: „Илија беше човек по природа ист како и ние“ (Јаков 5:17, Библијата)

    Зошто го рекол ова Јаков? Затоа што Илија бил многу познат пророк проследен со многу чуда и луѓето мислеле дека тој е нешто повеќе од човек.

    Светите Божји луѓе (упокоените христијани) се на небото, но ние немаме гаранција дека ти ги слушаат нашите молитви за да им се молиме за тие да се молат за нас. Во Библијата ќе најдете стотина молитви, но нема да најдете ниту една молитва која е упатена до некој светец или до некој друг освен Бог. Сите молитви на Божјите луѓе се упатени до Бог и само до Бог.
     
    На Bender Rodriguez, baba Rada и Jas! им се допаѓа ова.
  4. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    За разлика од ваквите Еретички и Секташки учења погоре,вистината е сосема друго.Бог во Библијата вели
    „Јас реков: ‚Богови сте,и сите вие сте синови на Севишниот''. Псалм 82:6.Подоцна и самиот Христос го потврдува тоа: ,,Евреите му одговорија: „Не те каменуваме поради добро дело, туку поради хула,затоа што ти, иако си човек, се правиш бог“.34 Исус им одговори: „Зарем не е запишано во вашиот Закон: ‚Јас реков: „Богови сте“. Јован 10:33-35
    Што значи да се биде човек а да се биде ''Бог"? Христијанството(Православието) утрдило врз основа на Библијата три степени.Очистување(од гревови,страсти,пороци),Осветување(каде што човекот почнува дефинитивно да живее морален живот,очистен од сите страсти,пороци,гревови) и последниот,трет степен е Просветлувањето(тоа е кога човекот ја гледа Несоздадената Светлина на самиот Бог,и Бог преку тој човек прави чуда).И овој процес има заедничко име наречен Исихазам.Стварта е во тоа што за се дојде до овој трет степен,човекот мора да биде монах,мора цел живот да живее како таков,и после многу децении таков живот да дојде до некој поголем степен.Бидејќи во една генерација,сами еден или двајца монаси-аскети,пустиници успеваат да го достигнат тоа ниво а некогаш воопшто никој.


    Ова е учење на Православната црква е донесено врз основа на самите Христови зборови ,,Вистина, вистина, ви велам, кој верува во мене, ќе ги прави делата што ги правам јас. Ќе прави и поголеми дела од овие. Јован 14:12
    И затоа во Православието имa луѓе,кои биле живеелe таков живот,откажани од светот и правеле големи чуда.Св.Никола,Св.Василиј,Св.Серафим Саровски,Св.Макариј итн итн..
    Овие луѓе го достигнале тоа се што пишав погоре,и станале како што Црквата ги нарекува ,,Богови по благодат''.Како што самиот Бог ги нарекува.
    Ние се молиме на нив бидејќи они се живи,со нивната смрт се преселиле во рајот и се со Бог.Ги молиме,со нивните молитви да се молат пред Великиот Цар за нас никаквите и мизерни грешници.За да ја добиеме милоста Негова.
    Свети Серафим Саровски на пример рекол: "Кога јас нема да бидам меѓу вас, доаѓајте кај мене на гробот, доаѓајте кога ќе имате време, и колку почесто - толку подобро. Сé што ви е на душата, сé заради што ви е тешко, било што да ви се случи, дојдете на мојот гроб и наведнувајќи се кон земјата, кажете ми како на жив, и јас ќе ве слушнам и вашата тага ќе помине! Зборувајте со мене како со жив, и јас за вас секогаш ќе бидам жив!''.

    Вакви случаи има милиони.Неможат секашите и квази-цркви да го оспорат дејството на Светите колку што они може да ја прокламираат својата сила во Господ дури и после смртта! :)
    Затоа треба да ги читате Житијата на Светите и Библијата.За да не ве прелажат оние кои се волци во јагнешка кожа,кои отпаднале од Христос и проповедаат некои свои филозофии за Библијата и Христијанството
    15. Пазете се од лажните пророци, кои доаѓаат во овча кожа, а однатре се волци грабливи. Матеј 7:15
     
    Последна измена: 31 август 2016
    На Таа Сум, rose60, korisnichka и 4 други им се допаѓа ова.
  5. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.573
    Допаѓања:
    9.823
    Пол:
    Машки
    Еврејскиот збор што е преведен со „богови“ е Елохим. Тој збор начесто се однесува на едниот и вистински Бог, но исто така има и други значења како: богови, судии, ангели. Зборот „елохим“ е преведен како судии на пример во: Излез 21:6, Излез 22:8,9. Почетокот на Псалм 82 вели: „Бог стои во соборот на боговите, одржува суд среде боговите. „До кога ќе судите неправедно, ќе им одите на рака на безбожниците?“ (Псалм 82:1-2, Библијата)
    Јасно е од контекстот дека овде зборот елохим се однесува на судиите и другите луѓе кои имале позиција на авторитет/власт и истата ја злоупотребувале неправедно. Тоа што овде Бог ги нарекува луѓето „елохим“ индицира 2 работи:
    1. Тие имаат авторитет над другите луѓе
    2. Нивната моќ произегува од авторитетот на Бог кој владее и и суди на целата земја (Псалм 82:8)

    Зборот „богови“ (елохим) ретко се користи за луѓе во Библијата, но сепак има такви референци. На пример кога Бог го праќа Мојсеј кај фараонот му вели дека тој (Мојсеј) ќе му биде како Бог на фараонот (Излез 7:1, Библијата) Ова едноставно значи дека Мојсеј, како Божји пратеник, зборувал Божји зборови и затоа е како Бог за фараонот.
    Целата поента на Псалм 82 е дека земните судии мораат праведно да судат бидејќи и тие еден ден ќе застанат пред Судијата над судиите.
    Исус се повикуваа на овој Псалм во разговорот со фарисеите да им покаже дека ако Писмото ја користи оваа титула за земните судии, колку повеќе Исус може да ја користи како испратен директно од Бог.


    Тоа во Стариот завет значело каменување на таквиот човек, тоа значело богохулство, идолопоклонство, еден од најголемите гревови опишани во Библијата.
    Исто така тоа е првиот грев, првата лага со која Змијата ги излажала Адам и Ева кога им рекла:

    „А змијата и рече на жената: „Навистина, не ќе умрете! Туку Бог знае дека, во оној ден кога ќе јадете од него, ќе ви се отворат очите, и вие ќе бидете како Бог, распознавајќи го доброто и злото.”“ (Битие 3:4-5, Библијата)

    Наспроти ова, Библијата вели дека Божјата несоздадена светлина е непристапна..

    „Кој единствено има бесмртност, живеејќи во непристапна светлина, Кого никој од луѓето не Го видел ниту може да Го види. Нему чест и вечна сила. Амин!“ (1 Тимотеј 6:16, Библијата)
     
  6. HUNK

    HUNK Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2016
    Пораки:
    504
    Допаѓања:
    1.028
    Само автоголови си даваш.. па Исус не бил Судија на земјата,бил/е ветениот Месија,Жртвеното Јанге,Господ.Кого осудил Он кога бил на земјата за да тоа ,,Богови'' е синоним за судии? Ти немаш проблем со Библијата која не ја читаш туку со нејзината логика,суштина и значење..
    На форуми пишуваш како што ќе слушнеш таму во сектата.
    Еве го ова што го кажав погоре.Твоите автоголови :D Значи имаме цитат каде што самиот Бог-Отец преку псалмопеецот вели „Јас реков: ‚Богови сте,и сите вие сте синови на Севишниот'' а од друга страна го има твојот цитат на Сатаната кој вели ,,и вие ќе бидете како Бог''.Кај е проблемот?
    Нема проблем.Едната,мојата изјава е лично на Бог,и Он преку тоа алудира на достигнувањето на Светоста,враќањето на човекот во неговата првобитна форма,онаа во која бил Адам пред падот.Додека твојата е лага на Сатаната и таа нема врска со светоста бидејќи Црквата и Библијата Светите ги сметаат за ,,Богови по благодат''.Не за буквални БОГОВИ исти како Бог-Отецот,како што ти и овој Рогатиов сакате да ги извртувате работите.Не ме води во погрешни води,знам јас што пишувам :)
    Никој Светец во Православието ниту еднаш,баш ниту еднаш не изјавил дека он е како Бог,може да разделува мориња,да влијае на временските услови итн.Напротив,сите се сметале за најбедни,најгрешни.. а тоа се вика СМИРЕНИЕ,нешто кое за вас отпаднатите од Христа цркви не ви е познато воопшто.Благодарение на тоа тие станувале такви ,,Богови по благодат''.Во една прилика,демонот на Св.Макариј Велики му рекол ,,Не се восхитувам на твојот пост бидејќи јас не јадам,не се восхитувам ни на твоето бдеење бидејќи јас не спијам.Туку на што,го прашал Макариј.На твоето смирение,одговорил демонот''.
    П.С Свети Макариј Велики воскреснувал мртви.Како што самиот Христос рекол дека тоа што Он го правел ќе го правиме и ние луѓето(оние кои ќе го достигнат тој трет степен на обожен ум).
    Прво јас не реков дека му пристапуваат или го допираат Бог туку
    А вакви случки имаш и во Библијата,со Старозаветните пророци кои го виделе Бог-Отецот колку што они можат да издржат.Но тие никогаш не го виделе Неговото лице.Нема смртник кој го видел лицето на Бог а останал жив.Така ниеден од Светците никогаш не го видел лицето на Бог и Него во цела Негова Полнота туку Неговата Светлина и човечка форма.

    За подетални информации,може да ги прочиташ делата на Свети Григориј Палама кој најмногу и најдетално напишал за ова.
    И не ги извртувај моите пишувања од контекст и не ме води во матни води,што е типично за вас... :)
     
    Последна измена: 31 август 2016
    На korisnichka, Bulgarian, Orthophill и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. rose60

    rose60 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јули 2015
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    2.753
    Пол:
    Женски
    Evangelos kaj I da te vidam si komentiral uste pred da otvoram pretpostavuvam shto e ,referat shiris versko ubeduvanje NO samo kaj tebe deluva toa bidejki kako sto kazha hunk gi izvrtuvas negovite zborovi
     
    На HUNK му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Rama

    Rama Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2011
    Пораки:
    5.419
    Допаѓања:
    54.708
    Пол:
    Женски
    Наскоро МПЦ ќе канонизира уште еден светец,се работи за Монахот Кипријан Слепчански,тој живеел и се подвизувал во Манастирот св Јован Претеча во Слепче.
     
    На Philippa, Pontif, sonuvana и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Pontif

    Pontif Активен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2017
    Пораки:
    17
    Допаѓања:
    58
    Пол:
    Машки
    Сите сте добредојдени на канонизацијата, на 30ти април (недела) во истиот манастир. :):l:
     
    На Rama, Orthophill, korisnichka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.526
    Пол:
    Женски
    И уште еден светец во православието, Св.Гаврил Светогорец.

    Земскиот духовен живот свети Гаврил Светогорец го поминал во Лесновскиот манастир. И додека бил жив, Епископот Велички важел за свет човек. Мноштво чуда извел во лекување на деца и старци, исчистување од разноразните пороци и гревови на многумина кои сакале да се вратат на нормалата патека од животот.

    - Беше прашање на време кога ќе биде прогласен за светец. И по неговата смрт се случуваат чуда. Преку молитвите упатени до него, болни се излекувале, а страдалници избавиле од гревовите и пороците, објасни отец Горгев .

    Инаку, земското име на епископот е Мијалче Парнаџиев. Роден е во штипско Ново село на 10 Октомври 1926 година. Основно и средно образование завршува во родниот Штип, а ликовна академија по завршетокот на Втората светска војна во Белград. Осум години работел како ликовен педагог, за потем да се одрече од овоземските благодети и да се замонаши во еден од манастирите на Света Гора.

    Кога се вратил во Македонија, продолжил да му служи на Господа во Лесновскиот манастир. Токму тука, во 1989 година е устоличен за Епископ Велички. Се упокоил една година подоцна, во Јануари 1990 година.
     
    На LegallyBlonde13, Orthophill, Philippa и 3 други им се допаѓа ова.
  11. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Во недела на 24 септември Македонската Православна Црква ќе впише уште еден светец во православниот календар.

    Јоаникиј Ракотински
    svetec.jpg

    Големата литија со пренос на моштите ќе почне од црквата “Свети Ѓоргија” во Криводол, каде што е резиденцијата на архиепископот г.г. Стефан. Според засега непотврдени информации, моштите на светецот, најверојатно, ќе бидат пренесени со пајтон до соборниот храм „Свети Климент Охридски“, каде ќе биде извршен чинот на прогласување на светец.
    Моштите на светиот Јоаникиј Ракотински ќе бидат ставени во кивот (специјален сандак за мошти), а во црквата ќе биде изложени и видлив черепот на светецот, на кој верниците ќе можат да се поклонуваат.
    Телото на архимандритот од скопското село Ракотинци и по речиси 80 години од неговата смрт речиси не е распаднато. До 2010 година се наоѓаше во гроб во дворот на црквата “Свети Илија” во скопско Ракотинци. Поради информации дека постои опасност телото да биде украдено, МПЦ во 2010 година го откопа и денес се чува на безбедна локација во Скопската епархија.
    Архимандритот Јоаникиј е роден 1839 година, а починал на 24 јануари 1940 година, на 101-годишна возраст. Додека се уште бил жив, архимандритот сам си го ископал гробот каде и го закопале по смртта.
    40 години по неговата смрт, на чуден начин, најверојатно преку ерозија на земјиштето, неговите мошти се појавуваат на површината од гробот. Поради стравот од тогашните комунистички власти, мештаните веднаш повторни ги закопале иако констатирале дека телото е во целосно здрава и во нераспадната состојба.
    Но, моштите на Јоаникиј се појавуваат повторно. Второто појавување била доволна причина за да се увери македонската православна јавност дека нешто свето има во самите мошти. Тие биле нераспаднати и по второто појавување.
    По второто појавување, локалниот свештеник и селаните го закопале архимандритот во селските гробишта, за подоцна да го вратат во неговиот првобитен гроб. Овој пат, тие го ставиле во стаклен сандак обложен со камени плочи кои се наоѓале насекаде околу ковчегот, освен на лицето. Лошата заштита довела до благо оштетување на телото, но сепак истото и денес е доста заштитено.
    Пред извесно време признание за светоста на Јоаникиј дојде и од Грчката православна црква. Јоаникиј од Ракотинци, еден современ охридски светец!, под овој наслов архимандритот на Грчката православна црква Порфириј, игумен на Свештената обител на Манастирот “Свети Јован Крстител” кај Верија, напиша текст за канонизацијата на светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година.
    Архимандритот Порфириј пишува дека пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите од еден чудесен човек божји.

    Мошти од (Свети) Јоаникиј Ракотински прават чуда во манастир во Грција

    [​IMG]
    Архимандрит Порфириј, Игумен на Свештената Обител на Манастирот Свети Јован Крстител кај Верија, Грција, напиша текст за канонизацијата на Светиот Јоаникиј од Ракотинци, што Македонската православна црква ќе ја изврши оваа година.
    Архимандритот Порфириј пред повеќе од дваесет години во црковен весник од Охрид за првпат ја видел веста и фотографиите за Јоанкиј од Ракотинци. После неколку години од неговото населување во манастирот кај Верија тој повторно бил во посета на Македонија, кога и имал прилика да се поклони на моштите на Јоанакиј од Ракотинци но и да добие честица од неговите мошти како подарок од Архимандритот Партениј, игумен на Бигорскиот манастир.
    Следуваат сведоштва за чуда со моштите на Јоанкиј Ракотински
    [​IMG]Неговите мошти ги дадовме на чување за благослов на една жена болна од тешки психички проблеми и таа доби големо утешување. Но, се случи и ова: зетот на нејзината ќерка, Георгиј, едно добро, но нецрковно момче, го посетил нејзиниот дом и таа му рекла: Јорго, ова се мошти од еден светител, поклонете му се. Младичот, вака-така се прекрстил и ги целивал чесните мошти. Имал камења во бубрезите, големи колку топче за пинг-понг, по еден во секој. Во понеделникот што следувал требало да оди во болница на операција. Но, на испитувањата пред хируршкиот зафат, се утврдило дека камењата се исчезнати, без болка и без трага. Во друг случај, мало девојче, кое страдаше од страшен демон „по наследно право“, доживеа големо чудо и скоро потполно се смири кога ги целива моштите. Друга жена болна од рак, која лекарите ја отпишале од живите, светителот ја озари и откако помина скоро година, продолжува да живее, да се радува и да го прославува Божјиот Светија, пишува Архимандритот Порфириј.
     
    Последна измена: 14 септември 2017
  12. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    444
    Допаѓања:
    1.961
    Пронајдена автобиографија на Преподобниот Јоаникиј Ракотински
    3/16 септември 2016 лето Господово
    [​IMG]

    Во светите на земјата и во избраните, во нив е сета моја радост!Откако нашиот Господ Исус Христос дошол на земјата и ја основал Својата света заедница - Црквата, Божествената светост расцветала по целиот свет, до каде што продрела радосната вест за спасението. Христијанската светост се раскрилила во најразлични примери: најпрво, Пресветата Богородица, Св. Јован Претеча и Крстител, светите Апостоли, светителите, мачениците, исповедниците, преподобните, праведните… Светиите се најблескав украс на Црквата Христова и нивните житија ги напојуваат срцата на верните со рајска сладост. Тие се толку прекрасни и возвишени, што лесно ја привлекуваат кон себе христољубивата душа, радувајќи ја со „неискажлива и прославена радост“ (1. Петар 1,8). И не само што ја радуваат, туку Светиите на некој таинствен, благодатен начин им се приближуваат, им се откриваат на оние што ги љубат и се трудат да ги подражаваат нивните животи.

    Едно такво чудесно откровение се случи и со Преподобниот отец наш Архимандрит Јоаникиј, смирениот подвижник и чудотворец од с. Ракотинци, Скопско. Веќе долго време се говори за овој новојавен Светија од нашата Татковина и од нашиот христољубив род: многумина се интересирале за неговиот свет живот, се потрудиле да пронајдат нешто повеќе за него, собрале драгоцени податоци, запишале, оставиле за поука на многумина… Меѓутоа, кога се исполни времето за неговото прославување и од земната Црква, Преподобниот самиот откри нешто драгоцено за него.

    Имено, кога нашиот богољубив Архиепископ, Неговото Блаженство, г. г. Стефан, му го возложи послушанието на нашиот Старец, Архимандрит Партениј, да ги собере потребните податоци и да состави житие за ракотинскиот подвижник, овој веднаш се зафати со таа душеполезна работа. Така, во текот на неколкугодишното истражување за животот на Божјиот угодник, се најдоа солидни податоци, се собраа сите претходни трудови и истражувања за него, се разговараше со постари личности кои лично го паметат Преподобниот, се запишаа повеќе чуда што ги направил за време на животот, но и чуда што се случија во поново време од неговите свети мошти... Меѓутоа најголемото откритие се случи неодамна, кога тројца наши собраќа, испратени со благослов од Старецот, во селскиот храм на Успението на Пресвета Богородица во с. Ракотинци, каде што до 1986 година лежело нераспаднато телото на о. Јоаникиј, заедно со претставници од црковниот одбор во селото, пронајдоа лично негова автобиографија! Иако многумина претходно ја посетувале оваа црква и истражувале за него, едноставно, како самиот Светија да сакал токму сега да го обелодени својот живот.

    Ова скапоцено писание е, всушност, личен ракопис од о. Јоаникиј. Toa може лесно да се воочи од споредбата со останати документи од негова рака пишувани (дневници на касата, деловодници, инвентарни книги, познатиот негов лекарственик), како и од тоа што уште на првата страница, после неколкуте основни фактографски известија пишувани во 3 л. еднина, во продолжение текстот е пишуван во јас-форма. Автобиографијата содржи 11 пишани страници, вклучувајќи ја и насловната, со формат 21х34 см. Текстот е пишуван на лош српски јазик и е најверојатно составен како одговор на едно барање од 1930 г. од тогашното српско црковно управителство во Скопје, што се потврдува и од еден запис за примени и испратени писма од деловодната книга што ја водел о. Јоаникиј. Според тоа барање сите свештенослужители од скопскиот округ биле должни да направат своја, како и биографија на знаменити личности од нивните парохии. Притоа, согласно тогашниот тирански и хегемонистички режим, од црковниот клир се барало безусловна послушност и верност кон државните и црковните власти и „будно чување на светото српство“, па така нашето домородно духовенство морало да трпи уште едно ропство, можеби подеднакво страшно како и турското.

    На насловната страница од Автобиографијата пишува:

    Биографија на Јоаникиј Ѓорѓевич, Игумен и Старешина на Манастирот „Св. Илија“, кај селото Ракотинци, ср(ез) Скопски;

    а завршува со зборовите:

    Но, Севишниот Бог, Кој ја храни и чува Црквата на камен, Он со Неговата семоќна рака ме сочува и мене, грешниот, до денес. Нему нека Му е слава и пофалба, сега и секогаш, и во веки веков. Амин!

    [​IMG]

    Текстот е напишан во с. Ракотинци на 6/19 март 1930 година, а о. Јоаникиј се ословил како: Смирениот и грешен Старешина на Ракотинскиот Манастир.

    Автобиографијата содржи драгоцени податоци за животниот пат на Преподобниот Јоаникиј, кои ќе го надополнат неговото житие, но и ќе исправат некои заблуди и грешки. Така, на пример, досега се веруваше дека о. Јоаникиј се упокоил на 101 година, што би значело дека бил роден во 1839 година, бидејќи со сигурност се знае дека се упокоил во 1940 година. Годината 1839 е вржана и на мермерниот крст, поставен во осумдесеттите години на минатиот век. Меѓутоа, Преподобниот јасно си кажува во својата автобиографија дека е роден на 7/20 јануари 1847 година, во Охрид, „од Православни родители Ѓорѓи и Софија“. Понатаму, биографијата изобилува со фактографски податоци за неговиот живот, но содржи, исто така, и детални описи за страданијата што ги претрпувал од турските власти и од локални турски и арнаутски одметници, кои во неколку наврати сакале да го убијат.

    Податоците од автобиографијата ќе влезат и во Житието на Преподобниот Јоаникиј, чиешто составување е веќе во тек. Истовремено со Житието, во тек е и пишувањето на неговото богослужбено последование, од познатиот химнограф на Великата Христова Црква во Константинопол, јеромонахот Атанасиј Симонопетриски.

    Прославувањето на Преподобниот Јоаникиј Ракотински и неговото впишување во Диптихот на Светиите е предвидено за следната година.

    Извор: Бигорски манастир

    Поточно бидејќи оваа објава е од претходната година. Канонизацијата ќе се изврши оваа година. На 24.09.2017
     
    На Rama и Orthophill им се допаѓа ова.