Не ми се верува дека нема тема за серијата. Јас ја гледам периодов и сакав да пишам, ама гледам нема тема. Ја имам гледано и порано на фокс лајф, сега почнав на нет да ја гледам, на третата сезона сум. Серијава моментално ми е најгоре на листата. Умирам од смеење, хуморот во третава сезона им е врв. Четвртата сезона е во тек. Спојлер Three 40-something best friends from Los Angeles are flying to Paris when their plane makes an emergency landing in Cleveland. Realizing that all the norms from Los Angeles don't apply anymore, they decide to celebrate a city that values real women and stay where they're still considered hot. http://www.imdb.com/title/tt1583607/ Eлка е дефинитивно најјака. Спојлер Ми се свиѓа ептен хуморот, дијалозите им се досетливи и саркастични, топло ви ја препорачувам серијава, ако не сте ја начекале на фокслајф.
Жешко во Кливленд (Hot in Cleveland) И јас пред некое време барав тема за оваа серија и не најдов, но воопшто не ми текна да отворам. Јас ја следам од самиот почеток кога излезе, потоа ја даваа на Фокс Лајф, а сега во тек е 4-тата сезона и си ја гледам онлајн. Мислам дека на Фокс Лајф ја даваат сега втората сезона, ако не се лажам. Инаку Бети ми е преедобра глумица, бабичката сега пред некој ден си наполни 91 година, пу пу пу машала Господ да ја поживи, најсупер ми е! Дефинитивно врв е во серијата. Џој ми е најслатка, си ја обожавам. Мелани исто така ми е супер, додека Викторија понекогаш многу ме иритира. За тие што не почнале да ја гледаат, ја препорачувам. И насловот на серијата може да биде Лудница во Кливленд (како што ја преведуваат на Фокс Лајф) или Секси во Кливленд. Жешко оди во буквален превод, но најсоодветно мислам дека е Секси во Кливленд.
Жешко во Кливленд (Hot in Cleveland) Па што знам за насловот, така ми дојде, не дека е во буквална смисла, туку дека они си се жешки таму. Ама ај ќе го ставам Секси во кливленд. А на фокс лајф ја даваат третата сезона, ама јас не можам да ја гледам на тв, ме нервира да чекам термин. Мене Викторија баш ми е интересна и театрална, си живее во свој свет. Не ме нервира никој, сите ми се симпатични.
Почнав едно време да ја гледам онлајн, ама поради обврски прекинав. Интересна серија, добра смисла за хумор има посебно типкана со бритиш акцент. Дефинитивно баш онака лајтерска серија за опуштање.
Е не знам, баш проверив на програмот http://foxlife.foxchannels.rs/programme/ кажува дека е втора сезона. Сеедно, за феминките кои сакаат да ја гледаат ја има онлајн на Интернет. И заборавив да коментирам за сезоната што е во тек, навистина интересни работи воведуваат, не се врти само едно те исто. Секоја чест за тоа, и се разбира за одличниот хумор кој се' поретко го гледам по серииве нови што излегуваат.
Може не ја смениле програмата, баш ја најавуваа на фокслајф третата сезона, затоа знам дека ја даваат. Уствари сега ми текна кој ме нервира, онаа Сузана Лучи, секој пат ја зафркнува Викторија, не знам како паѓа на нејзините финти.
Имам гледано неколку епизоди на фокс, али никогаш не ми текнало на нет да ја гледам, дали дека немам време или пак премногу серии имам за гледање Ајде летоска обавезно ќе ги погледнам сите епизоди. Инаку интересна серија, интересен хумор, бабава е врв на серијава прејака е
Порано не ја сакав но сега ја обожавам!! На Фокс ја гледам почна третата сезона мислма иако не сум во тек! Прееесмешни ми се особено Елка! Знае да ја плесне!! Хах Џој ми е втора Сите ликови се посебни затоа и сакам вакви серии.. Викторија и мене некогаш ме нервира но тоа е се дел од ликот и малце да беше различна немаше да биде серијата тоа што е! Многу ми е карактеристичен гласот на Викторија и обожавам да ја имитирам
И јас ја гледав на фокслајф и пред некој ден почнав да ја гледам на нет.Фантастична е сријава!Многу ми се допаѓа сарказмот и начинот на кој размислуваат овие 4 жени,за мажите и љубовниот живот.
Ја започнав вчера првата сезона, до 5тата епизода изгледав за час, лесно се гледаат, и интересни се. Сеуште хуморот не ми е нешто посебно, но има моменти, многу јаки моменти. Добар склоп на екипа, Џои ми е старата и добра Дафни од Фрејжер, а Викторија е од Џст шут ми, Нина Ван Хорн, малтене истиот карактер и егоцентричност Мелани ми е само непозната. Вети Вајт ака Елка нема кој не ја знае, легенда е Сега за сега најјак лик ми е Викторија, најлуда е. Џои и Елка се исти, двете најсаркастични и само се `рчкаат. Очекувам уште подобри епизоди понатака
Ja мавнав цела прва сезона, среќа мала беше само 10 епизоди. И многу ми се допаѓа Елка е царица, просто неможам да поверувам дека има 90 години, супер бабичка. Али тренерките и се најѕверски, сите и се со циркoни И Викторија и Џој ми се срцки, само Мелани некако ми е досадна, мнезнам не ми е у шема со овие будаливе. Хајлајтс на првата сезона, претежно Елка Спојлер И за крај
Многу на душманите, втора сезона ај со здравје, и неа ја изгледав. Дефинитивно се се` подобри и подобри. Спојлер Али како заврши втората сезона, најјако Џој ми е најјака после Елкица наравно.
Чим си ја изгледала вторава, одма поминувај на третата, нема да зажалиш. Инаку ај јас да си пишам за серијава. Една од надобрите и најкомичните серии во моментов. Заедно со Мелиса и Џои уживам кога ги гледам. Викторија ми е омилен лик, значи секоја можна ситуација ја користи за да се истакни себе си. Инаку и останатите се предобри. Се на се предобра екипа и предобра серија. Епизодиве и по сто пати да ги гледам нема да ми здосадат
Hot in Cleveland за добро утро, за после ручек (наместо дремка ) и за добра ноќ. Така ми врви викендов. Прекрасна е серијата, лајт, ептен за опуштање, а 4те женЦки во неа се секоја приказна за себе. Сите ги сакам , нема некоја што ме иритира. Викторија со нејзините улоги, награди, папараци, ботокси... Мелани, непоправливата романтичарка која се во реалниот живот поистоветува со нејзините романтични филмчиња кои што ги гледа редовно. Џој или коскилавата што би рекла Елка со која што се во вечна војна, а Елка, е таа е моментот во серијава, љубовџика во тренерки сторго со циркони Палче горе од мене.
Не било нова сезона, само пауза праеле Ах, Елка ми фалеше, дефинитивно! Баш мерачки прееска си ја изгледав новата епизода!
Има излезено нови епизоди, си ги изгледав сабајлево, се наполнив со позитивна енергија и сфатив дека стварно ми фалеше серијава
Имам изгледано 2-3 епизоди од серијава но никогаш не почнав да ја гледам онлајн, ама затоа сега слободен ми е распоредот и сигурно ја започнувам, уште вечерва имам изгледано една кај што беа на состаноци сите, една со модна ревија и таа со Џоан Риверс, се пукнав од смеа на неа