1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се затвора книжарницата „Табернакул“

Дискусија во 'Литература и уметност' започната од Lilit, 27 октомври 2016.

  1. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    На rose60, Dust, Lella и 15 други им се допаѓа ова.
  2. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.578
    Eднаш на форумов пишав, се додека 300 денари за гаќи се малку, а за книги многу, ќе имаме неписмена младина. После стана твит на некој, па дури и статсус на лажен профил на Џамбазов. Тоа беше моментот кога знаев дека кога таа младина ќе почне да заработува, парите ќе одат на гаќи, а не не книги, и дека ќе затворат книжарниците. Оваа не е прва, нема да биде ни последна која се затвора. За жал, ова е баш онаа која имаше најдобри преводи и лектури, за разлика од Матица, или не дај Боже Ѓурѓа.

    Од Табернакул ги купив сите дела на Достоевски, онакви мали, ситни компактни и кафени, и едноставни за носење во ташна. Пропатуваа тие книги со мене низ земјите каде одев, ги обожавав.
     
    На irenadaniel, Lolipop23, rose60 и 21 други им се допаѓа ова.
  3. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.389
    Допаѓања:
    87.636
    Јaс сум oд клубoт нa читaтели нa Мaтицa, пa сo рaбoтaтa нa Тaбернaкул не сум зaпoзнaенa...и мoжеби ќе згрешaм вo oнa штo ќе гo пишaм.
    Кoлку штo се сеќaвaм Тaбернaкул ги прoдaвaше учебниците и сите прoпрaтни книги зa учениците. Некoлку гoдини нaнaзaд тoa им е oдземенo, сo бесплaтните учебници и зaбрaнaтa зa зaсoлжителнo кoристење нa рaбoтни тетрaтки.
    Другa рaбoтa, слaб мaркетинг.
    Мaтицa вo тoј пoглед се шaмпиoни.
     
    На rose60, Gosh, Mr. Right и 13 други им се допаѓа ова.
  4. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.100
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Матица се можда шампиони за маркетинг, ама ко издавачка куќа се с***е. Колку пати имам пишано не знам, и сама сум свесна дека сум досадна со тој муабет, ама револтот не можам да го опишам со зборови. Од нив почна пропаста. Тие почнаа драфт верзии да објавуваат, па по нив сите други. И Култура, оф леле мајко. Ѓурѓа ич да не ги спомнувам.Kако им е дозволено на копуциве да земаат култни дела, да ги кратат и касапат, па да ги објавуваат со грешки во секоја можна реченица?

    @Cka, Табернакул ќе си продолжат со издаваштво, ќе можеме нивните изданија да ги купуваме уште. Само книжарницата ќе ја нема. Ама и тоа е трагедија.
     
    Последна измена: 27 октомври 2016
    На Novecento, irenadaniel, Lolipop23 и 26 други им се допаѓа ова.
  5. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.150
    Допаѓања:
    16.150
    Матица, Топер и Сакам книги дефинитивно ми се најдобри издавачи на книги. Се имам излажано да земам книги од Култура, Ѓурѓа ама немаат квалитет, не ми се допаѓаат. Подобро ќе платам поскапа книга ама барем е вредна да ја имам и со задоволство да ја читам.
     
    На rose60, Victorian, Petar80 и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.251
    Допаѓања:
    124.578
    Не знам колку има врска ова со учебниците, разликата е што сега не го плаќаат родителите туку министерството, а и Табернакул и други печатници печатат за нив.
    Книжарата е директно за обичниот народ да си купи, а обичниот народ веќе не купува книги. Порано кога децата си одеа по родендени поколонот беше книга или тетратка... па на книгата ќе ти пише нешто и цел живот си ја чуваш и се сеќаваш. „Среќен роденден од Саше од втора клупа“. Сега децата по родендени одат со мама и тато и носат се освен книги.

    Уствари не знам оти се чудам. Градот во кој живеев веќе 15 години нема ни една книжара. Ама затоа кладилници ехееее...

    А Матица неколку пати пробав да ги читам. Не можам да преминам преку лоши преводи. А Топер па... грев е таква книга да дадеш на дете да чита...
    Топер превод - both dressed up were sitting ... Превод, двајцата облечени во фустани си седеа. Браво.
     
    На Novecento, Outlook, rose60 и 40 други им се допаѓа ова.
  7. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Ерата на компјутерите ни дозволува да читаме електронски книги.
    Може еден од излезите за Табернакул е и правење книги во електронска форма.
     
    На rose60, Victorian, meckicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. buba4e89

    buba4e89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2012
    Пораки:
    27.169
    Допаѓања:
    177.063
    Пол:
    Женски
    Што се не се затвори веќе..
    Што се не се забрани..
    И што остана?
    Останаа само пензионерите и ние младите по некои позацутани така.
    И избори секоја година, многу ќе се едуцираме од политиката.
    Немам зборови, сопствената држава не брка самата.
    Последниот што ќе си оди нека го изгаси светлото.
     
    На SURF, NOVAVON, Mr. Right и 4 други им се допаѓа ова.
  9. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Без разлика дали е од матица ѓурѓа или било која издавачка куќа жално е луѓе жално да се затвори книжарница без разлика на се е вие се карате која била подобра боже мили нека ни е на помош нас македонците кога наместо да читаме се коцкаме .

    Браво навистина само во македонија на денешен ден се затвораат книжарници додека во светот книжарниците изгледаат како музеи кои се полни со читатели.!
     
    На SURF, rose60, RedWine и 9 други им се допаѓа ова.
  10. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    2.605
    Допаѓања:
    34.253
    Што се криви кладилници, турски серии и други бакрачи за затварање на книжарница?

    Јас читам во просек 5 книги месечно, во денари тоа би било минимум 1,000 денари, ама ако ценам по тоа која литература ја читам, би ме коштало минимум 2,500 денари месечно.
    Тоа ти е петтина од просечната македонска плата. Да не правиме муабет за тоа дека најголем дел од населението ни е на истата оваа плата, и плус тоа и нема време дома да се сврти, па камо ли книга да прочита.
    А за тоа младината дека не чита, не се виновни ни родителите, туку образовниот систем кој не им дава нови и современи опции за читање преку лектирите, за да ги заинтригира.
    Па и јас, страствен читател, дали имам прочитано бар 10 лектири, од кои пола ми се допаднале на тие години.
    Дома имам билблиотека со тврди повези од кожа со скоро сите наслови од големите писатели на српско-хрватски, преку 500 книги, ама тоа баба ми со платата го купувала.
    Имам купено само 5 книги, од кои најскапата била 500 денари. Се друго од интернет симнувам нелегално, оти не можам да си дозволам.

    Времињата се менуваат, не било исто ни во мое, ни во твое, ни во на баба ми времето. Преживуваат оние што се адаптираат.
    Нека земат Табернакул нека се свртат кон електронското издаваштво, ем поевтино за нив, ем подостапно за читателите, ем поекологично.
     
    Последна измена: 28 октомври 2016
    На SURF, irenadaniel, Adi888 и 17 други им се допаѓа ова.
  11. EminemsGirl

    EminemsGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2016
    Пораки:
    315
    Допаѓања:
    1.163
    Пол:
    Женски
    Точно е и тоа што кажуваш ама има многу што за книга немаат е за во кафич 50 денари за кафе се најдени (нормално млади се ама а секој ден на е нормално) и после немале време да се свртат дома .
     
  12. Felony

    Felony Активен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2016
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    47
    Тропањето дека народот немал пари за да купи книга се само изговор за оправдување на својата игнорантност. Сите знаеме кои приоритети си ги има поставено (малку вулгарно ќе се изразам) „просечниот македонец“.
    А за Табернакул ќе кажам дека беше и се` уште е книжарата на мојата рана и средна адолесценција. Од неа се запознав со историографските книги, созревав со Кундера, Барико, Еко, Шницлер, Чарлс Веб плус уште некоја инцидентно купена... И во подоцнежниве времиња острев заби за да ги докомплетирам гореспоменативе писатели... Знаев секогаш кога ќе поминам по Рекорд да застанам да пробуричкам низ излогот да видам некое староново публицирано дело, влегував внатре да продискутирам со човекот-со-наочарчиња да се позезаме малку, да излезам и да продолжам со својот исполнет ден.
     
    На Captain-Omni, Ana Chio, Lella и 4 други им се допаѓа ова.
  13. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Па јас мислам дека книгите повторно се вратија во мода и дека многу луѓе читаат. Кога имам време читам книги и бидејки колку и да имам пари 2000 денари ми се многу да дадам за книги, се зачленив во библиотека. Плус проблем ми беше каде да ги сместам сите купени книги до сега. Сега купувам дали 4 5 книги годишно.

    За Табернакул, мислам дека слаба реклама имаа. Ете јас колку многу книги имам купено а ниедна од нив не е на табернакул. Имам купувано од нив само стручна литература и во тоа беа најдобри. (баш сега ми треба една книга од таму како ке ја најдам не знам )
     
    На Victorian му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Читател

    Читател Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2015
    Пораки:
    738
    Допаѓања:
    5.806
    Пол:
    Машки
    Последната книга купена од табернакул беше за роденденски поклон на мојот другар :D
     
  15. Prijatelot

    Prijatelot Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2015
    Пораки:
    2.321
    Допаѓања:
    2.777
    Пол:
    Машки
    Наздравје.
     
  16. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
    Табернакул ја памтам уште од кога се отвори и некако, од сите други, баш највише ми имаше атмосфера на книжарница - со амбиентот, со мирисот на стари книги, итн. И највише ја сакав, пошто таму можеа да се најдат и постари изданија на српски/хрватски преводи.

    Книги у задње време многу ретко купувам, пред се затоа што по дома веќе немам ни место, ама и затоа што книгите што сакам да ги читам не се ни преведуваат на македонски, па ги читам оригиналите на компјутер или на киндл.

    Проблемот кај нас не е ни толку во лошите преводи, туку во неквалитетните ствари кои се преведуваат - или е чик-лит, или е некојси „бестселер“ или нешто трето, ама у секој случај, со интелектуална стимулација еднаква на турска серија. Ваквите „дела“ кои се преведуваат кај нас служат само за некој да се удри у гради и рече „Јас читам книги!“ или за слика на инстаграм со чајче од страна - за друго и не ги бива. Додека автори како Гришам и слични на него, у светот се продаваат на аеродроми, за луѓе да утепаат време додека патуваат или чекаат лет, кај нас се претставени како врвни интелектуални достигнувања. (facepalm)

    Муабетот ми е - не е толку проблемот во квалитетот на преводот, туку во квалитетот на она што се преведува и продава кај нас.

    У секој случај, се надевам дека Табернакул ќе продолжи со издавачката дејност, затоа што, да не беа они, немаше ни да може да ги прочитаме на македонски авторите како Саган, Хокинг, Еко, Кундера, Киш, Селимовиќ, Пекиќ и многу други. Навистина жално.
     
    Последна измена: 29 октомври 2016
    На Novecento, SURF, Rebecca_R и 21 други им се допаѓа ова.
  17. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    Книга си е книга, да ја држиш во рака,да помирисаш како мириса тоа книжната миризба. Ама да ова е ко вицот еј у кафич видов еден ненормален чита книга и нема мобилен у рака како сите нас останативе да чита.
    Табернакул кои убави спомени од средношколскиот период ми буди. Застанувам на Рекорд и влегувам во позатемнета книжара-антикварница на стари книги оддел имаше,нови итн. Тоа човечето со наочарчиња или чита нешто или внесува база на податоци на книги на пц,го прашуваш ти објаснува-насочува. Можев животот да си го изживеам таму со книга во рака. Штета што ќе го нема.
     
    Последна измена: 29 октомври 2016
    На Captain-Omni, Mishela, Ketchup и 5 други им се допаѓа ова.
  18. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки

    Искрено одамна немам читано од книга во рака.И тие дома шо ги имам ги спакував у кутија да не се барем оштетат од прашината.
    Веќе со години ги читам електронски.Сите ги нема на македонски ама комшииве се имаат потрудено да ги имаат онлајн.
    Сепак сметам дека треба да се потрудиме барем оние побитни изданија да ги има на македонски и во електронска форма.
     
  19. NOVAVON

    NOVAVON Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2016
    Пораки:
    313
    Допаѓања:
    440
    Пол:
    Женски
    Не е исто е-книгата,иако како форма на пренесување содржина тоа е тоа. Но според мене го пропушташ најинтимното а воедно и најтаинствено дружење со книгата. Читаш,размислуваш,разменуваш мисли со буквите,зборовите на авторот преку неа,а никој не ти ги дознава(освен ако не напишеш коментар до исчитаното).:)
    Сакам да читам,сакам да одам во книжари,порано киснев во библиотека,но извесно време си купувам книги и си правам моја лична колекција. Нај книжара ми е ТРИ сега за сега.
     
    На LanaSGirl и Aleksandar1212 им се допаѓа ова.
  20. LanaSGirl

    LanaSGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2016
    Пораки:
    372
    Допаѓања:
    1.116
    Пол:
    Женски
    Јас не знам што уште остана салам во оваа држава.
    Се затворија сега е ред на книжарниците??
    За гревота станавме, смешни сме веќе колку можеме далеку да стигнеме со ГЛУПОСТИ, наместо со памет!
    Ми иде да си заминам од тука и името да не го споменам на државава. Понекогаш се страмам што сум родена тука, токму заради вакви работи!