1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Северина Вучковиќ

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од ocila, 16 август 2012.

  1. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Стилот на Северина може да се опише како поп со елементи на фолк и кабаре. Како дете зазела мал дел во театарски и оперски продукции во нејзиниот роден Сплит. За време на 1980-тите, добивајќи неколку награди на локални фестивали, таа ја претстави нејзината рана професионална кариера на, чиј резултат беше нејзина преселба во Загреб во 1989 со цел да направи поголеми чекори. Истата година таа го снима нејзиниот прв студио албум насловен по нејзиното име Северина. Во следните години таа создаде имиџ на национална поп икона со број 1 хитови како „Далматинка“ (1993), „Палома нера“ (1993), „Трава Зелена“ (1995), „Од роѓендан до роѓендана“ (1996), „Дјевојка са села“ (1998), „Пријатељице“ (1998), „Ја само пјевам“ (1999), „Анте“ (1999) и други.

    Следуваше огромниот успех на нејзиниот албум од 2001 насловен како Поглед испод обрве, а по него следеше турнејата Вијурен у те. Со тоа Северина го потврди нејзиниот статус како една од најпопуларните хрватски артисти. По неколку години пауза таа го издаде и нејзиниот 8 по ред албум под насловот Севергрин (2004). Во 2006 година победи на хрватскиот избор за песна за Евровизија Дора и ја претставуваше Хрватска во Атина, Грција на 20 мај 2006 со песната „Моја штикла“. Заврши на 13-тото место со 56 поени. Големи контраверзни реакција се јавија за стилот на песната, посебно од хрватските фанови, критичари и новинари. Критиките се однесуваа на аранжманот за кој се велеше дека потсетува на традиционална српска ритмика. Тоа Северина и авторите на песната го негираа и произлегоја со став дека тој е хрватски ритам и потекнува од Загора.

    Дологоочекуваниот 10-ти албум на Северина насловен како Здраво Маријо, во кој поголем дел од песните се дело на Горан Бреговиќ, беше издаден во мај 2008. Првиот сингл од албумот е „Гас, гас“ кој стекна голема популарност, не само во Хрватска, туку низ целиот балкан. Музиката на оваа песна потсетува на српски турбофолк. Албумот доби негативни критики бидејќи Северина со имиџот кој го создаде за албумот имаше цел да го исмејува христијанството. Сепак албумот достигна голема популарност и Северина сними музички видеа за повеќе песни како „Тридесете“, „Гаде“, „Хаљиница боје лила“ и „Здраво Маријо“. На 15 декември 2009 Северина реализираше нов сингл - „Лола“ кој е дел од Милиграм компилацијата.
    http://mk.wikipedia.org/wiki/%D0%A1%D0% ... 0%B8%D1%9C
    дали ја слушате ?
    Кои ви се омилени песни?
    И нормално постирајте песни од неа ....
     
    На Tajnaotrovna му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.990
    Пол:
    Женски
    Право да си кажам, порано апла сељанка беше со песните како „Гас, гас“, „Моја штикла“, и таквите слични, и крајно ми беше антипатична.
    Сега не знам зашто, многу мила ми стана женава. :) И поубави песнички почна да прави...„Град без људи“ и „Бред Пит“ ги утепав слушајќи. :D :wasntme:
    Сега во последно време актуелна ми е:
    http://www.youtube.com/watch?v=9Y4mOaflm-4
    Баш летна песна.
     
  3. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.672
    Многу битен момент во кариерата сте заборавиле за нејзе. Прав уметник е женава :D
    [​IMG]
     
    На karenin, Hkikica и chocolate.chick им се допаѓа ова.
  4. chocolate.chick

    chocolate.chick Популарен член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2011
    Пораки:
    922
    Допаѓања:
    644
    Порано песните ми беа сељачки и не сум ја слушала. Кога излегоа Бред Пит и Италијана не ги имав ни ислушано зошто мислев дека се како претходните. Но, сега гледам дека напредува полека полека. Може ќе почне да напредува и во областа која ја спомна Артемишн :lol: Впрочем, и тоа ја направи толку славна.
    Сега омилена ми е Италијана.
    http://www.youtube.com/watch?v=9Y4mOaflm-4
     
  5. Marbella

    Marbella Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2012
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    342
    Последнава нејзина песна Италјана ми е најомилена :rock:
    Андиамо
    Андиамо тути куести
    Андиамо тути куести
    Аааавантииии .... :lol:
     
  6. Majuv4ence13

    Majuv4ence13 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2012
    Пораки:
    798
    Допаѓања:
    513
    Пол:
    Женски
    Морам да признаам дека има убави песни и пее убаво,ама како личност воопшто не ја сакам,премногу ми е антипатична.Да може за пари би се слекла на улица да ја гледаат сите,срамота е за една пејачка да снима порничи :tmi: Мислам како можела да си дозволи? :?: Од време на време ја слушам ја сакам како пејачка а како личност ја мразам :devil:
     
  7. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Севе стварно не ми е за пејачка, повеќе ми е да се појавува во спотови :D

    Шала на страна, оваа и‘ ја сакам:
    http://www.youtube.com/watch?v=PPfByVISDhM
    А и оваа ми е интересна од постарите:
    http://www.youtube.com/watch?v=B07X2FDm298
    Ako si prvi covjek ti na svjetu
    prvi uopce
    sto ne kazes moj Adame :D
     
    На antonina му/ѝ се допаѓа ова.
  8. WhoisShe

    WhoisShe Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    0
    Сакам да прашам дали знае некој колку се картите за концертот во април и каде во Скопје се продаваат ? Фала од напред
     
  9. kikav

    kikav Популарен член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    2.711
    Допаѓања:
    2.034
  10. Glorich

    Glorich Активен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2012
    Пораки:
    41
    Допаѓања:
    16
    И мене истото ме интересира :)
     
  11. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.098
    Допаѓања:
    163.514
    Пол:
    Женски
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    Ќе оди некој на концерт? Мене некако не ми се даваат толку пари за на Северина |(
     
  13. Vikica.cuci

    Vikica.cuci Популарен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2011
    Пораки:
    1.520
    Допаѓања:
    3.293
    Пол:
    Женски
    А колку е картата? :)
     
  14. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    600 и 700 денари.
     
  15. AwesomeGirl

    AwesomeGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2013
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
  16. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Срцка е бе Севе :)
    Сите песни и се баш позитивни,и за размрдување на газина :)
     
  17. encimenci

    encimenci Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2013
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    439
    Јас многу ја сакам Северина..Прво, преубава ми е...
    Ги сакам старите песни, пред гас гас... :D
    незнаев дека ќе иам концерт...каде, кога?
     
    На karenin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    903
    Допаѓања:
    1.133
    Пол:
    Женски
    И бев и на минатиот концерт а планирам да одам и на овој.Едноставно ја обожавам!Општо, многу повеќе ги сакам хрватиците од србинкит.а За Севе можам само да кажам дека е вистинска дама, изгледа преубаво, преубаво пее и има супер песни.Нема да згрешите ако одите на концерт, од лично искуство ви кажувам.А друг битен фактор за мене е што публиката и се убави и весели луѓе. ;)
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.820
    13ти Април во Борис.
     
    На encimenci му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.258
    Иако не сум љубител на ваква музика, сепак има некои нејзини песни кои ми се допаѓаат.