Многу пати имам слушано и читано за сеноќно бдение, не се уште не знам што е тоа. Па доколку некој знае нешто повеќе за тоа, би можел да ни каже ако сака.
Сеноќно бдение е заедничко служење на сите богослужби од дневниот литургиски циклус. Што значи во себе ги вклучува: деветти час, вечерна, повечерие, полуноќница, утрена, први, трети, шести час и светата литургија. Бдение - ги вклучува во себе вечерната, утрената и првиот час. Бденијата се карактеристични за манастирите. Во парохиските цркви праксата е да се служат само вечерните и утринските богослужби (освен во Великиот Пост кога се служат и часови и повечерија).