Северен Кипар

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од meandyou, 4 мај 2012.

  1. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    193
    Сакам да прашам дали некој е бил таму и како е ?

    Најдов една понуда од една агенција.

    "Нова хит дестинација за Лето 2012 -Северен Кипар
    Најдобри понуди од 99 евра (10 ноќевања+авионски превоз)
    Чартер полети од 8ми Јуни-Бројот е ограничен"

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ ВКЛУЧУВА:
    Превоз со авион на релација Скопје – Никосија – Скопје, со компанијата “Pegassus Airlines”.
    Услуга на сместување во избраниот хотел на база на избраната услуга за време на избраниот термин, према табелите во ценовникот.
    Трансфер Аеродром – хотел – Аеродром.
    Услугите на претставникот на организаторот или ино - партнерот на дестинацијата.
    Трошоци за организација на програмата;

    ЦЕНАТА НА АРАНЖМАНОТ НЕ ВКЛУЧУВА:
    Aеродромски такси во износ од 99 € по лице (Значи ќе дојде вкупно по 200 евра по лице) (вредноста е подложнa на промени) и се плаќаат во агенцијата при уплата на аранжманот.
    Задолжително патничко осигурување.
    Останати индивидуални трошоци и факултативни екскурзии.

    Чекам мислења :)
     
    На tsmsbt му/ѝ се допаѓа ова.
  2. topce25

    topce25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    48
    преку која агенција е оваа понуда?
     
  3. Marna

    Marna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Северен Кипар бевме со сопругот на одмор пред неколку години... прекрасно... Дефинитивно би отишла повторно... Ние бевме во сопствена режија... Има што да се види, посети, пребогат со историја, има забава... плажи какви сакаш од диви, средени до ултра модерно уредени... Домаќините прекрасни... Кога се вратив од одмор не престанував со зборување за тоа како добро сум поминала на одмор, може да се каже дека бев воодушевена... и ден денес топло го препорачуван турскиот дел на Кипар за одмор.
    Е сега што нудат агенциве, тука незнам и неможам да коментирам...
     
  4. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.543
    Може да ставиш линк од агенцијава? Ако е стварно вака како што пишува ептен е ефтино просто и не ми се верува
     
  5. majaaaaaaa88

    majaaaaaaa88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2012
    Пораки:
    87
    Допаѓања:
    27
    и мене ме интересира :) акo некoј бил нека спoдели искуствo,решени бевме за грција ама цениве менуваат мислење
     
  6. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    193
  7. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.543
    Еве и јас пронајдов една понуда преку let’s travel


    [​IMG]


    [​IMG]

    Незнам дали да верувам некако многу ефтими се понудите и баш ќе се јавам и ќе прашам
     
  8. topce25

    topce25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2010
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    48
    има ли забава,добар ноќен зивот,или повеке е онака за фамилијарен одмор?
     
  9. Marna

    Marna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Значи, дефинитивно можам да кажам дека 10 дена колку што бевме на одмор ми беа малку... Можеш според мене каков сакаш одмор да истуркаш таму... имаше и дневни забави по плажите (оние плажи што се малте не уредени како клубови) има и ноќна забава, има прекрасни ресторани, а домаќините пак ќе речам се прекрасни... Бевме сместени во мал али така поексклузивен хотел на околу 2 км од центар на Гирне (Киренија) - сами избравме да не сме во центар и ептен на плажа, користевме рент а кар, бевме и во Фамагуста, Никозија не ... можам цел ден да пишам... Се вози на лева страна, Кипар е бивша британска колонија, Никозија е поделена... да не должам:

    http://www.cyprustouristguide.com; http://www.bellaview.net/
     
  10. meandyou

    meandyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    353
    Допаѓања:
    193
    А цените за јадење какви се? :?:
     
  11. Marna

    Marna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Бев пред години, несакам некого да доведам во заблуда... тогаш - рестораните дефинитивно беа прилично поскапи али заслужено, маркетите како кај нас.
     
  12. jasmina00

    jasmina00 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2012
    Пораки:
    961
    Допаѓања:
    1.363
    Пол:
    Женски
    Го поставив негде прашањево и немав одговор! Баш добро ми дојде ова.

    Планирав и јас да одам летово - иначе понудите ги има и на Аурора и Летс травел. Ептен припрамливи се понудите, само да се одбере хотелот или и апартманите.
    Ги гледав хотелите, се супер има и лудница хотели - но се зависи што ќе платиш.

    Ми олесна информацијата дека маркетите се како кај нас. А за рестораните - 1-2 ке може да си дозволиме.

    Мене ме интересира друго - некој ми рече дека после тоа грците правеле проблем - кога ќе виделе печат од Кипар, на граница или не пуштале или те оставале да чекаш со саати. наводни едни роднини на моија приојателка чекале 5 саати поради кипарскиот печат па не ги пуштале додека не подмачкале малку !
    Дали имате сознанија??
     
  13. Marna

    Marna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Јас немав таков проблем... И мене ми велеа дека Грците ќе ми прават проблем заради печатот, летото отидов Грција после 25 години (пред тоа сум била Грција само како дете со југословенски пасош) :P

    Листот го зеде, удри печат на него, а пасошот одвај го отвори на првата страна... Тоа е моето искуство...
     
  14. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.155

    Епа Марна готовооооо, позната си! :D или да го тужиш Дарко :( незнам :) :D

    http://letstravelmacedonia.wordpress.co ... %B8%D0%BF/
     
  15. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.811
    Допаѓања:
    2.102
    И јас се попалив кога ги видов цените , па сосе авион, па сосе хотел, ефтинија. Но...

    Цените се многу ефтини затоа што сеуште Северен Кипар не е доволно развиен како туристичка дестинација. Точно дека има стварно многу ефтини цени, ама ако ги побарате хотелите на гугл мапс (оние поефтините) ќе видите дека се наоѓаат во пустелија, само ниви наоколу, а на сама плажа.

    Оние малку поскапички се наоѓаат среде центарот на градчето,но оддалечени од плажите, во центарот нема плажи. За да се стигне до плажа веројатно ќе мора да се изнајми кола.

    Мало е градчето и некако неразвиено, ко што гледам на мапава има ептен многу ниви :lol:

    Ама цените се навистина прималиви, па ај да не зборам на невидено, кој ќе оди, нека раскаже
     
  16. Marna

    Marna Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 март 2012
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    :rock: 8) Аааа, работава била да не отворам уста, зашто а почнам да зборувам (пишувам) одма малте не насловна страна... :lol:

    А што се однесува до Дарко:

    покрај сокче и кафенце, оп гратис одмор... :o :D
     
    На slavica999 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    720
    Јас закажав за на 18ти, преку Атлантис. Има вонреден лет, а и прилично е евтино. Си плативме за во хотел All inclusive на 7км од градот. Вака местенцето ми изгледа океј, никогаш не сум била таму, па ај и тоа чудо да го видиме.
    Па ќе ви пишувам доживувања кога ќе се вратам :D
     
    На veronikaveronika му/ѝ се допаѓа ова.
  18. ana-33

    ana-33 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 мај 2012
    Пораки:
    95
    Допаѓања:
    15
    Kako pomina, vredi da se otide ?
     
  19. M.a.r.i.l.y.n

    M.a.r.i.l.y.n Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јануари 2011
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    720
    ^ Убаво местенце е, симпатично, само малку е пусто. Сеуште не е доразвиено, ама луѓето се љубезни до ненормален степен. Гостопримливи се, сакаат секогаш да ти помогнат, ама само најпофални зборови за луѓето.
    Исто така безбедноста е на највисоко ниво. Значи нема потреба да се плашите од кражба, додека бев таму ништо не ми чепнаа, дури ни на плажа каде што имаше и локални жители. Исто безбедно е и навечер, никој никого не чепка.
    Е сега малце е скапичко за неразвиена земја, малце повише би рекла :D . Ако во Турција локумот е на пример 1 лира, тука ќе биде 3-4 :!: .
    Исто така малце е досадно како што кажав, нема многу каде да се оди, местово е баш за фамилијарен одмор.
    Е ова се единствените недостатоци.
    Плажата и морето се сон. Почисто и потопло море не сум видела. Се изнауживав овие 11 дена и тоа како.
    Според мене убаво е да се види, ако сакате да менувате локации :)
    Ќе се чувствувате како во Грција, на секој чекор има Македонец :D
     
    На ana-33 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Annora

    Annora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    1.053
    Допаѓања:
    5.326
    Пол:
    Женски
    Дечки гледам темата одамна веќе не е активна, ама сепак да прашам дали некој бил на одмор во Кипар?
    Случајно наидов на понуда за Кипар од туристичка агенција, па се заинтересирав иако никогаш претходно не сум размислила за оваа дестинација.
    Гледам на темата има многу позитивни искуства, па ако некој бил сега брзо последниве години, би сакала да сподели.