1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Се разделивме...но сега ми е потешко...

Дискусија во 'Разделби' започната од redgirl, 9 февруари 2011.

  1. redgirl

    redgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    Кога го запознав Боби не го гледав како некој посебен,тој сакаше врска а јас не бев сигурна и не прифатив,едноставно мислев дека нема да успееме поради тоа што тој учи во друг град нема да се видуваме често ке ме изневерува и слично...Јас се вратив на еден мој бишви и само кога ќе се случеше да се скараме,му се враќав на Боби,не бев заинтересирана за него,не го сакав,го понижував...мн се каам..но пред 3 месеци сватив дека ми е потребен некој како што е Боби...многу го засакав..премногу..за прв пат во овие мои 18 години да сакам некој вака лудо како него.. :inlove: му кажав колку многу го сакам му кажав дека мн ми значи...тој сега не сакаше врска со мене.Јас му кажав дека не сум мала па да си барам муватори едноставено не сакам,тој не реагираше и во последно време многу пати му кажав дека сакам да го заборавам,еднаш така разговарајќи заплакав пред него ;( и одеднаш тој почна да ме избегнува.Да става лајкови на девојки по фб на мене никогаш тоа ми го нема направено...и едноставно сватив дека тој почна да се игра со мене,сватив дека не му значам ни малку.Пред 2 недели ми пиша да се видиме.јас реков океј ајде,и тој после тоа ми пиша ма јас неможам имам гости...со тоа си помислив дека сака само да дојде до информација дали уште сакам да се видувам со него... е ми пукна филмот му изнакажував се му кажав дека се каам што сум била со некој таков како него...и мн глупости и го избришав од фб...за да го полесно заборавам...инаку онака по 10 пати на ден го контролирав неговиот фб..сега ми е најтешко немаме никаков контакт не ме додаде на фб не го видов никаде(а и нема да можам не изгуелваме на исти места)ниту пак ми се јави,слушнав дека со мн девојчиња се допшиувал...многу ми е тешко што не сум со него.а уште потешко тоа што го сакам повеќе од мојот живот.... :sweat: ;(
     
  2. dan1

    dan1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    112
    Допаѓања:
    32
    се разделивме...но сега ми е потешко...

    Јас мислам дека е најдобро да му мавнеш еден игнор ти него па ќе видиш дали ќе те избегнува или повеќе ќе те бара,а ако те бара неколку пати играј си и ти со него....макар што најискрено мислам дека треба да го откачиш и да си продолжиш со животот - испаѓај си, шеткај си каде сакаш и кога сакаш веруј ми ќе го заборавиш многу побрзо одколку што мислиш....ете тоа ти е совет од мене ;)
     
  3. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    се разделивме...но сега ми е потешко...

    Јас мислев имаш 15 години најсериозно.
    Ова твое однесување е еднакво на млад пубертетлија. Не го сакав, го понижував, па сватив дека го сакам, па го молев, па он несакал да се смири, па ти паднало тешко што он ти откажал состанок зашто имал гости и ти текнало дека сакал информација (изгледа имаш многу бујна фантазија) па си го избришала, па сега пак го бараш.

    Ако ти знаеш што сакаш па јас еве.
    Извини ама многу паметно од негова страна што после твоето откачување и понижување не ти се смирил. Па не си една и единствена на светов, не си Ева, има уште милиони т.е. 3 милијарди девојки во светов. Ќе си најде друга која ќе го сака.
    Вие еден ден ако сте заедно ако те изнервира ти одма бришење ова она? Не иде тоа така, камо толерантност? Бар минимална толерантност. Тебе ти недостасува неговото внимание, знак прашање е дали го сакаш според ова што прочитав.

    BTW читаме ние и букви со мал фонт!
     
    На tinkerbelll и beticka им се допаѓа ова.
  4. beticka

    beticka Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    22
    слушнав некаде една поговорка која е-нема да си со оној што сакаш туку со оној што ке те сака,е ти маче си седела на две столчиња со еден задник и сега оф ,нека ти е наздравје :) ;)
     
  5. SexyPrincess

    SexyPrincess Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2010
    Пораки:
    254
    Допаѓања:
    132
    Не се седи на две столчиња...
    На дечково му дошол паметот, како ти си правела со него така сега он со тбе....
     
  6. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.351
    Допаѓања:
    41.807
    Пол:
    Женски
    Има една стара добра поговорка за твојта ситуација „Што си си надробил тоа ќе си сркаш“ :!:
     
  7. An..anicka

    An..anicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    27
    Допаѓања:
    3
    Оф мори мајко,луѓе се разведуваат по многу години брак,долги врски се прекинуваат.Ти со Боби не си имала ништо сериозно па неможам да сфатам како успеа да го засакаш повеќе од животот? Мислам дека некое време треба да се одалечиш од машки само онака колку да се оладиш од се,колку и да го сакаш Боби не е единствен и со тек на време ке најдеш друг :D .Мислам дека ти си почнала да чуствуваш потреба за него во моментот кога си сфатила дека го нема наоколу.“A woman never forgets the men she could have had“....
    Што и да правиш понатака немој да му се јавуваш и пробај да го заборавиш,во ниеден случај немој да плачеш зошто има многу пострашни работи во животот од дечко верувај ми :)
    “A woman never forgets the men she could have had“....

    Поздрав
     
  8. Maat

    Maat Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2011
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    13
    Не сте ни излегувале често, не се знаете најдобро... а веќе го сакаш? па добро, нека ти е...
    Но ти си ја имала својата шанса. И си ја испуштила. Си го оставила и си му се вратила на бившиот, а кога и со него нешто не штимало - ти си му се враќала на Боби. Јас, според ова, мислам дека тој ти бил нешто како прибежиште, како да си сметала дека кај него можеш секогаш да се вратиш ако не ти успее врската со другите момци.
    Избегнувај го. Можеби не ви било судено да сте заедно. А во спротивно - ќе се најдете пак на крајот.
    Размисли подобро. Ќе сфатиш дека да продолжиш со својот живот е многу подобро од жалењето за него. Тој не е единствен за да го сакаш повеќе од својот живот. :) :hai:

    Љубовта не може секогаш да се става на чекање. Сигурно знаеш дека ретко кој може вечно да чека на тебе. :)
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    па ништо сега пеј си"Боби, баш ми е гајле, нема да плачам по тебе" и немој да плачеш и да се сожалуваш, животот тече и понатаму, денес е Боби утре ке биде некој друг

    една другарка уште во средно ми кажа дека по машки и автобуси не се трча тие сами доагаат, и со текот на времето сватив дека имала право
     
  10. redgirl

    redgirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    52
    Допаѓања:
    4
    девојки многу сум ви благодарна за вашите размуслувања свесна сум колку многу згрешив,тешко ми е да го прифатам ова што сум со него но јас сум виновна за се знам... :( како и да е животот продолжува сега сум посилна изнесов се од мене :D :*
     
  11. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    редгрл..во заблуда си.
    Ако мислиш дека го сакаш повеќе од животот ( не е можно ) загрижи се,бидејќи никој не е поважен за тебе,од самата ти.
    И да,дечково е во право.
    Немој да мислиш дека само ако имаш дечко покрај тебе ќе си среќна.
     
  12. ana.bela

    ana.bela Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    0
    malku ke zabegam od temava ama iskreno mi treba ne4ie mislenje eve veke nekolku meseci komuniciram so de4ko se 4itkame na skype na kamera se gledame na tel se slusameee pa ponekogas i se srekavame na fakultet pred nekoe vreme se smuvav so nego i sea e se ok samo ednostavno mi treba mislenje dali navistina nes mu zna4am se prasuvam zs vsusnost jas koa ima i dr poubavi devojki od mene a jas sum samo obi4na nis poveke ;( ve molam dajte mi mislenje zasto sekakvi gluposti mi se vrtat po glavava
     
  13. Alanna

    Alanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    1.120
    Допаѓања:
    484
    Убаво ти направил Боби...на почетокот ти си играше со него,сега он со тебе.Затоа памет за друг пат...

    Чим се смувал со тебе ондак не му требаат тие други.И престани да имаш такви црни мисли :)
     
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Како може самата да се омаловажуваш? |(
    Па не е се до физичкиот изглед, до тоа внтаре е , и во мозoчето што има!
    Физичкиот изгледа, ДА -привлекува, ама тоа внатре задржува ;)
    И дај си шанса, самата на себе, и на дечкото, не му ја мисли многу.
     
  15. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ана.бела девојко зошто такви работи??? Имало и поубави од тебе, како да не...Немој низ таа призма да гледаш на светот, ти си најубава за себе а другите -Се е ствар на вкус. 8)
    А за дечкото очигледно дека чуствува нешто за тебе чим одржува комуникација, ако сте се смувале па те одј*бал тогаш не си го занимала, а вака повторно комуницирате очигледно е дека му се допагаш, затоа главата горе и без такви работи кои лошо се одразуваат на твојата личност.

    А Ред грл валјда од ова ќе извлечеш некаква поука сама без јас да го пишувам истото што и девојките пред мене... :^)
     
  16. Colors

    Colors Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    7
    многу ми е тешко што не сум со него.а уште потешко тоа што го сакам повеќе од мојот живот.... :sweat: ;([/quote]

    Е ова последново навистина ме испровоцира да пишам иако доволно ти пишале девојките пред мене :) Ајде те молам, го сакаш повеќе од својот живот ова го немав слушнато :tmi: Такво нешто не е можно, доказ уште дишеш нели :) никој во ниту една врска не се дава себе си 100 %, сите си чуваме некои 40 до 30% за себе, тоа е нормална заштитна реакција за која можеби уште не си свесна, ама ќе ти текне кога ќе ти помине фазата на бес. Па си поиграл, си поиграл, (си му кажала дека се каеш доста му е) и ти си играла сигурно со некого некогаш, можеби не намерно и без преумисла ама на сите ни се има случено да повредиме некого па тие преживеале, ќе бидеш добра и ти, сврти нов лист.
     
  17. Lady-Sweet

    Lady-Sweet Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2010
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    90
    Девојки ве молам за совет...
    пред 2 месеци раскинав со бившиот, одевме 2 бурни години... кавги за глупости,секогаш смирувања , истите работи се повторуваа, проблеми за фб... и едноставно неизбежен беше повторно крајот. По последната кавга, тој замина на одмор со другарите неколку дена, воопшто не ме побара, бај д веј, изнаместил слики со таму некои девојки, и скрос се разочарав... Не го побарав, не барав објаснувања, знаев дека ќе оди на одмор, ама дека ќе има и девојки немав појма.... :| едноставно бев навикната на кавги знаев како ќе реагира и си се тргнав настрана, се решив да го заборавам на секој можен начин и ми излезе добра прилика да излезам на кафе со супер типче, и излегов, се беше супер... после неколку дена се видов пак со типчето, паднаа неколку бакнежи ми беше интересно, ново...2 години немав друг бакнато, и продолжив да се слушам со новиот, ми беше интересно, излеговме уште неколку пати, се слушавме се океј... Но, бидејќи градот ни е мал, нормално бившиот слушнал дека се гледам со некој друг... и ме побара, почна да ме навредува дознал дека в кола се возам кај типот, па ми спомна дека му кажале и дека правам нешто фазла :envy: па демек изворот што му кажал бил сигурен дека типчето извал муабет...
    главата незнам кај ми е...
    не му верувам на бившиот бидејќи 2 години секогаш поважни му беа другите што имаа да кажат отколку тој сам да процени! друга работа, се задумав од ко слушнав дека некој сепак ми извал муабет, неможам да не се замарам бидејќи несакам после 2 годишна врска, бившиот да мисли дека туку така лесно ќе заминам и ќе се опуштам... ме иритира целава ситуација и после ова ми се одмили и тоа типчето...па престанав да го барам, знам дека не е до него (не верувам да има зборувано нешто бидејќи не се случи ништо) ама ете, се вратив набрзина во реалноста и сфатив дека повеќе ме боли што ќе мисли бившиот и сфатив дека сепак го сакам, свесна сум дека ајде 1 година бевме прекрасен пар, ама останатата година кавги за без врска, секогаш јас бев „виновна“ за се... нон стоп разделени, па навреди...

    Го сакам премногу, многу ми недостига, незнам дали е само навика, иако свесна сум за се...
    праевме муабет и бившиов бил многу повреден и навреден од мене бидејќи другарите негови дознале дека сум била со друг |( сите знаеле за муабетот, и тој неможел пак да биди со мене...

    Криво ми е, јас се му простив, никогаш не го „фатив“ со некоја иако сигурна сум дека имаше, бев слепа - намерно само за да биди се во ред, и тешко ми е што на крај јас пак виновна?
    Неможам повеќе... премногу го сакам.
     
  18. Mermaid90

    Mermaid90 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2012
    Пораки:
    1.146
    Допаѓања:
    1.049
    Јас да сум на твое место колку и да го сакам не би можела да поминам преку тоа тој да има друга и јас да сум сигурна во тоа,да оди на одмор со други девојки и сл.Би си нашла друг како ти што си направила и би на тој начин пробала да го заборавам.Е веќе ако не го можам тоа верувај ми ако те сака ке те прифати без разлика дали си била со некого или не.Накрај пак не живееме за луѓето што ке кажат и што ке мислат.Живеј за тебе и тебе како ти е најубаво!
    Позз!
     
    На Lady-Sweet и Pelikuna им се допаѓа ова.
  19. JustBeYou

    JustBeYou Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 април 2012
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    490
    Пол:
    Женски

    Љубовта ечудна работа ... Работа со обврски, одговори, прашања, болки среќа ... Но пред се таае навика. Ти со него покрај сите тие кавги јас сум сигурна дека имате проживеано многу убави моменти на кој сега сигурно почна да се сеќаваш ... Но неверство !??? Дали ти би простила неверство, колку што разбрав си знаела дека одел и со други/друга ... Ако тој те изневерува во текот на вашата врска, што е со вашиот брак ??? Што ќе се случи тогаш?

    За сликите на одмор мислам дека се намерно ставени, да се напраи фраерче пред другите и да те направи тебе љубоморна а и очигледно е дека успеал во тоа, но искрено многу ми е драго што не си му се јавила. После вашата врска што по кажувањава за караниците е тој 80% виновен но не викам дека ти не си.

    Едноставно живеј си го животот. Тој бил само една глава од твојата животна книга, но не заборавај дека таа глава неможеш со ништо да ја избришш. Сега главата горе, живеј го животот забавувај се испиши ги и другите страници од книгата но никогаш не заборавај да најдеш некој кој ке е доволно добар да ја заврши истата !!!!! :*
     
  20. Chopard

    Chopard Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2016
    Пораки:
    230
    Допаѓања:
    625
    Пол:
    Женски
    Претешко ми е и мене, се чувствувам како засекогаш да сум кажала збогум, како да починав јас или како да починал тој.
    Морав да прекинам со него заради моето здравје. Последниот пат имав самоубиствени намери и не не лажам, нема причина за лажење.
    Мојата најголема љубов, мојата совршена замисла за маж само ќе си остане во сеќавање...
    Подобро да умрам од колку да го видам пак