Не наидов на ваква тема, ако е дупла тогаш во канта. Ја меркам оваа дестинација за летово, па би сакала доколку има некој да бил, да сподели искуство..
Кога ми требаше не добив никаков одговор, јас бев конечно и еве ќе споделам искуство можеби на некоја од вас ќе користи. Државата е архипелаг од 115 острови, ние бевме сместени на главниот остров Махе.Одевме со Turkish Airlines, прво до Истанбул, па уште 7 и нешто саати до Махе. Смештајот беше во хотел со 4 ѕвезди, веднаш на плажа, плажата средена, лежалките беа од хотелот не се наплаќаа, заборавив како се викаше ако на некоја и затреба ќе го побарам, чист, храна за доручек беше супер. Бевме со Jungle travel. Имавме водич , дечко што живее таму, екскурзиите беа убаво организирани, секој ден има да идеш некаде, воглавно сите екскурзии се вклучени во цената,се посетуваат различни плажи, главниот град Викторија , посетивме уште два острови Праслин и Ла Диг, за нив се доплаќаа екскурзиите. Цените во ресторани и кафичи не се баш евтини, видов дека имаше и брза храна , таму не знам како како се движи цена, ама сигурно поевтино е за разлика од ресортите и рестораните. Ние бевме со ПЦР тест, задолжителен беше доколку немаш вакцина, последниве неколку месеци може да смениле нешто, не знам.
Не, не треба виза за македонски државјани, мислам дека 24 часа пред влез во земјата се пополнуваат формулари преку нет за да ти одобрат влез, во принцип беа прашања што ќе внесуваш во земјата, сума на пари отприлика која ќе ја носиш така нешто, околу 10-20е по човек беше не сум сигурна, маж ми ги пополнуваше.
Имам доста слики , (да не кажам се и сешто сликав )во компјутер префрлени, ќе гледам да издвојам некои и ќе ги постирам деновиве. Најдов нешто и во телефон , само преголеми се слики, скратив нешто што можев.
Таму е преубаво, се надевам ќе ти се исполни желбата. Ние бевме 8 ноќи, ама ако идам следно, сигурно уште две ноќевања би земале плус , некако малку ни беше
Ние плативме 1650е од човек , не ме држи за збор за 100 евра плус минус ама горе долу толку беше, лет,трансфер, ноќевање со доручек, и 7 или 8 екскурзии вклучени во цената.
Ако не е проблем, можеш да споделиш колку пари дополнително се трошат за храна и излетот до островот Ла Диг, а исто така што имаат фаст фуд и каква храна има по рестораните Знам дека е индивидуално за трошење, ама ете ориентација да имам зашто има понуди за 1600 е, да знам колку пари плус се трошат.
На нешто што се сеќавам за цена беше: кафе околу 10 евра,15 евра сок во ресторан, околу 5 евра вода, во ресторан порции идат од 35е па нагоре, пица, сендвичи, порција месо горе долу тоа земавме, и десерти околу 15 е се. Брза храна од 10 е па нагоре, за квалитет и избор на брза храна немам искуство.Овие екскурзии со доплата за Праслин и Ла Диг беше 180 е по човек, и има уште две екскурзии кои се доплаќаат.
Што е вклучено во тие 7-8 екскурзии? Сакам да одиме, но не знам дали преку агенција или сопствен аранжман зошто некои екскурзии не ме интересираат, да знам како ми се исплаќа повеќе.
Посети вклучени во цената на аранжманот: 1. Посета на главниот град Махе (Mahe) - Victoria City Tour 2. Takamaka дестилеријата на рум 3. Видиковецот Eden 4. Националниот парк Morne 5. Плажата Port Launay 6. Port Glaud Lagoon 7. Плажата Petite Anse 8. Плажата Anse Royale 9. Плажата Anse Soleil 10. Плажата Anse Intendance Ова го копирав од маилот што ми го имаа пратено, во текот на еден ден се иде на 2 или 3 екскурзии од овие, зависи. Мое мислење за ваква далечна дестинација е најдобро агенциски,имаш таму човек за било што ама тоа е само мое мислење. Во сопствена режија не знам дали е поевтино, треба добро да истражиш.
Сопствен аранжман со лет, хотел, да прошеташ некаде итн многу поскапо испаѓа. Плус веќе ако си толку далеку отиден грев е да не прошеташ секаде и се да видиш. Со агенција ем водич имаш ако ти затреба нешто, ем ако навистина не сакаш никаде да одиш на тие екскурзии, не мораш да се пријавиш. од мое искуство со агенции поисплатливо излага за вакви дестинации.
Уплативме и ние за оваа тура, едвај чекаме едно прашање ако не е тајна , за двајца колку пари да си носиме минимум за трошење ?
Јас касно гледам, не бев тука овој период, индивидуално е секако, мислам околу 1500 евра со доплата за екскурзии негде потрошивме. Чекам да пишеш впечатоци
Не, немаше во нашата група. И во групата од Србија беа само возрасни Според мене би било само малку потешко да се вклопат екскурзиите, инаку не е невозможно, и ако можат да издржат подолг лет.