Сериски убијци

Дискусија во 'Психологија' започната од irrelevant, 27 февруари 2019.

  1. irrelevant

    irrelevant Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јули 2012
    Пораки:
    649
    Допаѓања:
    7.560
    Сериски убиец е човек кој убил тројца или повеќе луѓе во рок од повеќе од 30 дена, и при што мотивацијата за извршувањето на овие убиства е најчесто психолошко задоволување.

    За мене ептен интересна тема за разглабање, посебно за анализа на профилот на ваква личност, заедно со неговото минато, детството, луѓето и настаните со кои пораснал, трауми, трагедии кои ги доживеал и жртвите и нивниот профил. Секогаш кога имам слободно време си читкам или си гледам документарци или фиктивни или вистински настани на филм и ме интересира ако има некој стручно да изнесе некое искуство или онака лаички да си правиме муабет.

    Скромно излагање за темава, прочитано, видливи карактеристики за можен осомничен за сериски убиства врз кои се водат надлежните а се покажале како најчести, се:
    Најчесто самци неоженети мажи, високо интелегентни и најчесто со надпросек висок коефициент на интелегенција, растени во семејства каде најчето таткото ги напуштил и биле одгледани од доминантна мајка, луѓе без постојана работа и со неможност да задржат една работа подолго време, во нивното семејство има некој со криминално досие, психичко растројство или борба со зависности, во голем број тие самите биле жртви на емотивна или физичка злоупотреба најчесто во детството, од рани години покажувале интерес за воајеризам, фетишизам и садомазохистички експерименти најчесто направени на животни, многу од нив и во касно детство мокреле во кревет и тн и тн..

    Нешто што е најчесто кај сериските убијци е нивниот печат или уникатноста со која го извршуваат делото. Пример сите жртви се обезглавени, мачени или поставени во една иста одредена поза.

    Која е главната причина за постанување сериски убиец? Генетика или околината и настаните во животот на личноста? Запознаени сте со некои дела на вакви извршувачи? Споделете приказна или мислење, јас ќе ви раскажам за многу сериски убијци со уникатни приказни од кои некои и никогаш не биле фатени.
    Ете пример Луис Гаравито, еден од сериските убијци со најголем број на жртви-300 и сите деца или наша приказна, серискиот убиец кој се удави во кофа со вода.

    Е сега пошто мене ми е многу поинтересно да разговарам на вакви теми и да си анализирам и разговарам отколку теми за цицката на Благица и ако некој мисли дека нема потреба од ваква тема или е глупост или не знам што, ве молам воздржете се, има ваљда некој вака ко мене што му се занимливи ваквите феномени и сака да си разговара и да си сподели свое размислување.
    Или ако има ваква тема сори споете ме, јас не најдов ништо.
     
    На piksooki, Sindell, *Снегулка* и 2 други им се допаѓа ова.
  2. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    18.516
    Пол:
    Женски
    Знам за серискиот убиец кој се удави во кофа со вода .
    Човекот беше од Кичево , јас имам фамилија таму . Чичко ми , како полицаец го познавал човекот . Раскажуваше дека бил повлечен тип , живеел со жена му ( подоцна се развеле мислам ) и мајка му . По разводот , се повлекол уште повеќе . Жртви му биле жени кои личеле на бившата негова сопруга . Приближна возраст , иста боја на коса , слична телесна тежина и градба на тело . Беше осуден на многу години затвор , и велат затоа се самоубил . Меѓутоа , како може човек да се самоубие во кофа со вода :^) ?
    Мистерија :^) .
     
    На piksooki и LanaSGirl им се допаѓа ова.
  3. Feminka22

    Feminka22 Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 декември 2014
    Пораки:
    5.402
    Допаѓања:
    18.469
    Пол:
    Женски
    Ваквите..или 9ти круг од пекол или смртна казна.
    Интересна е темава.Не можам да им го сфатам мозокот на таквите.Не знам што има убаво и задоволство во убивање луѓе.Да е во нужна одбрана, океј и ја би заклала некој при самоодбрана ама ич око нема да ми трепне.
    Мислам дека серискиве убијци треба поред лежењето во затвор да посетуваат и психијатар.
    Затоа имаме фактички казнено-ПОПРАВНИ домови.
    Џабе тој ако одлежи и 20-30-40 години, кога нему психата му е расклинкана.Кој ќе гарантира дека кога ќе искочи од затвор нема пак да убие?
    Лекот им е психијатар и постојана психијатриска грижа, не е за зезање таквата состојба.
    Знам во 2009 имаше во Скопје еден ,,Раскољников”, има ли сега некој нов ,,фраер”?
     
    На La.loca, CrazyGirl15, candy.cane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Snowflake97

    Snowflake97 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2018
    Пораки:
    838
    Допаѓања:
    2.776
    Пол:
    Женски
    Интересна е темава, и јас често сакам да разговарам за ова, и гледам филмови со сериски убијци и документарци.

    Главната причина и мотив за тоа не може да се утврди, поточно кај секој од нив е различна, кај дел од сериските убијци уште од рана возраст покажуваат чудно однесување, најчесто како деца се малтретирани и злоставувани, но има и некои кај што подоцна се појавува таа желба за одмазда, убивање и измачување доколку биле отфрлени, повредени на некој начин, не прифатени и сл.

    Интересен ми е случајот за серискиот убиец "Зодијак" коишто сеуште се води како отворен и убиецот сеуште не пронајден и фатен, а случајот е некаде околу 60тите и 70тите во Америка, имено тој сам испраќал писма до медиумите и полицијата и признал 37 убиства, а полицијата ни ден денеска не знае за кого станува збор, и не можат да ги дешифрираат неговите писма.

    Исто и случајот за Тед Банди коишто и ми е грозоморен, покрај тоа што ги силувал, измачувал и убивал жените, често и после тоа одел и ги посетувал жртвите и имал односи со нив додека телата не се распаднале, навистина ми е грозна самата помисла како може со мртви луѓе да имаш односи.

    Искрено за во Македонија не ни знаев дека постоело сериски убиец, сега тука дознав што прочитав.
     
    На La.loca и candy.cane им се допаѓа ова.
  5. PogbaPol

    PogbaPol Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2015
    Пораки:
    2.473
    Допаѓања:
    10.381
    Пол:
    Машки
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    1.839
    Пол:
    Машки
    Му имаат пресудено затворениците и стражарите.
     
    На Feminka22 и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  7. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    18.516
    Пол:
    Женски
    Поверојатно е затворениците да му пресудиле. Стражарите не верувам дека имале удел во тоа , но очигледно не се мешале за да го спасат .
    П. С. Со самото тоа, имаат удел.
     
    На Јаневски му/ѝ се допаѓа ова.
  8. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    9.364
    Допаѓања:
    48.378
    Џулија Тофана, признала дека е одговорна за смртта на над 600 мажи, вистинската бројка може да била и поголема.
    Продавала отров на жени кои сакале да се разведат, нешто што во 17 век не било возможно. Отровот, кој го носел името "Аква ди Тофана" бил без боја, мирис и вкус. Совршен отров, доволно било само 4 капки, неколку дена по ред. Плус бил направен од едноставни состојки кои жените ги користеле во козметиката, па никој не се ни сомневал дека наместо козметика - жените од кај нејзе купувале отров. :yawn:
     
    На piksooki, Nigredo Odor, angela.kostova и 12 други им се допаѓа ова.
  9. marchi-cool

    marchi-cool Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2017
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    11.272
    Пол:
    Женски
    ова е баш мистерија зашто во жртвите имаше и еден маж што не верувам дека убивал жени што личеле на неговата бивша згорс на тоа жртвите се постари жени. И тој е наместен како виновен,многу убаво се знае кои се сторителе но не знам зашто ги скриваат. А и се знае дека е убен во кофа вода. Навистина постоеле теории на заговор. Овој е една жртва од тоа
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Alisa22

    Alisa22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 октомври 2017
    Пораки:
    1.825
    Допаѓања:
    10.079
    Пол:
    Женски
    Многу ми се интересни вакви теми. Постојано гледам документарни за сериски убијци, 99% од сериските убијци или имале лошо детство биле злоставувани како мали , не можам да се сетам на некој сериски убиец кој му било се супер во животот и почнал да убива ,нешто ги натерало да го направат тоа.
    Која е главната причина за постанување сериски убиец?
    Секако причината и мотивот кај секого е различна некој убива за моќ за контрола некој убива поради љубомора постојат секакви причини .
    Сериски убијци кој највеќе ме имаат заинтересирани и највеќе сум истражувала за нив се Едмунд Кемпер и Тед Банди .
    Ќе пишам повторно во темава немам време моментално за повеќе но кога ја видов темава не можев да одолеам да не пишам.
     
    На Briar Rose, Snowflake97 и Animali им се допаѓа ова.
  11. Stark

    Stark Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    2.167
    Допаѓања:
    4.799
    Пол:
    Машки
    Побарај Андреј Чикатило од Русија. Имаше документарец на телевизија и колку што ме држи сеќавањето онака нормален тип, повлечен бил, дури имал и жена, мислам дека беше и наставник нешто ама бил импотентен.. и не памтам под кои околности и причини убил жена и тоа го задоволувало, доживувал оргазам.
     
    На angela.kostova, Alanna, Alisa22 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. WildMk

    WildMk Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2018
    Пораки:
    15.141
    Допаѓања:
    141.826
    Зависи кои... Некои се раѓаат такви, некои 'се калемат' низ годините. Некои.. и двете..
    Психопатите не се секогаш убијци... Односно, најчесто, не се.

    Во секоја нива, има и плевел.. фак ит.

    А да, како инфо: Според ФБИ, во секој даден момент, во САД има околу 50 активни сериски убијци.
    Интересно е, што кај нив има најмногу.

    Не се сите такви.
    Некои се со ниска интелигенција.
    Некои се во брак.
    Некои се со (релативно) успешна кариера.
    Некои никогаш не биле злоставувани или запоставувани како деца.
    Некои живееле во нормални семејства, со двајца родители.
    итн...
    Сите се различни.
     
    На sleepingbeauty му/ѝ се допаѓа ова.
  13. LanaSGirl

    LanaSGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    357
    Допаѓања:
    1.072
    Пол:
    Женски
    Обожавам вакви "приказни" со сериски убици! Гледам документарци истражувам и свашта нешто..Знам за многу од нив.
    Мислам дека се премногу интелигентни и паметни, знаат да одглумат боље од глумцине на ТВ. Праат болесни и добро испланирани работи, па секој си е посебен сам по себе. И не им требаат никакви психијатри нити било шо сл. точно знаат што да кажат и каде да кажат. Само не ми е јасно како може да се во умот "пореметени", а знаат да прават толку паметни чекори што дури и со години да ги брка полицијата и секакви детективи сепак не можат да се откријат исто така и некои од нивните жртви. П.С. Обожавам да откривам вакви мистерии. :rock:
     
    Последна измена: 3 март 2019
    На Snowflake97 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.241
    Допаѓања:
    13.502
    Пол:
    Женски
    Постојат повеќе теории од областа на криминалистиката кои го даваат претпоставениот одговор на тоа прашање. Карактеристично е што истите тие теории припаѓаат на различни аспекти, како биолошки, психолошки, социјални...самото тоа укажува дека мултидисциплински фактори имаат влијание врз тоа абнормално психичко растројство и ментална состојба.

    Генерално зборувано, за сериските убијци се претпоставува дека доживуваат задоволство и исполнетост од нивните дела, но за тоа имаат различни мотиви. Со други зборови, иако постои можност од преклопување на истите, мотивите на сериските убијци се поделени во четири главни категории:

    1. Визионерски
    2. Мисионерски
    3. Хедонистички
    4. Моќ или контрола

    Од сите овие наведени категории, би рекла дека хедонистичкиот мотив е најблиску исповетуван со психологијата, како што истиот прозлегува од потсвеста, односно несвесниот аспект на поединецот (манифестирано од одделните фрагменти его, супер-его и ид, според Фројд) и е поврзан со принципот на задоволството, кој се стреми кон задоволување на психолошките и биолошките задоволства.

    Бидејќи ја спомена околината и настаните во животот на серискиот убиец (кои оригинално според нивната природа претставуваат социјални мотиви) претпоставувам дека мотивот за моќ/контрола најмногу одговара бидејќи истиот претставува последица од трауматични настани. Поради тоа што серискиот убиец во неговот минато се почувствувал како потчинет, тој ги врши неговите дела со цел да стекне контрола врз неговите жртви.

    Сепак, овој мотив според мене е релативен бидејќи секој поединец на различен начин реагира и се справува со траумата од минатото, односно не секогаш малтретираниот поединец станува сериски убиец во иднина.

    Трауматичното минато може да стане директна или индиректна причина, само доколку настане т.н. "Fractured Identity Syndrome". Самиот термин "фрактура" во овој случај е дефиниран како кршење на личноста која е само воочлива за серискиот убиец, а не за надворешниот свет.

    Кога станува збор за генетиката, се сеќавам дека додека истражував материјали за еден труд, наидов на еден мошне интересен научен труд, кој го искористив и како референца. Во него се вели дека загриженоста за воспоставување на врска меѓу биолошките структури и криминалното однесување се движело кон генетиката.

    Поинаку кажано, хромозомските абнормалности најчесто откриени кај криминалците се во врска со сексуалните хромозоми. Една од првите аномалии со значење за криминалното однесување е појавата на дополнителен тип Х хромозом, што води до формулата 47 XXY, аномалија која била наречена Клинефелтеров Синдром.

    @irrelevant бидејќи претпоставувам дека си слушнала или барем си прочитала и за постарите криминалистички теории, сигурно си забележала дека во минатото имало мошне необични и неосновани теории за криминалното однесување кај одредени луѓе.

    Една од најрадикалните теории во криминалистиката воопшто, е теоријата на Ломброзо кој тврдел дека постои телесна конструкција на криминалците. Согласно неговата теорија, криминалците се распознаваат по физички претпознатливата конструкција.

    Прегледувајќи ги и мерејќи ги престапниците, Ломброзо забележал дека тие поседуваат физички стигмати (безоблични уши, бујна црна кадрава коса, ретка брада, коси очи, мал череп, големи челусни и јагодични коски, ниско чело) и психички сигмати (намалена чувствителност спрема болка, лекомисленост, суеверие).

    Ова го навело Ломброзо на идејата дека криминалецот претставува species generis humani. Сепак, оваа теорија емпирски не е потврдена и не се смета за валидна во научната заедница.
     
    На irrelevant, angela.kostova, Someonespecial и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Не убивал жртви што личеле на сопругата туку на мајката. А од сигурни извори тој е убиецот.
     
    На Stressed Out, marchi-cool и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  16. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    18.516
    Пол:
    Женски
    Можеби си во право. Јас знам само она што го раскажуваше чичко ми .
    Ако убивал жени што личеле на мајка му, тоа дава еден нов пресврт во приказната . Можно е да бил физички и психички злоставуван во некој период од животот од страна на мајка му, па станал таков .
     
    На marchi-cool му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Да, токму тоа и кажуваа. Профилот на починатите жени е скоро ист,возраст, физички изглед. Во ,,Мајки” филмот на Милчо Манчевски има дел за овој случај.
     
    На Stressed Out, marchi-cool и CrazyGirl15 им се допаѓа ова.
  18. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.660
    Допаѓања:
    18.516
    Пол:
    Женски
    " Мајки " го немам гледано. Не сум знаела дека се работело за постари жени . Како и да е, тие жени никогаш нема да се вратат , правдата е задоволена, но фамилиите на тие жени вечно ќе тагуваат по нивните блиски.
     
  19. Angel06

    Angel06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2016
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    Точно. Жално и за фамилијата на убиецот,не знаеле каков монструм имале дома. Гледај го ,,Мајки’’ ќе ти се допадне.
     
    На CrazyGirl15 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. QweenSM

    QweenSM Популарен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2013
    Пораки:
    2.072
    Допаѓања:
    12.867
    Пол:
    Женски
    Мојата омилена тема! :clap:
    Висам со часеви на ID програмата на тв. Мајка ми ме зарази. :D
    Скоро сите случки ги знам. Ретко можам да сретнам нешто ново за разоткривање. :D
    Случајот на Зодијак убиецот, сакам да најдам нови информации, но за жал тоа е многу тешко, затоа што се случило многу одамна, и тој е сега веројатно починат, и случајот неможе да биде решен.
    Го знаете случајот за Black Dahlia? Овој случај ме ваде од такт. Како може некој да биде толку суров за да исече девојче на парчиња, и да ја остави да се удави во нејзината крв? (wtf)
    Има буквално слики на местото на злосторството од неа, и не ви ги препорачувам да ги видете тие што не поднесувате такви работи, затоа што навистина се страшни.
    Ова се сомневам дека се работи за сериски убиец, но никогаш нема да дознаеме кој е пак.
    А за во Македонија, исто така од тука првпат слушнав дека постоело сериски убиец.
     
    На angela.kostova и LanaSGirl им се допаѓа ова.