Бидејќи и лично добивам многу пораки околу ова и нема слична, ја отварам темава, општа, за прашања околу астрологијата, каде ќе можат да се поставуваат, конкретни прашања(не од типот читање околу целосна натална карта и слично), како и за оние што сакаат повеќе да научат околу астрологијата.
Да, за посериозни и емотивни односи/ врски/бракови: *Месечина е најважна, потоа Сонцето *Подзнакот/оската AC/DC /Како и оската IC/MC *Чворовите/Јазлите * Сатурн За авантури и "хемија" , Венера и Марс. А ако сте за пожесток коктел, може и се горенаведено.
Ти благодарам. Едно време се зачитував по странски сајтови, ама никогаш не седнав сериозно. Ај, да видам сега.
Кои се најосетливите точки во наталната карта ? Освен асцедент? Моментално имам Плутонов повраток (ми преоѓа преку асцедентот) читав дека е период на лична трансформација и големи промени. Но дали е позитивно?
Big like за темава Еве едно конкретно прашање: Дали оваа година има шанса да се вработам и кога? Спојлер Еве и соларна само не знам која точно треба
Црешка бе карај ме, па да те карам е работава, не е за тоа темата. А и нели веќе го постудиравме ова? Машала ти си наврсила 250та, честитки и која е тајната? Не можеш да имаш Плутоново враќање, кога сме веќе тука и Нептуново, зошто циклусите им се над животниот век(Нептун-160г., Плутон 250г. ) Ова веќе може. И да добро си слушнала. Вистинскиот одговор зависи од тебе како ќе го искористиш. Аглите, меѓу кои и подзнакот/ascendant/AC Descendant/DC, спротивно од подзнакот (ascendant/Ac) 7мо поле на партнерствата IC-дното накартата, поле на корените и семејството. MC-врвот на картата, поле на јавниот живот, достигнувања како и кариера
Хахахаха, не, те имав прашано, затоа ти е познато прашањето, ама ми немаше одговорено. Ако темава не е за ти да ми одговориш на прашањето, тогаш научи ме накратко како да дојдам сама до одговорот
Ме интересира Венера ретроградна. Во смисла општо знам како функционира и шо промени носи и колку трај итн. Ама ме интересира како можам да знам како афектира секоја куќа посебно не само подзнак и то шо е конкретно во лав. Ми треба извор можда од кај шо читаш пошто генерално ми е доста забавно.
Па класичниот одговор би бил да се види 10то поле, евентуално и 2ро и 6то, како и нивните планети владетели, шо се дешава во картата и транзитите. Ама јас со ова не се сложувам пошто сметам дека целата натална е битна за изборот на професија, секоја карта има повеќе предиспозиции, и не секогаш е поврзана со овие полиња, туку се бира според Сонцето, Месечината, на пр. како и аспектите што ги вклучуваат. Што не може да се види без темелно и поопширно да се види картата пак. Мислиш во куќите? Со пратење транзити, зависи во кој знак и која куќа ја транзитира/е ретроградна.
Дали на некоја сериозно и делуваат положбата на планетите?На пр мене секогаш ми е ретро меркур па ја не знам зошто толкава фама околу него кога е ретро
Овде за пратење транзити. https://horoscopes.astro-seek.com/transit-planets-in-natal-houses-astrology-calculator Овде за basics. https://cafeastrology.com/venustransitshouses.html Овде https://horoscopes.astro-seek.com/#birthchart
Моеш да препорачаш некој за натална карта да ми изработи? Иначе, ја иам она или ќе убијам некој, или некој ќе ме убие - 22 степен...
Па се шо иам читано за досегашен живот, било околу 80,90 посто вистина. Е сеа дали верувам, искрено не знам... Или не ми е гајле...
Абе глеј, ако не е скупичко, што да не. Јес да ја сама си ја иам читано, и плус другарка онака аматерски се бави со тоа, па и она нешо тумачеше, и од таму желбава. Ако тебе не ти праи ќејф, и тоа е у реду.