1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сингл и со потонати бродови...

Дискусија во 'Сингл' започната од Leala, 11 септември 2011.

  1. Leala

    Leala Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 август 2010
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    12
    Девојки колку пати сте се чувствувале како да ви потонале сите бродови?

    Јас моментално така се чувствувам,бидејки скоро сите што ми се убави момчиња се зафатени или се без карактер,искрено многу сум разочарана, само се дружиме и најлошо е кога ке ми се припуштаат а се зафатени.Тоа е ужас за моите емоции :(
     
  2. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Ужас или не, и тоа е само мало делче од предизвиците и секојдневијата во твојот живот. Можеби ќе ти се засвиѓаат уште ХХХ зафатени, можеби ќе ти се пуштаат уште 1000 „верени“, но токму во тоа лежи и работата, што ти си во потрага по ЕДЕН што ќе го задржиш крај себе, а не дузина. =)
    Така што, само трпение, без мисли за „потонати бродови“, и ќе наидеш и на оној еден што ќе има и изглед, и карактер кој ќе те плени, а најважно од се’, за другите ќе е зафатен... Но не и за тебе. =)
     
    На melissa, easyyyyy, srcekrsacka и 4 други им се допаѓа ова.
  3. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    исто се осеќам и јас
     
  4. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.729
    Па сите сме се чувствувале така во некои периоди. Ништо невообичаено, само треба да знаеме како да ги потиснеме тие чувства, да се бориме против тоа и да не паѓаме во депресии. Па кој немал пропаднати врски, неостварена или невозможна љубов? Тоа е неизбежен дел од животот. И секогаш треба да знаеме дека ќе има подобри денови, само треба да веруваме во тоа.
     
    На srcekrsacka и Gioia им се допаѓа ова.
  5. NightAir

    NightAir Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    394
    Допаѓања:
    491
    ахх знам како ти е. ко некоја епидемија да ги има заразено сите момци па нема еден нормален, кој во врска, кој мисли на врска со друга...само ќе ти речам, држи ја главата, штиклите и стандардите високо...тоа што е твое ќе си дојди.
     
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Leala, не знам колку години си, но јас таква бев порано. Кога имав 15 и 16 години и бев мочла! Си имав јас и непрежалени љубави и плачки речиси секој ден. Плачев за дечко и љубоморев кога ќе видам среќен пар (и тој среќен пар е среќен само пред другите или на фејсбук). Не знам дали беше до пубертетот или си имав некои проблеми во главата, ама очите ми беа широко отворени само за да си најдам некој што ќе ме љуби и што ќе ми дозволи јас да го љубам ,безусловно. Смешна сум била знам. Да можам да го врнам времето, би седнала и би учела деноноќно без да се замарам со тие глупости.

    Не знам ни јас колку мувачи сум имала и такви за една вечер, срамно ми е да кажам, ама секако споделуваме искуства, нели? И тоа надевајќи се дека од тие момци за една вечер би излегла некаква љубов. Глупости!!!

    И кога престанав да барам по кафичи, по школо или кај и да одам... си најдов еден. И тоа на Сакам книги... Тој напиша дека читал некоја книга од Буковски и јас го аднав на фејсбук. (не дека на сликите беше некој лепотан, ама така ме тераше). Почнавме да контактираме и да расправаме за книги, за музика и филм... и од тоа излезе една прекрасна врска. Неколку месеци сме заедно и навистина се сакаме.

    Сега сфаќам дека бадијала сум се потресувала и сум се занесувала. И тие порано не сум ги сакала. Ниту пак тие мене. Јас само слепо сум верувала, дека има нешто. Некоја магија... |(

    Опушти се и не мисли на тоа. Љубовта полека ќе дојде. А додека да дојде, има многу прекрасни работи во кои можеш да уживаш меѓувреме!
     
    На TheSecret, Trendafilka, baby.Dex и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Mimms

    Mimms Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    6
    Се што е твое ќе си дојде...тоа запамети го добро! :)
     
  8. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Ми се допадна делот без карактер :)
    Тоа укажува на веке созреана личност која не го гледа само надворешниот изглед ,туку бара една комплетност од другата половина.
    Затоа не очајувај ,дружи се ,контактирај со многу луѓе и што е најважно ,не дозволувај да те совлада тоа непријатно чувство на осаменост во емотивна смисла ,не оддалечувај се од друштовото но и збогати го кругот на познаници и пријатели ,можеби токму во некој од нив ќе го пронајдеш она што го бараш? :*
     
  9. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020
    Знаеш потонатите бродови ги прогласуваш за подморници


    чекаат под вода , и кога ке дојде непријателот (машкото што го свигаш)
    искачаат на вода го опколуваат , се заљубуваат и живеат заедно со 3 деца срекно до крајот на животот
     
    На Divinebutterfly, Go-Girl, baby.Dex и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Еднаш само по раскинувањето со бившиот што бевме заедно 10 месеци..... но поминаа 5 од тогаш и го немам толку видено и престанав да се надевам и да мислам на него :)
     
    На baby.Dex му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Како што гледаш не си сама на многу од нас им се случувало или им се случува истото..и јас ја имам се таа "среќа" да се загледам у зафатени,верени,итн.кои понекогаш и ми возвраќале на флертот,погледите но, мене не ми се допаѓа тоа,едноставно не сум таков тип што ќе расипе некоја врска каква и да е..сфатив дека нема потреба да ја барам специјално љубовта,да излегувам секој ден опседната дека мора да запознаам некого или да се брзам затоа што сум во тие години! Не! Сметам дека се ќе си дојде со време,спонтано кога најмалце очекуваш! Не знам колку години имаш,ама нема потреба да се разочаруваш,тоа е составен дел од нашите животи како што наведоа и мн.феминки погоре!
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    кога најмалку очекуваш, тогаш ке се појави некој што го заслузува твоето внимание, љубов
    не заборавај дека за секое тенџерче има и капаче
    секако дека со сила убавина не бива, и не е ко ти сакаш, туку само по себе ке се случи :)
     
  13. nake-mirce

    nake-mirce Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    4
    eh jas da sum single 8) најубаво е...кога си бев јас така си бев најсреќна али сега :@ па ова па она проблеми милиоооон.....хм зивотот е најубав кога си сама :clap:
     
  14. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    613
    Допаѓања:
    368
    Не е точно... можеби да, проблеми се има... ама ако се ненадминливи постои раскинување : )
     
  15. Bunny2

    Bunny2 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 декември 2010
    Пораки:
    1.301
    Допаѓања:
    1.639
    Прогласи ги бродовите за подморници и продолжи понатаму со крената глава :)
     
  16. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    3.269
    Исто како Magnolija едно време бев толку занесена во тоа да сум имала дечко и цело време барав и се трудев. Во целото барање налетав на еден сељак што се гледаше дека не е за мене. Откако раскинав со него, престанав да се замарам. И така на 1 Јули го запознав мојот сегашен дечко кој е перфекција и ме комплетира. Не очајувај а и немој да го бараш толку многу и со намера. Врската доаѓа спонатно - кога најмалце очекуваш. Дотогаш уживај со другарки, смеј се и не пропуштај ниедна журка ;)
     
  17. House95

    House95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јуни 2011
    Пораки:
    125
    Допаѓања:
    28
    Ајде бре што е твое ќе си дојде :) Што се замарате толку ќе раскине некој :D
     
    На Leala му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Gerberce

    Gerberce Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    65
    А јас одсекогаш, а еве и ден денес се загледувам у идиоти.
    Не ми се сеуште сите лаѓи потонати, али расте очајот во мене...
    А имам пуштачи, не е да немам. Можда меѓу нив има и карактерни и добри, ама од некоја причина тие ги одбивам без да размислам, а тој што јас ќе го одберам или он ќе ме одбие или ќе испадне тежок идиот. Ама ТЕЖОК!
     
    На melissa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    373
    А, како потонуваат бродовите ако си сингл?? :^)

    Јас изминативе недели, сепак успевам да се одржам на површината. Можеби е подобро сам/сама отколку во лоша и деструктивна врска. А кога тогаш ќе се најде некој. Некој за утеха или можеби нешто повеќе.

    Го пропуштив периодот кога требаше да се дружам со другарки, да излегувам, да се пијанчам, глупирам и да уживам во слободата. Јас тогаш -со дечко! Где ми је памет била :x Сега сите другарки веќе имаат дечковци, го пројдоа периодот кој на мене ми остана неизживеан и се скротуваат, а јас сега ли да се глупирам?? |(

    Затоа нема ништо лошо во тоа да си сам. Имаш таман време да си размислиш што сакаш за себе и да научиш да не прифаќаш ништо помалку од тоа. :!:

    Ма какви потонати бродови, ко да завршил животот. Всушност не треба никогаш да се откажуваме, незнаеме позади кој агол се крие среќата.
     
  20. bal0n43

    bal0n43 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    81
    Кога бродовите ќе потонат прогласи ги за подморници и продолжи понатаму..

    Сите барем еднаш сме биле во ваква или слична ситуација. Тој што ти се допаѓа рецка не ти удира, ти му се допаѓаш на друг а ти не го ни познаваш..
    Бев во ситуација кога едно машко трчаше по мене а јас му ги удрив клоците зашто сметав дека сум мала за врска, после кога јас почнав да трчам по него тој фати друга. Во друштво сите парови јас самичка и почнав да се депримирам и да мислам дека јас ќе останам сама на светов и веков, дека мене никој нема да ме сака, блабла...детски ум. Секое излегување ми беше со една цел, да си најдам и јас сродна душичка :wasntme:
    Кога размислив подобро сфатив дека тоа не доаѓа така..еј ми се допаѓаш, ај да бидеме заедно и баталив. Си се посветив на учењето и по некое време на еден форум почнавме да се допишуваме со едно машко, па испадна дека сме од ист град, па се запознавме и излезе дека учиме во исто школо. Почнавме да се дружиме и така си се наредија работите сосема неочекувано.
    Затоа немој да се оптеретуваш премногу со тоа. Се’ што е убаво се случува кога најмалце очекуваш ;)