Свинска маст - млеко за тело кај бебето

Дискусија во 'Бебе' започната од Nana19, 14 октомври 2015.

  1. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.745
    До сега не сретнав тука некој да го пратикува ова па би сакала јас да ви кажам за овој метод.
    После бањање бебето целото се премачкува со убаво премиена свинска маст.
    се става свинска маст во некое кутивчче и се става под млаз вода и се брка со лажичка неколку време тоа се вика премивање на маста.
    Најубаво е за бебето го утоплува, и покрај тоа е нај здраво нешто го штити од настински и сл.
    Кожата на бебето останува мека како памук и спие без проблем.
    Нема лош мирис но може после тоа да се премачла и бекутанче или мустела или какво млеко и да користите но ова е нешто проверено.
    Не е ова од финанскиска состојба дека е евтино туку е нај добро за детето.
    Луѓе кои за децата купуваат нај скапи производи како мустела и сл сум сретнала дека користат свинска маст
     
    На mamita83 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. elena.mak

    elena.mak Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2012
    Пораки:
    1.663
    Допаѓања:
    11.437
    Da, osven ako ne projavi uzasen osip kako brat mi koga bese bebe, zatoa sto gi zatvara porite. Posle toa sto go vidov kaj nego, ni vo ludilo ne bi stavila na sebe, ne pa na bebe.
     
    На slobodka, crimson, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  3. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.973
    Jas i brat mi koga sme bile bebinja majka mi ne mackala i dvajcata so svinska mast i eve ne zdravi pravi, togas vo toa vreme vika majka mi site taka pravele. E sega do dusa jas i da sakam sega tuka kade sto ziveam ne mozam ni da najdam svinska mast taka da ne sum projavila zelba da go mackam moeto bebe so toa, a mozebi e navistina zdravo, koj znae....
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.745
    Тоа е случај еден од 100 !
    Како и 100 бебиња што се бањаат со бекутан едно ке се исипе.
    Тоа е случајност може не е ни од тоа од нешто друго па ете, Тоа бееше мое мислење и сакав само да им соподелам на другите мајки кои можеби не знаеле за ова. Сведок сум на мнооогу мајки кои го практикуваат ова
     
    На kallias му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.267
    Нана, ако е толку прекрасно зошто ти не се мачкаш со свинска маст, наместо млеко за тело?

    Кои мајки го практикуваат ова, јас не знам ниту една.
    Што сѐ нема да прочита човек значи....
     
    На SexiLy, makedonkamak, slobodka и 16 други им се допаѓа ова.
  6. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.842
    Допаѓања:
    76.677
    Пол:
    Женски
    Не зафркавајте, таа маст е толку мрсна и тешка; кај порите на возрасен прави р'шум, не пак кај новороденчиња.

    Од „свинските козметики“ признавам само свински сапун за вадење тврдокорни дамки кај алишта, употреба на сопствена кожа - не.
     
    На makedonkamak, elena.mak, pupi.girl и 15 други им се допаѓа ова.
  7. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.745
    А зошто ти не си купиш шише со цуцла ?
    Не си бебе и немаш потреба така ?
    Извини сесилија ама вака можам само да ти одговорам на прашањето !
    распрашај се малку наоколу повече за бебиња па ништо чудно и да слушнеш.
    Бидејки некои родители се склони кон фалби која колкку скапо млеко купила , која купила ппскапа купка ете за тоа не си слушнала. На некого по битно му е да купе нешто поскапо одколку да најде нешто по корисно
     
  8. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.842
    Допаѓања:
    76.677
    Пол:
    Женски
    Што има корисно во свинската маст, може да ни објасниш?

    П.С. Не е иронија ова, доколку навистина има некакво дејство маста што другите намирници за тело го немаат, баш би сакала да прочитам.
    Иако, не верувам дека некогаш би ставила на сопствена кожа или на мое дете.

    И споредбата со шишето со цуцла ти беше смешна, навистина.
     
    На elena.mak, Eli23, cresa-jagoda и 10 други им се допаѓа ова.
  9. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.267
    Дај не зафркавај, бекутан млекото не е повеќе од 80 денари, а има и поевтини- тоа ако е скапо не знам...

    Па не сум бебе, ама си користам бебешки производи, па по аналогија на нештата ако е замена за млеко за тело би требало да го користат и возрасните штом е толку фино.

    Каква е таа потреба на бебето за свинска маст? Што е корисно кај неа?
     
    На Eli23, cresa-jagoda, simoncelicius и 6 други им се допаѓа ова.
  10. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.745
    Како прво го утоплува телото на бебето во ладните денови.
    Спречува бронхит и настинки.
    и многу други рботи.Ако толку многу ве интересира па земете бе пишете на гугл прочитајте а не се некој да сервира.
    Јас кратко и јасно напишав па ако сте толку заинтересирани па и дознајте нешто.
    Човек да не му дава совет на некого.
    И да не пренесе искуство .
    Не очекував сите да се сложат со ова но само критики имате бе.
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Nana19

    Nana19 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    2.141
    Допаѓања:
    2.745
    КАЈ НАС Е БИТНО ФАЛБАТА.
    Јас на моето му купив мустела 800 денари е.
    Ееее јас пак купив вакво -900 денари е ?
    Хахахах ех тоа е кај нас бе мајките да се натпреваруваат во цената, значи тука се мери мајчинството која купила по скап производ а не онаа која што го избрала нај доброто
    .ЖАЛ МИ Е ЗА ТАКВИТЕ
     
  12. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.267
    Епа ете, сега доаѓа ладно, па мачкај се ти секоја вечер, нека те штити од настинки. Нели прво треба да тестираме на нас некои работи.
     
    На zekzeki, cresa-jagoda, simoncelicius и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.842
    Допаѓања:
    76.677
    Пол:
    Женски
    Не. Не станува збор за аздис и фалба, туку потреба.

    Ние фамилијарно имаме осетлива кожа, па мајка ми за жал не можела да си дозволи експеримент со свинска маст зашто јас до годинка и повеќе ако не дури, сум имала страшни осипи по кожата на понежните делови од телото.
    Не ми помогнала свинска маст, туку соодветна бебешка козметика.
    Не гледам никаде фалба, во желбата да му помогнеш на сопственото дете.

    Среќна си ако не си имала такво искуство и плукни си во пазува, како што викаат старите. Не е играчка кожата за да ставаме сенешто по неа. Таа памти па враќа, знаеш? :)
     
    На cresa-jagoda, simoncelicius, CameliaMiller и 5 други им се допаѓа ова.
  14. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.267
    Ајде и да ги сфатиме нашите баби или прабаби, најчесто не ни имале друга опција освен оваа.
    Свинска маст и ракија- лекови и спас за сѐ.

    Ама во денешно време, на целата таа понуда на производи со различен дијапазон на цени, да го мачиш детето со вакви мрснотии, ми е апсолутно запрепастувачки.
     
    На slobodka, zekzeki, Eli23 и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.706
    Допаѓања:
    59.918
    Шо ви е бе луѓе со темиве? :tmi:
     
    На makedonkamak, elena.mak, Oxymoron и 13 други им се допаѓа ова.
  16. Salome

    Salome Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2012
    Пораки:
    1.158
    Допаѓања:
    9.834
    Пол:
    Женски
    Не е битна фалбата, тука секоја мајка сака најдоброто да му го овозможи на најмилото.Очигледно погрешно си разбрала.Нешто што е неопходно за развој на детето, не може да биде предмет на фалба.
    Ти си пробала свинска маст,Нана19?Знаеш колку лошо смрди?...Нити пак убаво се впива во кожата.Ова од искуство го кажувам, се имам мачкано на петите, треба цел еден век за да се впие во кожата, а башка што душата ти се усмрдува на свинско.
    Штознам,според мене не е ни за пети, а камоли пак за нежна кожа како што е бебешката.Гледано од финански аспект е евтино ама на детето ли ќе штедиш бе Нана?
    Ама како и да е, твое дете, твои правила па можеш да го мачкашсо што сакаш.А, да, имаш печатна грешка во насловот.
     
    На Eli23 и tessie им се допаѓа ова.
  17. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.702
    Допаѓања:
    12.137
    Пол:
    Женски
    Ајде бе луѓе, што се навредувате одма... Нана сподели нешто, како и многу други на форумов... не е ништо страшно. Ако некој сака ќе проба, ако не ќе си продолжи по старо. За смрдење не смрди ако е премивана во незнам колку беа... 9 води мислам... имам една домашна крема од свекрва ми од свинска маст и невен, не смрди и се наоѓа, чат пат, за масирање или испукана кожа... не е лоша, де. Сакав да речам, ете ни јас за бебе не би користела, многу ми е тешка некако, ама ако некој сака, нека си проба. Не се карајте одма ;)
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Bibi 88

    Bibi 88 Активен член

    Се зачлени на:
    6 март 2015
    Пораки:
    111
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Тоа дека некои луѓе се масираат кога се настинати со свинска маст сум чула. Ама дека би го заштитила бебето да не настине не верувам, ова ми звучи како некој мит.
     
    На poenta и tessie им се допаѓа ова.
  19. mamita83

    mamita83 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2014
    Пораки:
    351
    Допаѓања:
    415
    Nana19 супер што ја имаш започнато темава, јас искрено прв пат кога слушнав за ова се изненадив, меѓутоа моја другарка која мислам дека ја има најубавата кожа на светов - нема ни црнка ни бубуљица на лицето, а кожата и е како свила на допир; на зезање мајка и ја прашав што и правела што има ваква кожа, и она ми кажа дека нејзината баба како бебе целата ја мачкала со свинска маст. Така да и мене ми е чудно и незнам дали би го применила, затоа што наскоро ќе станам мајка по втор пат - но секако ќе пробам на мал дел прво и ако нема некоја реакција, осип или слично ништо чудно да го применувам. И ако не ви се допаѓа идејата вие немора да го мачкате вашето бебе со свинска маст, само заобиколете ја темата така е најлесно ;) никој од нас не се мачка со јекодерм но на бебињата ја мачкаме иако има чуден мирис.
     
    На Nana19 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    16.842
    Допаѓања:
    76.677
    Пол:
    Женски
    Јас уште користам Јекодерм кога гледам дека имам потреба, не е исто Јекодерм и свинска маст, сепак.

    Патем, никоја од нас не се кара, ниту пак имаше обиди за тоа, но очигледно некои мислења беа погрешно протолкувани од другата страна.
    Како и да е, мојот „конечен“ одговор е не, а кој сака нормално дека ќе користи.

    И ве молам, не верувајте слепо на вакви работи - убавата и сјајна кожа е најчесто работа на генетиката. И јас имам другарки кои користат пудри од типот на Импала и се мачкаат единствено со Бекутан крема, па кожата им е кристал, но има и такви кои применуваат иста „нега“, а пак имаат кожа во многу лоша состојба.
    Генетиката е во прашање, против неа не се оди за жал.
     
    На makedonkamak, Eli23, poenta и 10 други им се допаѓа ова.