1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сингапур (Singapore)

Дискусија во 'Патувања и одмори' започната од Snow-Queen, 3 ноември 2011.

  1. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Јас минатот лето бев на многу дестинации, но посебен впечаток ми остави Сингапур Singapore



    Луѓево таму мислам дека се 200години отидени пред нас :)
     

    Прикачени фајлови:

    • images-3.jpg
      images-3.jpg
      Големина на фајлот:
      12,7 KB
      Прегледи:
      470
    • SUC50004_2010-11-28-3.jpg
      SUC50004_2010-11-28-3.jpg
      Големина на фајлот:
      6 KB
      Прегледи:
      470
    • SUC50132.jpg
      SUC50132.jpg
      Големина на фајлот:
      8,3 KB
      Прегледи:
      470
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  2. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.343
    Најчист град каде сум била. Најпаметно што забраниле продажба на гуми за џвакање, и навистина една нема плукнато негде, народот е толку...како да го речам, воспитан или културен, да никој не фрла ѓубре кај му текне. Ни еден отпушок не најдов фрлен. И чувството на безбедност морам да напоменам. Сама дека сум била никаде не се имам чувствувано толку безбедно. Орчард е рај за шопинг...ама во Лондон е поевтино :!: :lol:
    Преку ден не ми изгледаше толку спектакуларно, ама навечер кога го погледнеш од марината, глетката е за мераци! Ама и Кларк Кеј не е за фрлање со реката и ресторантите. Го заборавив името на еден од нив ама униформата на келнерките е нај нај :$
    Не убаво што ги напумпале цените на фамозниот Слинг во Рафлс хотелот, по кој отидев само за да се сликам со слинг во рака потпрена на вреќа со кикиритки, оти таму морало да одиш како турист :D најделе овци :rofl:
    Алал да им е за Лау Па Сат :clap: И ако не за друго еден ден ќе се вратам за еден Венди бургер :$
     
    На ivancekitty му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Snow-Queen

    Snow-Queen Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 ноември 2011
    Пораки:
    15.266
    Допаѓања:
    15.011
    Пол:
    Женски
    Не само што се забранети како продажба,туку и странците не смеат да џвакаат. Лелелееее тие месец дена додека бев,како сум се криела да џвакам,што да правам :wasntme:
     
  4. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.139
    Допаѓања:
    4.112
    Не смеат да се внесуваат ниту играчки со облици на оружје. Колку што знам за Сингапур и соседна Малезија со македонски пасош не е потребна виза за краток туристички престој уште поодамна. :)
     
  5. livert

    livert Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 април 2011
    Пораки:
    116
    Допаѓања:
    115
    Dали сеуште важи безвизниот режим за краток престој во сингапур? Nекој да не бил во скоро време планирам да го посетам во ноември а Mакедонија нее е на ниту еден од официјални сајтови ниту во листата дека е потребна виза ниту дека не е. Bило каква информација е добредојдена :)
     
  6. Lemon

    Lemon Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јуни 2013
    Пораки:
    472
    Допаѓања:
    167
    ептен каснам за твоево патување ама еве и за другите заинтересирани за визи за било која земја. на сајтот на МНР има наведено за каде ни треба виза (или не, и за колкав престој). за сингапур не треба виза ако се престојува ДО 14 дена.
    http://mfa.gov.mk/sites/default/files/V ... 2014_1.pdf