Сила е турска серија од 79 епизоди,снимeна е во периодот од 2006-2008 година Актери:Cansu Dere, Mehmet Akif Alakurt, Zeynep Eronat, Menderes Samaniclar, Fatoş Tez, Fatoş Sezer, Muhammed Cangören... еве кратка содржина(претежно) од првата епизода Приказната за една млада девојка која како мала сопствениот татко ќе ја продаде на едно богато семејство во Истанбул,Сила знае дека овие не и се вистински родители,но не знае дека вистинските родители и се живи.Нејзиниот вистински брат Aзат ќе се заљуби и се обидуваат да избегаат со Нарин сестрата на Боран-Ага,еден од главните аги во Мардин, но нивниот план ќе пропадне. За да се избегне смртна казна, што е според обичаите во ова место Боран мора да се ожени со сестрата на Азат.Азат има уште една единаесет годишна сестра,но мајката не сака да ја мажи толку мала, па на крајот изборот падна на Сила.Џелил таткото на Сила и Азат одат во Истанбул да и кажат на Сила дека се живи но ја лажат дека нејзината мајка е на смртна постела и ја бара Сила да ја види пред да умре.Сила оди во Мардин да ја види мајка си и останува за свадбата на нејзиниот брат,не знаеќи дека во едно тоа е и нејзина свадба. На сила е принудена да се омажи за Боран-Ага, и од тој момент нејзиниот до тогаш прекрасен живот се претвара во кошмар... Знам дека е уште една од многуте турски серии,но верувајте дека нема да зажалите ако ја гледате моментално мислам се прикажува на хрватската Нова ТВ и се до 37 еп.мислам во Македонија се уште ја немаат прикажано,ако некој е заинтересиран може да ја следи на Balkanje.com http://www.youtube.com/watch?v=9dWGg7xgzmw
гледам многу ја фалат тие што ја гледале убава била серијата а и има доста интересна содржина би сакала да ја дадат и кај нас
навистина е пре добра,уште од првата епизода почнува драмата нема врткање,содржината е оригинална,цело време држи во неизвесност,не е баш предвидливо да знаеш што ќе се случи понатаму, местото каде што е снимана серијава е прекрасно,и глумците се супер,макар што јас и не сум баш некој обожавател на оваа Cansu Dere,ама си ја бидува женската си глуми без мана. еве линкови за гледање http://www.balkanje.com/browse-sila-videos-1-date.html http://www.natabanu.com/serija/sila.html
искрено серијава ми е малака. Ја изгледав цела, на турски, уште пред две години. Ама вреди да се гледа само заради лепотанов
не знам дали ќе ја даваат,за сега не верувам,а се надевам за брзо ќе им се згреши па ќе ја пуштат,многу е добра серија вреди да се емитува на некоја од македонскиве канали,ама како што гледам се збудалеја па и грчки глупи серии даваат ,така да можи на оваа никогаш нема да и дојди ред .моментално на Тв Нова хрватската игра
Што се однесува до мене не мора да ја даваат ни оваа ни ниедна друга зашто и онака ги уништуваат со синхронизацијата.
и ти си во право,значи колку и да се трудат со синхронизација не можат да го стигнат она оргиналното,а да не правиме муабет што овие нашиве не ни се обидуваат,на пример еден актер го позајмува гласот за 3 разлини ликови во истата серија
а можеби и има малку надеж да ја гледаме Сила и кај нас или НЕ??? ама како и да е вреди да се види некоја слика на линков http://www.tvpaket.com.mk/foto/1929-2013-02-16-12-27-28
Исто мислам И за ифет објавија вака на некои сајтови и се сетија да ја дадат Да се надеваме стварно би било убаво..
Многу е интересна посебно почетокот е предобар,докај 50-та епизода е да земеш и да ја изгледаш во еден ден,е после тоа почнува да биди досадничка многу работи се повторуваат и се вртат во круг,заради тие причини ја немам догледано до крај НО си ветив морам да ја завршам кога тогаш.лично јас не ја многу сакам главната глумица Џансу Дере,ја бидува си глуми ама многу ми е антипатична,а актерот Мехмет Акиф Алакурт прв пат го гледав во оваа серија и да си признаам се заљубив од прв поглед А кога точно почнува серијава на тв?
Единсвена турка серија што ја имам гледано и тоа заради што ми ја препорачаа во Турција! Како што кажа една феминка погоре дека е така лесна за гледање, мене она што ми привлече внимание во серијава е како Турците се борат против откорнување на нивните обичаи! Убаво е да се погледне како еден маж се бори против сите, а исто времено сака да ја заштити својата епизода. Серијава ти го дрзи вниманието до кај 50епизода да, после тоа е досадна се па исто е, за на крај,за последната епизода да се изненадите како ќе биде нејзиниот Крај! Како информација,во местот каде што е снимен филмот и ден денес се борат за укинување на обичајот, ама како што знаете на чело на Турција е Ердоган(човек кој се потпира на верата,обичаите и традицијата) и многу е тешко да се изборат луѓето! Го препорачувам филмов дефинитивно! За оние кои се нестрпливи..Го имате на филмовизја филмов со српски превод!
На сител рекламираа дека ќе ја даваат оваа сезона ама не кажаа точно кога, можеби кога ќе заврши со Фатмаџул на нејзино место ќе ја дадат. Велат дека е убава серија, па може некој да пиши дали има среќен крај зашто обилно не почнувам да гледам турска серија без да знам дали на крајот ќе заврши среќно или ќе умрат тие што се во главна улога
Сила ја изгледав во еден здив, иако воопшто не сакам сапуници. 79 епизоди по 1 час и 20 мин ама мислам ако ја даваат ќе ги скратат. На ју туб ги имате сите епизоди сила са преводом со српски превод. Почетокот феноменален, после малку некоја епизода тапкање така ама се на се супер серија. Крајот н го кажувам, нема да е интересно. Топло ја препорачувам
Спојлер Абе 6 епизоди изгледав од серијава и се дупнав плачејќи,ја уништија девојката...Стварно се надевам дека ќе тргне на подобро,не бива вака,солзи не ми останаа Боран ага е прекраснотија,какво тело,каков карактер,да го грабнеш и да бегаш А глумицата иако ми беше антипатична во Езел,тука ми се допаѓа и стварно ја бива,професионалец.