1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се плашите ли од неверство?

Дискусија во 'Врски' започната од ladymici, 9 април 2011.

  1. ladymici

    ladymici Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 јануари 2010
    Пораки:
    527
    Допаѓања:
    794
    Пол:
    Женски
    Vo posledno vreme svakam deka seksot e najvaznoto nesto vo edna vrska.

    Ljubovta so tek na vreme stanuva monotona no seksot nesmee da stane monoton bideki maskite toa ne go toleriraat.

    Ljubovta i da izblede Toj ne se trudat da ja obnovi i da vnese nesto novo vo vrskata... no ako seksot izblede odma ke vnese "nova" , zatoa zenski bidete kurvi vo krevet , ni nema drug spas..... pozzzz
    [mod-kirilica:f07jct39][/mod-kirilica:f07jct39]
     
  2. bitter-girl

    bitter-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    558
    Допаѓања:
    531
    Se plasite li od neverstvo?

    Погрешен заклучок.
    Имам два примери за вечна љубов (бабите и дедовците)
    И сега кога страста ја нема а со тоа и сексот тие двајца се сакаат и почитуваат.
    Љубовта е нешто кое треба да се негува за да опстои. Таа не може да се изгуби (освен ако не го посакаме ние тоа), може само да го смени обликот.
    Кога ќе не надваса староста повеќе ќе бидеме пријатели одошто љубовници (тоа е таа промена)
    И не се плашам од неверство се додека и двајцата знаеме како да ја негуваме љубовта.
    Јас не само во сексот туку и во сите сегменти во животот сум разнолика. Не ја сакам монотонијата, пасивноста и едноставноста.
    Не е се` во сексот, има толку пропратни работи кои и те како се битни за една врска да опстои.
    Тој со мене може да има луд секс, а душата да му е празна бидејќи јас не го исполнувам.
    Не велам дека сексот не игра никаква улога во една врска, но не до толку за да го ставиме на прво место.
    Уште помалку сексот да стане единствената причина поради која една врска би опстанала. Не дај боже!
    Мажите не се дојдени од друга планета тие сакаат се` што сакаме и ние жените.
    Да ги прашаш и тие самите ќе ти кажат дека сексот не е најважната работа во нивниот живот.
     
    На tessie, tockaAa., anonimna008 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Blanca

    Blanca Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    725
    Допаѓања:
    505
    Se plasite li od neverstvo?

    Ако тој не се труди во врската за да таа опстане значи дека не му е важна таа врска туку само сексот му е важен.
    За сексот мислам дека е многу многу важен но не и најважен. Треба сите коцки да се склопат за да врската/бракот успее. Сексот нека трае еве 1 час секој ден, а што е со останатото време?
    Вие може да сте експлозија во кревет а карактерите да не ви се поднесуваат и обратно - може перфектно да се сложувате а сексот да е катастрофа.
    Убаво кажа битер-грл не се мажите од друга планета, не се тие секс машини. Какви потреби имаат жените такви имаат и мажите. И мажите сакаат внимание, нежност, убава врска.
    А треба и да се има во предвид дека тие покасно созреваат од жените, ама кога ќе созреат доаѓаат до израз нивните потреби.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    744
    Se plasite li od neverstvo?

    се согласувам со тебе сексот не е најважна работа за машките
     
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Se plasite li od neverstvo?

    Што да се плашам јас од неверство?
    Ха! Да ме знае тоа мене која сум... :muscle: Има да умре од страв.

    |( |( |(

    Значи денешниве времиња не не оставаат да се плашиме дали утре ке го дочекаме здрави и прави, а камоли да ни остави простор за неверство да се плашиме.

    Луѓето отсекогаш биле склони кон неверства и никој не покажал толку страв па за да се дојде до степен да се укине институцијата -брак.

    Нема што да се плашам, ако биде... јбг, луѓе сме и грешиме. А може и мене да ми се случи, затоа не судам однапред.
    Подоцна ке размислувам под какви околности било и дали има простор за простување. И од другата страна очекувам така да се елаборира мојот случај.

    Се надевам нема да бидам лошо сфатена, ама тие работи не можеш да ги предчувствуваш за да знаеш каде имаш плодна почва за страв од неверство.
     
    На tessie, 1209 и peperutka.95 им се допаѓа ова.
  6. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Se plasite li od neverstvo?

    Ако се трудиш доволно нема што да се плашиш,уствари денес и ништо не се знае |(
    Инаку не е сексот најбитната работа :!: во врската има многу момети и не се заснова само на секст...секако без добар секс не го бива ;) ,ама што кога ќе остареш еве на 60 год,види колку баби дедовци се шетаа за раче,заљубени како птички :inlove:
    Неверството е многу понижувачка работа,и ако ми направи такво нешто не би му простила,така да ако има све кај тебе нема зошто да падне во искушение и нема зошто да се плашиме
     
  7. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    Se plasite li od neverstvo?

    Извини Маци ама воведов во темава ич не се совпаѓа со моите размислувања.
    И јас не толерирам да е сексот монотон и подобро му е и нему да се труди да е жиголо во кревет. ;)
     
    На Trendafilka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Se plasite li od neverstvo?

    Не се плашам од тоа да бидам изневерена, бидејќи знам дека на светот има многу полоши работи од тоа. Не е тоа болка за умирање, па да не можам да издржам и да се подигнам повторно на нозе. Нормално дека никој не сака тоа да му се случи, па така не сакам ни јас, но доколку се случи тогаш ќе го оставам (личноста и случајот) само како спомен од минатото и уште една лекција повеќе во животот. Повредена ќе бидам, но времето лечи се, па така ќе ја излечи и оваа рана, а јас ќе продолжам понатаму со животот и со борбата за остварување на моите замислени цели. :)

    P.S. Во секој случај посакувам да не се случи тоа, бидејќи некој страшно ќе си помине (се шегувам). :lol: :P
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    Se plasite li od neverstvo?

    Ваквите прашања ми се излишно смешни и непотребни.
    Во истиот кош ги ставам заедно со - се плашите ли од болест, сиромаштија, смрт, осаменост, напуштање... |(
    Ќе се плашиме кога и ако дојде времето за тоа.
    Дотогаш, немам потреба да си го млатам мозокот со вакви патешествија, кога имам толку многу реални проблеми.
     
    На artemis, spanko и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  10. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Не се плашам од неверство бидејќи му верувам на дечко ми.
    А инаку не се согласувам со тоа дека сексот е најважен.
    Џабе ако има секс а нема никакви чувства секс без чувства не оди!
     
    На meandyou му/ѝ се допаѓа ова.
  11. love23

    love23 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    915
    Неверството поттикнува низа причини, но нема зошто да се плашам. Прво јас сум добра сопруга и до сега не сум го изневерила маж ми бидејќи сум задоволна од тоа што го имам не барам преку леб погача инаку ни леб ни погача ќе имам. Но за мене сексот е рутиски и правам разлика со водење на љубов каде целосно се предавам на емоциите и внесувам многу емоции во водењето љубов, а сексот не бара внесување емоции туку набрзина да се заврши и толку. За да го задржите партнерот треба да бите секогаш искрени, да имате доверба во него, да ги искажувате емоциите, доколку ви се појави проблем заедно да го решите итн.
     
  12. eloves

    eloves Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2013
    Пораки:
    2.669
    Допаѓања:
    7.606
    Пол:
    Женски
    Мислам дека ако се плашите од неверство тоа значи дека не му верувате на вашиот партнер и имате сомнежи дека ќе ве изневери. Во една врска после љубовта на второ место треба да биде довербата. Ако не му верувате зошто сте со него?
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.018
    Пол:
    Женски
    Љубовта оди со довербата, а довербата со љубовта. Сите оние кои мислат дека само едното е доволно за врска, згрешиле. Само тоа имам да кажам на темава. :)
     
    На eloves му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Robin25

    Robin25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2014
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    138
    Мислам дека кога најмногу се плашиш од неверство, и истото го покажуваш, на партнерот му даваш најголем мотив да изневери..

    Ако се плашиш дека ќе те изневерат, според мене, поверојатно е дека веќе си изневерил и знаеш дека нешто фали во врската. И кога знаеш дека нешто фали, мислиш дека партнерот ќе го бара тоа нешто кај друг/а и почнуваш со обвинувања и слично, наместо да се фокусираш да ја подобриш врската за двајцата..
     
    На mime87 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.764
    Допаѓања:
    88.232
    Пол:
    Женски
    Да се надоврзам ...
    Колку повеќе е голема довербата во партнерот и љубовта е поголема.Оваа го тврдам !!! :)

    Не се плашам од неверство затоа што немам никаква причина за да чуствувам страв.Сигурна сум во љбовта негова а богами и во мојата кон него.Знам дека нема нешто што му недостига за да побара кај друга.
    Доверба, отворен муабет и искреност е се што е потребно една врска да опстане без никаков страв и сомнеж!
     
    На Lovely93 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. srcence1607

    srcence1607 Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2012
    Пораки:
    2.366
    Допаѓања:
    2.475
    Пол:
    Женски
    Секогаш сум се плашела. Денес неверството е ко добар ден, и никогаш од никого не можеш да очекуваш ништо. Од секогаш сум се плашела и се уште се плашам, само што длабоко го кријам тоа.
     
  17. LittleGirl23

    LittleGirl23 Активен член

    Се зачлени на:
    25 август 2014
    Пораки:
    64
    Допаѓања:
    14
    Не се плашам од неверство ...Јас му верувам на К и мислам дека такво нешто не би ми направил...
     
  18. Gmai

    Gmai Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2014
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Потполно се согласувам сотебе љубов без доверба нема, секако дека и сексот не е најважен доволно е да е среќен со вас...
     
  19. Melita-te-saka

    Melita-te-saka Активен член

    Се зачлени на:
    24 ноември 2014
    Пораки:
    33
    Допаѓања:
    60
    Пол:
    Женски
    Од неверство не се плашам, но ако ме изневери - тој нека се плаши.. :muscle:
     
  20. Boni top

    Boni top Активен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2015
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Женски
    Секој што се убедува себеси и другите дека не се плаши ,Не е вистина.Секој што е заљубен и преголема доверба и разбирање да се има но длабоко во себе се плаши од тој чекор кој води до пропаст на врската.
     
    На Wahnsinn му/ѝ се допаѓа ова.