Во последно време се ми е здосадено,и кафина и ноќен живот,излегување сее.Не се случува ништо посебно,досадно е скрос.Пред пола година конечно си стекнав ново друштво фала Богу, но друштвово се само девојчина,ни за то не се жалам мн.во почетокот беше интересно се смеевме, во кафичи преубаво си поминувавме... Но сега се ми е смачено,досадно ,си немам/е одамна поминато убаво,стварно незнам што се случува.не сум излезена од дома скоро цела недела,освен што одам на факултет и на аеробик,и во викенди.И не излегувам затоа што ми е мн досадно сегде,и си викам дури да изл, да се досадувам ќе седам дома и ќе учам за колоквиумите.Досадно ми е можеби затоа што цело време сум со истите луѓе, истите муабети истите смеи.не знајте колку сакам дечко ама не можам оти сум смотана.Чаре каже те ми за ситуацијава мојааа????Готово уште малку во депресија ќе паднам.
Како мислиш не можеш да си фатиш дечко срамежлива си или ? дада,веќе смачено ми е од таа моја глупава карактеристика,значи има премногу машки што ми се допаѓаат и пак ништо
Иако партнер е доста значајно да се има, сепак за добар помин и смеа не е неопходен. Можеби самата себе си премногу се оптоваруваш со таа мисла дека треба да имаш некого, најверојатно кеои од другарките имаат дечко. Не се преоптоварувај, се ќе си дојде на место.
На што се должи твојата срамежливост не се сметаш за доволно атрактивна ??,стравот дека ќе те одбијат или повредат ?? немаш комуникациски вештини ??
Епа валда немам комуникациски вештини.Но кога ќе излезам во викенд,ќе се дотерам од глава до пете пуфкаа,но џабе ти е ко ќе знајш да зборниш
Епа џабе ти е и да дремеш на форум и отвараш глупи теми, земи читај и збогатувај си го речникот(оти искрено како што те читам, без навреда ама не знам и до факултет како стигна со ваков речник),пуфката нема да ти донесе забавен живот, биди сигурна.
Само ти сама на себе можеш да си помогнеш, што мислиш дека ти фали во животот тоа и барај го. Ако сакаш ново друштво, стекнувај познанства, ако сакаш дечко исто така стекнувај познанства. А ако ти се седи дома, седи дома и учи. Има и такви периоди, ништо страшно. Скоро цела недела не била излезена.... пази, цеееела една недела. Ако си некомуникативна работи на себе, друг не може да ти помогне, уште помалку некој на форум. Лоша работа е ова со интернетов и онлајн мрежите луѓето наместо да решат да променат нешто со себе и да почнат да се дружат, тие утеха бараат во интернетот, претставувајќи се како што (мислат дека) не можат во реалноста. Нема никој да се појави на вашата врата и да ви рече време е за нова страница, самите треба да го направиме тоа. Со малку труд воопшто не е тешко да го добиеш она што го сакаш, барем за мене не било.
Имаш факултет, друштво, излегуваш во викенди што да биди повеќе? Уште и во депресии паѓате, аман на тие години
Буквално на моменти и јас така се чувствуам. Не поради седење дома, не поради неизлегување, но едноставно понекогаш ме убива тој ритуал од истите работи кои се случуваат секој ден, истиот круг на луѓе, истите муабети. Среќа па не трае постојано, има денови кога навистина се трудам да ми е интересно, и ми успева. Само ќе ти кажам, да имаш партнер не е гаранција дека секогаш ќе ти е интересно и животот наеднаш ќе ти стане подобар и поинтересен. Ако ти сама не се смениш, џабе ти е се. Имам личност која понекогаш тврди дека и е страшно досадно и нема што повеќе да прави, а има партнер. Најдобар одговор би бил, најди си некое хоби, звучи клише, но ако сакаш промена и да разбиеш монотонија тоа ти е најдобро решение. Исто, и ако толку сакаш дечко или небитно, некој покрај себе работи на тоа, иако пак ќе речам не е гаранција или решение. Излегувај, на кафе, на прошетка, било каде, колку и да е се исто и исти муабети да се вртат, тоа е. Труди се да вметнеш повеќе забава и зборувај на најразлични теми со пријателите, не само вообичаените трач муабети кои знаат да бидат страшно исцрпни.