1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Симптоми - на што ве асоцираат

Дискусија во 'Здравствени проблеми' започната од FemmeBrunette, 29 ноември 2011.

  1. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    Не знам дали е соодветно вака да поставам тема, ама бришете/префрлете ја ако не е океј.

    Моја драга особа ги има следниве симптоми, па ако има на форумов медицинско лице или пак некој што знае каде можам да го поставам прашањево на нет, нека пише pls! :

    -Замор, малаксаност ( се поизразено)
    -Анемија со нормален хемоглобин, а ептен ниско железо, само 1.
    -Покачен ЦРП веднаш по горната граница
    -Дијареа цел месец (сега стабилизирана столица)

    А докториве, само од клиника на клиника. Ништо конкретно не кажуваат, женава се исуши, изгуби 10кг во рок од 1 месец, а ништо не преземаат. Ве молам за помош ако имал некој слично искуство или медицинско лице ако се најде на форумов, нека помага!
     
  2. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Бубрези испита?! При бубрежна слабост се овие симптоми најчесто.
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Или пак проблеми со тироидната жлезда ... Пред некоја недела читав и меѓу други ги имаше и овие симптоми. Како бе ве шетаат и немаат појма што и е?! :^)
     
  4. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Мислев и на тироидата (како најголем коментатор на темана,ама дијареата не е својствена,вели омалаксаност,која е својствена за хипо и дијареа,која пак кај хипо никако ја нема,има опстипација ),ама црп е високо,што значи или има внатрешно воспаление (треба да откријат каде е) или има лоша функција на бубрезите...може и да е нешто трето. Да нагаѓаме...барајте подетални испитувања. Видете што сте испитале,а што недостига и бидете упорни.
     
  5. Peppermint

    Peppermint Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2011
    Пораки:
    867
    Допаѓања:
    13.216
    Пол:
    Женски
    Ако креатининот и уреата се во нормални граници сигурно не се бубрезите. Можеш тоа да го провериш во лабораториските резултати.

    Не мислам дека е тиреоидеа затоа што дијареата е најупадлив симптом. Дали столицата била темна како талог од кафе? Можно е ако била темна да крварела преку столица, па така и дошло до анемија.

    Покачено ЦРП се јавува при воспалителен процес во оранизмот. Тука е благо покачено, па не би требало да е поврзано со нешто недајбоже пострашно. Во секој случај мислам дека гастро е местото каде треба да ве упатат.

    Не сум медицинско лице, толку можам да помогнам. Но како тоа лекарите не кажуваат ништо? Основно право на пациентот е да биде информиран за неговата здравствена состојба. Ова само кај нас го има!
     
  6. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Е па да, Пеперминт е во право на гастро да одите на испитување. Не ни кажа дали има крварење? Ако е и тоа појавено тогаш не сакам да зборам предвреме ама можно е да се цревата, посебно дебелото ... полипи и сл. :worried: Ама пак ќе кажам не можеме ние да нагаѓаме, треба докторите да откријат. Срамота колку ни е здравството утепано! :fubar:
     
  7. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    Фала многу девојки. Конечно, со илјада и една врска, успеавме да ја сместиме во болница и да, во право сте, на гастро. Сега дополнителните испитувања ќе покажат. Се надевам не е најлошото. Тумор маркерот за дебелото црево е малку покачен, ама минимално над долната граница, па лекарите не веруваат дека е канцер. Сепак, фала многу. Единствено не можам да сфатам, ако губи крв од некаде (ете дебело црево, иако нема крв во столица) како може да го губи само железото, но не и хемоглобинот?
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Значи тоа е што и претпоставив :worried: ... Дај Боже да е во ред, ама не дозволувајте да ве мавтаат него нека земат нека испитаат добро и нека превенираат.
     
  9. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.688
    Пол:
    Женски
    FemmeBrunette, не е во врска со проблемот на твојата драга особа, се извинувам, но неможам да помогнам со ништо, но само што прочитав нешто интересно во еден бугарски сајт и би сакала да го споделам со Фемина. И понеже ова, кое ќе го напишам сега се симптоми на различни заболуваниа, мислам дека ова е темата, кај треба да ги воведа...

    Често состојбата на видливите од нас делови од телото може да ни подскаже за настанал проблем со некој внатрешен орган. Многу добар показател во овој случај се покажа и кожата на лицето, а нејзината боја може да е индикатор за голем број болести.

    Логично тука станува збор за нијанси, кои се задржат постојано на нашата кожа, а не такви предизвикани од нагли температурни разлики или зацрвенување од срамежливост и гнев, на пример.

    Црвена боја

    Оваа постојана боја на лицето сведочи за болест на кардиоваскуларниот систем. Во тој случај се препорачува да се побара совет од кардиолог.

    Посинјало (сино) лице
    Појавата на синкава нијанса (без да ни е ладно) на челото, образите и усните дава јасност за присуство на хронични болести на белите дробови.

    Бели дамки
    Ако образите ви се прошарани со бели дамки, а самата кожа е бледо-жолта, може да имате слаб нервен систем. За да разјасни причината закажете состанок со невролог.

    Бледо лице

    Тоа е еден од карактеристичните знаци на анемија. При оваа болест е бела не само кожата на лицето, но и внатрешни површини на усните и очните капаци.
    Во тој случај треба да се обратите кон хематологија.

    Кафеава боја
    Тој се појавува на скулите во форма на дамки и сугерира за проблеми со бубрезите или инфективно заболување на мочниот меур.

    Зеленикава нијанса
    Таа зборува за болест на жолчката или црниот дроб. Побарајте помош од гастроентеролог.

    Жолто лице
    Жолтата боја и жолтите дамки по лицето се знак за воспаление на црниот дроб или жолчката. Веднаш посетете хепатолог - специјалист за болести на црниот дроб.

    Се разбира, овие совети имаат секундарен карактер и можат да ви бидат од корист само во навремено откривање на болеста во неговиот поранешен етап. При секое сомневање за проблеми со здравјето, побарајте својот личен лекар, како и консултација со соодветниот специјалист.

    Си помогнав со гугл транслејт, за да биде малце по точно, отколко што бих могла сама да го напишам...и побрзо :lol:
    И за да бидам фер со луѓето, кои се потрудели за таа статиа http://www.vesti.bg/index.phtml?tid=40&oid=4345191 :)
     
  10. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Обавезно да се направи гастроскопија и колоноскопија. Дијарејата е предизвикувач на анемијата, нема време да се апсорбира железото, или па можно е да има некое окултно крварење кое не се забележува. Темна столица, како катран е показател на креварење од горен дигестивен тракт, а црвена столица на крварење од долен дигестивен. ЦРП е индикатор за инфекција, но ако е многу малку покачен не е веродостоен податок за инфективен процес. Заморот и малаксаноста можеби се последица на дехидратација, но и на анемијата. Сепак мора детална целосна крвна слика, да се обрне внимание на леукоцити да се видат кои се процентите на моноцити, неутрофили, еозинофили. Детален ензимски статус, да се видат особено хепарните ензими. Креатинин, уреа исто така за секој случај, иако ова не ми оди во прилог на бубрежно заболување. Значи има симптом дијареа со губиток на тежина и мора детално да се испита гастроинтестиналниот тракт заедно со хепар и панкреас.
     
  11. FemmeBrunette

    FemmeBrunette Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 ноември 2011
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    46
    Женски, фала што одвоивте време и го размисливте случајов подобро од лекарите. Златушко ти си прва која даваш одговор на прашањето, како може да губи железо но не и хемоглобин. Лекариве, само се мислат и на крај ништо.
     
  12. Zlatusko

    Zlatusko Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2010
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    739
    Ако хемоглобинот е нормален тогаш има не-анемичен дефицит на железо. Ова е најчесто латентна анемија, т.е анемија која подоцна ќе се јави, т.е јас би правела повеќе крвни испитувања почесто за да видам дали уствари и хемоглобинот опаѓа. По моја логика можно е ова да се должи на долготрајната дијареа, бидејќи поради нешто е зголемена, пореметена перисталтиката, па нема доволно време да се апсорбира внесеното железо, т.е храната излегува од организмот, без можност тој да ги апсорбира потребните материи. Искрено мене ова многу ме асоцира на една состојба, целијачна болест или целијакија, тоа е автоимуна болест која всушност е интолеранција на глутен. Баш убаво памтам дека ми беше испитно прашање, имаше дијареја, губење на тежина и анемија сигурно, и малаксаност и замор поради подхранетост. Прилично е ретка, но искрено со овие симптоми што ми ги даде само на тоа ме наведува онака како диференцијална дијагноза (дијагноза која треба да се провери). Сепак тука идат и сите други гастроинтестинални болести. Затоа упат за на гастро и темелни испитувања, почнувајќи од како што кажав детална крвна слика, гастроскопија, колоноскопија, па ако треба и биопсија на тенко/дебело црево.
     
  13. HelloKitty4

    HelloKitty4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2012
    Пораки:
    37
    Допаѓања:
    3
    Devojki na sto ve asociraat ovie simptomi? Bolka vo cipata i malku pogore nakaj jajnikot???
     
  14. prasskickaa

    prasskickaa Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2016
    Пораки:
    113
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Вака имам гушење неможам добро да дишам, дишам само преку уста преку но неможам.Имам болки во стомакот од време на време (од 7 дена 5 имам ),брзо се задивам, немошам да јадам многу зошто губам воздух. Дали е можно од нешто да боледувам?
     
  15. stojna1234

    stojna1234 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    Нема да ви одземам многу од времето само ве замолувам да го процитате мојот пост пошто важно ми е.Од пред некое време осекам како нешто да имам на грлото како нешто да ми стое и неможам да си земам воздух убаво како што треба,обично најмногу го осекам навечер пред спиенје,а и да кажам дека послениов месец дена се имам многу поправено и дали има нешто веза и тоа и дали некоја од вас знае што би можело да биде тоа.Благодарам многу однапред и се извинувам за ново отворената тема.
     
  16. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    19.368
    Допаѓања:
    317.536
    Пол:
    Женски
    [QUOTE="stojna1234, post: 2991486, member: 113596"
    Нема да ви одземам многу од времето само ве замолувам да го процитате мојот пост пошто важно ми е.Од пред некое време осекам како нешто да имам на грлото како нешто да ми стое и неможам да си земам воздух убаво како што треба,обично најмногу го осекам навечер пред спиенје,а и да кажам дека послениов месец дена се имам многу поправено и дали има нешто веза и тоа и дали некоја од вас знае што би можело да биде тоа.Благодарам многу однапред и се извинувам за ново отворената тема.[/QUOTE]
    proveri ja tiroidnata zlezda i bris od grlo napravi.Kaj svekrva mi istite simptomi bea od kandina na grlo
     
    На Petar80, Victorian, theowndemon и 2 други им се допаѓа ова.
  17. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Odi ispitaj ja tiroidnata zlezda od nea moze taka da tie
     
  18. stojna1234

    stojna1234 Активен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    1
    Пол:
    Женски
    pred mesec dena bev u filip vtori nesto me bolese leva strana i mislev srce e no mi rekoa ne e nisto strasno daleko od srceto nekoj muskul mi se prosiril,i pravo i teroidna zlezda mi ispitaa mi bilo normalno mi dadoa magnesium da pijam i gi pijam niv ama soznam se plasam dali e nesto strasno ili?
     
  19. meckicka

    meckicka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2016
    Пораки:
    1.398
    Допаѓања:
    1.337
    Пол:
    Женски
    Ja vidoa li na eho tiroidata ti zemaa li krv za tiroidnite hormoni
     
  20. ALISA0000

    ALISA0000 Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    13.628
    Допаѓања:
    152.241
    анкциозност
    има цела тема тука за тоа побарај ја