Зошто се смета дека мажите може/треба да имаат повеќе секс партнери од жените? Пример: - Маж со над 10 сексулани партнери- фраер, „цар“... ( такви изрази ) и женкар, ама жените не го одбегнуваат се лепат за него. - Жена со над 10 партнери- курва, ороспија, растурена... А најинтересно е шо најмногу од осудувањата за жената доаѓаат од останатите жени. Зошто е тоа така?
Јас не сакам машко што имал многу сексуални партнери и не го гледам како фраер. Како созреваме гледам дека некои од тие јаки мачо машки секоја жена ги отфрла како ѓубре кога ќе види дека се работи за нестабилен партнер, кој не се врзува, туку само менува партнерки и сите нечинат отпосле. Еден мој бивши баш таков, не 10 сигурно имал над 20 партнерки, па еве го девојка не може да фати, се изменил физички, пропаднал, веќе не им е убав, и што ќе им е кога знаат дека е неверен.
Може да биде и верен. Не мора да значи дека ако има над 20, мора да биде неверен. Збориме за во различни периоди од животот.
Турчинот бил овде 5 века. Цели 500 години. Затоа денес жената овде готви, пере, чисте пегла и ќути. Во некои случаи се чува невина за брак. Е сеа се менуват работите на по современо, но сепак си има остатоци. Многу и тоа. Оди накај Германија, Италија, Франција, да видиш таму како мажот сече домати, а таа пржи, и како таа го чисте дворот, но тој ги збира лисјата и го фрла ѓубрето, а не цел ден да лежи пред ТВ за фудбал и цици на планета. Исто е и за партнерите - овде таква и е позицијата на жената, и толкава им е почитта на мажите спрема неа. И не се само жените кои ги критикуваат другите жени за партнерите, сепак тоа е наметнето од машките, а онаа која успеала да си ги потисне потребите заради мислењето на мажот, а гледа како некоја не се замара и си прави како што сака, и станува криво и, ете таа е курва, а она успеала во мисијата да има само 2 до 30 години.
Не мислам дека е така,Јас се повеќе сретнувам мажи на кои бројката на жената не им е битна и ми е мило ради тоа.А оние кои ги прават лесни жените кои имале повеќе од 5 јас ги заобиколувам секогаш. Сите сме исти и мажи и жени.Секој имал онолку колку имал.На крајот на краиштата една девојка у врска има пример годишно секој ден секс ,тоа се 365 пати у годината,а онаа која нема дечко ,во една год ќе смене тројца партнери имала значително многу помалку пати секс.Така да која е поискусна? Која знае повеќе за сексот ?
Мое мислење е дека не е битно кој колку партнери сменил. Ако некој го засакаш онаков каков што си го запознал така треба и да продолжиш и не би требало да те засегнува неговото минато
Па не е баш фраер тој што бил со толку девојки. Таквите имаат и лоша репутација, дечко кој може де го има секоја. И таквите после тешко наоѓаат девојка за озбилна врска. Не се ниту курви девојките кои биле со многу машки. Секој за тоа си има свое мислење. Инаку, јас внимавам на бројот на партнери, досега со моја 21 година сум имала тројца, некои сум ги одбила за да не бидат голем број.
Па затоа што на машкото му личи да има секс и со 10 девојки, а на девојката не и личи..Следат одма озборувања дека е курва, или дека има секс со кого стигне, што не значи дека е тоа.. Што од една гледна точка мене тоа не ми се свига, јас тој збор највеке го мразам. Мада и ако кажав дека не и личи, сепак и да биде со различни секоја вечер небитно е ..Не мора да значи од машка гледна точка дека е курва, или било каква. Самите знаеме што значи тој збор.. Е сега секој со свое различно мислење...А за машките женкароши јас си викам
Ako se zenite kurvi ako idat so pojke maski i maskite se isto kurvi ako idat so pojke zeni ama to e fakt bez ogled so sum masko poentata e vo toa da zborot kurva ne treba da se koristi bilo kade se znae za kade se kazuva kurva bilo maska kurva bilo zenska
Е да де така си е, зборот курва знаеме сите многу добро што значи, и како значи..И знаеме кои се исто. Али нели пошто ако има со сите машко како машко кажува дека е курва, ајде со исклучок не сите кажуваат мажи и жени. Ама кога ке видам машки да кажат за жената курва дека е просто ми се гади од самата помисла да искочиш со таков некој си искрено. Мислам самиот збор не е убав да го слушнеш.
Оти живееме во патријархално, сексистичко општество каде мажот по дифолт е надреден над жената. Затоа се бориме за родова еднаквост.