1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сериозна врска со несериозно однесување

Дискусија во 'Врски' започната од janafilth, 3 февруари 2012.

  1. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Дали би останале со дечко со кој што одите за озбилно доколку постојано сред муабет ви вика дека утре ќе најде друга што ќе ја засака а одите за озбилно? Опседнат е со тоа а ве сака? Ако неговите се конзервативни и очекуваат кога ќе идете кај него да чистите да готвите од прв ден да станувате рано да и смета доколку излегувате или правите нешто шт о вие сакате? Цело време да вика или научи се да готвиш или откажи се од него кај мене се бара работа да ми слугувате и да имате почит? И покрај се ова тој ништо да не и вика туку да седи на нет со други постојано, кога сте кај него за се да ви наоѓа маани а кога тој доаѓа кај вас да не се собирате дома цело време да иде да се запознава со другарки? И да ви вика не се лути моите те советуваат? Никогаш не излагате сами, не му се допаѓа вашето однесување и карактер и ве тера да се промените и ви вика дека за најмала ситница ќе ви раскине?
     
  2. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Опседнат е со тоа а ве сака? Ако неговите се конзервативни и очекуваат кога ќе идете кај него да чистите да готвите од прв ден да станувате рано да и смета доколку излегувате или правите нешто шт о вие сакате?

    :rofl: :rofl: :rofl: ќе се прашаме за тоа

    кратко и јасно HE!
    со ваков и вакви свекор и свекрва- HEMA шанса ;)
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Ова е хипотетичка ситуација или твојата реална ситуација?
    Сеедно, не би имала врска со некој ваков робовладетел.
    Тргнете сите од тоа дека после 18, ни родителите не ви се "господари", камоли некое си муле кои си дава за слобода да ве третира како ѓубре, да ве обликува како некоја восочна фигура, и да поставува ултиматуми од типот - научи да готвиш, смени ова, облечи ова...
    Ваквите типчиња ги презирам и мразам - а нивните девојки ги жалам.
    Уствари, кога ќе размислам подобро, и не ми е жал бе - сами дозволиле некој да се понаша така спрема нив, од љубов, ама он има многу убави очи, ама ти не знаеш кога е фин колку е добар, ми купи црвено мече и ми посла латици од рози до креветот...
    Со паметот што си го носиш, малку ти е.
     
    На 1209 и ludoto19 им се допаѓа ова.
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.228
    Допаѓања:
    41.466
    Цело време да вика или научи се да готвиш или откажи се од него кај мене се бара работа
    ова свекрвата ти го рекла??

    :o ?

    Aу, јас одма си ги зимам парталите и бегам, мислам дека твојот дечко е 0, во споредба кој пекол би ти бил со таа жена :x
    ти нејзе снаа ќе и бидеш или роб?
    во ред е заедно да си помагате при домашните работи, ама вака да ти кажува, со закани!
    ќе и кажам само :hai: :hai:
    бог да чува од вакви свекрви
     
  5. janafilth

    janafilth Нов член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    27
    Да јас сум во ситуацијава...
     
  6. m3a3c3a3

    m3a3c3a3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    259
    Што е многу многу е.Прво како може да дозволува неговите да ти попуваат,па дури и ги правда...ја мајката :devil: .Па дома мајка ми и татко ми не ми попуваат,а не некои други ке ми кажат што да правам...а и очигледно им застанал нив сатот..уште живеат во 60-тите.Второ ако толку сака друга нека оди кај некоја друга и тебе нека те остави да уживаш,а и зошто ти да се менуваш?Нека те прифати таква каква што си.И карактерот и однесувањето.И не ми е јасно како тоа те сака?Ако те сакаше ке те сакаше таква каква што си а не да бара да се променуваш.Не знам колку долго сте заедно но ова отишло предалеку.Најлесно да се речи остави го но само ти си знаеш како ке ти е без него.Јас би го уценила и би му рекла или да се навикне на мене и да не ситничари или ке го откачам...трето нема.
     
  7. Ulata

    Ulata Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    100
    Епа и јас да ти кажам откажисе од таа врска...не вреди да губиш нерви...мајка му уште од сега ти кажува што да правиш
    кај мене се бара работа да ми слугувате и да имате почит
    да му слугуваш...па јас дома на мојте не му слугувам шо ми се родители аа не па на некој...Дечко ти и не е толку опасен колку шо е идната свекрва твојаа...твоја работа...ти треба да си решиш дали можиш да живејш таков живот
     
    На eleni23 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.634
    Допаѓања:
    22.048
    Пол:
    Женски
    Штом е таква ситуацијата, јас искрено би се запрашала дали таа врска е навистина сериозна или не. Некогаш цело време си живееме во заблуда дека сме со некого „за озбилно“, а тоа „за озбилно“ на крај испаѓа дека постои единствено во нашата глава. Каква е таа сериозна врска во која партнерот не чувствува никаква морална или ете емоционална обврска кон нас?

    Штом уште сега наоѓаат маани и тој и неговите...шознам, треба да си мазохист за да трпиш таква “љубов“. Не велам дека можеби тој не ја сака девојката, но понекогаш само љубовта не е доволна. Тука се и почитта, разбирањето...шо овде ги нема.

    Ако сакаш да видиш дали навистина му значиш, следниот пат кога ќе ти рече „ќе ти раскинам“ и тоа особено за ситница, ти одговори му „Пошо секад сум била жртва за тебе и сега ќе те поштедам од маката душо, еве јас ќе ти раскинам.“ Ако падне молење, аман немој ова она, постави ги условите под кои ќе се одвива врската, се' што ти пречи од негово до однесувањето на неговите и речи му или ќе се справи со тоа или нека се справува без тебе. Ако не се поставиш сега како силна и храбра, цел живот ќе те газат.
     
    На WildCherry и RainBow им се допаѓа ова.
  9. daddys.princess

    daddys.princess Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2011
    Пораки:
    988
    Допаѓања:
    319
    ово е исто како во серијата величествениот,само што тамо треба да рагаш деца ,а во твојот случај да чистиш и да правиш се што ке ти речат,
    ова не е како во 60 те туку за време на робовладетелството,
    девојче мое мислење е дека они се иживуваат со тебе и неговите и он,па не си ти кукла или некој си партал па они да те проценуваат и да те превоспитуваат,
    сега тоа ти пречи,а кога ке се зимате нема бел ден да видеш од нив,
    дечко ти не ти е дечко ,он е мамино синче со кое не би имала убав живот
    ова не ме чуди зашо пред некое време на форумов прочитав како свекрва и золва и фрлаат работи на снаата и влагаат у соба ,и најтрагично е тоа што они мислат дека тоа е во ред
    сакаш и тоа да ти се случи?
    бегај додека те држат нозе од ова комплексирано и болносемејство
     
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Чим си дошла на форумов и си го поставила прашањето, значи дека не е во ред. Јас би те запрашала тебе дали би останала со садист, кој ќе те тера да му ги миеш и стапалата? Девојко ајде седни си на стол и на лист запиши ги позитивните работи, негативните, што очекуваш од врската и што си добила. И стави ми на кантар. Или уште поубаво напиши како се чувствуваш овде во врска со ова што го опиша горе. Прочитај се потоа и размисли.
     
  11. femina11

    femina11 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 октомври 2010
    Пораки:
    553
    Допаѓања:
    226
    Јас Би ти советувала да бегаш подалеку без да се завртиш назад. Колку што гледам имаш САМО 19 години, ма каква сериозна врска бе девојче на 19 години. Оди уживај си додека си млада, не велам да немаш дечко немој да ме сфатиш погрешно,ама и дечково што го спомнуваш,а и родителите немаат поима од животот.
     
  12. drugarka

    drugarka Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    1.426
    Допаѓања:
    4.989
    Кога го прочитав привиот пост, помислив дека се работи за серија, од ептен старо време, ама реалноста за жал уште е таква.

    Конзервативноста не се состои од слугување и чистење, и каков е тој начин на обраќање?! Или научи се да готивиш и чистиш, или откажи се од него. Ц ц ц... А и почитта не се здобива со тие зборови.
    Јас напротив, не би имала почит, би имала одбивност доколку некој така ми каже.

    Љубовта е и слепа и глува, точно, но дали тоа значи ваквов начин на однесување?! ?!

    Девојко, што ти викаат родителите?! Ќе те остават некој така да се однесува со тебе?! Си разговарала со нив што мислат во врска со тоа?!
    Од друга страна, ти го бираш него,а не ги бираш неговите родителите, но размисли малце, дали ти утре сакаш да си секојдневно во таква ситуација.

    А во врска со него, џабе што да ти кажеме, и да ти кажеме да раскинеш, ти никој нема да послушаш се додека сама не решиш. Единствено што можеме да те натераме е да размислиш. А и тој е на нивна страна, тоа нема да се смени.
    Јас не би можела да истрпам ништо од ова што го опиша, а љубовта, па покрај тие работи ќе ми се изгуби секоја можна трошка љубов што ја имам.
    Гледам имаш 19 години, и сега тие работи ти се случуваат, а што ќе биде кога ќе имаш 25??? Понатаму во животот!?
    За се треба политика, но ако мислиш дека не можеш да се справиш на тактички начин со тоа што ти го зборуваат, па дури и со него, за сите проблеми што ги прави и работи што те мачат, ич не ни пробувај. Бегај подалеку.

    И да, овие работи, носат потешки проблеми подоцна, за кои поинаку се гледа веќе кога "нема враќање назад".
     
  13. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.492
    Допаѓања:
    78.372
    Пол:
    Женски
    Тоа не изгледа како сериозна врска. Сигурно нема да бидам со некој кој не ме почитува, не ме цени и не се интересира за моите чувства.