Серијата Сестри игра на Сител ...Многу интересна серија , која што се работи за две сестри кои што меѓусебно се мразат , серијава е исплеткана со многу тајни , па ги очекувам вашите коментари
Убава и интересна серија, пред неколку месеци ја изгледав со српски превод, има околу 20 епизоди, ама кај нас ќе ја развлечкаат. Сценариото е малку како за шпанска серија, ама најмногу заради Умај ја гледав серијата, ептен убава и моќна жена, и заради Хајат која страдаше низ цела серија премногу, ама барем ќе биде среќен крајот за неа.
Мајка ми ја гледа серијата, искрено иритантна ми е. Нешто ми раскажа мајка ми ама ретко глеам турски серии, ретко која ми се свиѓа и затоа ја одминав. Мајка и со години ја чувала за на крај за тетка и шо првпат ја гледа ради пари да и се понаша. Жива глупост. Од Фазилет ми е иритантна таа глумица и не ја можам.
Да и мене некако ме нервира таа Хајат(Еџе) не знам зашо, ама не ни глуми ни нешо убаво многу извештачена и лигава. А инаку само убави очи има ама не ми баш симпатична.
На таа што и се понаша всушност не и е вистинска мајка, туку тетка и е, ама Хајат не знае. Не го оправдувам нејзинот однос воопшто, ама девојката е полна со фрустрации поради малтретирањата и траумите од очувот, и се лути на мајка и дека не го оставила него и трпеле со години насилство од него....
Знам. Затоа и ме нервира. Тетка и ја чувала, а мајка и ја оставила, па по толку години мајка ќе и глуми. Ич нема почит девојчето. Не ми се свиѓа мене. Шо и да било тетка и (вистинската) ја чувала со години и плус уште мисли дека и е таа мајка. Иритантна ми е и таа црвената и оваа Хајат. Баш исти ликови си одговараат за мајка ќерка.
Хајат кога прв пат ја однесоа кај тетка и, она од тогаш почна да се занесува, не дека знаевме претходно каква била кога не ни знаеше за тетка и (а всушност таа и е мајка нели), но секако дека не била таква бидејќи тогаш нели биле сиромашни. И мене многу ме нервира девојкава, па и како се занесува, како се понаша И кога дојде мајка и Умран да ја земе, таа само викаше ќе бидам како тетка ми, ќе бидам како тетка ми.. Досадна е серијава
Мене баш ми се допаѓа Хајат на изгледот ептен ми е убава, а карактерот во серијата катастрофа, исто и Волкан најмногу ми се допаѓа. Умај ми е една од најубавите актерки, преубава предобар стил
Афра(Хајат)добро глуми,ама уште не е нај-нај.Некој од нејзината фамилија е во тамошната филмска индустрија,па ја гура. Нур е одлична глумица. Серијата е топ за тепање време.
Хајат колку и да е одвратна можам да ја разберам бидејќи има премногу работи претрпено и со оглед на тоа дека не ја знае вистината со право и се лути на мајка ѝ. Да ја знае вистината ќе биде поинаку, ама таа во мајка и моментално гледа жена која е покорена и со години направила да живее во страв и понижување. Да ја знае вистината би било поинаку. Освен тоа тетка и ѝ го испра мозокот против мајка ѝ. Всушност таа е жртва во случајов. Единствено нешто што ме иритира е што е заслепена од пари и повеќе ја цени тетката која првпат ја гледа и на која угледот и беше поважен од неа. За Умран многу ми е жал, не заслужува ништо од тоа да и се случува. Само не сфаќам зошто по толку години таа не се развела од маж ѝ кој ги малтретирал и двете?
Не се развела бидејќи нејзиниот маж знае за целата вистина помеѓу сестрите... дека Умран не и е вистинска мајка на Хајат, па поради страв дане ја дознае вистината Хајат таа трпи цел живот насилство.
Таа Хајат што се треска толку? Тетка ѝ па тетка ѝ. Глупости. Каква и да е мајка ти оваа жена ја гледаш прв пат во животот и одма неа ја сакаш појќе од мајка ти. Ме нервира серијата искрено
Па подобро да дознае, отколку се од тоа да трпи, сепак направиле така за серијата да биде интересна. Искрено глупава причина, Умран да и ја кажела вистината ќе било подобро и за двете, а сега двете страдаат премногу. Умај ја користи против сестра и. Мајка и всушност е жена која прави се за неа(Макар што ме нервира што не ѝ ја кажала вистината, ама ете како ќе се одвива дејството во серијата инаку). Тетка ѝ ја шуткаше цело време од самиот почеток, иако се виде дека и таа има душа кога ја засака. Мислам дека Хајат во тетка си гледа идол каква би сакала таа да биде-модерна, силна, богата, но не ја знае вистината за неа, па затоа така се однесува.
И јас исто мислам дека докторот и е татко, со оглед на тоа што направил болница со нејзино име. Но нели Умај и е мајка и сега докторот да и е татко некако не ми се поклопува, пошто тие во серијата ни еднаш не зборувале за тоа. Некако се е измешано..
Па јас мислам докторот и е татко. Нели двете сестри се скарале заради него,Умај и го зела саканиот на Умран и направиле дете, затоа толку време не збореле и се мразат двете.Поради Умај се разделиле со Умран. Потоа не знам шо се случило,го шутнала докторов и оваа си нашла богат маж и стекнала богатство, слава и имиџ. Докторот ја сака Умран сеуште, а не знае дека ќерка му е Хајат.Нели само шо дозна дека е демек ќерка на Умран. Сега историјата се повторува, двете (полу)сестри Хајат и Хајал војна ќе водат меѓу себе, за тој дечкото Волкан, и двете го сакаат. Ја мислам дека е вака,не знам можеби грешам, нека ме поправи некој немам гледано.