Сестри (Даниела Стил)

Дискусија во 'Книги' започната од levely, 9 јули 2012.

  1. levely

    levely Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    914
    Допаѓања:
    902
    За книгава најпрво читав статија која навистина многу ми се допадна па така книгата ја ставив прва во мојата листа на книги.Кога ја видов книгата во книжарница бев :o 370 страни :o .Али сепак ја купив .
    На почеток не ми беше ништо посебно но со текот на настаните навистина заклучив дека вреди да се прочита.Стигната сум до половина и навистина сум воодушевена од писателката и начинот на кој го опишува тешкиот живот на четирите сестри. Во спојлер имате краток вовед :)

    Во оваа книга Даниела Стил нѝ пишува за љубовта помеѓу четири сестри кои се целосно посветени на своите кариери и се гледаат само неколку пати годишно во куќата на своите родители, но сепак тие се поврзани на еден посебен и убав начин.
    Кенди е најмалата сестра која е успешен топ модел и води премногу луксузен живот.
    Ени - е уметничка душа - сликарка која живее во Италија - во Фиренца каде што го изучува и се занимава со она што го сака.
    Тами е успешен продуцент на познати холивудски серии и живее во Лос Анџелес, таа е преокупирана со својата работа и целото свое време го посветува на својата кариера.
    Сабрина е најстарата сестра и таа е успешен и познат адвокат. Живее во Њујорк и има долга врска со прекрасниот Крис, но сепак се плаши од бракот.
    За време на еден празник сите сестри се собираат во куќата на своите родители и повторно се чувствуваат како деца и уживаат во друштвото кое си го прават една на друга. Но токму кога мислат дека се среќни во нивниот живот се случува една голема трагедија. Во сообраќајна несреќа умира нивната мајка, а Ени останува слепа. Ени е сликарка и не може да го прифати фактот дека никогаш повеќе нема да може да го прави она што го сака. Тогаш сестрите решаваат да изнајмат куќа и да живеат сите заедно за да можат да ѝ помогнат на Ени да го прифати новиот живот и да се прилагоди на него. Секоја од нив се жртвува заради својата сестра. Ова е една топла приказна за љубовта и искрено јас се изненадив од тоа колку ми се допадна. Па ако ве заинтересирав што ќе случува во животите на четирите сестри прочитајте го овој преубав роман
     
    На SnowWhite91 и BarbaraMorii им се допаѓа ова.
  2. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.139
    Допаѓања:
    2.426
    Прекрасна приказна, ме воодушеви. Една од омилените ми е од Даниела Стил. Овде доаѓа до израз дека и покрај се и после се, семејството е секогаш тука и во добро и во лошо, а пак сестрите се спремни да ги жртвуваат своите кариери и своите приватни животи со една цел, да и помогнат на својата сестра која го губи видот.

    При прва прилика прочитајте ја, многу е добра.
     
  3. macigv

    macigv Активен член

    Се зачлени на:
    1 март 2012
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    12
    многу добра книга само јас да бев ени ќе се убиев. ама секоја чест за нејзините сестри како се бореа да ја осамосталат. но сепак на крај таа најубава среќа имаше во љубовта и понатамошниот живот со тој во кој се заљуби
     
  4. MotherMonsterI

    MotherMonsterI Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2012
    Пораки:
    797
    Допаѓања:
    837
    Свака част за Даниела Стил како ги осмислила толку целосно и без мана карактерите на четирите девојки :) Толку интересна приказна која стварно не тера да се подзамислиме за вистинските вредности во животот. Само со упорност и верба се доаѓа до совршенството. Сите четири сестри завршија среќно и пак ќе речам истрајност и трпение.
     
  5. SnowWhite91

    SnowWhite91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 септември 2012
    Пораки:
    1.153
    Допаѓања:
    1.399
    Ја купив кога беше попустот на почетокот на годинава во Матица и оттогаш ја прочитав 3 пати :tmi:
    Но, што да правам кога навистина многу ми се допадна, иако сум повеќе по трилерите ;)