Дали и колку често одите на семинари?Јас сум била неколку пати, убаво искуство е, запознавате колеги,учите нешто ново. Ајде да споделиме искуства.
семинари Секогаш кога ќе ми се пружи шанса сакам да одам на семинар. Убаво искуство е, во секој случај. За жал, не организирале ништо во скоро време. Сега, поефикасен начин им се овие Webinar-и. Ништо не чинат, а сепак, совршено добро ја пренесуваат саканата цел. Мислам дека се супер, но сепак, како да недостасува директната комуникација со фелата. Секако, секогаш се тука форумите и социјалните мрежи за споделување на материјали и искуства.
Сега веќе има семинари бесплатни и што се плаќаат. Тоа што не ми се допаѓа е дека семинарите за финансии премногу се скапи...