Има неколку теми за имотно наследство, но мислам дека нема ваква тема, каде би зборувале за наследство кое се пренесува од генерација на генерација. Во повеќето случаи станува збор за накит кој се пренесува од една генерација на следната. Во некои случаи предметот има само сентиментална вредност, а во останати и финансиска. Одредени семејства пренесуваат свршенички прстен на идната снаа, макар што кај нас ова не сум го сретнала често. Јас сум добила стари обетки од мојата баба, кои претходно ги имала мајка ми, па би сакала да ја зачувам традицијата и јас да ги доделам во иднина на новите генерации. Дали вашата фамилија има семејно наследство и дали има некакви правила како истото се пренесува?
Да напоменам само, не мора секогаш да станува збор за накит, било каков предмет, од фотографии, кутии за накит па сѐ до писма и обични ситници. Последно еден млад пар кои ги познавам, споделија дека кутијата за накит која мажот ја купил за жената за прва годишнина, планираат генерациски да ја пренесуваат, со оглед дека за нив има висока сентиментална вредност а претпоставувам и парична. Дали идните генерации ќе ја зачуваат или продадат, тоа никој не знае. Па дали можеби некој размислувал дали би оставил нешто на тој начин на своите деца и така би ја започнале таа традиција?
Мене би ми оставиле на баба ми некој накит.Што и не мора, ако им е кејф океј.А моиве сѐ што имаат, мене.Па за понатака ќе видиме, зависи колку децс ќе имам, и како ќе сум финансиски. Ама битно на сите еднакво
Неодамна добив прстен со камен кој ја има бојата на очите на мојата покојна тетка, прстенот го носеше мајка ми, сега го носам јас а би сакала во иднина да го носат мои наследници.
Прво кога го видов насловов си викам уште колку теми за "семејно насилство" ќе се отворат. Инч немам ништо оставено во наследство од предците мои.
Јас имам златен прстен од мајка ми кој што бил на пра пра баба ми. Ми го даде кога вереникот ме побара за жена. Исто и на мајка ми, баба ми и го дала кога се венчале со татко ми. Не знам колкава му е финансиската вредност ама за мене е од непроценлива вредност. Од кога го ставив не сум го извадила. Ако некој ден имам ќерка ќе биде нејзин, ако не со мене во гроб
Јас имам златно ланче од баба ми со привезок Богородица, многу е убаво, ама јас не носам злато. Секако дека има голема сентиментална вредност за мене, никогаш не би го продала. Имаме и друго злато лири, не знам точно дали се пренесувани од генерација на генерација и не знам тоа на кого ќе припадне .
Немам ама баш ништо од предмети оставено од никого, ниту пак сум добивала некои вредни поклони, па да ги оставам за идни генерации. Од наследство ќе се радувам ако татко ми ми ја препише куќата на село. На тој имот е роден татко ми, дедо ми, прабаба ми или прадедо ми не сум сигурна кој од нив. Порано имаше една фурна во дворот, за жал бутната е, да можам би изградила иста таква на истото место. Имам преубави спомени од детството на тоа место, а и сега често одам, ми носи мир во душата. Да можам би го средила целото, би живеела таму во старост и би го оставила на син ми.
Колку убаво. Нели може и на син да се даде па тој потоа на неговата избраничка? Или само на женско дете се пренесува? Ме интересира дали има некои правила.
Па не знам дали е некое правило, повеќе би рекла среќа имале да имаат ќерка па да го дадат на свое дете да го носи Има правило во однос на тоа ако се пример повеќе ќерки во фамилијата тогаш го добива најстарата или таа што прва ќе се омажи. Мајка ми нема сестра, и јас исто немам сестра па среќа наша сме немале конкуренција Ме замисли сега, во случај да немам ќерка можеби би го чувала за внука ако дочекам
И јас прво прочитав 'Семејно насилство' Имам златник од прабаба ми, нејзе и го дал некој претходник ама почината е, па немам информации точно од кога е. Син ми има од прабаба му. Имам и друг накит ама тој си го имам купено јас. Планирав да го продавам ама сега и не ми се дава. Златниците заедно со мојот накит ќе одат на следните генерации, се надевам само нема да го продадат.
Во мојата фамилија има златен комплет ланче,обетки и белегзија со рубини кое се предава од генерација на генерација .... колку што знам таа прва што ќе се омажела го добивала. Моментално го има мајка ми и како што вели само еднаш во животот имала прилика да го носи, и е доста сочуван. Одвреме навреме го носат на полирање како би се одржал сјајот.Јас сум следната за наследување и би била 5.генерација по ред. Не сум го добила досега зашто сум единствено дете ,па секако мене ќе ми припадни. Не верувам дека некогаш би го носела зашто не обожавам злато, ама секако ќе го чувам за следната генерација.
Мајка ми му даде на мм златно париче кое и го дала баба ми кога се земале со тато. А мене свекрва ми ми даде преубав златен прстен како цвет кој и го дала свекрва и ама мене ми е голем сакав да го скратам за да го носам зошто е преубав ама ми рече немој ќе го расипат и така си стои... Некогаш може ќе го скратам Исто ми даде и комплет со Охридски бисери тој и го подарил свекор ми. Колку и да не носам вакви нешта не би продала ,освен ако не сум во ептен тешка состојба финансиски.
Го имам од баба ми венчалниот прстен филигран,а свекрва ми и го подари на ќерка ми за матура нејзиниот венчален прстен. Немаат материјална колку што имаат емотивна вредност.