1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се подготвувате ли за лето?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од popovich, 15 мај 2015.

  1. popovich

    popovich Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 декември 2013
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    533
    Каде на одмор? Држите некоја диета/спортувате?
    Мој совет: Започнете уште сега со полнење едно ранче со производи што ќе ви требаат за одмор. Можеби звучи смешно, ама секогаш пред одење на одмор одеднаш се прави голем трошок за креми, восоци, бричеви, масла, препарати за сончање, препарати против комарци, пример ви затребал нов пешкир, летни пижамки, слушалки, итн. Со секое одење во dm пример, купете по нешто и за летово. Направете листа работи кои ќе ви требаат и почнете да си ги прешкртувате. За 2 месеци, ранчето ќе ви биде полно, а трошокот нема ни да го осетите. Ќе имате повеќе пари за шетање и уживање :)
     
    На buttercup5, Umbrella22, Sfera и 5 други им се допаѓа ова.
  2. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.385
    Допаѓања:
    9.315
    Пол:
    Женски
    Да едвај чекам да одам на одмор :)
     
  3. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Сеуште е рано за одмор, при крајот на летото дури :)
     
  4. Sfera

    Sfera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 септември 2014
    Пораки:
    479
    Допаѓања:
    2.416
    Ова со постепеното полнење на ранчето ми се допадна(y)
    Инаку специјалните, наменски подготовки за летото не ги практикувам и не ги поддржувам, затоа што мислам дека летото не е некоја "специјална пригода" за која треба посебно да се подготвуваме. Што значи тоа дека во останатиот период од годината ќе сме во зимски сон и ќе лапаме колку и што сакаме, а пред стартот на летото ќе се изгладнуваме за да им покажеме на душогрижниците дека сме во топ форма? Внимавам на исхраната во текот на целата година, секој месец депилација и педикир на козметичар, скратување на врвовите на месец - два (сеуште ја немам фарбано косата), пилинг и маски си правам сама, маникир не практикувам (не можам да кажам од која причина не поднесувам лакирани нокти на рацете, тоа го правам само кога треба да одам на некоја прослава и кога ќе се вратам дома веднаш го отстранувам лакот), ги лакирам само со безбоен лак. Така да немам некоја потреба од посебни подготовки за летото, може слободно да си дојде:) И да... за одморот сеуште немаме планирано каде ќе одиме, најверојатно како и секоја година Грција и по некој викенд до Банско.
     
    На kjukli му/ѝ се допаѓа ова.
  5. DVAANGELA

    DVAANGELA Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2015
    Пораки:
    554
    Допаѓања:
    28.804
    Пол:
    Женски
    Podgotveni sme Samo da dojde avgust I pravec Na more Kaj juzniot sosed (poolparty)
     
  6. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.528
    Допаѓања:
    78.610
    Пол:
    Женски
    Јас нема што да се подготвувам однапред. Телото ми е секогаш во топ форма, а сите останати работи ги правам еден ден пред да одам на одмор. Така да, подготвена бев за летово кое сега веќе е при крај.
     
  7. simonna.a

    simonna.a Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 февруари 2013
    Пораки:
    4.462
    Допаѓања:
    33.347
    Пол:
    Женски
    Уште од септември.
    :makeup:
     
    На Роберт 7 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. praski4e

    praski4e Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    849
    Допаѓања:
    863
    Пол:
    Женски
    Спремна сум уште од лани летото мислам да можам би ја прескокнала зимава би ја преспала како мечките :) за лето сум родена
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    Едвај чекам да се стопли и да ми почне сезоната. Јас од Април (откако ќе се стопли) до Септември (кога ќе се залади времето) не сум дома.
    На лето сум роден и летно време највеќе ми одговара.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.053
    Од Декември наваму ми скисна "зимава" !
    Јас сум пролетно дете, родена баш во цутот нејзин, едвај чекам да пристигне. :f:
    Да имам некој свич оф, би преспала и Јануари, Февруари, Март!
     
    На Marick14 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.932
    И јас да би можел би ја преспал зимава како мечка во зимски сон. Но пуста работа. Мора да работам сега за да шетам кога ќе се стопли. :lol::lol:
     
    На sugarlips и julie77 им се допаѓа ова.
  12. edna_malecka

    edna_malecka Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2018
    Пораки:
    3.894
    Допаѓања:
    14.699
    Пол:
    Женски
    Што е тоа "Лето" се мачка на леб?
    Нема лето годинава за мене барем.


    Еве интересна тема која може да се обнови.
    Тие што идат на одмор годинава можат да си пишат збор два.

    @Dream-Girl на пример :D
     
  13. ¯\_(ツ)_/¯

    ¯\_(ツ)_/¯ Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јуни 2021
    Пораки:
    263
    Допаѓања:
    1.448
    Не за жал или среќа, оваа година нема да одам на одмор.