Форумџика на годината

Св.Јован Крстител

Дискусија во 'Религија' започната од vickyy90, 14 декември 2013.

  1. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Темава ја отворив бидејќи не знаев каде точно да го поставам прашањево,за во сонови не е,зошто ми треба одговор од религиски аспект. Значи вака...

    Два пати на сон ми се појавува иконата на св.Јован првот пат на едно место,синојка пак ми се појави ама на друго место,и во дбата сона сака нешто да ми каже ама јас не разбирам,значи иконата оживува и ми прозборува.Ако може некој што знае да ми каже што треба да направам.
    Првиот пат кога го сонив сонот утрето одма отидов во црква запалив свеќа,ама еве пак ми се појави,што значи тоа??
     
  2. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Свети Јован Крстител, цел век грмел низ пустината, само една реченица: „Покајте се, зашто се приближи Царството Небеско!“ Веројатно и Вам сакал истот да Ви го кажи.
    Молете се на Бога и на свети Јован. Ете утре е недела во сите цркви се служи света литургија, па појдете и ислушајте ја.
     
    На Таа Сум, Bitter-Sweet и vickyy90 им се допаѓа ова.
  3. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Многу го почитувам ortohvil и сакам во тој контекст да додадам уште нешто, можеби ќе биде од корист. Имено сега е период на пост , па и да не е, оди до црквата Св. Јован или во било кој свет храм, помоли се Господ да те упати кон свештеникот кој ти е потребен и потоа побарај свештеник, кој ќете прифати, разговарај со него и ти посакувам да ти се даде да имаш духовен отец. Многу е тоа потребно, полезно и убаво. Со среќа, ти посакувам се најубаво. Не го занемарувај повикот (сонот).
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Бев во саботата во црква и разговарав со свештено лице ми рече не е ништо страшно да отидам во недела(утрето)на литургија да однесам некој дар на иконата на Св.Јован и да почнам да си кршам лебче на Св.Јован 20 јануари.
    И бев во неделата на црква однесов дар, ја ислушав литургијата и да ви кажам некако духовно се потсмирив.
    Имам едно прашање дали треба жените да одат со долги сукњи и е задолжително да носат марами на главите,како што можев да забележам имаше неколку така облечени.
     
  5. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    Убаво би било тоа сите да го практикуваат мила.
    Да се истакне скромноста и онаа молитвеност на душата, а не надворешноста.

    Инаку, да.
    Најправилно е жената така да биде облечена кога оди во храмот :) .
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Серефима,ти си повеќе запознаена со религија па имам едно прашање во однос на мојот пост со кој ја отворив темата.Свекрва ми ми вика и така славиме Богојавление Водици ке си напревима лебче и ке го однесеме заедно,мене не ми е јасно,попот ми рече на Св.Јован да кршам лебче а не на Водици.И ми рече да го носам јас за здравје,а не за славата која тие ја слават години наназад а не кршат погача.Стварно не ми е јасно,што да правам?
     
  7. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.271
    ^ Мила, точно е тоа, тоа се два различни празници, па затоа нема потреба од двоумење.
    Ќе си направите едно лепче (просфора или погача), како што си правите за славата (т. е. свекрва ти) и ти ќе си направиш уште едно, што ти ќе го однесеш во црква за да биде прережано во слава и чест на Св. Јован Крстител на самиот празник :) .
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Па и јас и го реков истото дека тоа се два различни празника и таа ако сака нека си прави за Водици,јас ке го носам на Св.Јован,ама не бев сигурна.
    Иначе они(сега ние сите заедно) Водици го слават како именден никогаш не носеле погача во црква.
    Фала за советот :)
     
    На Orthophill и Serafima им се допаѓа ова.
  9. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Само една забелешка и молба. :) Знам дека ти не се караш и расправаш со свекрва си, но ако лепчето биде повод за расправија и кавга, подобро не го кревај. ;) А, кога ќе го кренеш, не заборавај најдоброто парче да ѝ го дадеш нејзе. :)
     
  10. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Нее не се карам, јас убаво и кажав дека тоа не е исто и она повеќе не ми спомна за тоа.
     
  11. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Извинете, макар што со време се извинив. :D Во секој случај најубавото парче за свекрвата :) .
    Еве Ви го и тропарот на свети Јован(најкратката молитва кон него), која е убаво да ја читате на вечер и ако сте во можност и на утро, по „Отче наш“ и „Богородице Дево“.

    Тропар на Предтечата, глас 2
    Споменот на праведниот е со пофалби, тебе пак, доволно ти е Господовото сведоштво, Предтечо: се покажа навистина и од пророците најчесен, зашто и во водните струи да го крстиш се удостои Проповеданиот. Затоа, откако за вистината пострада, радувајќи се, им го благовестеше и на тие во адот — Бога, кој се јави со плот, кој го зема гревот на светот и ни дава голема милост.
     
    На luvena, vickyy90 и Serafima им се допаѓа ова.
  12. luvena

    luvena Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 март 2012
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    136
    Ете затоа ми се допаѓа Фемина со темата РЕЛИГИЈА. Со овој пример на vickyy90 се покажа како брзо и правилно го реши проблемот што и го наметна сонот, благодарение на добронамерните совети од искусни верници. Така треба да си помагаме. Порано луѓето од незнаење оделе на бајачи, таканаречени видовници и којзнае какви ли не глупости правеле, незнаејќи дека паѓаат во грев. Поздрав до сите кои дадоа мислење за оваа тема и нека продолжи и понатаму со вакви и слични прашања.
     
    На vickyy90 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Јас пак...
    Ноќеска сум сонувала дека сум била бремена,ама немав стомак.Имав болки како за пораѓај и ми викаа ајде брзо во болница да се породиш а јас раков не,чекајте утре е 20ти јас на 20 јануари ке се породам на св.Јован и детето Јован ке го крстам.

    Незнам стварно што да кажам,што ли значи сонов?
     
  14. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Епа веројатно твојот небески заштитник, свети Јован Крстител, те повикува да родиш еден Јован (или Јована). Кој(а) ќе го(ја) воспиташ исто онака како што светата Елисавета го воспитала свети Јован. Да живее честит и поштен живот, клонејќи се од злото и гревовите и правејќи добри дела и дела на покајание.
     
    На kuc и vickyy90 им се допаѓа ова.
  15. vickyy90

    vickyy90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2011
    Пораки:
    1.487
    Допаѓања:
    1.073
    Значи здравје Боже кога ке имам второ дете да го крстам Јован/Јована без разлика на кој датум ке биде родено(дали ке биде праник или не)?
    Јас прво кумот треба да го прашам дали ке се сложи и дали ке даде благослов тоа дете така да се вика...
     
    На Orthophill му/ѝ се допаѓа ова.
  16. tiggyboy

    tiggyboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 мај 2021
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    30
    Пол:
    Машки
    Понекогаш Бог ни зборуба на чудни начини. Самото спомнување на Јован крстителот, те повикува да се крстиш и да го прифатиш Исус за свој спасител, сега со здрав памет и самата да одлучиш дали го прифаќаш Христос за твој спасител а не како бебе. Иначе при крштевање кумот ги одговара тие прашањата во име на детето(бебе) што значи дека тој треба да го воведе детето во христијанската вера. Еве една интересна работа да знаеме за Јован и Исус тие се братучеди со разлика од 8 месеци. Но ако веќе сакаш да чекориш по патот на светлината, во библијата ќе ги најдеш сите одговори за што како и зошто.
     
  17. Orthophill

    Orthophill Популарен член

    Се зачлени на:
    31 мај 2012
    Пораки:
    1.862
    Допаѓања:
    4.570
    Пол:
    Машки
    Така е во Свештените Писанија се наоѓаат многу одговори. Меѓу кои и колку точно се разлика Господ Иисус Христос, нашиот Спасител и Бог, и светиот Јован Крстител и Претходник...