Тиктокификација на дебатен клуб: Семејни блогери и онлајн безбедност на деца

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од theowndemon, 16 март 2024.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Ова е можда едината тема за која сум сум најзаинтересирана. :D Ќе пробам пократко да ја доловам тука оти воведите си ги сакам понеутрални, за после да можам да си се искажам на долго.

    Сите свесни сме дека децата се онлајн од најмала возраст, дали користат сами социјални мрежи или некој ги користи и објавува во нивно име. Од таму, барем еден период беа популарни многу фамилијарни канали кои го претставуваат животот на целото семејство родителите + децата во стил на дневен влогинг. Има канали посветени на стилови на родителство, повторно, покажувајќи го своето дете онлајн како пример. Има канали на деца менаџирани од родители кои објавуваат шминка или зборуваат за одредени потешкотии од детски аспект.

    Прво сакам да се задржам на децата која "работа" им е креирање контент. Во многу случаеви ги споредуваат со "child stars" односно познати деца, најчесто глумци од дизни и никалодион. Во смисла, ефектите за кои тие зборуваат сега и за кои не бевме свесни дека се случуваат зад сцената - дека истото се случува со преработени влогинг деца и дека допрва ќе дознаваме како ова влијае на нив. И ова покрева неколку важни прашања:
    • Како влијае влогингот на децата, нивниот секојдневен живот и правото на приватност? Дали дете можи да одлучи дека е океј да биди снимано и до кој степен? Дали има одредена возрасна граница после која е прифатливо?
    • Колкав дел од ad revenue треба да оди во штедна книшка за детето и дали воопшто треба да оди? Дали се смета за работа детето да е дел од влогинг контентот на родителите?
    • Дали постои експлоатација на семејни настани кои се презентираат јавно и често драматизираат за поголема гледаност?
    • Како ова би влијаело на социјалниот живот на детето? Дали постои основа за булинг?
    Ова се се заснова не само на деца - работници. Туку јас сакам да проширам и кон онлајн безбедност на деца целосно.
    • Колку се безбедни децата онлајн?
    • Дали местото им е онлајн?
    • Дали надзор при користење социјални мрежи е нешто што е доволно добро?
    • Кој е реалниот ризик за предатори од контентот кој го објавуваме од децата?
     
    На Victorian, Angie1432, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  2. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    ❗Темава е дел од "Тиктокификација на дебатен клуб".

    Ќе биди активна од прилика 1 недела (оваа конкретно до 23ти ќе биди, и ќе се обидам максимално ден-два пред затворање да пишам потсетник). Предлог теми можи да видите и предложите во темата за договори, тука.
     
    На senjorita-v и Ketchup им се допаѓа ова.
  3. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Јас ко ќе омилената тема ми дојди на ред и не знам шо попрво сакам да кажам:
    [​IMG]

    Ќе почнам прво од онлајн безбедност на деца генерално па после ќе продолжам поконкретно за семејните канали и општо деца на луѓе со голема платформа.
    • Колку се безбедни децата онлајн?
    Во поглед онлајн безбедност на деца јас сум многу "отсечно" против то деца да се онлајн зошто е едвај безбедно за возрасен, а не па за дете. Да тргниме од тоа дека ако е јавен профил - можи секој да коментира било шо. Но, поважно, контент од деца достапен за мањаци и полесно остварување врска со такви особи ако детето не е под надзор. Мојот мозок не можи да процесира работи без да ги види низ призма на ризици, особено кога се работи за нешто кревко како дете. Особено ако се работи за отворена јавна платформа како семеен канал или јавен инстаграм со голем број следачи. Дури "храбро" (и глупо) ми е некој да се осуди на таков чекор иако сум свесна дека веројатно имаме различна перцепција и на тој некој му е нормализирано, а мене би ми требало храброст за истото.
    • Дали местото им е онлајн?
    Не. Особено не ако детето само менаџира и објавува ама и не ако е објавувано.
    • Дали надзор при користење социјални мрежи е нешто што е доволно добро?
    Прво ќе тргнам од аспект на дете "задоено" и растено онлајн. Пошто то сум. И без надзор или со минимален надзор. Се би дала во тие формативни години да имав поќе надзор заради безбедносни причини и работи кои ретко ги зборам било каде. Сметам дека до одредена возраст детето и нема причина да биди воопшто онлајн, ама како се гради врснички притисок за социјални мрежи - изводливо е да ја има и својата прва, приватна, социјална мрежа, со врсници. Под надзор на родител, кој ќе се намалува како што детето расти и учи како е дел да си од онлајн културата и како да се заштити.
    • Кој е реалниот ризик за предатори од контентот кој го објавуваме од децата?
    Многу реален. Од аспект на дете кое користи социјални мрежи, без надзор, постои ризик да стспи во контакт со особа која можи да е опасна. Кога некој објавува контент од детето, тој контент можи да е злоупотребен.

    Ова ме носи до семејни блогери. Има мал милион ама ACE Family мене ми паѓа прво на памет. Ама ги има Eh Bee Family, Family Fun Pack etc. Дури и јутуберка шо ја гледав порано, Џеклин Глен, после првото дете со сопругот напраја семеен канал и да речиме дека не сум фан на то па некако и целокупно намалив со гледањето.
    • Како влијае влогингот на децата, нивниот секојдневен живот и правото на приватност? Дали дете можи да одлучи дека е океј да биди снимано и до кој степен? Дали има одредена возрасна граница после која е прифатливо?
    Како влијае влогингот на детето сакам да го "насликам". Замисли секое достигнување шо приватно, шо развојно - да ти биди зборувано и споделувано онлајн. Меѓудругото секојдневието да ти е онлајн безразлика дали се чувствуваш добро тој ден или не. И како мало дете можи да одлучи да биди онлајн? Дете е. За почеток, лесно паѓа под влијание на родител, НОРМАЛНО, пошто го сака и му е пример, водилка. И од таму, зато заштитата, а не експлоатацијата треба да се приоритет. Кога веќе влегва во адолесценција, мислам дека тинејџерите генерално се вокални за колку "бебешки" контент од нив сакаат оналјн и колку самите сакаат да се онлајн. Ама пред тоа мислам е невозможно да дај дете согласност да е снимано и објавувано онлајн кога мислам ни само не е свесно колку луѓе уствари го гледаат на ваквите канали и што значи споделување на интимна толку јавно.
    • Колкав дел од ad revenue треба да оди во штедна книшка за детето и дали воопшто треба да оди? Дали се смета за работа детето да е дел од влогинг контентот на родителите?
    Е сега зошто постои споредбата со Дизни деца е зошто на многу места семејните канали почнаа да се регулираат со тоа што одредена сума од ad revenue треба да оди на штедна книшка на детето. Со деца актери исто така има регулатива на сати кои смеат да се снимани према возраст. Мислам дека за семејните влогери тоа уште го нема регулирано. И веќе ако некој "мора" (читај: сака) да продолжи да снима видеа барем нека е регулирано во корист на детето. Иако би рекла голема разлика меѓу дизни деца е што глумат некое друго дете. Децата од семејните канали се презентираат себеси и својата интима. Апсолутно мора да се смета ова за работа на детето и да има корист in the long run.
    • Дали постои експлоатација на семејни настани кои се презентираат јавно и често драматизираат за поголема гледаност?
    Апсолутно. Има мал милион настани кои се и невини како објавување бременост (и одредени скандали каде лажеа дека има бременост, па загуба за пари практично), први заби, прв роденден... И после то влегваме поќе во интимина, одредени операции и зафати, прва менструација и слично. Јас разбирам дека дел од животот е и лошото. Ама не разбирам толку отворено зборање во туѓо име (детето). Ќе порасни. Тие информации ќе бидат за секогаш достапни на сите. И ова ме носи до:
    • Како ова би влијаело на социјалниот живот на детето? Дали постои основа за булинг?
    Достапност на сите информации јавно дава можност секое потенцијално пријателство да можи да пребара онлајн за детето и се да му е на тацна од тие информации. Дури и за информации кои детето би одбрало да не ги сподели со пријатели. И можи да е основа за булинг.

    TLDR: лично гледам премногу ризици во тоа општо да се објавува детето јавно, но особено кога родителите имаат огромни платформи. Не само од предатори, туку и што значи тоа толку нецензурирано објавување за социјалниот живот на детето.
     
    На winnie02, MeowMeow, sweet-cherry и 3 други им се допаѓа ова.
  4. MissChievous

    MissChievous Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 март 2015
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    23.325
    Децата не се воопшто безбедни, на пример еве едно кратко тикток видео каде што една докторка објаснува како се одвиваат работите: https://vm.tiktok.com/ZMMh7pYFu/

    Во класично влогирање, бесконечно постирање на сè и сешто, споделување со цел свет - тука не им е место на децата. Друго е ако станува збор за едно видео или серијал каде се пренесува одредена порака, постои концепт со конкретна поента. Ама споделување во име на слава и пари е лудост и глупоќа. Според мене тоа е експлоатација на децата и редно време е да се создаде некаков закон, правила и строги ограничувања, и секако да не им се плаќа од платформите доколку е содржина со деца. Или ако не може закон, да почнат со масовни кампањи за кревање на свеста низ цел свет.

    Сè делува навидум невино, меѓутоа не знаеш што иднината носи. Прво, не знаеш каква будала ги прати објавите, како се поврзува емотивно со тоа што го гледа и што може во иднина да се реши да направи. Баш на ова мислам: https://vm.tiktok.com/ZMMhvUG83/

    Второ, не знаеме какво ќе биде општеството понатаму. Кога сервираш фотографии и видеа од своето дете, година по година, буквално креираш портфолио за него, од кое можеби во иднина нема да може да избега. Размисли вака: комбинација на интернет, мрежа која го поврзува цел свет, плус социјални мрежи, плус камери и микрофони, што од технологија, што од улица, плус додади сега и AI; потребна е само една моќна будала во светов што ќе изгради дистописки диктаторски систем. Можда гледам премногу sci fi филмови, ама реално никогаш не се знае.

    Да се вратам на темата; да ги тргнеме ризиците на страна, едноставно им се одзема приватноста И правото на избор. А ако од мали се научени на такво функционирање, нема да знаат за поинаку и самите ќе продолжат истото да го прават. Така да, посекако не е здраво, исто како што не е здраво ни за нас возрасните.

    За крај ќе споделам нешто што чув на подкаст на Агеласт; во некое школо (или веќе е стандард во повеќето) во Белград кога ги запишуваат децата, ги тераат родителите да ги избришат сите содржини од нивните социјални мрежи каде се вклучени децата. Баш поради булингот и поради психологијата која се развила меѓу децата кои правеле 2 профили, еден приватен за блиските, еден јавен за глума, што е доказ колку лошо влијае сето споделување на с.м.

    Социјалните мрежи се релативно нови и допрва ќе го видиме негативниот исход од сето тоа постирање.
     
    На eliesaab, MeowMeow и theowndemon им се допаѓа ова.
  5. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Сега сакам да споделам и неколку скандали и контроверзии кои се случиле низ годините.
    • Лажирање на емоционални информации за прегледи и Jordan Cheyenne
    Еден пример тука би била Jordan Cheyenne која го тераше синот да зборува за "болеста" на кучето. Ја разоткрија ради лошо едитирање каде му кажва на синот како да зборува, кога и како да плачи.
    • Посвојување и Myka Stauffer
    Оваа вест беше на сегде па можда и ја имате слушнато. Мика и сопругот долго време бараа дете со посебни потреби да посвојат. И земаа дете со посебни потреби, од друга држава, го земаа кај нив и нормално - експлоа--снимаа. По некоја година детето почна да го нема на влоговите, и тоа ја принуди Мика да направи видео и да кажи дека детето им било "ту мач" и дека е сега во друг дом. Не со нив.
    • Право на автономија на своето тело и Sam & Nia
    Споделија дека очекуваат дете така што сопругот го "макна" тестот за бременост во шолјата, па ја "изненадува" сопругата со позитивниот тест за бременост. Чинам и се дозна дека ова беше лажирано за прегледи ама отвори дискусија за право на жената над своето тело, било тоа и "само" земање на мокрача од шолјата каде мокрела.
    • The LaBrant Fam вака само, оти не е едно. :D
    Во поглед експлоатација на ситуации во нивна корист, при пожари во Калифорнија ( 2018 ) тврдеа дека изгубиле дел од имотот (или домот, не се сеќавам) ради пожарите. За комшиите нивни да укажат и докажат дека пожарите не биле ни во нивна близина. Исто кога имаа здраствен проблем со детето, кој се реши, водеа реторика дека се работи за рак. И кога зборуваа за против абортус реторика, абортус споредија со животи изгубени во... Холокаустот.
    • Експлоатација на деца и Toy Freaks
    Ќерките беа терани да глумат како бебиња. И додека се капеа, имаа цел скеч, каде таткото оди и им фрла страшна играчка. За среќа, каналот е избришан од 2017.
    • Насилство и Fantastic Adventures
    Каналот се состои од биолошки и посвоени деца. Дел од нив и возрасни. Возрасната ќерка пријави во полиција дека децата се форсирани да снимаат и учествуваат во каналот. Доколку не учествуваат, возрасните браќа се физички насилни.
    • Насилство и FamilyOFive
    Ова беше канал базиран на pranks. Но, како растеа на популарност, постојано мораа да вадат нов контент. Тоа донесе до pranks кои беа физички и психички насилни. Децата беа одземани од кај таткото и оставени целосно во грижа на биолошката мајката.

    И ова е можда она шо ме натера воопшто да ја впишам темава во потенцијални теми:
    • "Дисциплината" на Руби, семејно насилство и 8 Passengers
    Често била тема на дискусија мајката и нејзиниот избор на дисциплина. Често зборува дека ако детето одбир да напрај нешто можи да го казни така што му преќинува извор на храна, еднаш имаше снимано за како одреден период го одземала креветот за спиење на едното дете и му ставила нешто заменско и слично. Само по себе е ова проблематично. Лани, едно од децата успеа да избега, со видни знаци на насилство. Се земани сите деца, сите со видни знаци на насилство.

    Ова беше накратко за семејните блогери. Но, не се тие едини кои објавуваат деца. Мислам во СДК се збораше ова еднаш, ама за трендот кршење јајце од главата на детето. То е исто проблем.
     
    На eliesaab, MeowMeow, sweet-cherry и 2 други им се допаѓа ова.
  6. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    Предлог видеа:




     
    На eliesaab и Ketchup им се допаѓа ова.
  7. Ketchup

    Ketchup Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    6.796
    Допаѓања:
    46.416
    Јас би започнал со тоа дека од сегашна гледна точка, кога би имал деца, воопшто не би ги изложувал на интернет.

    Кога станува збор за семејни блогери, можам да сфатам донекаде, бидејќи од тоа што имам приметено, се создава ко еден community каде што родителите споделуваат искуства и совети меѓусебно.
    Е сега исфорсирано правење на блогери од децата и ко тоа што е скандалозно моментално на тикток со тоа девојчето, ми делува стварно off. Мене ми има искочено тоа дете пред некоја година, уште беше бебе да речам и имаше некое wholesome видео што беше ко вирално, меѓутоа ништо посебно немаше во видеото.
    Сега после толку време ми излезе повторно каде што родителот, буквално прави контент и следи трендови на тикток, кои ги практикува преку детето и бев ко?
    И многу луѓе ја имаа таа реакција, бидејќи сериозно не знам која е поентата некој да гледа 5 годишно дете како пробува сокови и погаѓа кој е кој.

    Сѐ на сѐ и да се одлучи некој да ги објавува децата, мислам дека има некоја граница и разлика на тоа што е интересен момент од животот на децата, до тоа да ги исфорсираш пред камера да прават видеа за на тикток.
     
    На Victorian, eliesaab, MeowMeow и 2 други им се допаѓа ова.
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    3.701
    Допаѓања:
    11.124
    Пол:
    Женски
    Убава тема штета што нема повеќе мислења. Огромно НЕ за експонирање на деца. Башка потенцијални предатори, туку и анксиозно може да влијае на детето. Ова многу ме потсетува на едни (тогашни) актуелни емисии/шоуа за убавина. Иако тука е екстремно, пак мислам се сведува на едно исто - форсирање на децата да бидат нешто што не се.

     
    На MeowMeow и Ketchup им се допаѓа ова.
  9. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    15.734
    Допаѓања:
    121.923
    Пол:
    Женски
    Овие деца немаат приватност.
    Како малолетници не можат да дадат вистинска согласност. Форсирани се или изманипулирани.
    Постапките на целото семејство можат да бидат причина за булинг.
    Децата не треба да бидат присутни на интернет ниту како гледачи, ниту како „актери“ во вакви видеа. Користењето на интернетот треба да биде под надзор на родителите. Трагичните последици од онлајн предизвиците се доказ за тоа. Детето мора да научи да препознава опасности.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  10. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    12.897
    Допаѓања:
    158.374
    Пол:
    Женски
    ❗потсетник дека темава ќе биди активна до утре.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.