Гледам дека кај нас многу малку се знае за сексот од биолошки и здравствен аспект, а сметам дека секој што е сексуално активен треба многу повеќе да биде едуциран и да ја разбира целата суштина. Многу луѓе: не го разбираат целиот менструален циклус; не знаат што е овулација и кога се случува; не знаат како се движат сперматозоидите и како функционира нивното "патување"; не знаат што е предсемена течност и која е нејзината улога; не знаат како точно доаѓа до оплодување; знаат поединечни информации, но не ја разбираат целината. Затоа сакам ова да биде место каде подетално ќе разговараме за овие работи едукативно и научно. ! Важно Оваа тема не е за лични симптоми и индивидуални ситуации, како на пример: - дали сум бремена; - зошто ми доцни; - што да правам по незаштитен однос; - споделување сексуални искуства и задоволства; - лични здравствени проблеми. За тоа постојат посебни теми. Оваа тема е за разбирање на процесите и едукација. Во темава можете да: ✔ споделувате научни факти и објаснувања; ✔ објаснувате процеси што мислите дека не се доволно разбрани; ✔ разбиете митови во кои се уште се верува; ✔ поставувате прашања ако нешто не ви е јасно или сакате подобро да го разберете. Целта е подобро да го разбереме сопственото тело и реалните биолошки процеси зад сексуалното и репродуктивното здравје. ? За почеток.. - Која работа поврзана со сексот или репродукцијата најмногу ве изненадила кога сте ја дознале? - Кој е најчудниот или најсмешниот мит за забременување што сте го слушнале? - Што е она што никогаш не ви било објаснето во училиште или дома, а сметате дека е клучно за сексуалното здравје?