1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Синдром на измамникот (Imposter Syndrome)

Дискусија во 'Психологија' започната од злоба, 6 октомври 2020.

?

Дали се чувствувате како измамник?

  1. Да

    50,0%
  2. Не

    50,0%
Дозволен е избор на повеќе опции
  1. злоба

    злоба Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2020
    Пораки:
    1.027
    Допаѓања:
    3.321
    Пол:
    Женски
    Синдром на измамникот: Не заслужувам успех, другите се подобри од мене!
    Познавате ли некој што страда од синдромот на измамникот? Според истражувањата, дури и возрасните, веќе етаблирани челници на успешни компании, јавни говорители, па и многумина моќни луѓе, кои сè уште се прашуваат дали тоа што го прават е доволно добро и дали нивниот успех, всушност, не е измама што наскоро ќе биде разоткриена.

    Голем број успешни и многу познати луѓе се чувствуваат како измамници, родени под среќна ѕвезда и сметаат дека со ништо не го заслужуваат својот успех. Меѓу нив се и оскаровките Мерил Стрип, Кејт Винслет и Натали Портман. „Синдромот на измамникот“ се заснова на верувањето дека сме неспособни, без оглед на доказите што ни зборуваат дека сме мошне способни и успешни.
    „Синдромот на измамникот“ е психолошки термин, со кој се означува сомнежот на луѓето во своите лични достигнувања, како и постојаниот внатрешен страв дека ќе бидат препознаени како измамници во врска со своите успеси. Терминот го вовеле Полин Кленс и Сузан Ајмс во 1978 година, кога откриле дека и покрај адекватните докази за нивните достигнувања, луѓето со импостор синдромот се убедени дека не го заслужуваат успехот што го постигнале.

    Синдромот на измамникот ќе го препознаете по тоа што ваквите луѓе својот успех го нарекуваат среќа или добар тајминг, или пак, едноставно не му обрнуваат внимание сметајќи дека другите се подобри, поинтелигентни или покомпетентни од нив. Иако почетните истражувања се фокусирале на присуството на овој синдром кај жените, сепак подоцна било востановено дека еднакво ја погаѓа и машката и женската популација.
    Бројни се сведоштвата на жени кои секојдневно се соочуваат со него. Тоа изгледа приближно вака: Добиваат унапредување на работа, а внатрешниот глас им зборува дека сигурно немало други кандидати, па ја одбрале неа. Таа се подготвува за презентација, а во себе си мисли дека сите ќе дознаат колку е очајна. Или, пак, доаѓа на состанок и размислува како нејзиниот шеф во секој момент ќе влезе и ќе ѝ рече дека откриле оти таа не е квалификувана за работната позиција, иако во суштина е најискусната личност на тој состанок. Доколку внимателно ги разгледате овие ситуации, ќе сфатите дека ефектите на импостор синдромот се разорни.

    Како настанува?

    Научниците сметаат дека овој синдром настанува како комбинација од неколку причини. Кога некоја личност напорно работи, а притоа е доста интелигентна, таа често постигнува големи успеси. Во оној момент кога вредниот работник ќе се посомнева во своите квалитети, тој работи многу повеќе и подобро за да стане уште подобар. Тогаш кога работата преминува во некаков вид опседнатост, се јавува синдромот, токму поради напорната работа и стравот дека не е доволно добар. Дури и кога добива признанија за својата работа, личноста што има „синдром на измамник“ не е задоволна со себе, па така сè понапорно работи и сè полошо се чувствува. Во ситуациите кога не може да си признае дека има проблеми со самодовербата, ова може да прерасне во исцрпен процес што доведува до напорен живот.
    Исто така, кога некоја личност е мошне шармантна и харизматична, лесно постигнува успеси. Благодарение на вниманието што го привлекува, ваквата личност може многу побрзо да дојде до нешто за коешто на другите би им било потребно многу повеќе време. Од таа причина, шармантните луѓе неретко мислат дека мамат и дека не го заслужуваат успехот, не земајќи го предвид фактот дека шармот е дел од карактерот.

    Но и семејството исто така игра важна улога. Еден тим истражувачи ги проучувал врските меѓу стиловите на родителство и синдромот на измамникот. Тие утврдителе дека и недостатокот на родителка грижа, како и преголемата родителска грижа се поврзани во самодовербата на луѓето. Друго истражување, пак, открило дека семејните очекувања исто така влијаат врз развојот на синдромот. Во семејствата во кои децата мора да остварат одредени очекувања на своите родители и да се однесуваат по одредени шаблони, често се случува тие да израснат во личности што имаат проблем со самодовербата и со самопочитта, како и со вреднувањето на својот успех. Така настануваат несигурни личности, на кои постојано им е потребна пофалба од другите, а кога ќе ја добијат, мислат дека ни тоа не е доволно.
    Луѓето што страдаат од ваквиот синдром треба да прифатат дека имале улога во постигнувањето на својот успех. Тоа значи дека треба да го анализираат трудот и ангажманот што го направиле за да дојдат до фактот дека имаат вистинска заслуга за постигнатото.

    Како да се надмине?

    Корисно е и да се фокусирате на своите вредности, наместо постојано да си пронаоѓате мани.
    Треба и да ги запаметите убавите нешта што луѓето ги кажуваат за вас. Кога некој ве фали, треба да ги запаметите и да ги прифатите пофалбите на ваша сметка. Луѓето што страдаат од синдромот на измамникот, често ги игнорираат комплиментите, а ги паметат замерките. Тоа треба да се промени.

    Престанете да се споредувате со другите. Секоја личност е посебна и секој различно ѝ пристапува на работата, па затоа не треба да се споредувате со другите, туку да си се пофалите и себеси, а и другите за успешно завршената работа.

    Мотивацијата и афирмацијата се многу важни во деловниот свет, особено кога има силна конкуренција. Корисно е секој ден да се читаат неколку позитивни и охрабрувачки мисли за да се присетите на своите цели и веднаш ќе ви се врати фокусот на позитивната сфера од вашиот живот.
    Многу е важно и да разговарате за своите стравови, бидејќи признавајќи како се чувствувате и разговарајќи за тоа, ќе дознаете дека не сте единствените што поминуваат низ такви тешки моменти.

    Превземено од Popup