Извесно време мислев да ја отворам темава. Гледам тука на форумов има некое удирање во гради со терминот „семејни вредности“. Што подразбирате под семејни вредности? За мене тоа е посветеност на семејството, максимална, од родител кон дете и обратно, брак без неверство, но според мене за семејни вредности може да зборува човек што е сега во пензија, што може да направи ретроспектива на својот живот и да каже „воспитав добри деца, имав убав брак, живеев среќно и исполнето“. Но, во реалноста гледаме дека полициските билтени се полни со семејно насилство, имаше страшни психопатски мачења и убиства какви само монструми можат да ги сторат, наталитетот драстично паѓа, нацијата умира, бројот на разводи е огромен, бројот на луѓе кои бараат само секс пријатели е огромен, бројот на луѓе кој се во брак од немајкаде е исто голем, бројот на деца кои се запоставени при родители е исто голем. Со еден збор, една голема катастрофа. Семејни вредности кај нас скоро и да нема. Чекам ваши мислења.
@Tanjamm убаво си напишала. Слабо со семејните вредности. Родителите треба да им бидат пример на своите деца. Ама во денешно време многу од децата се запоставени и сето тоа прави истите тие деца во иднина да бидат проблематични. Се почесто се среќавам со некултурни деца, дрски и безобразни. Резултат на домашно невоспитување. Родителите не се замараат со своите деца и кога има некаков проблем не прифаќаат дека нивното дете згрешило. Многу е застапено и семејното насилство. Секојдневно читам за истепани родители, деца, сопрузи. Насилниците се од дисфункционални семејства. Во најголем дел од случаите таткото ја тепал нивната мајка, па сега они ја тепаат нивната сопруга. Или јаделе ќотек како мали, па си ги тепаат своите деца.
Семејни вредности кај нас нема едно добри 100 години фактички почетокот на индустријализацијата е иницијална каписла на сите проблеми и девијации што ги имаме денес и е мит дека минататите генерации воспитале добри деца, баш напротив токму тие деца на постарите генерации сега живеат во блуд и неморал, конзумеризам, суров материјализам, се завидливи, безобразни, арогантни, сурови, не почитуваат никого и газат врз живи луѓе за да се домогнат до повисока функција во општеството...со еден збор се ужас од луѓе. Привидно делува дека од постарите генерации имаше далеку поквалитетни луѓе што е донекаде точно но вистината е дека во еден атеистички и незнабожачки систем каков што беше комунизмот не пренесоја добро градиво и солиден морален компас на своите поколенија а ситуацијата морално последниве 50 години е во драстичен пад најизразено по распадот на Југославија кога разни испостави на разни центри на моќ се инсталираја и кај нас и започнаја да шират деструктивни трендови преку нивните филмови, музика, образовен систем... и успеаја да индоктринираат генерации со испревртени вредности а за ова огромен дел од вината имаат родителите пошто повторно ќе речам не пренесоја добро градиво на своите деца. Така да Господ на помош работите како што изгледа од ден за ден одат од лошо на полошо па останува да видиме како ќе заврши оваа наша цивилизација.
Љубов, поддршка, доверба, лојалност, почит, морал и разбирање. Тогаш че изгледа едно ок и нормално семејство кое што можи да се носи со предизвиците и проблемите што следат.
Семејни вредности. На интернет а и насекаде, обично овој збор го среќавам кога се работи за жени. За маж досега немам слушнато некој да спомне семејни вредности.
Какво удирање во гради Тање? Тоа што е за пофалба ќе го пофалиш, тоа што е за критика, го критикуваш.. Убаво ги дефинираш семејните вредности, не знам што да додадам тука. Зошто само човек во пензија тоест веќе што има доволно видено во животот само тој да зборува? Ако на некого му е јасно што точно значи поимот, и е спремен низ цел живот да се придржува кон тие вредности, нема врска колку години има. Во реалноста која се повеќе и повеќе е болна, патолошка и забегана, секако дека се застапени овие појави што ги наведуваш. Свесни сме сите во каков свет живееме, и државава не заостанува, туку напред отишла во однос на тие испревртени вредности. Злото надвладеа, повеќето забегале, изгубиле тотално морален компас.
Македонија и семејни вредности... Синот до смрт на цицка; ќути ќерко и трпи; боље ќерка курва, него син педер и шо ќе кажат комшиите. Тие се.
За жал живееме во многу бурни времиња, време наречено џунгла. За да опстаниш во џунглата треба да бидеш храбар борец, и да, без разлика на старосната граница се уште има луѓе кои се искрени, во себе немаат злоба, луѓе кои се способни да се в црвенат во образите не можат да бидат злобни и да направат нешто спротивно против својата волја и разум, зошто секогаш разумот преовладува. И да, се уште има семејства кои живеат во хармонија и негуваат семејни и морални вредности, но за жал се ретки.. Факт е дека глобализацијата си го зема данокот, сведоци сме на многу искривени вредности и знаеме дека се штетни за опшеството, но за да бидеме "Ин" го прифаќаме се она негативно кое ни се сервира од глобализацијата и како народ и како држава, занемарувајќи ги нормалните вредности, а тоа се Вера, Надеж и Љубов. Реткост е денеска човек да е верен некому, да има надеж за подобро утре, а љубовта одамна е изгубена.. Ова е исто како на двете рамења да имаме ангелче и ѓаолче кое не наговараат, кое посилно тоа ќе преовлада врз разумот.. Жално е во кој правец оди светот.
Кога реков да остариш па да кажеш дека си почитувал семејни вредности, мислев да одживееш тоа и да кажеш личен пример. Затоа што вака тероретски не е тоа тоа. Едно е дефиниција, во пракса може ништо да не реализираш, затоа што имало мајки што две години споделувале фотки од децата, и пишувале статуси „за ова се живее“, а веќе следната година се премажиле и ги оставиле своите деца на свекрвата да ги гледа. Друго, поделеноста на децата, машкото го ценат повеќе, за разлика од женското, а женското многу често го оставаат и без имот, исто ти е пример за нешто што е спротивно од семејни вредности. Свесно и намерно од своето дете правиш бездомник.
Повеќето од Мк, немаат семејни вредности. Јас тие не ги рачунам за семејни вредности кај шо сите гледаат во жената и ќерките шо праат, ако ќерката запали цигаре или дечко си фати/ ако жената незнае фасуљ да свари, одма ука бука прават сите, се нарушил угледот и честа на фамилијата, ќе шетале со наведнати глави. Ама мажот или синот ако е коцкар, дрогираш, курвар, сидаш, тепач на жени, никому ништо, оти тоа е маж и тоа му личи. Жената и да се разведе и да не се разведе, пак ќе покажуваат со прст кон неа и ќе се викаат дека она нема семејни вредности. Да ти кажам, да се плукнам во такви семејни вредности, жените се свестија и одамна не се замараат веќе со тие глупости. Арно е шо има разводи. Никоја не е должна да трпи некој психопат а кон неа да се покажува со прст. Едит: поарно среќна распуштеница отколку несреќна домаќинка со семејни вредности.
Ех, па ако си јак само на зборови, а на дела си никој и ништо, и си го погазуваш своето, тогаш да, можеш и све контра од тоа што си кажал да го спроведеш. Не зборам за тоа. Немаш свое јас тогаш, лабилен си, потпаѓаш под искушенијата, и не си држиш до своето. Ебате таквите мајки, не ги рачунам за мајки ако децата си ги остваат друг да им ги гледа, они за да уживаат, шетаат, живот да си живеат само за нив, не заслужиле ни деца да имаат. Ни ова не чини, прав родител ќе гледа и на двете деца да им остави, да не ги дели по никаков основ. Пак не е ова родител по мене, има напраено деца колку да има кој да го исчува. Затоа реков, има работи доста кои треба да се искритикуваат. Уопште не е сјајно ниту идеално. Зборот ми е дека нигде не е сјајно. И не го кажувам ова за да се тешиме ние тука.
Љубов и почит меѓу брачните партнери, родителите и децата и останатите во семејството. Овие денес се реткост. Секој гледа само за себе.
Не ти е потребна оваа реченица , ако не образложиш каде истите ги има. Љубовта кон татковината, кон својот род и корени е исто семејна вредност. Си го сакаш најблискиот и во добро и во зло. Љубов, верност, лојалност, чест, образ. Не може да се живее во вакум само со своето семејство. Без заедница сме слаби и лесно се расипуваме ако не учиме од мудроста прадедовска.
Види, ок е таа мудрост од постарите, ама сметам дека мудроста прабабинска е помудра од мудроста прадедовска
На овие од западон срам да им е сите деца независно од пол или тековна определба што и да се, ги оставаат бездомници. Сите улици преплавени од бездомници им се натаму, вака му доаѓа да си замислиме по твоево, а реалната слика е сосем поинаква. На темава семејните вредности си се ствар на договор меѓу вклучените во семејствата, ама да општо прифатени се некои стандарди кои треба да се стремиме да ги пренесеме, а се наведени погоре од повеќе членови. Сепак системот е така дизајниран што родителите во трка да обезбедат стабилен живот на себеси и поколението најчесто работат по повеќе професии истовремено и не постигнуваат константно да се присутни и посветени на домот и домашните. Или спомна членка едноставно им се ужива и не се доволно посветени како родители и присутни во домот. Нажалост ги има и таквиве како друг екстрем од првиве кои ги спомнав. Во таква состојба за компензација или се вклучуваат повозрасните дома, а опишавте кои вредности ги имале и би ги пренеле што за денешниве деца би биле убитачни иако делумно има и добри основи воспитувањето од постарите, ама поентата ми е дека често таквите пренесени семејни вредности се практично неприменливи. Друго за компензација на отсуството на родителите, покрај негата и грижата од постарите (ако ги има во приказната на семејството како пренесувачи на семејни вредности) клучна улога имаат и воспитно-образовните институции во кои децата поголем дел од денот престојуваат. Е кога малите ќе влезат во тој процес и укапираат како одат правилата таму и кои ги наметнува, започнувајќи од негувателки, учителки, подоцна професори и какви вредности тие пренесуваат и наметнуваат да се воздигаат и ценат, се им станува јасно. И како што повеќето сте пишале на темава околу какво ни е општеството така и на најмладите им станува јасно уште од воспитно -образовниот процес па и понатаму низ животот и ете на сите ни станува јасна добиената целосна слика за едно општество во тотален колапс.
Во врат си повраќам кога ќе прочитам конзерви кои за распад на ,,семејните вредности" се расфрлаат со истите флоскули: уништувањето на патријахатот го уништи и семејството, глобалистите се криви, сите сакаат да бидат модерни, крив е западот, феминистките, лезбејките и педерите. Сите им се криви за нивната неебица. Срцки, во прилог една романтична, љубовна приказна од едно не толку модерно и изопачено време, кога во Македонија царувале вистински, семејни вредности. Зад седум мориња, седум езера, седум реки, седум планини, си живеела една млада, немажена селанка. Имала сигурно 19-20, доволно години за да биде етикетирана како очајна, стара мома. Нејзините биле загрижени, девојчево ќе ни остане во куќа немажено и нерасплодено, да бараме чаре. Дознаваат дека во соседно село има ерген кој бара жена. На ергенов му однеле неколку слики од моми кои не биле мажени, да си одбере една. Овој ја одбрал баш неа. - Зошто ја одбра баш неа? - го прашале запечениот, неженет селанец. - Пошто е најкрупна, ќе може да работи дома, а и на нива. Младата селанка никој не ја прашал дали ергенот од соседното село ѝ се допаѓа или не, немала избор, била одбрана како на сточен пазар. Инаку ова е баба на моја другарка, константно ѝ ја прераскажуваше приказнава како она и дедо ѝ се запознале. Дури беше горда дека од сите, баш она била одбрана, пошто имала снага за нива. А со текот на времето и го засакала. Преслатко нели? Вие плачете, не јас. Имам уште еден куп приказни за тепачки, превари и секакви глупости во блиска фамилија од тие убави временца. Денес сите се 60+, заедно на куп, пошто нели на стари години мораш да имаш некој кој ќе ти подаде чаша вода, а во тоа време подобро смрт него развод.
Кога јас бев 10 годинки на пример, имаше тинејџерки нешто постари од мене, бегаа од дома и се мажеа, малолетни. Фатила дечко, бега и се јавува на родителите „јас сум кај тој и тој, се омажив“, и во најлош случај можат да отидат да пцујат, и да се тепаат, а во најдобар случај, се лутат месец дена и потоа се помируваат. И ден денес има малолетнички бракови и на што личи тоа? Не, бе, тогаш немаа нет дома, не знаеја што е Запад, па пак правеа такви нездрави работи, затоа што дете на 14-15 години не е за мажење. Едно семејство прифаќа дека неговото малолетно дете отишло да се мажи, значи не го воспитале како треба, другото семејство, се радува на снаа, а тоа дете само што се описменило и научило таблица. Скроз нездрави работи се тоа. Не може тебе било какво влијание од било каде да те натера да ја тепаш баба ти оти не ти дала 100 денари за кафе, тоа е насилна природа, мрзливост, а не дека е некакво влијае од некаде. Како тоа само некои лоши влијанија стигаат до нас, па што не се разбудиме наутро и да видиме нема ни отпушок по улици, сите со велосипеди одат на работа, сите на работа 15 минути порано, буквално да има ред, дисциплина. Не е во ред настраноста да си ја правдаме со некое влијание од некаде, оти не е така. Кој на Запад чека пари за кафе од баба му и би ја тепал за тоа?
Среќен крај, каков е проблемот со приказнава? Очигледно дедово бил добар со неа штом го засакала, си работеле заедно, си живееле живот. Се имало ниви и така..... Имам јас приказна од денешницава во која богато момче на инстаграм бира силиконска убавица и ја сместува во својата палата, од која таа глуми инстаграм блогерка на тема воспитување на деца, додека во реалноста дадилки и ги чуваат истите. Лажно тело, лажен живот. Дури ни мажот уште не си го засакала иако е преплатена за улогата. Велиш бабана неосвестена била, а оваа освестена?