Здраво, барав категорија во која да ја сместам темата ама мислам дека психологија е најсоодветна зошто барем јас лично сметам дека мојот проблем е повеќе психолошки. Не знам од каде да почнам ама имам проблем веќе подолго време со моите родители и мојот помал брат. Уште од ко знам за себе место како сите деца среќни сеќавања јас единствено што паметам е како татко ми ја тепаше и малтретираше мајка ми, тој е алхоколичар а таа му го криеше алхоколот за да не пие и да нема проблеми па тој кога ќе сфатеше дека го нема ја влечеше за коса, и удираше шамари, дури имам разбрано дека како бебе и мене ме фрлал на креветот само затоа што му ја немало ракијата.Милион пат доваѓаа баба ми и вујко ми, разговараа со него тој се ги сослушуваше ама никогаш не се смени. Се роди брат ми а со тек на време, да не кажам потежок збор туку и мајка ми попушти психички. Доби дијабетес и почна да прима инсулин. Како што растевме со брат ми и двајцата и ние станувавме дел од тоа малтретирање. Ниту јас ниту тој не пораснавме како нормални деца, немавме нормално детство, ниту еден среќен момент со родителите. Поради тоа имав проблеми и на училиште слаби оценки, неприфатеност од сокласници, исмејувања немав друштво, растев сосема сама па со тек на се повлеков во себе. Иако физичките малтретирања престанаа, психичките постојат и до ден денес. Татко ми буквално секоја втора вечер беше пијан, не сакав да си одам од школо дома, додека сите едвај чекаат да одат дома јас мразев зошто знаев што ме чека. Цело време викотници, кавги, расправии, не можев да ги поднесам повеќе. Кога завршив основно почнав средно бев прифатена од околината ама семејната ситуација не се смени нтиу за момент. Мајка му буквлано полуде има моменти кога се смее самата за џабе, кога се однесува чудно, кога се дере по мене буквално за џабе. Татко ми се освести на некој начин и сега пие и прави проблеми ама не толку често. Брат ми е копија од татко ми, на само 15 години и тој почна да пие, пијан да доаѓа дома, постојано е лут, нервозен, мава дома, крши, се дере, рипа да се тепа со сите. Само што завршив средно минатата година во мај, јас веќе во јуни појдов на работа. Работа која се работи во повеќе смени, работа која е штетна по здравјето. Мислев дека така ќе престанат кавгите, расправиите, дека барем мене ќе ме остават на мира дека ситуацијата ќе се смени ама џабе полошо е. Брат ми е малтретира, ме удира, ме мава секој втор ден плачејки одам на работа. Моите не преземаат ништо, татко ми само вика цело маало не слуша и ни се смее, едноставно ме уништија. И до сабајле да пишувам некои работи се несфатливи. Поради нив променив повеќе дечковци, воглавно психопати, имам ниска самодоверба, постојано страдам, не знам искрено да засакам, не знам што е тоа љубов толку сум несигурна и изгубена. Вниманието што тие не ми го дадоа, го барав на погрешно место многу јасно. Не можам да се социјализирам, се плашам дека вечно ќе останам сама дека никогаш нема да најдам дечко што искрено ќе ме сака и чува или полошо ќе завршам во лош брак со лош човек и ќе бидам лош родител како моите. Многу размислувам да си ги соберам парталите и да одам некаде на страна да живеам под кирија. Гледав огласи не е баш ефтино и нема да ми биде лесно ама ако останам во оваа куќа се плашам дека ќе полудам и дека наскоро ќе завршам во некоја лудница. Плаатата не ми е којзнае колку голема 15-16 илјади земам, од тие сто евра ќе ми одат за киријата и сметките со другите 10 илјади мислам дека би успеала скромно да го поминам месецот. Меѓу тоа многу сум исплашена и несигурна, ми треба подршка макар и виртуелна. Што ако не успеам и по некое време си го свиткам опашот и се вратам назад, тоа ќе биде поголем пекол за мене. И не знам како да им ја соопштам идејата дека сакам да си одам, знам дека не би ми дозволиле никогаш. Ве молам за било каков совет или подршка, добредојден ми е.
Може нема да ти помогнам со ова, но мое мислење е да посетиш некој психолог или да појдете ти и мајка ти на семеен психолог кој најубаво ќе ве посоветува како да постапите во оваа ситуација и како да го решите овој проблем кој не е мал. Не е ништо лошо ни срамно посетата на психолог, тој не препишува лекови туку дава совети кои многу повеќе помагаат одколку ние тука, не сме компетенти и не знаеме како да ти помогнеме. Поздрав и ти посакувам што побрзо да ти се подобри ситуацијава и да живееш многу поубав живот!
А мое мислење е, под итно да се преселиш на друго место и да живееш под кирија. Плата земаш, ќе си најдеш и цимерки, ќе ги делите трошоците. Ем нема да си сама, ем ќе смениш околина, односно ќе започнеш да живееш нормално. Тоа ти е единствениот спас, наместо да бараш чаре во промена на членовите од семејството, што само ќе ти го заземе целото време, целиот живот. Млада си, здрава права, се гледа дека си свесна и рационална, и нема да ти биде тешко да се вклопиш било каде, било каде, но во здрава средина Ја имаш мојата поддршка да се тргнеш од таму
Никогаш не би ги убедила да појдеме кај семеен психолог. Знам дека не е ништо ниту лошо, ниту срамно ама таа никогаш не би го прифатила тоа, познавајќи ја тоа е факт. Многу размислував и тоа не од вчера или денес, туку во изминатите месеци и пред тоа и дека најдобра идеја ми е да се преселам. Кириите се скапи, платите мали ама доколку ја делам киријата со уште една цимерка барем нема да ми биде многу скапо. Сепак мирот и спокојот се најважни нели. Да имам каде во истиот момент би се преселила и нема ниту еднаш да зажалам. Ама сепак сум несигурна се плашам дека нема да успеам да се снајдам и дека ќе се вратам со свиткан опаш, што би било катастрофа. И мајка ми е болна, мимслам дека пишав не би сакала да бидам злобната девојка која ги напуштила родителите. И познавајки ги нив, посебно мајка ми ако и кажам дека сакам да одам некаде настрана сама да живеам, ќе почне да плаче, да драматизира, да запаѓа што не знам тоа ќе ме уништи уште толку А толку многу сакам да си одам.
Разговарај си со мајка ти искрено објасни и убаво дека твојот живот ќе биде многу многу по убав ќе си ја средиш иднината и дека повторно ќе бидеш до нејзе.. Не треба да брзаш заштеди си некој денар и најди си соодветно место и потоа пресели се тоа ти е најдобра идеа биди силна силен човек се може и како господ не е никој ќе ти даде сабр и сила да си оформиш среќен и мирен живот.
Бегај. Фати цимерки, дали студентки, дали вработени... битно бегај. Ко не се опраила работата 18 години нема ни сега ти да ја оправиш.
Истиот совет би ти го дала и јас, пресели се, ако најдиш цимерка уште поубаво да ја делите киријата. Почни одново, бидејќи вака никогаш нема да бидеш среќна. Ти посакувам се најдобро.
Потполно сте во право, оваа тортура не се издржува. Татко ми ми вика јас кога ќе сум зела плата требало да ја донесам дома и да ја ставам на масата што во превод значи да му ја дадам нему. Тоа никогаш не би го направила, други девојки што ги знам ем работат, ем родителите пак им даваат. Само што јас не сакам да ми даваат, ама не сакам ни да бараат и мене. Без оглед на се не е точно дека јас ништо не сум дала за дома, кога сум во град нив постојано им треба нешто и само ѕвонат купи ова, купи она, донеси едно, донеси друго трето и никогаш не сум им побарала пари за истите тие работи, па мене не ми ги даваа за џабе во продавница. Плус брат ми го облекувам од глава до пети патики, тренерки, палто постојано му купувам по нешто иако не заслужува. Ама моите го направија таков никаков. Свесна сум одамна за мојот проблем затоа уште ко појдов да работам не отидов на одмор или не купував скапа гардероба тоест можев ама не сакав и затоа почнав да штедам пари на страна и тоа не по малку, за ако еден ден навистина дојде ден да се иселам да си имам некој денар на страна јас пак ќе си работам ама подруго ќе ми биде. А се случи и тоа од што мислев преска им спомнав и на двајцата дека размислував и дека најдобро би било јас на некое време да се иселам, дека мои другарки се осамостоија веќе, не живеат со нивните, сами плаќаат сметки ама реакцијата им беше катастрофа, што да ви кажувам. Татко ми почна да ми се дере како не сум била нормална, што ќе кажеле луѓето при куќа мајка и татко јас да сум одела по кирии да сум плаќала, џабе пари ќе сум фрлала утре ќе ми текнало да се мажам сум требала пари за свадба да си собирам зошто тој не планирал да плаќа. А мајка ми пак почна да плаче, ќе го качела шекерот ради мене, пак ќе завршела во болница, јас ќе сум ја умрела и просто останав без коментар, не знаев што да кажам. Психички ме уништија веќе, сакам да си најдам некоја собичка барем со кујна и купатило може и со цимерка да ја делам еве би било доволно како за мене и онака работам во смени поголемиот дел од денот нема да сум дома. Ама ме кочи ова, и покрај се што ми направија не можам мајка ми да ја оставам сега во оваа ситуација болна ако и се случи нешто никогаш нема да си простам.
Mislam deka nema sto da se diskutira tuka. Preseli se sto pobrgu i zapocni si nov zivot sama. I pogotovo bi te sovetuvala da se preselis so cimerki, ne samo zaradi trosoci, tuku i za da imas prijatel so koj mozes muabet da si napravis vo tekot na denot. Iako promenata deluva mnogu strasno te uveruvam deka ne e. Jas sum na istata vozrast i imam mnogu prijateli sto poveke ne se pod ist pokriv so semejstvoto dali zaradi studii, dali zaradi rabota i nisto ne im fali. Otkako ke go simnes psihickiot tovar od tebe posle se e polesno.
Znam deka ne e lesno,znam deka po nikoja cena nema da ti dozvolat,no ti moras da se spasis od toj pekol.Svesna si za se,pametna si,razmisli kako bi dosla do otklucena vrata za da zamines bidejki ti najdobro gi poznavas,za trosoci kako sto ti kazaa dr ne e strasno ke najdes cimerki ke delite kirija,so tek na vreme mozebi ke najdes podobra rab pa ke mozes i podobar zivot da zivees.Ke go najdes covekot na tvojot zivot,koj ke te saka i stiti a pred se ke te pocituva,samo imaj doverba vo sebe,bidi silna,imaj nadez bidejki nadezta posledna umira.Patem toa sto brat ti stanal takov toa seto e od traumite sto vi gi nanel tatko ti,se nadevam deka nema da pokazis so tek na vreme,se nadevam deka nema da imas posledici sepak zensko si so tek na vreme ke stanes majka,zatoa dodeka e rano poseti psiholog ne e nitu sramno nitu bolno So sreka
Пробај да ги убедиш твоите да разговараат со стручно лице, во случајов психолог. Не пробувај ти да им објасниш, туку тие. Исто така и за брат ти, на него му е потребна најголема помош,за во иднина да не се преобрази и тој како татко ти. Се наоѓа во најкритични години, каде што лесно може да се манипулира со него. Па така да, разговор со психолог може многу да помогне. Што се однесува до тебе, совет од мене пробај да си најдеш цимерка и започни да живееш со нив. На почеток може ќе ти биде тешко сама да се изржуваш на тие години, но ќе се навикниш. Кога живееш со цимерки не е толку тешко и скапо. Бидејќи ќе делите трошоци. Во идина може ќе најдеш и подобра работа со повеќе плата,па и ќе се запишеш на факултет...
Ти си веќе возрасна, и ако сметаш дека треба да ја донесеш одлуката, едноставно направија. Ако чекаш на тоа дали ќе ти дозволат родителите, убаво кажа, можеби ќе завршиш и во некоја лудница. Покрај сите тие малтретирања, да сакаше можеше едностсвно да поднесеш една пријава за семејно насилство. Затоа вака ќе си се тргнеш најубаво настрана, секој човек заслужува кога тогаш да го пронајде својот мир во себе..А скромноста секогаш било во ред, плус сега за сега сама си и верувам дека ќе се избориш.. Ако си во можност, или некогаш би била, оди на вондредни студии, заврши си факултет, со тоа и да си се наместиш на поубава позиција, секако доколку сметаш дека можеш да постигнеш)) Од мене имаш најголема подршка, поздрав.
Немаш што ти да се чуствуваш должна кон мајка ти да останеш да живееш во таа куќа. Што таа жена сторила за тебе, освен што 18 години дозволува татко ти да те млати, па и брат ти, и на крај и она уште си лечи фустрации на тебе? Друго, ако на татко ти толку му било гајле што мислат комшиите, може немало да ве малтретира по дома, и да лока по цели денови. Него нај битно му е платата твоја да ја користи. Трето, ако брат ти од 15 години може да си приушти да лока, може и тренерки да си купи. Истото и за татко ти и за мајка ти важи. Ситуацијата никогаш нема да ти се промени дома. Паметна си, одговорна, совесна. Собирај парталите и бегај. Ќе си најдеш цимерки за час, ќе се мачиш али ќе живееш на раат. А ако некој те малтретира и прогонува понатака, викај полиција. Па ако треба мавај и ти, или најди некој друг да мава место тебе. Најбитно, мисли само за себе, редно е. Оти очигледно никој друг не мисли на тебе.
Реакцијата на твоите родители според мене се должи на соочување со фактот дека ти не ги признаваш како добри родители, што во суштина и не се, па со нивната бурна реакција сакаат да го фатат последниот воз откако се освестиле, за да се поправат. Ама и ти самата си свесна дека работите секогаш остануваат по старо и покрај безбројните иницијативи да се променат нештата. За жал ти си сама оставена на себе многу одамна.. Ако не си го зграпчиш животот во свои раце, во години кога човекот психолошки најмногу созрева, возот ќе биде испуштен и за тебе, свесна си дека ќе завршиш во лудница со ова темпо. На татко ти не му текнало дека не е татковство да се пикне алатот и да излезе дете од него, дека треба емоционално да се вложи во тебе, едно во воспитување, друго во негово примерно однесување на чија база ќе се основаат твоите животни вредности, па ќе му текне дека е татко кога ќе треба да те мажи? Ма марш таму, каков татко е тоа? Имам татко кој тотално е незаинтересиран за мене, нема мрднато со прст за мене а моето име кај ќе стигне го дига на пиедестал за да се пофали, затоа се дрзнувам да зборувам овака за твојот. Најдобра опција ти е ова со иселувањето, ќе се осамостоиш и ќе се оформиш како личност без влијание на негативна средина. Покрај цимерките ќе стекнеш и разни пријателства, можеби со работата ќе имаш лимитирано време за излегување но мораш да поработиш на социјализација. Бири барем пасивна, доколку не се чувствуваш сигурна во себе како треба со луѓето, ќе научиш полека полека. Остави ги твоите што зборуваат, кажи им дека ти е потребен мир и дека сакаш да се осамостоиш, муабетите на комшиите секогаш ќе постојат и секогаш ќе има некој што ќе коментира за тебе. Со тек на време и ќе си најдеш дечко, но не избрзувај со таа одлука, освен ако не се затрескаш многу. Ти велам да не избрзуваш зашто колку што заклучив во овој момент ти не знаеш ни која си ни што сакаш ни кај тераш. Користи го слободното време целосно на себе, работи на твојата личност, најди нешто креативно што ќе те инспирира да напредуваш и да си го пронајдеш полека твоето место на планетава Ќе биде тешко, не велам не, но мораш да останеш силна. Ако ти е тешко и ти треба помош овде сме за тебе. Биди силна и почни со остварувања на соништата.
Тешка ситуација. Но треба да сфатиш дека во такви услови сепак си израснала во една квалитетна особа, со разбирање и трезвено размислување. Во денешно време не е лесно да живееш под кирија, особено не сам. Но, во твојата ситуација мислам дека тоа е неизбежно. Тоа нема да се смени, може на полошо да оди. Мој совет ти е да се тргнеш од таа куќа, да се средиш и обавезно да посетиш психолог. Ти посакувам среќа и се најдобро.
1. те уништиле скроз на скроз, под итно отсели се и оди сама на психијатар да се потсредиш малку... помага верувај! 2. нема зошто да ти биде жал, ти не им правиш ништо лошо едноставно пробуваш да си го средиш животот... ќе им речеш на крај краева исто ко да си отишла во странство да работиш.... 3. не дозволувај брат, мајка, татко или било кој да крене рака на тебе !!! (ЗАКОН ДО КРАЈ НА ЖИВОТ) 4. Бирај, бирај убаво каков живот планираш да имаш понатаму, размисли за дечковци, батали тоа психопати, сети се на досегашниот живот... 5. сите заслужуваме мир, кога него ќе го пронајдеш се ќе тргне на добро! 6. доколку по иселување имаш проблеми, (мислам дека ќе имаш закани било од брат, било од татко, од мајка ти само може емоционални уцени за да те врати дома) немој да попушташ има власти, полиција и за тоа, на крај краева твојот живот е најважен... 7. многу ми е жал за ситуацијата но само ти самата од неа можеш да излезеш доколку си спремна за тоа... 8. и за крај 20 години е повеќе од доволно за да се сменеле работите, но очигледно се оди на полошо... дали си сремна да трпиш уште гомнарии? подобро нема да биде ако останеш таму!
Секогаш стави си го твојот живот и твоето здравје пред другите, па макар и тоа да биде твоето семејство. Понекогаш треба да бидеш себичен за да преживееш. Она што тие ти го прават е многу полошо од она што ќе кажат комшиите ако заминеш, од болеста на мајка ти и слични работи. Млада си и зрело размислуваш. Батали ги, не се уништувај повеќе психички девојче. Никој не го заслужува она што ти го минуваш. Не ги читав сите коментари, но гледам дека скоро сите ти кажаа да си заминеш. Со твојата плата и кирија и сметки ќе плаќаш, ќе живееш скромно, ама и мирно. Замини си и не мисли на никој, исто како што тие не мислат на тебе. Не се доуништувај повеќе.
Извини што ќе речам, ама нема што да ти е жал за мајка ти. Ако неа и беше жал за тебе, одамна ќе те имаше фатено за рака и ќе те тргнеше и тебе и себе од татко ти, наместо да трпите тортури. Може звучи грубо, извини, не сакам да те навредам, само да ги согледаш работите и од друг агол. Поддршка од мене голема l:
Znam kolkava e bolkata koga namesto da sogledaat sto napravile so tebe, kakvi posledici mozes da imas majka ti veli ke si ja umrela ti nea. Ona mozela da stori nesto da te zastiti, ti ne si voopsto kriva. Ti si dolzna da se boris za sebe i koga nikoj ne se bori za tebe. Gledam toa i go pravis iako nemas poddrska od nikoj. Sekoja cest na upornosta i hrabrosta pod kakvi teski uslovi ostanuvas prisebna i razmisluvas zrelo. Samo ostani takva, probaj da ja realiziras idejata za odvojuvanje od domot oti kolku i da go ignorirame toa, nosi neminovni tragi. Za da sprecis da stanat pogolemi begaj. Za upornite kako tebe kje sledi nagrada od Boga i ubav zivot, zatoa sto veruvas i zasluzuvas. Pobaraj i pomos od psiholog, cisto da si ja olesnis dusata, ne se ni obiduvaj doma nesto da popravas, popravanje nema. Koga oni bile sebicni da ne se grizat za tebe, oti ti da se grizis za niv? Boli za majka najmnogu znam, probaj prvo da i objasnis i da ne te razbere DOLZNA si da se zastitis.