Другарки мои, сопатнички во барањето среќа. Простете што ќе звучам контрашки, но мисмам дека темите сингл и среќна, не ни требаат мажи, поубаво е сама имам време за себе - се најголемиот коуп. Два пола постојат заради добра причина и реално никој не сака да е сам. Примете го ова како мислење на жена која подолго време сама. Ниту Бог ниту природата не сакале да сме сами. Колку кафиња со другарките пред да ти здосади? Колку курсеви по грнчарија, hiking, колку изложби и посети на Опера и балет пред да прифатиме дека сме несреќни и сами. Особено убавите девојки на кои модерниве мажи од страв не им приоѓаат? Да не се лажеме, ако бевме среќни сами, немаше да бараме маж. Зошто би барале ако сме среќни кога сме сами? Да не унесреќи? Да престанеме да се лажеме себеси ако сакаме да го надминеме проблемот. Простете но ова е мое мислење. ако има среќни и сами, со среќа нека ви е.