Мајки, сакам да слушнам мислење од тие што сте преселени во странство. Конкретно ме интересира предности и недостатоци на животот со деца таму и тука, круг на пријатели, градинки/школи итн. Знам дека е претешко за чување и анимирање ама дали е паметна одлука селење додека се мали? Дали има некоја што се кае и се вратила или би сакала да се врати?
Не сум во странство, али од ова што читам овде, ја и германско здравство, не би биле у комбинација. Да одам да чекам со дете 6 саати на итна и да ми речат Вирус е! без ни една кс да му направат, нека фала. Не е дека сега редовна сум на доктор на секое кивнало шмркнало, ама сакам кога ќе однесам дете на доктор да е прегледано, а не да се тресам дали му погодиле или не дијагноза, дали го прегледале или не. И јас сум на раб со нерви во државава, особено од финансиска гледна точка, ама уште не се осмелувам да размислувам озбилно. Мене ми е желба накај Ирска, Шкотска, Финска, иако сум јужно дете, таму би живеела брз проблем и би си продавала цвеќиња до крајот на животот. Ако животот беше така едноставно да се осмисли нели. Инаку мислам дека со мали деца е полесно, лесно учат јазик, лесно склопуваат пријателство, немаат голем "багаж" и едноставно е. Маж ми работи во интернационална компанија и мислам дека е прашање на време кога ќе се селиме, само да не беше толку врзан емотивно овде досега ќе бевме заминати.
Конкретно Америка ама би сакала да знам зошто не помало од 4 години. Јас за бебево не се плашам, не разбира ништо ама поголемиот малку потешко се навикнува на нови луѓе. На средината да, се додека има паркови, лулашки и игротеки среќен е ама дружбата со нови деца потешко оди. Има 3 години и живее во трет дом, конечно наш, трета градинка и сега пак да го селам во ново место, со скроз различен јазик, илјадници километри далеку од дома ми е Ама ја гледам поголемата слика и се надевам нема да се покаам.
Тука е многу заебано зашто до 4 години мораш да плаќаш приватна градинка која што е ненормално многу скапа. Зависи од примањата ама е околу 2000 евра, што реално најчесто е наша пола плата. Или да имаш некој дома кој ќе се грижи за детето, или да не работиш и да живеете на една плата. Од тој аспект веднаш би се вратила во мк. Многу, ама многу сакам син ми да оди во градинка. За се друго: финансиската состојба, односот кон децата во градинките и училиштата, редот и мирот кој го имаме тука, не можам да замислам да се вратам. Не знам многу за Америка, ама претпоставувам има подобри услови и за со помали деца. Јас би заминала. Децата може ќе се лути и ќе бидат против таа ваша одлука, ама еден ден ќе сфатат зошто сте го направиле тоа. Зашто ако не заминете вие, ќе заминат тие некој ден Да се редактирам од медицински аспект. Многу сум нервозна во деновиве кога син ми е болен а тие ќе ми речат “Јави се пак ако се влоши и ако трае кашлицата повеќе од 14 дена”. Поради тоа ги научив сите бабини лекови и веќе не се ни јавувам. Фала богу до сега никогаш не се влошила состојбата. Ме нервира што чекат ептен да е сериозно па да реагираат, ама па толку се добри во тоа што го работат и не се плашат. Да беше во мк сигурно 2-3 пати до сега ќе пиеше антибиотик, а тука од чеп парацетамол, повеќе нема добиено. Дали јас се прилагодувам на овој систем, не знам, ама почнува да ми се допага. Влеват чувство на доверба и се повеќе ја оставам нивната работа на нив, а се помалку се трудам да се правам доктор и јас да и кажувам што треба да прегледат, дали да земат брис итн… Размислете подлабоко и верувам ќе ја донесете најдобрата одлука, која и да е
Нема да се покаеш сигурно. Кој се вратил во Мк откако си отишол? Јас не познавам таков. Еден ден ќе ти биде многу благодарен а почетокот сигурно ќе биде тежок. Подобро сега уште не оди во школо, нема оформено друштво и слично. Среќно и не се вртете назад.
Тажно нели? Порано, пред да ги добијам нив му зборев на маж ми дека нема шанси да си одам, дека нема да издржам без моите, а и тие без мене… сега искрено никој не ми фали, само ние четворица да сме заедно и среќни, децата со неограничени можности. Крај краева си викам и да не издржам само нека земат државјанства, па ние ќе си дојдеме кога ќе се самостојни, на нив светот им е отворен. Не знам
За жал таа е реалноста. Треба само да одлучиме дали сакаме да сме блиску до нив. Моите родители поради таа причина решиле да се иселат тука, за да не и избегаме ние. Татко ми уште што не поминеа, ама го водеше таа мисла дека животот ќе го градиме сите тука, а не распрчкани по светот сите. Сега сме сите тука веќе фамилијарни, во посебни домови, сма доволно блиску за барем еднаш неделно да ручаме заедно. Баш тоа го посакувам и јас со моите деца и се ќе издржам за таква иднина. Верувај и ти кога ќе гледаш дека они се среќни таму, ништо не ќе те влече накај мк.
Zamini i ne razmisluvaj dokolku imas moznost, pocetokot moze ke ti bide tezok licno tebe ama tie se mali i lesno ke se prilagodat i adaptiraat vo sredinata. Ne sum vo Amerika , vo Germanija sum ama voopsto ne zazaliv sami sme so mazot ama so razni kombinacii se postignuva se. Kako raste ima se pogolemi moznosti sto vo Makedonija ako ne sum kerka na Trajko i Rajko moze da sonuvam.
Се имам селено кога првото дете ми беше 1година. Искрено се си има свои предиспозиции. Од една страна е многу поубаво да се пресели додека се мали поради јазикот, за кога ќе кренат на школо веќе да го имаат усовршено и полесна адаптација. Од друга страна за друга држава незнам јас бев во Германија, џабе го однесов толку мало место за градинка чекавме две години.Тука си веќе блокиран и за работа и за се што ќе посакаш. Единствено ако детето толку мало да почне одма во градинка да можете и вие да се вработите и да го продолжите животот нормално. Инаку во туѓа држава со непознавање јазик и мало дете искрено тешко малку... Но сепак би избрала додека се мали највеќе поради нив, да се адаптираат во градинка и за јазик и за се друго. Замисли поголемо детенце кое оди на школо, му менуваш школо, другарчиња, го носиш во непознат свет, друг јазик.. Мора во школо да оди штом се пријавите тоа е факт, иако таквите деца не ги ставаат во редовно училиште сепак за нив е најтешко на почетокот...
Не сум во странство и немам лично искуство ама пак познавам неколку фамилии кои се вратени тука. Првите вратени со две деца. Откако 7-8 години живееле во странство. За тој период заработиле доволно, имаа купено 2 станови тука за двете деца како некоја сигурност. Приказната е дека се враќаат ради што им било претешко да функционираат после раѓањето на второто дете и веќе многу услови каде што седеле се промениле. Е сега и тука имаа тешки моменти, прво платите, од 3000+ евра, наеднаш да работат за 3-400. Друго и самото барање работа. Сепак и родителите и децата се со европски пасоши и кога сакаат отворени им се "вратите" за било каде. Другите 2 примери исто 10тина години надвор од кои едните во Америка. Исто викаат после толку години работа веќе и таму условите се сменети, имаа доволно заработено за добар живот и тука и најбитно имаат документи. Е сега парот од УСА нема деца и од тој аспект не можам да пишам за тие услови.
Оваа тема секојдневно се дискутира и кај нас.. Никако да се одлучиме да почнеме од некаде а сакаме.. или само се плашиме да излеземе од комфор зоната.. Знам дека воопшто не е лесно, но тука навистина не сакам да ги растам децава, барем нив да ги тргнам на време Овде пример се си имаме свое, мм зема и тука скоро германска плата јас нешто помалце, знам дека таму мн помалце ќе ни остане кога ќе платиш давачки ама ако, јас не би идела да печалам идам да живеам таму.. Не знам околу нас речиси сите ни велат никако, ќе се пишманите као не ви треба тоа.. Кај и да е ќе одиме кај сестра ми, она е главен менаџер во ресторан за фаст фур па да видиме..
Никогаш не сме чекле толку многу .Ние не живееме во село од 10000 души и максимум е било 4ч од кои 4 деца кој дојдоа итно.Сме чекале и 5мин и тогаш одма се собраа 10 души и земаа магично крв и ја изврзаа со 3 црева и ја стационираа во болница. Ама секогаш кога не е страшно одговорот е вирус е и стварно е. ЕДИТ: Зошто живеам долго надвор од Мк мене пак антибиотиче на внука ми што го добива секоја наедела за тт ми е нон сенс.
Еве, јас сум "вратена". Животот не можеш да си го предвидиш. Секаде има проблеми, битно е мене и на моите да им е добро. Дали тоа ќе биде во Тунгузија или во Мариово, зависи од човекот и од неговиот светоглед.
Ич да не му ја мислиш и јас ќе бегам од тука со мали деца. Децата многу полесно се снаоѓаат од возрасните и за јазик и за пријателства.
Во моето опкружување сеуште нема таков што се вратил што не значи дека не постои. Нема да се согласам со мислењето и не е воопшто до светогледот туку до “функционирањето” на една држава и институциите. Основните работи како здравство, судство и образование не функционираат колку и да сакам и јас да ги гледам со розови наочари. Не го оспорувам твоето мислење, само моето е малку поразлично.
На децата најмал проблем ќе им биде, уште и полесно за нив малечки, јазикот ко сунѓер ќе го упијат, за разлика од мама и тато, хех. Германија пример ти како мајка ќе имаш да речеме привилегија и ќети се излезе у сусрет да работиш само сабајле, саботи и недели увек слободна,и на неполно работно време пример, ќе зимаш минимум 800 евра месечно, едино ако ти одговара поинаку. Плус за децата по 250 евра од дете месечно. Сеа малце место за градинка и матичен тешко, па совет одма чим имате сите документи, одма алицирање сегде, па негде мора да се најде место. Пријатели ќе си најдеш, нема да сркате кафе секој ден, али да имаш барем две мајки, ете ти два дена минимум неделно кафе измеѓу секојдневни обврски. Плус, занимации за децата преполно, паркови, природа, зоолошки, градини, музеи, театри, градини со овцички и јариња, берење јаготки и малинки. За тие што се враќаат, а не планирале, прва причина е тоа шо ја сум видела, е шо нема акање по цели денови по кафани и кафиња. Најголем случаеви мажите имаат пуно другари, цел ден и тука дома не се вртат, и пак цел товар на жената. Вака и она сака дома да си се врати, барем со другарките и мајката маката да си ја каже, тој пак ќе акне негде. Ако сте фамилијарни луѓе со маж ти, ќе си најдете мир, и време ќе си имате да шетате.
И јас искрено не познавам некој што се вратил, обично ако се враќаат се пензионери па со странска пензија овде ќе уживаат. А ако се помлади вратени или ги мрзи да работат, мислат во странство на гранка се берат пари или работат од дома за некоја странска компанија, земаат странска плата и тука им е топ. Да се врати некој што земал неколку илјади плата за 300 евра овде треба да е цреп.
Со розеви наочари се гледа и на целиот свет, сосема незаслужено. Да зборуваме за тоа какво е здравството во Америка? Погледни статистика за тоа колку бездомници има, и колку од нив имаат просечни и надпросечни примања. Или како се третираат таканаречените extracomunitari во Италија, лулката на расизмот? Нема потреба да се докажуваме, меѓутоа после две децении живот во "светот" едноставно заклучокот е дека светот не функционира. Сите системи се градени на ист начин, само што ние од дупката во која сме не го гледаме тоа.
Јас познавам две фамилиии што се вратија од Германија, точните причини не ги знам. На едната и дете им се роди таму, ама ете се вратија. Знам и уште една фамилија од Америка што се врати, причината беше нешто со детето кое сакаше да се врати.