1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексот ни е катастрофа....

Дискусија во 'Секс' започната од azitromycin, 24 октомври 2010.

  1. azitromycin

    azitromycin Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    две години сме заедно.прв ми е.имам 23год.сексот ни е лош. прво ме болеше дооолг период. си игравме почни застани. после почнав да идам по гинеколози да видам зашто ме боли, па лечев инфекција,еден период само изгледаше како да ни иде на подобро. СЕ апсолутно СЕ друго ни е совршено.
    на почетокот правевеме муабет многу, ме тешеше, ме сфаќаше, правеше да не се чувствувам крива што немаме нормален секс. но во последно време.....сменет ми е. не инсистира, не се труди.....и ја сум више уморна. кај 5 гинеколози имам отидено, сите ми рекоа дека се е во ред. и брисеви, и вагинално ехо и се. се е во ред. влажна сум секогаш доволно.....и пак не иде....страста на почетокот што ја имаше....се плашам дека веке ја нема.....а и логично е, секогаш ја угушувавме....некако-како и двајцата да ја избегнуваме темата....како да се помиривм еи го прифативме тоа....
    незнам девојки.....некако сум загрижена.се обвинувам што сум виновникот за речиси никаков сексуален живот, од друга страна пак си го сакам, знам дека ме сака, несакам да го изгубам а не дека не ми поминува такво нешто низ глава....
    не ме советувајте да се опуштам....верувајте опуштена сум, не ме советувајте ни да одам по гинеколози-уморна сум веќе....здрава сум....кажете ми само единствената ли сум на која и се случува ова....
    читам совети....
     
  2. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Мое мислење е дека очигледно сте сексуално некомпактибилни... Ова е многу често и му се случува на секој! Не се обвинувај, не си ја мачи душата... Јасно ми е дека го сакаш меѓутоа ако нешто не оди, не оди...

    Потруди се ако сакаш уште некое време, претвори ја твојата сексуална фантазија во реалност... Напиј се некоја чашка винце, купи убав секси долен веш, пушти романтична музика, свеќички, масло... Пред да започне се, нека те измасира, да те опушти дополнително, малку предигра и најважно мозокот на ОФФ. Не размислувај како ќе биде, дали ќе биде, што ќе биде... Препушти се на сексуалност, таа најдобро ќе ти покаже!

    Ако и после сите обиди не успее, најди си ја среќата со друг! Ќе се заљубиш пак, а љубовта вистински ќе ја доживееш кога ќе биде проследена со одличен секс и врвно задоволство ;)

    Секое добро!
     
    На Bubbles92, stilas7, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  3. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Верувам дека ти е тешко, и ти посакувам да го надминеш овој проблем.
    Морам да ти кажам браво за упорноста што ја даваш, и што се трудиш да успее вашата врска. Исто така многу е добро што веќе сте правеле муабет за ова.
    Имаш напишано дека се сакате, и дека сте пробувале доста работи...ама можам да сфатам дека со тек на време интересот за секс ви опаднал штом залудно било се. Единствено што можам да те советувам е, доколку имаш надеж во врскава и сакаш да сте заедно, да не се откажуваш. Никогаш да не се измориш, зошто тоа не е било кој, туку човекот што го сакаш. Можам да разберам дека ти е доволно од прегледи, и од доктори...ама мислам дека во твојов проблем лежи најмногу психата. Не знам дали си размислувала од тој аспект, ама пробај да се преиспиташ во што може да лежи твојот проблем. Дали имаш нешто во главата што едноставно ти смета и те кочи. Продолжете ја предиграта, внесете новитети...ангажирај го и него максимално! Трудете се заедно и недозволувај неговиот интерес да се намали. Знаме сите како работат машките. Да не бидат озбехрабрувачка ама машко како машко колку и да те сака, ако нема секс ќе оди да го бара кај друга...
    Немаш дефинирано што е проблемот во вашиот секс, ама што и да е се надевам дека ќе го најдеш решението.
     
    На Johndeer му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Нормално е во една подолга врска страста да помине, т.е. да се намали. Не може да биде како на почетокот. Али кога не оди, не оди. Те разбирам како се чувствуваш, сум била и јас во слична ситуација. Се изгубила страста, исто на почетокот ме болеше, (бидејќи ми беше прв), после баш кога можев да уживав страста беше помината до некаде. А го сакаш, не можеш без него. Мој совет, колку и да е тешко, раскини. Пробај нешто ново. Секако, ти си одлучуваш на крај. :*
    Сепак сексот е доста важна работа во една врска. :)
     
  5. azitromycin

    azitromycin Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    фала ви што одвоивте време :* прочитав интересни работи....
     
  6. red

    red Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2010
    Пораки:
    480
    Допаѓања:
    130
    Пол:
    Женски
    се согласувам, една од клучните работи во врската е и сексот позз
     
  7. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Прво едно нешто-Лакромоса, ако сексот е досаден, не се трудите ни двајцата, се едно та исто правите, не само сексот, туку и цела врска ви е не в ред. Не е нормално страста да намали! Еве сум јас, имам долга врска, со успони и падови, дури и летово се мислев да одморам малку, почнавме да си досадуваме, па имавме некое недоразбирање, ама со сексот не застанавме, напротив тој не одржа во живот, страста ја имаше, парвевме скарај се, развикај се и удри на секс. Глупо на некои ама мене реалност, ако не беше тој ќе пекавме и двајцата разделени. Ама кај девојкава која побара совет, е сосем друго. Се е добро, само сексот не. Е сега, колку што јас знам постои и „медицински“, ако така може да се нарече проблем на несогласување на тој однос, не знам како да објаснам, кога ќе речат некои за пар дека им се погодил „калапот“. Некако грубо ми звучи ама не знам како да го објаснам ова, извинете, мислам ќе сфатите. Добро те советуваа девојките, почни да мастурбираш, дури пред него, развиј фантазија, се надевам дека ова нема да биде крај на една врска...не знам што конкретно би те советувала јас, ама еве, пробај со „валкани“ работи, можда ќе помогне.
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Разбирам јас дека во долга врска за да не стане монотоно во сексот треба да се експериментира, али па на кај ко ќе се проба се толку е, шо ке пробаш уште? :D Али дека сексот е исти како на почетокот, тоа никој не може да ме убеди, т.е. самите се лажат. Може да е убаво нормално, али како на почеток, таа возбуда, таа страст...ја нема до тој степен. Или по 20 години брак, нормално дека сексот нема да е исти, али нормално тоа не е причина за развод тогаш. :D
    Нека се потруди да внесе нешто ново во сексот, ама ако не оди ни после тоа, не оди нели?
     
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.003
    Сексот може да биде катастрофа на некој што не се труди доволно .
     
    На kate21 и Bibko им се допаѓа ова.
  10. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690

    Оффи, нема везе дали се трудиш или не ако сексуално не си одговарате... Можеш да се утепаш од мислење и од експериментирање и од убедување дека ќе направиш се и на крај се ќе биде супер ама џабе! Ако, не си одговарате, не си одговарате и тоа е тоа!
     
    На DeMelo и Lacrimosa им се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.003
    Да бе, ако не е опуштена и нема фантазија секако дека неможе да е добар сексот. Јас мислам дека девојкава нема доволно развиена фантазија и не сака доволно да се потруди. Незнам зошто ама таков впечаток добив. Плус, она ако му легне како кукла он да си заврши работа секако дека ќе биде катастрофа. Јас неможам да разберам сексуално да не си одговараат. Како може да не ми одговара човек што го сакам?!
     
    На Cacuvche, Bozica1980 и Bibko им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    ^^^Боки - апсолутно точно. Без хемија, џабе е трудење. Или си со некој компатибилен или не. За жал. Би сакала да бидам попозитивна по ова прашање, но знам дека е така :|

    Оффи - може. И јас ги сакам моите другари, совршено функционираме заедно но нема хемија. Затоа сме само другари а не нешто повеќе.

    На девојката која ја отвори темава би и рекла да проба со секакви секси финти да си ја врати страста во врската, но доколку навистина не оди, тогаш не знам како би издржала врската. Без сексуална компатибилност, односно без добар секс, ќе пукне врската кога - тогаш. Сепак се надевам дека ќе ви се врати страста, кога велиш дека се останато е совршено и сосема во ред.
     
    На DeMelo и Bokicka им се допаѓа ова.
  13. pinklady

    pinklady Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2010
    Пораки:
    109
    Допаѓања:
    25
    Јас ја имав потполно истава ситуација со тебе , 2 години во вррска , он на мене прв, на почетокот првите 1-2 беше супер , после тоа почна да ме боли да ме пече , едноставно неможе да се случи и крај,. Сменив 4 гинеколози напраив милион испитувања , се испагаа некој бактериички или ништо нормално. Многу ми беше тешко психички се измачувавме и двајцата..
    Потоа еден период решивме да остаиме што биде нека биде, иако се обидував на други начини да го задоволам....
    Скоро после една година све се среди, некако само дојде ..прекина болката .. сега имаме неверојатен секс, најубаво ни е ...мој совет е да пробаш на друг начин да му направиш да му биде убаво(орален , предигра, некое ново возбудување) , да го разгориш огнот во врската , зашто најверојатно кога тогаш он ке најде утеха во некоја друга ... :^)
     
    На Happywoman, Cacuvche, Bibko и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    27.003
    Пирамитке не зборував за другари, туку да си го сакам дечко ми да сум заљубена во него, се делиме заедно и да не ми одговара. Е неможам да сфатам!

    Барате влакно во јајце, а девојката што бара совет мислам дека се преценува.
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Оффи, па јас не ја знам девојката. Можеби лежи навистина ко кукла во кревет и не се труди од кај да знам :) Бокичка и даде супер совети за опуштање, а фантазијата останува на неа. Или ја има или не, тоа не може да му се вметне на никој.

    Сакав само да кажам дека постои и такво нешто како сексуална некомпатибилност. Ми се има случено, кога нема хемија, и откриваш дека тој кој го сакаш толку многу ти е повеќе другар отколку сексуален партнер или пак дечко со тапија и со сите салтанати.
     
  16. Bokicka

    Bokicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    691
    Допаѓања:
    690
    Па фала богу дека може... Зошто мислиш дека не може? Зарем кога ќе се заљубиш во некого, по правило без исклучок во пакет доаѓа и добар секс? Не би рекла...

    Пример, ти сакаш предигра, долго време да водиш љубов, во текот на водење љубов сакаш да менувате пози и.т.н. Тој мрази предигра, не пружа орален грозно му е, сака набрзинка и секогаш сака он да е одозгора! Тоа е неговиот начин. Ти го сакаш и тој тебе и ќе направите компромис еднаш два пати сто пати, ама цело време, не може! А, тебе едноставно не ти е убаво така, него не му е убаво на твојот начин! Двајцата знаете што барате, а не можете еден на друг да си го дадете! И сега што правиме? Раскин, фала богу :)

    Исто така ти можеш да се заљубиш и во садо-мазохист! Тогаш што правиме? Ти го сакаш него и тој тебе и целото време поминато со тебе е прекрасен, ама кога ќе дојде време за секс, тој почнува ланци и пендреци да ти вади :lol:

    Нема везе, мала шала ама сакав некако да ја доловам ситуацијата што се обидувам да ја објаснам!

    Нема ништо поубаво од заљубена двојка која си одговара сексуално и не викам дека ова е ретко, меѓутоа има случаи каде се случува љубов, а сексот е за никаде...
     
    На joy1, DeMelo, lackygirl и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    И јас мислам дека е така. Кога двајца не се погодени за тоа, не експериментирања, џабе.
    Секако ќе пробаш се, ќе се потрудите, ама ако не оди не оди и нема што тука.
    Може да се погоди тој да сака малку подиво и поперверзно, а таа само нежно. Може не ја задоволува максимално, има нимфоманчиња :lol:
    Така да, дури ретко сега некој да ти се погоди 100% за таа работа. Или ти се погоди некој со 12 сантими во ерекција, ај нека биде тогаш сексот убав :| Некоја би била задоволна можеби, некоја не.
    Аха, од самиот почеток се гледа дали некој ти е погоден, ако дошло до тоа да мора да се трудиш за да ти е убаво, тури му пепел, значи не е тоа тоа.
     
  18. azitromycin

    azitromycin Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Баш ме интересира врз основа на што заклучи Offspring дека се преценувам :emo: не ти е јасно како може човекот што го сакаш да не ти одговара?? епа речи фала ти боже што не си почувствувала такво нешто пошто не е ни малку едноставно.....
    тежок е делот кога ни се сака и на двајцата, запалена сум, влажна сум а пенетрацијата ми е непријатна....ме боли и крај. сум се обидувала со алкохол, со менување пози, со гледање порнич.....и на крајот главно ке се сведе на орално задоволување.......
    некои од вас рекоа-ако сексот не е добар стави му пепел-крај.....дали стварно сметате дека тоа е решението??па тоа е најлесното решение! крени раце од се.....еден период мислев дека тоа му пречи многу, ипак е дечко во најубавите години и дека размислува да се разделиме. верувајте направив ситуација до раскинување. причината беше глупа, но имаше шанса да прекинеме. направив да ако сака да раскинеме а нема храброст да ми каже дека е ради сексот, да не биде тоа причината. му ја олеснив ситуацијата само....и не раскинавме-сфативме само дека неможеме еден без друг.....

    pinklady ;) баш ми е мил за вас двајца ;)
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Може и да си вљубен до уши, а сексот да е лош, да не кажам близу катастрофален.
    Ми се случило. Бившиот го сакав, бев вљубена буквално во неговата душа, и се трудев многу, но не се наоѓавме на иста сексуална фреквенција.
    1 во 5-6 пати дали се погодуваше да е супер, а мене тој процент не ми одговараше. Немаше трпение, се' беше на брзање, не знаеше да ме возбуди, а кога конечно се случуваше тоа - не можеше да издржи. :(
    И тоа е тоа.
    Љубовта не беше доволна.
    Не можете да сте вљубени, а сексуално исфрустрирани.
    Ние се потрудивме и тоа многу долго време, но на крај, раскинавме, како што и се очекуваше.
    Ако не оди, не оди и точка.
    Не се измачувај, ќе пронајдеш некој кој совршено ти одговара и ќе те задоволи.
    За секое тенџерче - има капаче. ;)

    Го редактирам мислењето, не го прочитав твоето погоре. Добро, викаш најлесно е да кренеш раце од се', даваме погрешни совети.
    А колку планираш да биде грејс периодот на дечкото?
    Си пробала со алкохол и порничи и менување пози, претпоставувам секси долна облека и такви додатоци веќе ви се секојдневие. Ако не оди, па не се оди со главата во ѕид.
    Ти ќе си одлучиш де, ако си го сакаш и сметаш дека платонската љубов е доволна, ок. Само помири се дека никогаш нема да имаш добар секс.
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.343
    Допаѓања:
    90.465
    Пол:
    Женски
    Не е доволна љубовта. Кога тогаш еден од Вас ќе се откаже. До кога ќе можеш да издржиш така попалена, едвај чекаш да се случи тоа и оп, болка, не можете и двајцата? Или ќе лежите во ист кревет и заедно ќе мастурбирате? Ивини, но не иде. Колку и да го сакаш, сексот е и тоа како битен. Јас се нервирав со дечко ми кога бевме разделени, еден месец немање на секс и кога ќе се видеме тој за минута, две ќе сврши. Па се фрустрирав. Можам да замислам као Ви е на двајцата, ама подобро сега отколку кога ќе почнете да размислувате да пробате со друг, а сте заедно, зошто се сакате.