Здраво Бидејќи не сретнав ваква тема ја креирав, но ако има нешто слично може да се архивира. Пред скоро се вселив во новото дома и цело време сум во потрага по убави сетови чинии, чаши, прибор и слични домаќински работи. Тек-тук се наоѓа по нешто интересно во Tehnopolis, Comodita, Lusso, ама ми фали некако повеќе избор, особено нешто помодерен стил, индустриски, минималистички. Какви чинии/чаши користите? Дали повеќе сакате во комплет или поубаво ви е кога се сите различни? Сите препораки за продавници од кај би можела да најдам се добредојдени.
Види сетови на Луминарк, мене лично ми се најубави за око, ем се подобри од обични керамички сетови, оти не се оштетуваат од прибор за јадење и во машина за садови (освен ако имаат апликации, и тоа не секогаш се бришат тие апликации). Потешко се кршат (не дека се некршливи, ама потрајни се). И имаат пристојна цена, се наоѓаат сетови во продавниците за домаќинство. Кај нас мислам дека Ринелса беа увозници, ама не сум веќе сигурна, оти нивна продавница е Lusso во Скопје Сити Мол, а таму не сум видела сетови на Луминарк.
Фала ти за одговорот И мене ми се убави Luminarc, и за квалитет и за класичен изглед. Инаку во Lusso ги има, баш сега препроверив на сајтот за да не те излажам. И во Технополис има, ама и на двете места моментално само тие шарените сетови ги имаат, ги немаат тие класичните Luminarc на кои претпоставувам дека мислиш.
Во Европорц провери дали нешто ти фаќа око, ама тие продаваат на големо. Може да се јавиш да прашаш дали би можела да купиш од кај нив. https://evroporc.com.mk/products/brand/luminarc?page=3
И јас би ти ги препорачала сетовите на Liminarc. Баш такви минималистички имаат како што бараш. Неодамна за подарок земав, ако не се лажам комплетот содржеше 19 парчиња за само 1000 денари одприлика. Комбинација од црни и бели чинии, помали, поголеми, плитки, длабоки и најголеми за салати. Мислам дека од Рамстор ги земав, веројатно попуст имаа.
Ооо, баш добра зделка си направила! Имам видено чинии на парче, ама не сум ги забележала сетовите. Фала ти за препораката, обавезно ќе проверам и во Рамстор. А дали некоја случајно ги пробала сетовите од Комодита и дали знае да каже дали може да се мијат во машина? Слушам поделени мислења на темава, па да се осигурам
Artglass online 24 на фб ... на две другарки им поклонив од сетовите што им беа по 3000 ден, тулу порцелан мислам пишуваше на кутијата.. едната знам дека е презадоволна а другата не сум ја прашала Јас имам некои чинии на Бона од кај нив, супер се Би комплетирала сетови од нив.. А за поекономична варијанта за секој ден имам бели икеа чинии И на луминарк исто..лесни се ако ништо друго
Здраво женки еве и јас да се приклувам на темава, пред 2 години се вселив со мм во новиот дел од куќата односно спратот и нормално се јово на ново се купуваше, јас лилно бев на Бит пазар мислам дека пластичарка улица се вика отидов да купам лустери и у дпат влегов во една оооогромна ородавница за сетови за ручање чаши, сетови за зачини и други тракатанци пто би рекла јас, имаат сетови на луминарк и уште милион други марки глава боли од златни сребрени вакви такви онакви секакви има, од таму земав сетови за ручање на Луминарк најобични бели, чаши милион врсти и прибор за јадење, инаку цените се ок и на сето тоа дека многу изнакупив и попуст ми дафоа на каса, истиот квалитет се како и другите луминарк што се ама ваму има избор глава боли, цела кујна од таму ја наполнив неможев дома да се донесам, инаку убави чинии и такви тракатанци имам видено во продавничка во драчево на пазарот што не е многу скапо, сетовите зависи од колку парчиња на луминарк беа околу 1000 до 2000 денари зависи колку парчиња има. Инаку јас овие од Бит пазар што ги земав и во машина ги ставам скоро секој ден ги користиме нон стоп и не се оштетени ни чаши ни тањири, ианку таму ми ги препорачаа бормиоли чаши ако користите машина стаклото биле по издржливо за во машина земав и такви и сум презадоволна ❤❤
Ми се допадна приборот за јадење сега што го купи владава за обнова во кујна.Една чинија 85€ баш убаво а мене ми фалат пари 5€ имам уште 80€ ми требаат
На Luminarc има во Рамстор. Црни и бели сетови имаат цело време, а периодично носат и нови колекции во други бои. Едно време имаше пастелно сини, сон беа.
Последно купив од Комодита едни (не се толку убави на изглед) ама беа единствени што се перат во машина за садови. Чаши со подебело стакло за секојдневие. За гости и други прилики со потенко.
Јас ги уловив пастелно сините пред некоја година во Рамстор. На парче беа и си направив комплет, ама премногу ми е криво што имам по две чинии. Немав потреба од повеќе, онака зедов да не ручаме во распар чинии и на тоа остана. Треба да се прошетам до таму да видам дали уште ги има, презадоволна сум какви испаднаа, а не беа воопшто скапи.
Luminarc како сервис за јадење се незаменливи, многу се лесни, ги има и со дизајн што мене посебно ми се допаѓа. На поклон добив сервис за јадење од Comodita, ама покрш нешто немам видено, многу е тешка и крута ќерамиката, еден танјир тежи 1кг. Препорачувам само Luminarc, за други работи незнам сеуште садови за готвење не сум нашла како што треба, Во тинекс имаше некои со купони од некој италијански бренд не се сеќавам како беше, купив три модели, постојано готвам со дрвена лажица и се, но тие две што најмногу ги користам веќе се изгребаа и не се за употреба. Незнам Карес како стои на тоа поле.
Овие? Мене ми се следни на листа за купување, се мислев меѓу овие и тиркизните. Ама нема на парче да ги купувам, цел сервис ќе земам. 19 парчиња има, ако не грешам. Ама прво да се ослободам од старите, но не знам како. Треба да почнам да ги кршам изгледа
Да, токму овие од сликава. Преубави се и криво ми е што не зедов цел сервис. Ако ги најдам, ич не им се мислам овој пат.
Јас овие од сликата (истата боја) пред две години од Веро Тафталиџе ги зедов цел комплет од 19, а ако не се лажам летово ги видов и во Технополис Лептокарија.