Се оддалечува од мене...

Дискусија во 'Канта' започната од Irena-2, 28 април 2011.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Irena-2

    Irena-2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Во врска сум со муслиман 2 години...На почетокот се беше ОК...јас воопшто не обрнував внимание на него премногу, повеќе од времето го поминував со другарките. Меѓутоа откако поминаа 6 месеци од нашата врска ние почнавме се почесто да се гледаме. Како и јас така и он се изолиравме од сите останати и излегуваме сами. (Само да знаете дека јас сеуште кријам од моите дека идам со него). Многу пати сме се карале и сме се смирувале, но тоа биле вообичаени караници низ кои поминвале сите парови. Еднас бевме разделени т.е. на пауза една недела. Многу го сакам и неможам без него, но осеќам дека он не го чувствува истото кон мене, мислам дека нејќе да остане со мене. Он одбива вика дека ме сака и сака да биде со мене но неговите не му дозволуваат. Пречката е се разбира верата. Но са преминам на главното. Во последно време по зачестеното гледање он се оддалечи од мене. Повеќе од слободното време го поминува со другарите,, како да нема време за мене, многу ретко се гледаме 1 до 2 пати неделно. Незнам што е работата. Разговарав со него, но тој ми каза дека си умислувами дека само си ги преувиличувам работите, дека такво нешто нема и дека неможе секој ден да се гледа со мене. Многу ме нервира што ги слуша другарите. Зарди нив ние нема да бидеме заедно . Демек ќе оделе машко друштво. Јас се разбира не верувам и многу се противев на тоа му кажав дека јас ќе одам со него без разлика што ке бидат само машки. Он тоа не го прифаќа вика дека нема што да барам јас со нив. Незнам што да правам, а и како што кажав многу чудно се однесува во последно време, се чувствувам запоставена...ве молам за совет.
    Нема да бидеме заедно за 1 мај...СУМ ИСПУШТИЛА
     
  2. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    Молам за помош

    Како прво, мислам дека со самото тоа што сте различна вера помеѓу вас веќе остојат непремостливи разлики. Можеби кога се сака се се може, но размисли убаво дали тој навистина заслужува ваква жртва од твоја страна. Знаат ли твоите родители? Верувај дека порано или подоцна сите ваши спротивности ќе излезат на површина и ако сеуште не почнале ќе почнат да ти сметаат. Можеби е подобро да се тргнеш додека е со време. Верувам дека го сакаш и дека неможеш без него, но еден ден занесеноста ќе помине и појасно ќе ги гледаш работите. Треба да знаеш дека за да бидеш со него треба потполно да го смениш начинот на живот кој си го живеела 21 година, спремна ли си на тоа?
    А тоа што тој го прави е знак на нешто друго. Неоспорно е дека на машките им се битни другарите и дека неможат без нив, но ... мислам дека не станува збор дали те сака или не, сигурно чувствува нешто кога е толку време со тебе и сигурно само другари ќе бидат за 1 мај. Јас мислам дека тој всушност станува свесен за околностите во кои се наоѓате, имено како што не дозволуваат неговите, така нема ни твоите да ја одобруваат вашата врска. Зарем ќе се криете цел живот?
     
  3. cindy

    cindy Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    307
    Допаѓања:
    161
    Молам за помош


    душичке јас мислам дека треба да ставиш крај на оваа врска . 1-затоа што кога машко ќе ти рече нема врска ти така си замислуваш значи ич и не е заинтересиран, би требало да те праша зошто?да ти објасни на пр. дека има некој проблем и дека ненамерно го направил тоа и што е уште поважно да се обиде да го исправи тоа т.е да биде почесто со тебе :) а и 2- јас не сум против вакви врски ама кај нас тешко се одржуваат како што кажа ти поради родителите . претпоставувам од истата причина не му имаш кажано на твоите за него. а и не знам за неговите родители но претежно родителите на муслиманите се строги кога станува збор за вакво нешто а да не спомнувам за дедо,баба :(
    те гушкам :*
     
  4. Irena-2

    Irena-2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 април 2011
    Пораки:
    22
    Допаѓања:
    6
    Молам за помош

    Мене веќе почнуваат да ми сметаат нашите спротивности...Сум размислувала повеќе пати да ставам крај...но никако да се одлучам, многу суп приврзана за него. Знам дека секоја навика има и одвика но немам доволно храброст, започнувам некогаш и самата кавги за да биде тој што ќе ја прекине врската а тој никако да го направи тој чекор. Сигурна сум 100% дека ме сака и знам ако живеевме во друга држава дека ке бевме заедно :) Но тука некако потешко е тоа... Мајка му ме знае, имам одено кај него дома, зборувам со неа, но сепак против нашата врска е...Незнам како да ставам крај, неможам да се помирам со фактот дека ќе го изгубам...уффф се прашувам зошто воопшто започнав врска со него. :'(
     
  5. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    372
    Молам за помош

    Болен е првиот чекор но сепак направи го, може уште повеќе да боли подоцна. Да, да беа поинакви околностите можеби ќе останевте заедно, но не се. Не се труди залудно, доволно си направила. Против некои работи неможе да одиме. Ќе помине време и еден ден ќе престане да боли ...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.