Серии кои прекинувате да ги гледате бидејќи...

Дискусија во 'Филм и ТВ' започната од RainBow, 5 март 2015.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.059
    Допаѓања:
    48.367
    Пол:
    Женски
    Јас бришам две серии од листата.

    Првата е Forever, не можам ни сезоната до крај да ја догледам од што ми е глупава серијата, мислев има надеж, ама е една од најлошите драма, крими, во кој и друг жанр да спаѓа, серии. Хенри ми е пренашминкан, глумата негова исто така. Предраматични потези и говорење што ја прави глумата крајно неуверлива. За женскиот лик не знам и што да се каже, подобро и да не ја ставеле, кога и не служи за ништо. Како и да е, серијата тешко да доживее втора сезона, па навреме ќе си ги скратам маките.

    Втората серија е How to get away with murder. И дадов шанса само поради Шонда, ама едноставно серијата не успеа да ме убеди. Ми остана бледа и неуверлива, ликовите сите до еден антипатични, оној Вес дури и поодвратен ми стана. Обично ги гледам сериите бидејќи ми се забавни или можам да извлечам нешто од нив. Оваа серија не ми даде нешто, освен главоболка од превртување на очи. Не ме интересира ни расплетот на финалето од првата сезона, едноставно I couldn't care less.

    Се мислам и некој од ситкомите да скратам, премногу ми се на листата, а само ми се акумулираат епизоди, без желба да ги изгледам. Првата веројатно ќе биде 2 broke girls, толку ја отапеа серијава, треба во жанр трагедија да премине.

    Мислам јасна е поентата на темава. :)
     
    На anuskaNESTLE, Marossa, Hipster и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.747
    Допаѓања:
    22.391
    Пол:
    Женски
    Прва не листата на прекинати серии ми беше Gossip Girl. Да најпопуларнате серија по која сите изгубивме памет. Од број еден ми стана прва на листата за исклучување.
    Причина- претерано шпанско сценарио, секој со секого го спарија во љубовен пар, тријаголник, четиријаголник итн... И никогаш не ја догледав асално до крај, само поледната сезона ја прегледав набрзинка. И ми стои во стариот компјутер, сите сезони, за некогаш да ја изгледам, можеби. Препатетична за мој вкус серија, можеби да бев тинејџерка ќе ми го задржеше вниманието, но на овие години не. И да Њујорк не е само апреистсајд и безобразно богати и разгалени девојчици и момчиња. Затоа не заслужува посебно внимание и наклон.

    Втора беше Менталист, да, дефинитивно една од подобрите серии кои сум ги гледала, и обидливо најшарамантниот глумец во цел Холивуд. Но режисерот направи катастрофална грешка со отривање на идентитетот на Ред Џон и продолжување на серијата како ништо да било. Ќе ја догледам после фамозата епизода само нека заврши и последната сезона, ама само ради реда и ради чест на Патрик. Серијава е текстбук пример како од феноменална серија со една глупава непромислена грешка на сценаристите може да се претвори во голема утка.

    Трета Хоумленд. Да и Хоумленд ја прекинав а исто бев бајаги загрена за неа. Додуша оваа ми е привремено на пауза, планирам за брзо време да надокнадам со гледање, ама ако можам да се изрзам вака и дадов жут пред исклучување:D Мене Saul ми беше омилен лик од серијава и не можев да идржам да гледам како го сквернават неговиот лик. Али читнав некој спојлер дека и малку од малку ги подоправиле работите, па ќе и дадам уште една шанса.

    Тhe Vampire Diaries. Aх зарем треба да ја правдам серијава? Прелоша, ужасно многу глупава серија. Се чудам како и ја загледав. Сите станаа вампри, сите се плеснаа со секого, па направија спин-оф со не знам која намера, ама јас се откажав од неа, одамна. Патетичното лицето на Елена и припичот на Дејмон не можев да ги толелирам повеќе. Единствено Керолајн е лик вреден во серијата, ама премалку е заради едне лик да гледаш серија. Не ни планирам да ја догледувам никогаш, претерано глупава и апла тинејџерска.

    Сјутс, исто како Хоумленд ми е на холд, едноставно не можам да поверувам што прават од серијава. Вчера беше финалето на четврта сеона и тоа сосема случајно го видов, и ја изгледав епизодата без никаква заинтересираност.
    Целата 4та сезона ја гледам без посебна заинтераност, многу од епизодите еднсотавно ги имам прерипано и не памтам пола од настаните што случиле.
    Дона класична параночна жена мешалка тузот зачин, секаде ја има, Луис ми стана тотално одвратен, Харви....ми изгуби од шармот. Не знам искрено дали да ја продолжам 5та сезона и дали да и дадам шанса да ја изгледам како што треба 4тава.
     
    Последна измена: 5 март 2015
    На bittersweet, anuskaNESTLE, SexiLy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.261
    Допаѓања:
    54.974
    Пол:
    Женски
    Јас многу ретко прекинувам серии, дури и HIMYM ја догледав иако последната сезона беше катастрофална. Си викам, осум сезони ја гледав, ќе ја догледам до крај и точка. Некогаш сериите не ги прекинувам не толку заради настаните, туку заради ликовите. На пример Gossip Girl ја упропастија, ама си ја гледав заради Чак и Блер, сите модни комбинации и Њујорк :D

    Сега се мислам да ја прекинам Revenge. Серијава ми се чини дека ја планираат од епизода во епизода, и самите не знаат кај тераат. Скроз се изгубија, ептен скршнаа од првичната замисла. Сега веќе не само што ми е досадна, туку и ликовите веќе не ми се симпатични, зашто и нив ги упропастија.
     
    На crimson, kjukli и НаталиЛили им се допаѓа ова.
  4. H.O.P.E.

    H.O.P.E. Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2015
    Пораки:
    75
    Допаѓања:
    91
    Пол:
    Женски
    И јас многу ретко прекинувам серии и секогаш ги догледувам до крај.
    Прекинувам да ја гледам Pretty Little Liars, а сум прва сезона. Веќе сега ми е досадна, а читам дека во другите сезони била уште подосадна.
     
  5. alekce83

    alekce83 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2012
    Пораки:
    902
    Допаѓања:
    1.132
    Пол:
    Женски
    Мене срце не ми дава да прекинам некоја серија, но навистина сум пронудена бидејќи гледам премногу, можеби над 20 серии ( паралелно со неколку италијански), а како второ содржински неможам да издржам од што се досадни. Прва серија од која се откажав беше Mesters od Sex. Ајде почетокот и дадов шанска ама како поминуваше епизода по епозода буквално се мачев, со по 100 прекини. Ја изгледав прва сеозан, а од втора само првите две епизоди. Втора на листата прекинати серии ми е Jane the Virgin. Изгледав само 3 епизоди и си реков нема шански да го гледам ова ѓубре. Значи не е ни за опуштање а камоли да барам некоја логика од серијава. Права теленовела, а мислам доволно ми беа теленовели за цел живот од времето на Касандра и Есмералда :D
    Како трета серија за која уште не сум одлучила дали да ја прекина е The Originals. Вторава сезона е далеку послаба од првата, не ми е интересна воопшто.
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    19.059
    Допаѓања:
    48.367
    Пол:
    Женски
    Заврши серијата, можеш да ја догледаш, ама не верувам да ти се допадне натаму. Мене ми беше океј, зашто ја гледав само поради Патрик и неочекував премногу, иако ме фати монотонија едно време.
    Хоумленд ептен се оправија во последната сезона, мене мислам ми беше една од најинтересните.
    И јас ја прекинав таа, не знам на која сезона, на трета мислам беше. Почна ептен да ме нервира, се нешто се случува, а всушност ништо не се случува.|(
    Исто не сакам да прекинувам серии, да не пропуштам нешто понатаму, ама има некои крајни случаи како веќе наведените кога повеќе се нервирам отколку што ми е забавно и мора да им се даде секирата.
     
    На H.O.P.E. и Hipster им се допаѓа ова.
  7. CirezD

    CirezD Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2014
    Пораки:
    880
    Допаѓања:
    1.485
    Пол:
    Женски
    Arrow. Тргна солидно и мистериозно за да задржи гледач, ама како течат епизодите се повеќе и повеќе ми е Televisa presenta. Фали уште они што умреле пред 20 години да станат и да биде комплетна глупост, лично за мене. Ја прекинав после неколку епизоди од втора сезона. А затоа што ја врзаа со Flash, таа не ја ни почнувам.

    Дури и Revenge што ми беше одлична, се мислам дали да ја продолжам, како да немаат идеја што повеќе да направат за да имаат епизоди, па почнаа и тие со глупости и контрадикторност.
     
  8. Marossa

    Marossa Популарен член

    Се зачлени на:
    8 септември 2012
    Пораки:
    2.380
    Допаѓања:
    6.865
    Пол:
    Женски
    Јас ретко прекинувам серии,некако срце не ми дава,ама секако има неколку :D
    1.Pretty Little Liars,стигнав до 3та на крај и веќе не можев да ја гледам.Многу изврзана и ептен завлечено,бесмислено дејство,здравје може кога ќе го откријат А ќе ја гледам само таа епизода.
    2.Bones,и тоа после 9 сезони.Криминалистичките серии си имаат шмек,ама оваа ја претераа,веќе нема инспирација.
    3.Grey's Anatomy,заостанувам 5,6 епизоди и уште не знам дали ќе ги изгледам некогаш или не.Ја нема Кристина и многу други и едноставно не е исто.
    4.Тyrant ја почнав,ама не ја завршив,исто како и Sleepy Hollow.

    Инаку и за Forever сум во двоумица,ништо не се случува,ама можеби ќе и дадам шанса уште малку.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Tiki-lolipop

    Tiki-lolipop Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2013
    Пораки:
    936
    Допаѓања:
    1.278
    И јас кога еднаш ќе почнам серија многу ми е тешко да ја откажам,треба толку многу да ме има разочарано или изнервирано да ја прекинам aма сепак ми се со надеж дека некад ќе ги догледам:)
    Скроз се согласувам со Хипстер за The Mentalist и јас ја почнав летово од почеток и мислам дека ги изгледав сите 6 сезони за помалку од 3 недели и тоа баш само што го чекав тоа еpic finale што ми беше најразочарувачко досега. Толку сезони и таков лик како Џејн што го уништија ептен. Чекање за ништо ми беше буквално и плус уште една сезона тотално непотребна. Ќе ја догледам само последната епизода и тоа од љубопитност ма да,цело време ја одложувам.
    Друга серија што ја прекинав е Glee, стигнав до последните епизоди од 5 сезона и мноогу ми беа досадни. Нова екипа,исто дејство, исти сплетки се` ми беше веќе видено. По мое мислење до 3 сезона требаше крајот да и го стават.
    Исто и Heroes, последната сезона не ми е ни почната. Тотално ја утнаа 4 и немам ни никаква желба ја догледам.
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Elena69221

    Elena69221 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 август 2011
    Пораки:
    2.329
    Допаѓања:
    3.458
    Пол:
    Женски
    Си мислев дека немам прекинато многу серии, ама кога подразмислив убаво, бааги биле. :D

    1. The Vampire Diaries - бев ужасно занесена со серијава. Ја следев уште од почетокот 2009-2010та и после толку глупости што се изнаслучија, морав да стаам крај на првите епизоди од 4та сезона. Капак на се беше патетичната Елена и ако почнам да пишувам за неа ќе се изнервирам! :D
    2. Hart of Dixie - многу pointless серија, ништо посебно не се случуваше, а ја симнав најмногу заради Rachel Bilson. Сепак некогаш не е до актерите, туку и до сценариото. Премногу лабава серија што дури не сакам ни пред спиење да ја гледам.
    3. New Girl - искрено не знам зошто прекинав да ја гледам. Големи се шансите да ме разочарале последните епизоди што сум ги гледала, па сум изгубила желба да знам што ќе се случи понатаму. Ја начекав пред некое време на Fox, па кога ќе имам повеќе време може ќе и се вратам.
    4. Beauty and the Beast - после изгледани две сезони, третата веќе беше вртење во круг.
    5. Californication - и пак, причината е тоа вртење во круг. Кога гледаш маратонски многу побрзо сфаќаш дека истите работи се дешаваат и едноставно продолжуваш да гледаш до каде можеш со ваква фаца - :yawn: Изгледав 4 сезони што е и повеќе од доволно. Не верувам нешто посебно да имало во останатите 2.

    Во план ми е да ја прекинам White Collar зашто мислев дека е добра замена за Covert Affairs, ама не е.
    Revenge и Pretty Little Liars морам со сите сили да ги догледам, криво ќе ми биде да ги оставам така.
    Исто и Arrow почнува да ми биде глупава, ама ќе и дадам шанса уште некое време. Најмногу заради Оли. :wasntme:
     
    На kukla21 и Marossa им се допаѓа ова.
  11. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    1.866
    Допаѓања:
    58.059
    Пол:
    Женски
    Од каде ли да почнам?:worried:
    Значи лошиве серии ме направија од серијоманка:rofl:во нормална (донекаде де :lol:) личност.

    1. The Vampire Diaries, престанав да ја гледам веќе после 4 та сезона, мислам и таа не ја догледав, стана ептен досадна серијата, Елена никако да ја надмине лигла фазата така да ја откачив серијата од гледање.

    2.New Girl, ја изгледав првата сезона и дел од втората и не можев веќе да ја гледам, сериозно дебилна ми стана серијата.

    3.2 Broke Girls, почнаа солидно ама во втората сезона почна да им оди серијата во надолна линија, нема веќе свежи идеји и another one bite`s the dust.:lol:

    4.Two and a half men,
    не е тоа, тоа без Чарли.:doh:

    5.HIMYM, уште се спремам да ги гледам последните епизоди, да видам конечно која е мајката.:wasntme:

    6.Castle, од кога станаа пар со Бекет, серијава почна да се врти околу љубовната врска место околу решавање случаеви.

    7.Mentalist, од кога го открија кој е Ред Џон ми изгуби секаква смисла серијата, уште па како ги спарија со Лизбон...ццццц.:x(facepalm)

    Други кој сум ги почнала и сум ги откачила после неколку епизоди, Sleepy Hollow, Blacklist, The Following, сега имам повеќе серии што не ги гледам отколку што гледам.:doh:
     
    На omg92, Hipster и Marossa им се допаѓа ова.
  12. prettyliar

    prettyliar Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2012
    Пораки:
    1.207
    Допаѓања:
    892
    Пол:
    Женски
    Јас ја прекинувам 2 broke girls,серијата ја гледав со сила зашто се надевав дека ќе ја оправат,но кога ја отупеа и Макс како лик престанав да ја гледам.
    Од Salem изгледав 7 епизоди и после ми стана досадно зашто не ни разбрав убаво за што се работи.
     
  13. Miss-Angie92

    Miss-Angie92 Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јуни 2011
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    487
    Пол:
    Женски
    The Vampire Diaries

    Слично како и другите погоре, по 4-та сезона престанав да ја гледам. Првите две сезони искрено ми се допаднаа, но како следеа наредните епизоди и сите тие глупости што се случуваа, ептен ради реда ја гледав.

    True Blood

    Оваа ја гледав уште додека ја даваа на Fox Life (сега не знам дали уште е во етер - не гледам ТВ). Втора сезона ми беше ваљда последната. Што знам, некако ме мрзи да ја догледам, иако ми беше интересна приказната.

    Во неодредена би ја поставила Pretty Little Liars. Имам некој love/hate однос спрема серијава. И јас не знам зошто сè уште ја гледам, ама ете...толку многу сезони изгледав, а и ме интересира како ќе заврши на крај по толку сплетки. Сега гледам на Wikipedia уште две сезони ќе имала... (facepalm)

    Многу ме нервира кога без потреба сериите ги развлекуваат на еден куп сезони. |(
     
  14. Deadhalf

    Deadhalf Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2013
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    63
    Пол:
    Женски
    beauty and the beast-ja gledav radi akterot,ali ja prekinav na 2 sezona
    i vampire diaries-ja prekinav uste na prva sezona
     
  15. kukla21

    kukla21 Мама Член на тимот

    Се зачлени на:
    4 август 2013
    Пораки:
    21.129
    Допаѓања:
    101.852
    Revenge е единствена серија која ја пратам. Во право си дека малку „забегаа“ оваа сезона, ама она што следи барем од трејлерот не ми изгледа лошо. Денес се емитува продолжението во САД, после пауза од 1 месец.
     
    На Marossa, Antolinaa и AnaKarenina им се допаѓа ова.
  16. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.191
    Допаѓања:
    9.091
    Пол:
    Женски
    Casi Ángeles-ја имам изгледано 4 сезона кога ја даваа на сител.Порано кога ги даваа на А1 не можев да ги смислам и со право.Сакав да ги гледам и останатите сезони и ги откажав уште од прва сезона.
     
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.733
    Допаѓања:
    13.410
    Пол:
    Женски
    Никогаш не престанувам со некоја серија, не за друго, си велам толку сезони издржа, па сега ли ќе се откажеш...

    Но, факт е дека следните серии скрос ги затупеа:

    - HIMYM - некако последните сезони скрос ме разочараа...

    - Домаќинките некако станаа ужас... Ме нервираат серии во кои се им се дешава на ликовите, од торнада, авионски несреќи, автомобилски несреќи, пожари, убиства, бомби, и слично... Фор онли уан лајфтајм... Кој е толку малерозен?? Ептен ја догледав оти вложив години во серијата.

    - Greys anatomy - гледам и ок, има од време на време некои интересни дешавки, последно ко да ја средија, но бев на раб да се откажам оти и тие почнаа со бомби, авионски несреќи, струјни удари, поплави, торнада, земјотреси, пиштолџии...

    - The exes - серијата станува монотона, па некако ко да се имам откажано од неа... Но во криза и недостаток од серии, би ја гледала, што да правам...
     
    На Hipster му/ѝ се допаѓа ова.
  18. olisity

    olisity Активен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2013
    Пораки:
    6
    Допаѓања:
    2
    Читам, и од горе наведените, јас ги имам гледано скоро сите, The vampire diaries, The Originals,, Suits, Two Broke Girls, The Mentalist, Beauty and The Beast, Grimm, Reign, Supernatural ( изгледав 8 сезони ама ја претераја), Once Upon a Time, Nikkita ... и незнам колку други, скоро и сите ги имам оставено ( не ги догледвам ) зошто навистина стануваат досадни. а и ретко се случува серија ако има поќе од 4 сезони, да биди интересна понатаму. А и кај мене лично проблемот е што ако почнам да гледам серија што има на пр 2 или 3 сезони излезено и после сеуште излегва но неделно, си викам ке ја оставам нека излезат поќе епизоди или пак цела сезона па наеднаш ја гледам, но кога еднаш ке прекинам после тешко ми е да почнам да ја гледам пак. т.е да продолжам, освен ако навистина ми е преинтересна и ги бројам деновите за да излези епизода.

    Моментално редовно ги гледам, Arrow, и тоа заради актерите и има надеж или барем јас така се надева дека ке биди поинтересна, и заради Arrow почнав да ја гледам и The Flash, Revenge, и тоа да не биди залудно што толку сум гледала, а најинтересна ми е The 100, фантастика е ама јас сакам такви. На 1ви Април излегват Game of Thrones и Orphan Black е тие одвај чекам да излезат :D
     
  19. anina

    anina Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2011
    Пораки:
    1.141
    Допаѓања:
    5.225
    Пол:
    Женски
    Сите можни серии ги загледувам и престанувам да ги пратам после 10 - тата епизода. Не знам зошто ама ми стануваат монотони. Обично имаат бум почеток а потоа се спласнува и се се врти во круг. Единствени серии кои сум ги изгледала во целост биле „Пријатели„ и „Сите го сакаат Рејмонд„. Само тие ми го задржале вниманието.
     
  20. Eli23

    Eli23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.936
    Допаѓања:
    23.591
    Пол:
    Женски
    Престанав да ги гледам Glee, New Girls, 2 Broke girls, The big bang theory, Desperate Housewifes...Првите 3 ми станаа некако досадни, за 4 некако заостанав со многу епизоди и заборавив каде застанав. Баш беа добри, некад може ќе се вратам на The big bang theory. Очајните домаќинки ми станаа некако премногу очајни :D Е сеа, редовно ги гледам Grey's Anatomy, The Vampire Diaries, Pretty little liars, The Originals иако на моменти си имаат падови. Некако не ми се оставаат. И така се болје од турскиве серии у секој случај :rofl:
    Gossip girl ја изгледав до крај, дури и Сексот и градот :lol: Имаше некоја нова серија Дневниците на Кери, се откажав од неа после само 2 епизоди. Многу тинејџерска, да не речам дури и детска. El Barco ако некој го гледал, се откажав после почетокот на втората сезона, мака ми беше што ги разделија главните ликови 8) У суштина многу време сум потрошила покрај компјутер.