Вчера чекам ред на каса во еден маркет, а пред мене беше една мајка со малечко детенце. Детенцево ѝ вика на мајкава: ,,Мама, може да ми го купиш ова?" (чоколатце беше едно, сигурно 40-50 денари беше), и оваа му вика: ,,НЕ МОЖЕ, ОСТАВИ ГО!", и потоа ѝ вика на касиерката: ,,Дај ми цигари....". Што ми е поентава: На детенцето не му купува едно чоколатце од 40-ина денари, а за неа цигари од над 120 денари, може...Катастрофа....Мислење? * Преместена дискусија од СДК
може има дома тон чоколади, од кај знаеш? а тоа со цигарите, ако не си пушач не го сфаќаш. Може ќе звучи стварно себичност, ама цигарите ствараат зависност, и секој пушач гледа да е ,,подмирен'' со цигари. Едноставно завист е, душата ти бара цигари. Не викам дека јас во иднина не би му купила на моето дете чоколадо, за јас да си купам цигари, ама пробувам да ти го доловам внатрешното чувство. Не е секад ко шо личи од страна
Вакви па да им посакаш да им залетнат тоа цигарите. Па уште кога на каса ќе побараат и нема па ај касиерката оди по други каси бара малборо (или како и да се викаат) оти ќе поцрка ако не земе во тој момент, а ти си чекаш позади со една вода. Пред некој ден чекам автобус и седам на клупата на автобуска и од двете страни две жени пушеа и буквално чури труе наоколу, морав да станам, а глава ме пукаше ненормално зашто бев цел ден излезена. Или сум видела ситуација седи мајка на клупа, до неа количка со бебе и си пуши женава до бебево, патка ја боли.
па не треба да се мешаат цигари ја ако пушам Винстон, шо и пушам, сакам Винстон, неќам Малборо или Честерфилд. Не сме ние криви шо немаат секад на каса од тие цигари шо ги пушиме. А дека ќе мењам цигари да заштедам време некому, тешко, пошо после они нема да ми купуваат пастили за грло и да ме слушаат како кашлам ко хрчак
Јас не ни одам у маркет само по цигари, ама коа одам зимам и тоа. У трафикава кај мене секако побрзо ќе завршам работа. Ја глеам себеси да си заштедам на време.
Ја одделив темава како посебна зашто мислам има што да се продискутира. Е сега, за насловот, може да биде и зависноста на родителите пред потребите на децата, ама вака некако ми беше посоодветно.
А може и касиерката да си ја направи средината подобра за работа, да си нареди околу себе да и е на дофат, да си го дополни рафтот со цигари за да го услужи потрошувачот кој дошол да им направи промет, од тој промет таа плата зема и така во круг си одат работите
Не ми е работата што не му зела, ајде, што вика еден/една горе, можеби има дома многу, ајде, не знаеме. Ама, за чоколадо 50 денари се многу, а за цигари 130 денари се супер, земај...
А може му земала друго чоколадо од рафт? Не разбирам барање мислење за тоа што купиле странци што си ги видел на каса.
Глупости... Ај да побарало банана, круша, јаболко, не верувам дека некој родител ќе остане имун на таква желба. Тоа дете којзнае и колку чоколадо изело претходно. Мајката сигурно имала и за чоколадо, што ќе постигне ако на секое ,,купи ми", ,,дај ми" удоволува? Да нема пари за јадење што да спреми, а да пуши, во ред. Убаво пишаа погоре. А да си ја гледаш работата друг пат?
Не е така. Може дома има чоколада, може веќе јадело чоколадо тој ден. Може сака да го научи на дисциплина. Не можеш веднаш да осудуваш според нешто што си видел.
Ова се вика малограѓанштина и го има само кај нас и во ниту едно друго место, мислев полека со младинава и новиве генерации ќе се искорени ама неее… абе чекај си ред, заврши си работа и оди дома, може детето е шеќераш, може цигарите не се за неа …а и од погоре првичното мислење никаде во разговорт не е спомнато многу или малце, тоа сам си го заклучи од едно родителско НЕ МОЖЕ ОСТАВИ ГО!
Не е толку до цената колку што е до игнорирањето на она што детето го посакува наспрема своја потреба. И за иста цена да станува збор, дете ќе се израдува и ќе биде благодарно на тоа чоколадо или што и да е. Ако навистина не зела доволно пари со себе, тоа е друго, ама да имаш пари и да го лажеш "немаме" притоа себе и свои потреби да ставиш пред тие на детето, греота. Па за цигари. Уште правдаат порок. Родител заради дете се откажува од пороци, не да му крати на детето за тој да има, за бес. Себичност и негрижа, прав пример дека не треба секој да има деца. Не може толку ладнокрвен и бесчувствителен да е некој со свое дете. Кога си родител, детето треба да ти е на прво место.
Ако детето ти посака утре да вози порше треба да му купиш за да докажеш на некој што нема попаметна работа освен да гледа во туѓи животи, дека не си себична? Во продавница ќе одам за било што, моја плата, си одлучувам што ќе купам. Исто и одлучувам што ќе купам на своето дете. Имам внуци со кои не сакаш да одиш во продавница. Им купувам се. Не може нон стоп. Макар и цигари да би купила. Денешните деца не се лишени од ништо.
Изгледа не пушиш штом вакво нешто пиша ? Пушењето е болест на зависност и не е баш така лесно човек да се дисциплинира односно да ги откажи цигарите, едноставно ако не запалам нервоза ме фаќа, цигарите се болест на зависност како алкохолот, дрогата и коцката.
Охх… во онаа тема се потепавте за ајфонот и таблетот што не се давало и трошело, овде за киндер јајце нешто… малку двојни арашини. И треба да се стават желбите на децата пред тие на родителите, но да немаш за едно чоколадо а да немаш за цигари ми е too much. Може и немаат брдо чоколада дома ама ете можела да го земе и да си купи од останатите пари поефтини цигари (ако има). А можеби сака да го научи на една лекција дека во животот нема да се има се што ќе се посака, и тоа е еден добар знак во воспитувањето. Така да, и двата примера држат вода.