1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се заљубив во продавачка

Дискусија во 'Канта' започната од nelisumsrce, 28 ноември 2016.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. nelisumsrce

    nelisumsrce Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    9
    Епа вака. Машко сум 19 години. Пред 2,3 дена отидов да пазарам во тинексот во кисела вода, и имаше две женски кои правеа промоција на овие новите грицки киписи микс. Приметив дека едната од нив постојано ме гледаше и се смешкаше, па потоа и изгледа и кажа на другарка и па и двете почнаа да се вртат да ме погледнуваат од време на време. Секој ден после тоа одев да купам по нешто и секој ден истото се случуваше. Девојката почна да ми се допаѓа, но незнаев како да се запознаам со неа, глупо ми беше да и пријдам. Вчера додека она се симна до доле, јас на масата за промоција и оставив писмо во кое што и кажав дека сум приметил дека ме погледнува и дека има нешто тука. И кажав дека е слатка, и дека ако има време за денес окулу еден и пол да се запознаме. Немав време да чекам да се врати да го види писмото па си отидов. Денеска по прв пат после неколку дена кога отидов сабајлево по леб видов дека масата за промоција е трганата. Највероватно завршила промоцијата. Навистина сум разочаран, зошто девојката навистина беше симпатична. Тажен сум дека нема да ја видам повеќе. Ако некои ја познава ве молам нека ми даде фејсбук од неа.
     
    На veren му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Summerlover

    Summerlover Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 август 2010
    Пораки:
    5.531
    Допаѓања:
    34.908
    Не мислам дека си се заљубил, бидејќи целата приказна траела 2-3 дена, туку само машко како на машко, ептен ти годело вниманието прво двете, а после едната поинтензивно вака да те подгрева со погледи. Прилично глупо од твоја страна, да оставиш писмо така, наместо да си собрал храброст и да му пријдеш на девојчето, бидејќи си ја имал совршената шанса: Промоција било, си можел да истапиш со заинтересираност за производот и од таму да тргне муабетот, ама не, морало по покомплцираниот пат :D Мене така некој да ми оставил писмо, би си помислила дека е шега некоја. Енивејс, ете се надевам дека може девојките ќе ти помогнат, а може па и самата девојка, ако е зачленета на форумот, ќе се пронајде, so good luck :)
    :d::drunk:
     
    На eloves и Bender Rodriguez им се допаѓа ова.
  3. ♡BuBaLe♡

    ♡BuBaLe♡ Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 мај 2015
    Пораки:
    5.169
    Допаѓања:
    105.778
    Пол:
    Женски
    Оооххх таа љубов ...
     
    На elimkd и ЕденЧлен им се допаѓа ова.
  4. veren

    veren Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2015
    Пораки:
    548
    Допаѓања:
    1.271
    Писмото не успеало викаш ?

    пробај со телеграма 100% ке успееш кратко и јасно

    :sun:
     
    На КикиМаус, Someonespecial, Rose96 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Ама ним работа им е да се смешкаат на луѓето и да ги привлекуваат за да се распрашаат за производите. Од каде таа идеја дека те гледала зашто и’ се допаѓаш? Па и’ оставил писмо - приметив дека ме гледаш. :D Знаеш колку си ја засрамил со тоа? Демек, видов дека ме гледаш, па еве да ти дадам шанса да не се мачиш. :D

    И што е со насловов - се заљубив во продавачка? Девојка е таа, личност. Не ја нарекуваш продавачка, океј?

    Значи вака: светот не се врти околу тебе. Ако ти се допаѓа некоја девојка, не си замислуваш дека ти прв си и’ се допаднал нејзе. Приоѓаш, се запознаваш и ја покануваш на кафе. Ако прифати, супер. Ако не прифати, престануваш да си замислуваш дека одбила од што ептен многу и’ се допаѓаш. Толку е едноставно.

    Едит: ох, сега ги видов и другите мислења. Трол. Ај чао.
    Уште ова: кое е задоволството во тролање? Ако можеш да ми објасниш на кој начин те исполнува оваа активност, многу ќе ти бидам благодарна.
     
    На Cinderfakinrella, eloves, Winter Lady и 4 други им се допаѓа ова.
  6. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333
    Нели си женско и си бацил женска во уста ?!
     
    На honest girl и ♡BuBaLe♡ им се допаѓа ова.
  7. nelisumsrce

    nelisumsrce Активен член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    74
    Допаѓања:
    9
    Sto??
     
  8. referentka

    referentka Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    13 ноември 2012
    Пораки:
    14.699
    Допаѓања:
    322.333

    Ова си го пишал....
     
    На honest girl, Bender Rodriguez, ЕденЧлен и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.562
    Пол:
    Женски
    Пааа...си се заљубил во промотерка..не продавачка:^)
    Среќа што не те рецнала на крај..
    Со такви категоризации како твоиве ни на крај памет не би сакала да правам муабет, а не нешто повеќе хаха
     
    На Someonespecial и veren им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.