1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сексуално образование во училиштата

Дискусија во 'Образование' започната од Unfaithful18, 23 јули 2010.

  1. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Навистина треба да се воведе во образованието сексуално воспитување. Некои родители и не знаат да се постават на таквите теми со своите деца, некои се уназадени и не можат тоа да го сфатат и прифатат за своето дете. Сепак мислам дека си треба стручни лица како професор, доктор. Во денешно време границите се повеќе и повеќе се спуштаат надолу. Порано ако било нормално да се има односи околу 18-20 години сега тоа е нормално на 15-16. Сведоци сме колку е неинформирана младината и ни изгледа смешно. Не е смешно туку е жално, никој не се родил учен и сезнајко. Грешката кај младината е тоа што не се интересира да научи, туку подоцна сноси последици.
     
  2. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    големо ДА - за воведување на сексуалното воспитание во училиштата.
    Би можело еве од 5-то одделене да воведат ваков предмет, бидејки еве тогаш почнува пубертетот, влегуваат "бубачките" во глава, а децата не ги знаат последиците по направените грешки.
    Сексот веќе не е табу тема, табу тема е помеѓу родител и дете.Родитеите треба да разговараат со децата отворено, но ретки се таквите родители, затоа треба во училиштата да постои овој предмет, за децата да се информираат што повеќе за заштитата и последиците.
     
  3. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам .
     
  4. anabel-a

    anabel-a Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2011
    Пораки:
    3.333
    Допаѓања:
    15.497
    ДА, ДА, ДА!
    Сум за воведување на сексуално воспитување во училиштата. Некаде 6 одделение би било идеално да се започне наставата. Малце е тажно тоа што секоја информација ни е при рака со интернетов, па пред да се впуштиме во нешто, можеме комотно да си пребараме на интернет кои се последиците од тоа, придобивки, загуби, итн итн.. Ако не интернет, ако некој евентуално не знае што како или нема пристап до интернет, може сободно да праша дома во врска со сексот. Или пак некој близок што се разбира..
    Само мал, многу мал е процентот на лица кои го прават тоа. Тие комотно се впуштаат во се' без претходно да дознаат нешто во врска со тоа. Незнае што е химен, а имала секс.. Тажно не?! Или.. имавме петинг со дечко ми, дали сум трудна?! :x
    Училиштата во Македонија имаат и те како потреба од сексуално воспитување. Придобивките би биле големи. Девојчињата кои се премногу неинформирани би знаеле нешто повеќе за сексот, бременоста, контрацепцијата итн итн. На многу мал процент само кондомот им е познат како средство за котрацепција, а другите се друга прича... :D
     
  5. Ammy.Lee

    Ammy.Lee Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2011
    Пораки:
    1.995
    Допаѓања:
    2.279
    Пол:
    Женски
    Да!Би било добро кога некое стручно лице би му објаснило по детално.Се информирани за сексот преку нет.но тоа е недоволно и не го сваќаат како сериозна работа.Идеална возраст би било на 16 - 17 години дефинитивно!
     
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.640
    Да, и кога во некое училиште ќе се најде некој манијак-професор кој ќе се труди да биде што појасен, па ќе се обиде и со практична настава, е тогаш ѓаволот ќе биде крив, нели?!
     
  7. VittoriaKitty

    VittoriaKitty Активен член

    Се зачлени на:
    18 март 2012
    Пораки:
    2
    Допаѓања:
    0
    Апсолутно потребно, но уште во основно образование, најдобро во второ-трето одделение се разбира со соодветни содржини за возраста на децата.
     
  8. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    417
    И јас гласам ЗА! Повеќето родители се срамат да зборуваат со своите деца за секс, па тие основните работи ги учат од улица, списанија или од сопствено искуство (кога ке станат родители на не соодветна возраст).
     
  9. Elence93

    Elence93 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 декември 2009
    Пораки:
    5.715
    Допаѓања:
    5.038
    Пол:
    Женски
    Јас сум ЗА! Да не се повторувам, се согласувам со причините подоле :)
     
  10. ana-girl

    ana-girl Популарен член

    Се зачлени на:
    14 март 2011
    Пораки:
    535
    Допаѓања:
    648
    потребно е и тоа како и како што кажавте можи на пр од 5 или 6 оддд да се воведе веќе тогаш децата се во пубертет и потребно е да знаат некои основни работи а со текот на годините и времето се повеќе да знаат за кога веќе ке бидат срели личности да ги знаат тие работи
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Потребно е да се воведе, но не само за да младите научат туку и целото наше општество, бидејќи нашето општество зависи баш од младината. Ние во школо учевме работи и што требаат и што не требаат, епа тогаш зошто тие работи што не требаат не ги тргнат на страна и место нив да се воведе сексуалното образование кое ќе би биде од полза на сите...
     
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.690
    Пол:
    Женски
    Јас сум ЗА!
    Немам ништо против да се едуцира остатокот од младинава.
     
    На ^Likigirl^ и sunshinebabe им се допаѓа ова.
  13. prominent

    prominent Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 март 2014
    Пораки:
    5.399
    Допаѓања:
    61.219
    За.
    Сексуалноста треба еднаш и засекогаш да престане да биде табу тема.
     
    На poenta, smile:) и edna_malecka им се допаѓа ова.
  14. Snowflake97

    Snowflake97 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    2.180
    Допаѓања:
    8.870
    Пол:
    Женски
    Не знам како е сега во училиштата ама јас додека бев во основно ние немавме час по сексологија, ама од 5то одд секоја година имавме по еден ден предавање на таа тема, не знам дали идеа од црвен крст или некој други здруженија ама ни објаснуваа се околу секс, заштита и се останато.

    Треба да се воведе дефинитивно, можеби да не е исклучиво часови за сексуално воспитување, туку повеќе да е слободен час каде што професорот и учениците ќе можат да разговараат на секоја тема.
     
    На IRBBB и edna_malecka им се допаѓа ова.
  15. mode-kristina

    mode-kristina Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2014
    Пораки:
    1.155
    Допаѓања:
    4.089
    Пол:
    Женски
    Апсолутно ДА. Сексуалноста е нормално нешто, а гледам и дека многу од младите се неинформирани, а се впуштаат во такво нешто.
     
    На Snow-Star му/ѝ се допаѓа ова.
  16. joyful

    joyful Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2017
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    2.556
    Пол:
    Женски
    Јас сум ЗА.
    Училиштето е место каде што децата се информираат, така што соодветно е и да научат како да се грижат за своето сексуално и репродуктивно здравје.
    За жал, кај нас се уште е табу тема сексуалноста и репродукцијата. Децата се информираат од врсниците и медиумите каде добиваат неточни информации и имаат многу предрасуди. Не знаат како треба да се заштитат од непланирана бременост, од сексуално преносливи болести, ХИВ, како и за тоа кога и каде треба да побараат помош и услуга за да го сочуваат репродуктивното и сексуалното здравје.
    ХЕРА имаше направено истражување на оваа тема и ме фрапираше фактот дека во нашето формално образование само 13% од учениците учеле за кондом, а 2% за орална контрацепција, годинава имало два регистрирани случаи каде девојчиња биле оставени сами да се справат со несакана бременост, 12,8% од младите до 28 години користат било какво средство за контрацепција.
     
  17. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.263
    Допаѓања:
    34.535
    Пол:
    Женски
    Да, ама од шесто одделение па нагоре. Премали се во второ одделение. :)
     
    На Snow-Star, Ева33, Keiner и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    Да, сметам дека треба да има сексуално образование во училиштата за деца над 10 години.
    На децата на тие години им изгледа срамно и смешно, но не е.Поради недоволно сексуално образование читаме прашања од типот "имав секс со дечко ми, сврши надвор, дали сум бремена" и ред други глупости.
    Предметов не би бил на одмет, напротив на многумина би им помогнал.
     
    На Angie1432, noteforself и Skorpija99 им се допаѓа ова.
  19. Skorpija99

    Skorpija99 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2020
    Пораки:
    256
    Допаѓања:
    4.801
    Пол:
    Женски
    Да дефинитивно.
    Од 13-14 години сметам дека е идеална возраст да почнат да се едуцираат за оваа работа.
     
    На ^Likigirl^ и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  20. NewMama

    NewMama Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2019
    Пораки:
    1.234
    Допаѓања:
    3.079
    Пол:
    Женски
    Јас сум за. Ама како родител, можам да ве прашам само на тие што пишавте од 2ро 3то ило 5то дали сте нормални? Дете од второ одделение или еве и 5то што треба да знае за секс? Дали треба да се запрашуваат да станат љупобитни и слично за нешто повеќе? Се знае дете од 5то одд што треба да прави. Затоа се вика и ДЕТЕ. Треба да проучува за светот, да си игра со деца, да се носи по планини ,паркови, да знае да се грижи за животинче,братче ,другарче... Ако некој треба да ги насочува на децата додека се буквално деца, тоа се родителите. Можеби треба родителите да бидат обучувани како треба да воспитуваат деца,а не само телефоните враце од најмала возраст без прегледани содржини па ајде сега крива е државата за абортуси ,сексуално вознемирување,несакана бременост и слично што не вовела секс едукација во второ одделение . Ви се молам!
    Апсолутно ДА за сексуално образование од 13+ години.
     
    На mssuniquee, Anabelle.Amorette, deskarada и 8 други им се допаѓа ова.