Здравмо, Имаме една ситуација, за која барам совет од женска популација ( мушко сум ). Имам 33 години, и во врска/брак сум 10 години, со 2 мали деца. Жена ми многу ретко сака секс, да речеме еднаш до два пати месечно, што е незамисливо за мене. И кога сака секс, се сведува на некое клише што мене ми е искрено веќе досадно, а оне не отворена нови работи. Ова е долго време вака, и се е пробано (зборување, романтики, држење дистанца, карање), така што нема веќе никаква надеж ни кај едниот, ни кај другиот, дека нешто ќе се смени. Освен сексот, се друго во главно ни е добро. Се сакаме, сакаме слични работи, се поклопуваме, правиме работи заедно, финансиски сме добри. Проблемот е што јас сум сексуално битие, а она како да не е. Пред некое време излезе идеја да пробаме да останеме во брак, а јас сексуалниот апетит да си го задоволувам на друго место. И двајцата сме начелно ок со ова, само што мене тешко ми оди да најдам партнерка за секс без обврски. Сингл женски обично сакаат врска (мене тоа не ми треба), жени во врска обично неќат ништо на страна, и како да не можам да најдам некој што ќе ми пасува. Пробав онлајн дејтинг платформи, ама се осеќам дека таму треба да глумам лудило, и обично ако кажам искрено што барам многу лоши реакции добивам. Значи барам совет за ситуацијава? Дали мислите дека ваква форма на брак може да функционира на долг рок? Дали мислите дека постојат нормални жени на моја возраст, на кои би им одговарало ваква форма на секс врска, без да им представува проблем тоа што сум женет и имам деца и немам намера да се разведувам?
Што всушност сакаш да најдеш? Место кај што ќе се испразниш, без никакви чуства или емоции притоа? Без кафе, без состанок, без држење за рака, без искрени бакнежи, само гол секс? Ако најдеш, викај...
На вакво нешто според мене, ќе се нафати само некоја која е во слична ситуација како тебе. Значи не сингл девојка, не девојка во врска туку жена во отворен брак. Иако не разбирам, штом е со обострана согласност, зошто па да не..
Не замислуваше ни дека ќе имаш брак без секс нели Само гол секс со проститутка. Се друго ќе вклучи емоции порано или подоцна
Ne se sekiraj taa veke si ima redoven seks , zatoa ne saka so tebe. Monotonija si i stanal se razbira. Ti najverojartno koga si se zenel ne si gledal dobar seks, si gleal domakinka da e, povlecena da e ,zatucana so bi rekle. Za zal 90% vakvi se MK brakovi! A se poradi neiziveanost. Ne planiras da se razvedes, ne planiras da se zaljubis.. pa glumete sovrshen brak kako i site sto glumat, sto da kazam.. samo prostitutka Cista smetka dolga ljubov )))) Drugoto kad tad ke se doznae.
да па така сестра на една моја другарка се изненади кога дозна дека мажот има вонбрачно дете со некоја. Еве јас одкако останав бремена немав секс со мажот. Се породив па ајде 40 дена ајде 2 месеци ајде чекај уште ова ајде вака ајде така повеќе од година дена ни помина без секс и искрено да ви кажам ни ми се сака ни па помислувам.
Ејјј ама сте сите значиии. Никој не му даде совет на човекот како да си го спаси бракот, сите се потрудивте да го спанџате со проститутка. Тој си кажува дека си ја сака фамилијата, си ја сака сопругата, имаат заеднички интереси и сеуште имаат за што да разговараат, што е многу важно за опстојување на бракот. Проблемот е што жената очигледно има намалено либидо. Тоа е проблем, но е решлив ако се сака. @petelko Претпоставувам дека сте доволно опуштени за разговор, штом знаеш дека не е отворена за нови работи, веројатно си понудил веќе. Можно е да е тоа единствено во нејзината глава, во тој случај ќе мораш искрено да се потрудиш ја охрабриш. Но може тоа и да е резултат на твоето размислување за жените воопшто, зависно од тоа како ти гледаш на женската опуштеност во креветот, доколку ти и имаш некогаш предочено на сопругата дека на пример, девојка која практикува некоја поза во сексот, е неморална или дека одредени начини на практикување на сексуален однос се само за во порно филмовите. Во тој случај твојата сопруга веројатно нема да се опушти со тебе доволно за да испробувате нови работи и да го зачините вашиот сексуален живот, можеби и е срам да ти каже дека баш тоа го сака таа. А не би било лошо да ја наведеш да размисли, да се консултирате и со сексолог. Ќе ви предложи начини да се обидете да го надминете периодот и проблемот, можеби на сопругата ќе и предложи да конзумира некакви суплементи во исхраната, веројатно некој препарат за покачување на либидото, сигурно постои нешто. Можно е да се работи и за хормонски дисбаланс, тоа секако има најголемо влијание врз жеснското либидо. Е веќе ако таа не прифаќа да превземе било што, слободно сфати го тоа како ‘‘не те сакам повеќе‘‘. Искрено ми е жал ако е така. Бракот секако бара да правиме и одредени напори за да го одржиме меѓусебниот однос во една хармонија, но нема спас кога едниот комплено ја изгубил желбата да вложи.
Дали си нормален? Ти си дно од маж жал ми е што го делам кислородот со тебе, да сум како жена ти ке се разведам и гаките прљави ке ти ги земам
Нема. Всушност има жени кои го сакаат оваа, кои се во нефункционални бракови/врски како твоите, ама тешко дека ќе остане само на секс. Не останува за жал, и е ризик. И така бракот е пред распаѓање, ова е само шлагот. Затоа и се појавуваат чувства. А твојата жена веќе го прави тоа и затоа и имаш дозвола и ти да најдеш. Незаинтересираност, немање секс, не е љубоморна... О да, сори, ама она на друго место добива. И изгледа завршила работа. Најди си девојка и слободно заљуби се.
Може кафе, без шеќер. Фак бади се вика тоа, на факс дур бев функционираше, само сега кога ќе кажеш дека си женет, те гледаат ко сида да имаш. Имав представа дека Тиндер функционира така, ама изгледа сум се лажел. The pleasure is all mine. Ти што би правела да си на мое место? Прилично сум сигурен дека не е така, ја познавам како дише. Ретко излегува сама, не го заклучува телефонот, во главно комуницираме преку ден. Некако не е таква, да беше ќе ми кажеше до сега, јас сум прилично либерален, нема да и го земам за зло.
Значиии.. Не си ни прв ни последен што живее во таков брак каде неверството е под договор со партнерот и не прави проблем. Остај децава шо О2 не им се дишел, нека одат на друга планета да живеат ако е така. Не брзај, и многу внимавај. Кога се бира таков партнер се пази повеќе неголи коа бираш партнер за живот. Зашто секакви има. А не дека нема жени или мажи како тебе. Има. Само не се наоѓаат како дечко девојка што моеш да упознаеш, баш, ради тоа што го реков, сите внимаваат.
Не биди толку сигурен. Заклучување телефон е клише. Не треба многу да излегува, и за време на работа се наоѓа начин.
Само за ова си можеби во право до негде, знаев дека не ми е е идеален секс партнер, ама се друго беше супер и некако си преовлада, мислев дека и сексот ќе се намести со тек на време, ама за жал уште повеќе се измести
Треба да бараш одговор што е тоа што не штима во твојот брак. Па после да бараш решение за последицата. Барањето на швалерки не е долгорочно решение. Тоа е за очајни луѓе,не си толку ваљда на дното. Преиспитај ги проблемите и можеби товарот кој го има жена ти?! Некој блок постои,потруди се да дознаеш што е. Премногу обврски ,мали деца,анксиозност,депресија? И најбитното хормоните,скриен проблем со хормоните дава проблеми со либидото.