Дали сакате/практикувате да си направите по некоја ваква фотографија? Каде завршуваат истите...остануваат во домашна архива лично за себе, со посебна посвета до некој, на социјалните мрежи...?
А ти ја отвори темава со надеж дека женските од форумов одма ќе почнат да постираат свои слики во "жешко" издание? Ах, баш провидно. Зошто ти требаше темава, можеш само да пишеш sexy girls на google и да гледаш и глееедаш, не мораше ни да се зачленуваш на форумов ако ти е само за секси селфи фотографии. А кога веќе отвараш тема, треба да почнеш со твоја секси фотографија, како што е редот.
Јас лично не правам и не практикувам вакви фотографии на социјалните мрежи затоа што не сум таков тип на девојка и затоа што не сакам некој перверзен манијак да дрка и да фантазира на моите слики и не сакам да дојде до јавни скандали и до злоупотреби!А,мислам и дека не ми доликува ниту на години,ниту на моето образование така да правам!
Завршуваат на инстаграм, а ако добијат вулгарни коментари корисничките одат во сетингс за нареден пат некој дркаџија кога ќе кликне да му се појави: Ooops... this is a private account.
Нормално дека не, меѓудругото би се косело со правилникот на формуот... Најнормална појава веке и кај нас па зошто да не добие простор и за коментар, примери со непријатни искуства, злоупотреби...
Сум правела и правам сеуште чат-пат, онака чисто од радозналост да видам какви ми се можностите.. и cооl е! Ви препорачувам и на вас, па мислам една секси селфи сесија нема ништа да шкоди!
Исто,исто Е така де,што ќе глумам калуѓерка кога сум месождерка Шала,не знам што шкодат таквите слики стварно.
Абеја со коментарите Ама во право си е ... Ај ќе разберам некоја да направи фотографија, ама истата да ја ставиш на фб, каде градите ти се цензурирани ( значи зборам за целосно гола девојка ) и да пишеш извинете на цензура? И одоздола гледаш еден куп простачки кометари од типот што би и правеле и колку е она јака, а она на секој коментар враќа со фала и срценца? Или пак таква фотографија по туш, и пишала случајна под туш... Како тоа случајна? А фацата да и ја видите нема повеќе од 16 години девојчето. И се прашувам како тоа девојче не го знаат родителите кога таквите слики и се јавни на фб. Зарем не стигаат коментари до ушите на родителите? Не се срами дека тие фотографии можеби ќе ги види нејзин професор, братучед, роднина? Се нашло едно единствено нормално машко да и пише реален коментар со цел да ја освести дека можеби ја демне кекој педофил покрај тие слики, и го направија човеков абе не знам најголем непријател, љубоморен... Да ти е страв женско дете да родиш утре ден, не знаеш во што ќе израсне...
Па фала богу бе брат, абе мој човек си ти... него ја незнам шо има тука толку лошо.. не е на одмет по некоја секси селфи сликичка!
Ако на некој мозокот му е толку заостанат и глупав не може да произведи нешто попаметно и покреативно од вакви фотографии. Затоа овие личности ми се со кокошкин мозок.
Ако мозокот функционира на ист начин кај секој, моралните вредности ќе имаат голема улога во општествениот и личниот живот, наспроти деградацијата која ја достигнаа.Однесувањето во согласност со нормите и правилата на моралот е заменето со контроверзност, вулгарност, нискост и дезориентираност за остварување на животните цели пропагирани од добрите начела.За жал,човечноста како една од моралните доблести ја детектира социјалната интелегенција која е под границите во современото општество,а мудроста,знаењето и умереноста се повеќе имаат занемарувачки третман. Рејтингот се брои според пиедесталот на интимноста. Очајно, патетично и страшно е до кој степен е сведено секојдневието...
Ги поддржувам феминките кои се негативно настроени кон ваквите фотографии и во случај да се има, тие се за домашна архива а не за споделување бог да чува. А ти што ја створи темава, ти препорачувам на фејсбук да ја разгледаш страницата Macedonian girls таму ќе најдеш тоа што го бараш, оти паметни таму нема, а разголг'зени има П.с не сум против секси тела и слично, ама по рекламирање и коментари - сега доаѓам шири се, аа не, не,не !
Ти благодарам на сугестија, се гледа дека многу повеќе си во тек и од машката популација па ќе испадне како онаа старата споредба..."плукам по турбо фолк во етер ама прва се качувам на маса кога не ме гледаат другите" Како прво, колку што гледам, таа група нема ама баш никаква врска со селфи а како второ и многу побитно... ако машко отвори ваква (која колку и да си негативно настроена е актуелна) тема, според твоите размислувања значи дека ќе очекува слики - патем, кој вика дека само девојките се сликаат...