1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сечи докторе (Nip Tuck)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Vitorija, 10 октомври 2011.

  1. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    913
    Допаѓања:
    606
    http://www.youtube.com/watch?v=MiIysI3rG7Q

    Nip/Tuck е американска серија креирана од Рајан Марфи.

    Серијата го прати животот на двајца пластични хирурзи од Флорида - Шон Мекнамара и Кристијан Трој, тие се најдобри другари уште од студентските денови и заедно ја основале клиниката за пластична хирургија која со напорна работа ја издигнале како една од најпрестижните во Мајами. Како едни од поглавните ликови исто така се појавуваат сопругата Џулија и синот Мет на Шон, Кимбер Хенри љубовницата на Кристијан, и анестезиологот Лиз Круз.

    Со самиот почеток серијата во 2003 година привлекла огромно внимание со своите табу теми и несекојдневни заплети, а досега се снимени шест сезони.

    Мислам дека нема ваква тема :wasntme: Ја гледа ли некој серијава? Во секоја епизода се прикажани козметички промени на еден или повеќе пациенти, како и проблемите во приватниот и професионалниот живот на главните протагонисти. Создавачот на шоуто Рајан Марфи вели дека 90% медицинските случаи кои се прикажани во шоуто се базирани на факти. Контроверзни и провокативни теми заедно со еден поинаков поглед кон пластичната хирургија.

    Жанр: медицинска драма,
    психолошки хорор.
     

    Прикачени фајлови:

    • a Niptucklogo.png
      a Niptucklogo.png
      Големина на фајлот:
      19,4 KB
      Прегледи:
      263
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.514
    Пол:
    Женски
    Ја фаќам на А2 чат-пат, ама главно ја гледам поради човеков.
    [​IMG]
    [​IMG]
    Инаку интересна е, интересни дешавки има. Не знаев дека толку многу сезони биле снимени. :wasntme:
     
    На vesna23 и JuLleE им се допаѓа ова.
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Уф,серијава ја гледав редовно, ама ја снема А1,а на другиве телевизии не ја даваат,а на интернет да седам и да гледам,не ме држи место,а сигурно и без превод се.

    Баш интересна серија ми беше,добро беше да се види гледиштето на еден "лош" и еден добар хирург. :D
     
    На Vitorija му/ѝ се допаѓа ова.
  4. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    Сакав да ја гледам за Кол ама одвратно беше тоа со мајката и синот плус тоа и многу касно ја даваа.
     
  5. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Таа ми е 1виот серијал кој си го симнав и го гледав !!!
    Мене ми е супер...дури и брат ми ја изгледа иако несака да се занимава со СЕРИЈАЛИ :rofl:
     
  6. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.005
    Како може бе овој Кристијан да биде волку јак? :D