Сенка на ветрот (Карлос Руиз Сафон)

Дискусија во 'Книги' започната од Buttterfly, 27 март 2011.

  1. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    626
    Допаѓања:
    741
    Инспирирана од Сесилија :wasntme:

    [​IMG]

    Барселона 1945. Градот полека ги завлекува раните од војната, а Даниел, син на трговец со антикварни книги, дете што тагува по својата изгубена мајка, си наоѓа утеха во мистериозната книга Сенка на Ветрот, што ја напишал извесен Хулијан Караш. Но, кога почнува да бара и други наслови од истиот автор, доаѓа до шокантно откритие: некој систематски го уништува секој примерок од книгите што ги напишал Караш! Даниел можеби го има последниот примерок. Наскоро неговата привидно безизлезна потрега ја отвора вратата на една од најмрачните тајни на Барселона – епска приказна за убиства, лудило и проколната љубов.

    Верувајте, целата треперам додека се присетувам на книгава.
    Не можам да го опишам воодушевувањето кое го чувствував додека ја читам, а врв на се .. крајот на книгата - беше неверојатен!

    На вас, ви се допадна ли книгата ? :)
     
    На Jordanovska-K и sesilija им се допаѓа ова.
  2. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    3.584
    Допаѓања:
    27.923
    Пол:
    Женски
    Сенка на ветрот - Карлос Руиз Сафон

    Не само оваа книга, туки сите книги на Зафон те остават да трепериш после нивното читање. Јас ја добив поклон од дечко ми, мислам јас му реков таа да ми ја купи бидејки ги бев прочитала другите две од него. Тој има толку фантастичен стил на пишување. Неговите книги се нереални, а сепак приказната изгледа толку реално што мислиш може и тебе да ти се случи. Јас сум прочитала многу книги и многу од нив ми станале омилени,ама овие на Зафон ми оставиле најголем впечаток. Пишува со многу емоции и книгите се исполнети со љубов, секој збор ми е многу топол и мислам дека читам книги од човек со прекрасно срце и добра душа, јас такво чувство имам за овој автор преку неговите дела. Овие книги се читаат во еден здив, јас кога ми ја дадоа, цела вечер ја читав и сабајле на школо бев како тепна во очите...а тоа им се случило и на сите на кои им ја препорачав :D Ја имам оваа прочитано 2-3 пати пошто секогаш имам желба од ново да ја земам во рацете и секогаш мислам дека има нешто ново во неа, што не сум го прочитала. Некогаш ја вртам само последната страна оти многу ми е убав делот како завршува и го читам. Кога правам муабет со некои луѓе што ја читале еднакво се ипресионирани како и мене, а во книгата има и многу убави мисли...Прекрасно дело.

    П.С. Мој предлог може темата да се преименува во Дела на Зафон или такво нешто да може за сите негови книги да пишуваме.Мада се само три преведени, за жал.
     
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.659
    Допаѓања:
    7.618
    Сенка на ветрот - Карлос Руиз Сафон

    Зафон :clap:
    Прво ја прочитав Сенка на ветрот и бев воодушевена од книгата. А потоа ја прочитав Играта на ангелот и уште толку го засакав Зафон. Од кога ги прочитав двете книги, цела недела неможев да се повратам во реалоноста. Сега сакам да ја прочитам Марина.
     
  4. Melody13

    Melody13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    215
    Дефинитивно една од најубавите книги што сум ги прочитала, ако не и најубавата. Не можев да дочекам, ја прочитав во два дена, па после ми беше жал што заврши. И стварно, добар крај. Уф, се изнаплакав :lol: Уште еднаш сите пофалби за книгава. Предобра е! Браво за Карлос :clap:
     
  5. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    490
    Прекрасна...прочитај ги и Играта на Ангелот а посебно Марина! Ќе ти ја исполнат душата комплетно! :)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Веќе напишав мислење во Последна прочитана книга, па да не се повторувам.
    Ќе кажам дека ме воодушеви, прекрасен трилер, една од најдобрите книги кои сум ги прочитала.
    Се надевам дека ќе ги најдам и другите негови книги кои ги имате спомнато погоре, а би сакала и книгава да ја прочитам во оригинал.
     
  7. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    863
    Допаѓања:
    13.170
    Пол:
    Женски
    Го обожавам стилот на Зафон.

    Сенка на ветрот ме маѓепса, буквално. Ја читав на одмор во Грција пред две години, а всушност шетав по улиците на Барселона. Кога изгубив надеж дека некој од современиве автори може така да ме зашемети, се појави Зафон...и му благодарам.

    Играта на ангелот исто, но за разлика од Сенката каде мистеријата има логичен расплет, вторава ми остави повеќе прашалници во главава. Книгата мислам дека остава простор за индивидуална интерпретација на настаните. Во периодот кога ја читав, буквално барав човек кој ја прочитал за да дискутираме и за да видам како другите ја доживеале. Можеби и во тоа е убавината, што мистеријата продолжува и откако ќе ја прочиташ...

    Марина е исто преубава, но според мене повеќе е роман за млади.

    Г-н Зафон, се надевам на убави мигови со Вас и во иднина !
     
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.510
    Прочитав некаде дека овие три дела му се врв на творештвото на Зафон (засега).
    Му ги издале и претходните романи, со тоа што стилот бил далеку понесозреан од овој, но Зафон не сакал да ги реадаптира, ниту да ги менува, со објаснување дека всушност - така созреал во пишувањето, етапно, и сакал читателот да го доживее во сите изданија на некој начин.
    Иако, тие што му ги прочитале и останатите, надвор од трилогијата тврдат дека поседувал талент, само не толку добро обликуван како ваму.

    Сенка на ветрот е во моите топ 10 книги.
    Стилот е неверојатен, рецензијата убаво вели, како да се здружиле Маркес и Борхес да му шепкаат во позадина, приказната остава без здив.
    Ликовите се толку добро изградени, јас барав и филмувана верзија и се изненадив како уште никој не се нафатил (се надевам доколку се случи, нема да ја расипе магијата на книгава, иако никогаш нема да биде доволно добар, но да се доближи барем малку).
    Во мојата глава Нурија е Пенелопе Круз, а Фермин е Антонио Бандерас. :lol:
    И точка. :!:

    Предобра, задолжително четиво за сите читатели со чувствително непце за книги.
     
    На 1209, crazylady, Neytiri и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Anja.F

    Anja.F Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    78
    Допаѓања:
    13
    врвот беше што книгата ја читав додека бев во Барселона ....како само влегов во филм барајки го секое место :) прекрасна книга ....дефинитивно влегува во мојот потесен избор на топ книги
     
    На ivanamk25 и Jordanovska-K им се допаѓа ова.
  10. ivanamk25

    ivanamk25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2010
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    6
    Пол:
    Женски
    Книгава е неверојатна.Нема потреба да напоменувам дека Зафон ми е еден од најомилените писатели.Особено стилот на пишување,како те вовлекува во приказната буквално мислиш дека си таму во Барселона,ама онака тивок набљудувач во позадина на приказната.Сите книги му ги имам прочитано и сите ми се допаѓаат,ама сите :) Едвај чекам и најновата негова книга да стигне во рамките на Балканов,па може така полесно ќе дојдеме до неа.
     
  11. bumbi

    bumbi Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    494
    Допаѓања:
    259
    Пол:
    Женски
    Исто така една од омилените книги. Одлични ликови, заплет, се најдобро можам да кажам. Ако на некој му дојде во рака, обавезно да ја прочита.
     
  12. WarriorAngel

    WarriorAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2012
    Пораки:
    1.365
    Допаѓања:
    2.886
    Пол:
    Женски
    :clap: за темата! :)
    Една од моите омилени книги, ја прочитав пред околу 10 месеци, но мислам дека никогаш нема да ја заборавам. Вечерта кога ја читав, буквално неможев да ја оставам и ја прочитав. Се е совршено; и заплетот, крајот, ликовите и описите на магливата Барселона. :inlove:
    Играта на ангелот ја немам читано, се спремам да ја најдам, но ги читав Марина (исто преубава), Полноќна палата и Септемвриски светлини.
    Му ја препорачувам на секој, книгата маѓепсува :)
     
  13. eminil

    eminil Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 април 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    130
    Марина беше првата што ја прочитав од Зафон и кога сега ќе се присетам имам морници.....се сеќавам сеуште на цела содржина како сега да ја читам .... исто така ја прочитав и Играта на ангелот..
    ГО ЗАМОЛУВАМ ТОЈ ШТО ЈА ИМА "СЕНКА НА ВЕТРОТ" ВО pdf ДА МИ ЈА ИСПРАТИ :) ЗАТОА ШТО НЕМОЖАМ ДА ЈА НАЈДАМ А САКАМ ДА ЈА ПРОЧИТАМ :)
     
  14. kravce

    kravce Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јануари 2012
    Пораки:
    2.746
    Допаѓања:
    42.984
    Не знам како сум го пропуштила авторов. Ја начекав 1209 во една тема како ја спомнува книгава, па после толку чекање во библиотека конечно ја добив и прочитав.
    Почетокот ми се виде лесен и некако детски, многу брзо идеше читањето. Како се заплеткуваат работите се повеќе и повеќе те вовлекува книгата па некако стануваш со неа, јадеш, се шеташ, легнуваш со неа :)
    Криво ми е, и ако успеам ќе гледам повторно да ја препрочитам, затоа што на многу битни работи не посветив внимание. Не од аспект на приказната, туку од аспект на начинот на пишување на Зафон. Имаше толку убаво објаснување на војната, последиците на војната, на мракот во Барселона (постојано ја замислував облачна и тажна), некои ептен силни емотивни моменти... Многу ми се допадна.
    Ова е книга што морам да си ја имам дома, па при следна прилика и пари, си ја купувам :) Приказната можеби не ме вовлече толку, колку стилот на пишувањето, расцепкувањето, заплетите и расплетите во вистинско време. Немаше момент а да ми биде досадна.
    Одам на Играта на ангелот :)
     
    На 1209 и WarriorAngel им се допаѓа ова.
  15. andrejka21

    andrejka21 Активен член

    Се зачлени на:
    14 август 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Прекрасна книга, од истиот писател би ви ја препорачала Заточеник на небото, тие сите книги се однесуваат на истите ликови и места, меѓутоа имаат различна содржина која што би требало да се надополнува една на друга.
     
  16. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.644
    Допаѓања:
    1.688
    За писателот немам зборови,предобар стил на пишување.Сенка на ветрот,Септемврски светлина и Играта на ангелот се трите книги што ги имам прочитано од Зафон.Сите три дела се предобри.А мислам дека Сенка на ветрот го има достигнато врвот.Следна што сакам да ја прочитам е Марина,се надевам ќе бидам задоволна и од неа.
     
  17. sweetyB

    sweetyB Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2013
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    78
    Многу добра книга. Ја прочитав целата трилогија од Зафон. Се воодушевив од неговиот стил на пишување, има нешто во него што повеќето автори го немаат. Предобар стил!
     
  18. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.482
    Допаѓања:
    7.844
    Пол:
    Женски
    Оваа ми е омилена и најдобра книга што сум ја прочитала.
    Од каде да почнам, стилот на пишување, играта со зборови е маестрална, Барселона ја доживуваш како да си живеел во неа, сите ликови како да ги познаваш, просто како да си во книгата.Приказната остава без зборови, таков заплет, на моменти нејасен и конфузен, но со потполно неочекуван пресврт и крај.Толку детално опишување на настаните, просто од рака не ја испуштив.
    Ја читав после и Играта на ангелот, исто така многу добра книга, но сепак оваа ми е ненадминлива.