Не можам да разберам на толку достапни информации (форум, поткасти, интернет, вештачка интел., книги и многу останати работи..), мајки во 21 век се уште слушаат свекрви, даваат кравјо/козјо млеко, даваат лимонче ако детето икало или пак вода пред 6 месеци. Аман мајки аман, едуцирајте се барем малку пред да родите или слободно прашајте некого пред да дадете. Како не ви е жал за детето да не сакате ништо да прочитате, а седите цел ден на телефон… Без зборови сум денес. Се соочувам постојано со толку глупи работи што прават, као свекрва и и рекла да го носи детето на бајачка бидејќи плачело. Мајката го носи. Мислејќи е урочено. 21 век! Не мајка, нее е урочено бебето. Во 4ти скок е. Не знае што се скокови… Или пак, дај му нека проба греота е… бебето 3 месеци почнато со каши.. Ех.. кој се стана родител… Модератор: Тема одделена од СДК...
По некоја логика, ако си се омажила со син и, значи дека сепак завршила добра работа во неговото воспитување и грижа. Во спротивно, нешто не е во ред со тебе и својот избор. Нормално е да имаат такви размислувања, затоа што се генерации каде технологијата уште не била доволно развиена. И нашите деца за нас ќе сметаат дека сме уназадени, припрости и неинформирани. Тоа не значи дека сме биле лоши родители, туку се однесуваме согласно на достапноста на информации. Мислиш дека сега е подобро? Јас не би рекла. Колку повеќе знаеш, повеќе си го комплицираш животот. И вака и така растат деца. Има нешто, се вика мајчински инстинкт, тоа е поголемо од било која книга достапна на интернет. Муабетот, ако го носи некоја на бајачка детето и тоа и носи мир, што да не. Сигурно не го колат таму. Секој си наоѓа начин како да му олесни.
Некои работи во воспитување и растење на деца треба да се општо правило, да не речам закон и не зависат од искуство туку колку ти сече во тиквата. Не може да го оставиш да се пентари детето на совозачко седиште и кога ќе те застане полицаец, ти да се караш колку најдобра мајка си, а он нема појма оти не раѓал. Те чукаат по џеб и готово. Гајле му е на полицаецот дали чоколино или хип му даваш дома, тука се знае што е правилното Или ко една во ждм испотресена оти матичната ќе ја пријавела во социјално оти детето на 12 години скоро 100 кг било. Па треба и више од тоа богами. И да, денешниве срамота е да не знаат дека дете може полошо да настрада во недајбоже несреќа и дека детска обезност му го сјебува цел живот ако не направиш ништо да помогнеш. Вакви работи не се избор или беспотребно комплицирање.
Дека тоа "јас знам најдобро за моето дете" и дека не морало книги во многу случаи е погубно за детето.
Не знае ниедна мајка. Затоа книги ќе читаш и ќе се едуцираш место да се потпираш на инстинкт ко што наведе во твојот пост. Доктор на пример болје знае зашто дете МОРА во седиште во кола.
Не секој родител знае што е добро, подобро и најдобро за сопственото дете. Тоа зависи колку е едуциран и начитан.
Во книгата нема ,,ти се случува живот". Мислиш дека грижата за деца оди по книга? Да, таму пишува како е правилно да се исхранува. Дојди покажи ми како на тодлер кој пребира, да му ги дадам сите потребни витамини и минерали. Таму пишува и дека треба да го оставиш да се исплаче, за да научи само да спие. Дојди покажи ми, какво срце и душа е тоа да слушаш да се корне од плачење. Таму пишува дека не треба да пушташ цртани. Дојди покажи ми како се прави ручек со дете кое ти е залепено како супер лепак. Убаво си пишува во книгите. Ама за роботи. Не, за деца и не за нормален живот.
Прашај психолог. Еве ти реков, овие мамичките што ги возат децата неврзани исто знаат подобро. Све дур не отидат у држава кај што за истото можеш и старателство да изгубиш. И овие што ги кршат од ќутек знаат најдобро. И тие што ги пуштаат да кршат игралишта знаат најдобро.
Психолог да прашам, за што? Мислам дека јас и ти зборуваме на различни тематики. Не зборувам за појаси, кршење од ќутек и сл. Уствари не знам, пак ќе кажам, што има врска едно со друго.
Ама и тие што кршат од ќутек се мајки. Зашто таа што тепа не е во право кога и она знае најдобро за нејзиното дете?
Нека се исплаче. Во животот секако ќе има многу причини за плачење. А, таткото за што е? За украс ли? Ќе му го дадеш за он да се справи со него. Ако има услови, постојат градинки и дадилки. Па, детето нема да биде залепено за мама и тато.
По логика дека и таа била така воспитувана и не знае за подобро. Мисли дека љубовта подразбира и воспитување со тепање.
Значи може да се согласиме дека некои работи при воспитувањето на дете се општо правило, а не "знам најдобро" како тепање на пример? Во социјално ги боли патка дали она знаела подобро или не. Оти си има закони.
Кога ќе воскреснеш на некоја тема што не е твој домен, извини ама ми се сере. Да, така е. Остави си го своето да ти плаче и да се корне. Јас моето си го сакам, доволно за да не му создадам траума од напуштање. Ќе има причини секогаш за плачење, тоа не значи дека јас како мајка треба да му ги создавам. Мојата цел е да го сакам и да го заштитам. Колку и тоа да е потребно. Таткото што ти смета во приказнава? Што со таткото? Тука е. Лечи си го токсичниот феминизам, онаму каде што треба. Детето оди во градинка. Што па тоа има врска. Мајка сум му. Ништо не ме заменува.
Да ти каже која книга да ја читаш. Исто, и книгата ,, тие што немаат деца, знаат се подобро за деца, јер пишува у книгата,,. Мора да постои таква книга во која пишува се, во следна прилика овде ќе се обратам да ми кажат, што вика книгата.
И тие што никад не се развеле знаат како им е на децата на разведените. Утре твоето дете ќе биде мојот доктор, комшија, другар на моето дете итн. Или ти сега ќе го воспиташ, или јас утре други мерки ќе презимам А досега сум имала случаи кај што требало да преземам ама од некоја глупа причина, сум се повлекла. Али добро, ние што немаме деца треба да трпиме деца да нѐ пцујат, да фрлаат ѓубре, да кршат реквизити, да ни зимаат лични работи. Може кога го учите детето да биде културно, му викате само према тие со деца однесувај се убаво, со другите сине биди најбезобразен што можеш.
Ама реално многу работи што не треба да се праат се протнуваат низ она "јас сум му мајка, јас знам најдобро што треба за моето дете". Како изговор, а свесни дека стварно не треба.
@ArabellaStarfall не сакам да навредам никого, постарите генерации се справувале како што знаеле. Јас што сакам да потенцирам е следново: ако тогаш немало адаптирано млеко денес има, таа генерација сигурно нема да знае што е адаптирано или тоа е престрашна хемија за нив - само доење и ништо друго, мајка која е 20/30 па и 40 годишна треба да знае дека може да се потпре на адаптирано млеко без да слуша свекрва дека може да му даде чоколино или кравјо млеко во 4ти месец. Или пак како што јас лично се справував дека бебето треба да ми пие вода во првите 40 дена откако е родено. Или пак да му ставам лимон за да се освежи. Јас за тие разлики зборувам што во денешно време се премногу добро објаснети од педијатри, ортопеди, психолози, педагози каде можеме да се потпреме на стручни лица кои учеле за тоа а не на сверквите или постарите генерации. Исто е и со дубалце или џампер што ги ставаат. Нема ортопед што вика дека тоа е добро. Потребно е само да се прочита. Се надевам ќе ме разбереш на што ми води темата. Воспитувањата ни се два различни света, со тие генерации и ние. Имаме достапност на информации - да ги искористиме.