мислам дека тоа е само утеха затоа што кога сме во врска велиме дека е најубавото нешто да сакаме и да бидеме саками, но кога останеме сами велиме дека синг си е синг само се лажеме бидејки длабоко во себе сите посакиваме да имаме љубов, да сакаме од истата таа личност да бидеме сакани
Сингл и се е можно !!! Како па да не !!! Сингл сум, си правам што сакам, никој не ме замара и не ме распрашува каде сум, со кого сум, можам да си излезам со другарки кога сакам, да се дружам со секое машко што ми е интересно, да си се мувам со кого си сакам, бла бла бла !!! Колку пати сум си го рекла ова, а уствари секој ден очајно си го чекам фраерот и се тешам дека кога тогаш, ке ми налета Пуста утеха
Се има свои добри и лоши страни, и кога си сингл, и кога си во врска. Јас мислам дека целта на изразот е да се кажи дека сепак секој „статус“ си има своја убавина и одредени работи кои ги имаме и немаме. Тоа и е навистина како некој вид на утеха, но тоа така оди било да си сингл или во врска.
Во никој случај не е причина за паѓање во депресија! Па ако сега не уживаме во целосната слобода што ја имаме, тогаш кога? И да се биде во врска, и да се биде сингл, се си има своја убавина. И врската си има свои лоши страни, сите ги знаеме кои се нели?
Сите што се сингл повеќе или помалку гледаат да си најдат некој кој им одговара и да им се смени статусот. Може да ти биде супер со статус сингл на 18год но сигурно нема да ти биде супер на 28. Сепак подобро сингл отколку во лоша врска и најмногу сум против почнување врска со било кој од причина колку да не се биде сам.
Си има и предности и недостатоци. Кога си во врска сакаш да си слободен, гледаш како слободните уживаат. Кога си сингл, ги гледаш заљубените парови и им завидуваш што немаш никој покрај себе.
Ако е болдот точен значи врската не е со вистинската личност или не го живееш тоа што го сакаш. (општо зборам не за тебе лично )
За кого како... Не е се во животот да имаш дечко. Двете работи си имаат позитивни страни. Секако, убаво е да знаеш дека си сакан, но можеш да бидеш среќен и кога си сингл и тоа колку!
Дефинитивно утеха! Кога сме сами се тешиме со тоа колку е добро да си сингл,имаш време за се,излегуваш со кој сакаш,се запознаваш со нови машки,пиеш колку сакаш,и притоа никој не ти го забранува тоа. Но сепак мислам дека е подобро покрај себе да имаш една личност која те сака. Убаво е чувството да си сакан,да знаеш дека на некој си му потребен,дека мисли на тебе. Е сега може малку ќе си ограничен во слобода,али сепак мислам дека е подобро кога си во врска.
Според мене, утеха, и јас кога бев сингл и очајно посакував да имам некој до мене, да ме мази и пази, сама се тешев и си давав некои глупи примери дека еве некои девојки ја немаат таа слобода како сингл девојките, неможат да прават што сакаат или слично, ама подоцна дозав дека се зависео од луѓето, и партнерите. Кога си фатив дечко ми беше многу поубаво, си ја најдов мојата сродна душа ја имам истата слобода како кога бев сингле ,јас си излегувам со другарки одам со колеги и колешки на кафе,а исто и тој, едноставно не си љубомориме ... нема некоја страшна разлика помеѓу времето кога бев сингл и сега, разликата е само што сега имам дечко, љубовник,и се чуствувам најсакано, имам душа која во секој момент ми мисли добро, и дели со мене се мое и се негово. Ми дава совети и ми кажува каде грешам а каде не, тој е мој тивок шепот кога сум тажна и ме вади од бездната... Спојлер се извинувам ако забегав, ама ме нагазија чуства . Посакувам сите да го видат и сватат чуството на љубов и срека и да ја најдат разликата сингл и ин релеjшншип
Дефенитивно само тоа е утеха, викаме се е супер кога си сингле кога сакаш излегуваш со кого сакаш ова она, но кога ќе видиш некогаш некој кој што има некој покрај себе кој секогаш мисли на тебе кој те третира како вистинско човечко суштество и ти дава безгранична љубов ејјјј врв се би дал за тоа и машките а и женските МРАЗАТ ДА СЕ СИНГЛЕ секогаш е топло чуството кога имаш некој/а вистински/ка до тебе сите ние што сме сингле би дале се само за да сакаме и да бидиме сакани
Aко знаеш како да бидеш сингл, нема да ти биде утеха. Исто важи и за врски. Секако дека никој попрво не би избрал да биде сингл отколку во убава врска, ама ако знаеш како да си го поминеш времето кога си сингл, нема толку очајно да трагаш по партнер и нема да ти претставува проблем да раскинеш врска, да поминеш некое време сама. Мене не ми е јасна таа фобија од статусот сингл, посебно па кај жените, до толку ригорозни случаи има, абе од кал да е дечко да е, врска никаква ама се одржува колку да не биде сама.
Многу убаво кажано. На 18 не ти е гајле, млад си, уживаш, ама на 28 тие што се сфаќаат дека им треба некој, сакаат сродна душа, а како се се поремети, мали се шансите да се најде некој асален. Верувајте дека тие постари мака мачат. Е сега подобро е сингл, отколку да влеташ во брак за кој не си спремна и да направиш глупост. Една грешка и цел живот ќе упропастиш.
Си сакаат секс таквите женски не гледам ништо лошо во тоа. Ама во право си дека било каква врска само за да не се сами е глупост и кога тогаш на крај ќе излезе дека е џабе загубено време, а во меѓувреме можеби го пропуштиле вистинскиот за нив. Инаку, и јас сметам дека фразата “сингл си е сингл“ е секако голема утеха за тие што се сингл. Не е воопшто убаво да си сингл (барем не подолго време), да немаш на кого да се јавиш да и/му кажеш дека ја/го сакаш, на кого да мислиш и да планираш за натаму во животот, да немаш од кого да добиеш подарок, насмевка, прегратка, па на крајот на краиштата и секс. Мислам дека тие што се сингл, не е тоа нивен избор, но мора така да живеат затоа што во моментот немаат партнер. Фала богу не е крај на светот, но сепак далеку поубаво е кога си имаш партнер. Исто така сметам дека тие што имаат секс без обврски т.е. имаат sex или fuck buddy а не се во врска, не се во суштина среќни затоа што љубов, топлина, близина, мир, спокој, хармонија и сл. знаејќи дека тоа што го имаме е само наше е 100 пати поубаво отколку сексуално животинско празнење без љубов. Во тој контекст ќе сумирам, love is better than sex, затоа што ако имаш love ќе имаш и sex, а ако имаш sex, не е гаранција за love, па од тоа што имаме love следува дека имаме sex значи имаме се' (ама математички го изведов ова). И да додадам за крај, цело е кога има се'. Животот е замислен и предвиден да си ја најдеме сродната душа и да си го поминеме остатокот од животот заедно, нема поента во тоа да живееме сами. Ова би било моето општо мислење... сега за сега останувам мистичен но ветувам дека до 31 декември 2012 ќе го откријам мојот relationship status. Не верувам дека до тогаш ќе ми се смени статусот затоа што држам стабилен курс како денарот што го држи курсот во однос на еврото. Исто така не верувам дека информацијата за мојот статус некому ќе му значи или смени нешто во животот, но сепак... ќе влезам во 2013 во ново светло на овој форум и ќе бидам љубовен советувач и експерт за love and all about this game. Ловецот има уште многу работи да каже и да придонесе за женскиот свет на овој форум. Нема да е интересно ако целосно се разоткријам и се' си кажам затоа бев резервиран до сега, но време е за подлабоко нурнување на овој форум, колку ќе ми дозволи слободното време, of course.
Многу точно. Кога ќе помислам дека две години сум сама, во секоја смисла на зборот (освен за секс) веќе почнува нервоза да ме фаќа. Како да ми поминуваат најубавите години без да уживам во нешто прекрасно. Е*ати среќата. Ми иде да ги отерам у пм сите машки кои ми се пуштаат за да ме легнат. Уште малку и може женска ќе си фатам.
Све е инвидуално,познав девојки и момци кои не сакаат да се во врска,зато што так ке си бидат слободни и можат со кој сакаат да си бидат,јас лично несакам да сум сингл,поубаво ми е кога сум покрај саканата.
Кога си во врска подолго време, ќе сакаш да си сингл, кога ќе си сингл подолго време ќе сакаш да си во врска. Јас мислам дека тоа е од монотонија, и желба за нешто ново.
утеха, вистина е дека некој можеби сака да си ја одмори главата од машки муабети, од тоа како треба понекогаш да се однесува да освои машко и се понатаму па затоа вели сингл си е сингл, но навистина и не го мисли тоа бидејќи тоа е моментален став, но понатаму како и да е ќе и треба некој што ќе и докаже дека е сакана