Синдром на повеќекратна личност

Дискусија во 'Психологија' започната од Pubu-bubu, 1 октомври 2014.

  1. Pubu-bubu

    Pubu-bubu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    41
    Синдромот на повеќекратна личност е ретко ментално нарушување кое се карактеризира со тоа што личноста поседува најмалку два различни идентитети кои наизменично го контролираат нејзиното однесување, но не се поврзани еден со друг.
    Се смета дека причината за ова растројство најчесто е заради тешки трауми од раното детство,како повторувано сексуално,емоционално или физичко насилство.
    Личноста може да поседува и над 50 идентитети и повеќе, а лечењето на оваа болест најчесто е хипноза.Накратко е тоа,инаку има многу да се пишува на оваа тема.Ме интересираат ваши мислења и податоци.
    Дали имате слушнато за овој синдром?Дали познавате некоја личност со овој синдром?Дали верувате дека постои?
     
    На Victorian и makedonkamak им се допаѓа ова.
  2. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.978
    Пол:
    Женски
    Јас сум слушнала за синдρомов κој е тешκо психичκо наρушување. Сидни Шелдон има една κнига напушано сигуρно знаете и ја поκиρа оваа тематиκа. Мене ми беше моρбидна дуρи за читање, а ја имам читано пρед многу години. Синдρомот е многу специфичен и тежоκ за лечење. Сρеќа не познавам ниедна личност со ваκва болест, а сигуρно ги има.
     
    На Victorian и kimmi им се допаѓа ова.
  3. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.010
    Пол:
    Женски
    Јас верувам дека постои иако не познавам таква личност, можеби е редок синдром... како и да е, многу тажна состојба, не сакам ни да замислам блиските како се чувствуваат... ја гледаш саканата личност в лице и правиш муабет со неа, а воопшто не можеш да ја препознаеш, т.е. воопшто не е таа... страшно. :|
     
    На makedonkamak му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Pubu-bubu

    Pubu-bubu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    41
    Книгата што ја спомнаа погоре е Раскажи ми ги соништата- Сидни Шелдон. Можам слободно да кажам дека заради книгава се заинтересирав за овој синдром. Ако сакате можам да предложам и серија со оваа тематика. Одлична е серијата топло препорачувам,ги обработува сите моменти од оваа болест.
    https://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=ZL0NXZUfqKk
     
    На *Amethyst*, Victorian, ku4ence и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.407
    Пол:
    Женски
    Не сфаќам на што се мисли личноста има повеќе идентитети. Се мисли дека една личност прво користи едно име и призиме и живее еден живот, па живее друг живот со друго име и презиме, или кога една личност живее во два света во кој едниот е несреќна, а во другиот среќна?
     
  6. Pubu-bubu

    Pubu-bubu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    41
    Живее еден живот со повеќе идентитети. Во 24 саати личноста која го има овој синдром може да се преобрази во 5-10-15 нејзини измислени ликови,зависи колку има. Секоја измислена личност има свое име со кое се претставува, и понекогаш се случува личноста со ваков синдром да има измислена личност која не е човек туку животно. Но, срањето во ова сето е што личноста со ваков синдром не се сеќава на своите измислени ликови кога тие се појавуваат. Интересно е што варираат од личност која може да глуми наивно дете на кое се му е убаво и розево, до насилна личност која е желна за одмазда.
    Побарајте на youtube има интересн емисии кај Др. Фил со жени кои имаат неколку личности во себе, и свесни се за нив само кога се при себе, а дознаваат какви се "другите'' преку видео ленти.
     
    На *Amethyst*, piksooki, makedonkamak и 5 други им се допаѓа ова.
  7. ColoursOfTheRainbow

    ColoursOfTheRainbow Популарен член

    Се зачлени на:
    23 март 2012
    Пораки:
    1.187
    Допаѓања:
    2.407
    Пол:
    Женски
    Сега се сетив, не знам каде ама имам гледано филм за овој синдром, каде што една жена во еден период живееше како да е мачка и ги менуваше постојано своите личности.
    Од што ли доаѓа до овој синдром? Мислам мора да има некоја причина или пореметување во мозокот за да дојде до ова.
     
  8. Pubu-bubu

    Pubu-bubu Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    41
    Па како што кажав во воведот. Настанува заради трауми, трауматични настани.
     
  9. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    1.938
    На *Amethyst* и najjacha им се допаѓа ова.
  10. celineparis

    celineparis Популарен член

    Се зачлени на:
    11 февруари 2014
    Пораки:
    716
    Допаѓања:
    2.217
    Мислам дека и филмот: Don't look back e поврзан со ова ментално нарушување, ама не сум некој голем експерт на оваа тема. Ме интересира дали е слично со биполарното нарушување или тоа е нешто различно?
     
  11. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    1.938
    Различно е.
    Биполарното растројство на
    расположението е вид на депресивно растројство.
    Лицата кои страдаат од биполарно
    растројство на расположението
    искусуваат преголеми промени во
    расположението – од депресија и тага до занесеност и возбуденост.
    Промените во расположението
    обично се повторуваат и може да
    варираат меѓу мали и сериозни
    промени, а исто така често може да траат различно време. Биполарното растројство не е ретка појава. Нормален човек, не психопат, со биполарно растројство не би силувал и убивал.
    Додека пак синдромот на повеќекратната личност е многу редок и кај таквата личност може да постои лоша личност која може да силува и убие. Ова ментално нарушување кое се карактеризира со тоа што личноста поседува најмалку два различни идентитети во нивното тело кои наизменично го контролираат однесувањето, но не се поврзани еден со друг. Овие лица можат да бидат од различен пол, возраст, националност, темперамент, ментални способности, да имаат различни погледи на светот, па дури и болести. Се смета дека причината за ова растројство најчесто е заради тешки трауми од раното детство,како повторувано сексуално,емоционално или физичко насилство. Најшокантниот случај со оваа ретка болест е кога во 1970 во САД бил уапсен Били Милиган кој силувал повеќе жени и во текот на судењето е откриено дека во неговата глава живеат 24 личности.
     
    На *Amethyst*, Victorian и Briar Rose им се допаѓа ова.
  12. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    13.591
    Пол:
    Женски
    Книгата Strange case of Dr Jekyll and Mr Hyde напишана од Robert Louis Stevenson е токму поврзана со ова ретко ментално нарушување. И ако сте ја прочитале книгата, би можеле да ги сфатите сличностите со оваа состојба.
    Имено, DID или MPD претставува состојба која предизвикува едно лице да покаже повеќе личности кои се меѓусебно различни и поинаку се однесуваат во средината. Како што сугерира името, личноста која страда од ова нарушување прикажува многу различни личности во текот на различни периоди и секоја личност обично не се сеќава на она што другата личност го направила додека била ,, во контрола,,
    Ова е нешто што се гледа сосема слично и со ликот на Mr. Hyde во горенаведената книга. Во неа, еден од главните ликови, Dr. Jekyll, пронаоѓа начин да се ,,трансформира,, во лице без совест. Оваа втора форма е позната како Mr. Hyde која што има насилни тенденции (како што се убиства) кои го принудуваат Dr. Jekyll да бега од полицијата која се обидува да го фати. Она што е различно за двете поделени личности во овој роман, поврзано со растројството на разединителен идентитет, е дека Dr. Jekyll и Mr. Hyde всушност се сеќаваат на она кое другиот лик го сторил и дека Dr. Jekyll знае кои злосторства биле сторени кога тој бил Mr. Hyde. Меѓутоа врската помеѓу Dr. Jekyll и Mr. Hyde има многу сличности со растројството на разединителен идентитет, во тоа што линостите кои се во интеракција со Dr. Jekyll и/или Mr. Hyde гледаат многу различни луѓе кои доминираат во одредени времиња.Тие се различни до точката што дури и нивниот физички изглед се менува кога Dr. Jekyll се трансформира. Друг интересен аспект на односот меѓу овие два лика е дека едната личност во крајна линија ,, победува ,,
    Во романот Dr. Jekyll станува очаен да создаде уште една напивка со која ќе се врати назад во неговото нормално себе. Ова е бидејќи тој автоматски започнува да се трансформира во Mr. Hyde ненамерно, а потоа и против негова волја.
    Дури во крајот на романот Dr. Jekyll знае дека веќе изгубил контрола врз Mr. Hyde и дека наскоро засекогаш ќе остане како него. Тој не е сигурен дали откако повторно ќе се трансформира, Mr. Hyde ќе изврши самоубиство или ќе биде осуден на смрт, но се решава да напише како еден вид на проштално писмо пред да умре каде објаснува како успеал да се трансформира во Mr. Hyde. Исто така објаснува дека Mr. Hyde бил олицетворението на сите лоши дела на човековата природа - себичен, избувлив, екстремно насилен итн.
    Поради оваа книга, многу луѓе денес ги користат термините Dr. Jekyll и Mr. Hyde за да ги опишат поединците кои прикажуваат двострани личности, најчесто каде едниот лик е добар, адругиот лик е злобен.
    Пациентите често се многу вешти во криењето на нивните повеќекратни личности од своето семејство и од пријателите. Еден идентитет го користи името со кое лицето е родено. Овој идентитет често се чувствува депресирано, пасивно се однесува и прикажува чувства на вина кои не можат да се објаснат лесно. Овој примарен идентитет обично не е првично свесен за другите идентитети. Други симптоми вклучуваат обид за самоубиство и самонанесени повреди , како исекотини и изгореници. Многу луѓе кои страдаат од ова растројство покажуваат пост-трауматски стрес- ментално нарушување во кое луѓето кои преживеале еден застрашувачки настан.

    Интересен факт за книгата:
    Robert Louis Stevenson ја напишал Strange case of Dr Jekyll and Mr Hyde за три дена во текот на жестоки активности во 1880 година. Кога неговата сопруга го прочитала романот, таа помислила дека романот е толку злобен што го уништила. Сепак, Robert Louis Stevenson едноставно ја препишал книгата за уште три дена.
     
    На *Amethyst* и LegallyBlonde13 им се допаѓа ова.
  13. Aquamarine93

    Aquamarine93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 април 2016
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    3.742
    Пол:
    Женски
    Многу од членовите слушнале за вакво растројство, јас за жал до пред извесно време живеев со таква личност. А која е таа? Па, мајка ми. Најраните спомени од неа ми се измешани, добри и многу лоши. Како мајка беше ужасно строга, дома имаше војничка дисциплина. Штета што таа дисциплина не ја употребуваше на себе. Како дете се сеќавам дека се плашев од неа. Чудно ми беше како другите деца се зависни од своите родители, јас во животот бев принудена се да научам сама. Јбг, трауматично детство имав. Кога почнав да одам во средно, сфатив дека во нејзиното однесување има нешто многу психотично. Извесно време се тешев дека тоа се она обични тинејџерски кавги помеѓу мајка и ќерка. Но, за жал не беше така. Како јас почнував да се развивам во млада девојка, така нејзината љубомора почна да излегува на виделина. Имам заоблено тело, без вишок килограми, а таа се обидуваше да ми набие комплекси дека сум дебела и дека треба да престанам да јадам. Ден пред матура, ме убедуваше дека не треба да јадам, за наводно да ме собери фустанот. Не ми даваше пари за облека, ми забрануваше да користам шминка, а кога ќе се нашминкав кај другарка ме исмеваше. Годините поминуваа, а проблемите растеа. Нејзината личност се менуваше константно. Некогаш беше добра. Некогаш социјална, но најмногу асоцијална. Во текот на денот менуваше толку многу личности, што беше просто фрапирачки. Во еден период, заради нејзиното однесување, но и еден куп финансиски проблеми, стасаа пред развод. Толку многу кавги имаше дома, што некогаш посакував и да се разведат за да не мора да ги слушам. Се сеќавам, во текот на тие кавги, можеа да поминат недели, а да не му прозбори на татко ми ниту еден збор, иако тој се обидуваше да ја намали тензијата. Ќе си дојдеше од работа и бараше еден мал милион причини, за да се скара со некого дома. Не знам ни дали сама е свесна, колкав потенцијал на ширење негативна енергија има. Дел од луѓето што ја познаваа почнаа да се однесуваат со резерва кон неа. Глумеше дека е добра и фина, ама со постапките си го покажуваше вистинското лице т.е. лица. Стаса до тоа ниво, да одбегнува секаква комуникација со нејзината родена сестра, моја тетка. Потоа и останатите роднини, касно, но сепак сфатија со кого си имаат работа. Долго време од мојот живот правеше мал пекол. Среќа што сум независна, па успевав да се справам некако. Ден пред бранење дипломска, ме извреѓа, понижи и направи да се чуствувам како да не вредам ништо. Ден пред да одам на интервју за работа во странство, го повтори процесот. Истото го правела и пред секој голем настан од мојот живот. Жал ми е што ќе речам, ама таа за мене е само биолошка мајка. Луѓе од улица подобро се однесувале со мене. Се извинувам за долгиот пост. Сакав да направам паралела помеѓу тоа како е да читаш за личност со синдром на повеќекратна личност, и како е да живееш со неа.
     
    На Imperatorka5, Purelove92, КикиМаус и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LegallyBlonde13

    LegallyBlonde13 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2017
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    1.938
    Многу ми е жал што си поминувала низ тој пекол, што си немала нормална мајка која ќе те подржува и прави да се осеќаш сакано. Што кога во детството кое не може да се врати и не може никој да го надокнади, кога најмногу ти била потребна таа мајчинска љубов ти си ја немала.
    Дали сеуште живееш со неа?
     
    Последна измена: 4 мај 2017
  15. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.079
    Допаѓања:
    17.609
    СПЛ е логичен одбранбен механизам, еден начин на кој мозокот се справува со тешките работи. Личноста може да развие различно карактери и идентитети кои делуваат независно, одвоено едни од други, со цел да се справуваат со различните ситуации на најдобар можен начин.
    Верувам дека добра половина од се вкупниот народ на светов го има овој синдром, свесен или пак не за тоа.
     
    На Briar Rose му/ѝ се допаѓа ова.
  16. makedonkamak

    makedonkamak Форумски идол

    Се зачлени на:
    17 октомври 2013
    Пораки:
    3.616
    Допаѓања:
    26.978
    Пол:
    Женски
    Констарирано е оваа дијагноза од стручно лице?
    Ова не баш лесно за утврдување и бара подолг процес на лечење.
    Мислам дека овде не станува збор за овој синдром.
     
  17. AeonFlux

    AeonFlux Активен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2018
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    62
    Пол:
    Женски
    Дали мислите дека граничното растројство е поврзано или слично со овој синдром?
     
  18. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Машки
    Дали овде спаѓаат и личности кои се категоризираат на пример како Aerogender?

    Aerogender е човек кој еднаш се осеќа како маж, а друг пат како жена, во зависност од атмосферата, дали е сончево, облачно, во зависност од денот или годишното време во годината итн.
     
    Последна измена: 3 јуни 2018
    На Briar Rose и sjdgo им се допаѓа ова.
  19. Briar Rose

    Briar Rose Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2016
    Пораки:
    2.382
    Допаѓања:
    13.591
    Пол:
    Женски
    @EvAngelos интересно прашање :)

    Сепак, би рекла дека не е многу веројатно со оглед на тоа дека синдром на повеќекратна личност значи дека идентитите се сосема различни, со поинакви карактеристики, интереси, националност, работа, способности итн.

    (Што е мошне далеку од реалноста бидејќи свеста и когнациите можат да се развијат и да припаѓаат само на еден индивидуалец, а останатите сфаќања и развивања на други идентитети претставува психолошка болест).

    Сепак, според дефиницијава што си ја напишал, би рекла дека можат да постојат повеќе можности, и истото да зависи од личноста и колку драстично ја чувствува таа промена на полот.

    Имено, прашањето овде е дали поединецот кој е Aerogender, заедно со чувството за полот целосно ги менува и останатите лични податоци и способности за него или не.

    Најчесто лицата кои имаат тенденции да го менуваат полот, не претрпуваат големи психолошки промени во драстични мери. Тоа е бидејќи главниот фокус на кој мозокот обрнува внимание е полот а не и останатите карактеристики која го прави еден поединец уникатен.

    Доколку настанат одредени промени на карактерот кај ваква личност, би претпоставила дека е најлогично истите да се базираат врз полова определеност и разлики.

    На пример, личноста која додека времето било облачно и врнежливо се чувствувала како машко и сакала да гледа спортски натпревари и да пие пиво, сега кога времето е подобрило и станало сончево и топло одеднаш се чувствува како женско и сакала да излезе на шопинг и да става розов кармин, останува главно на овие полови промени/разлики.

    За време на менувањето на чувството за пол, личноста сеуште знае на кој јазик зборува, во која држава живее, кои се нејзините вештини и способности, личностите во опкружувањето кои ги познава итн.
     
    На *Amethyst*, theowndemon, Someonespecial и 3 други им се допаѓа ова.
  20. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.393
    Допаѓања:
    9.325
    Пол:
    Машки
    E де, зарем и вакви СПЛ постојат? Има некој пример за ваква личност? Баш би сакал да прочитам колку се различни тие две или повеќе имагинарни личности кај човекот. Не би ме чудело да постојат навистина такви личности, кога веќе постојат и такви што сабајле мислат дека се жена, а навечер маж и сл.
    Ја повеќе мислев дека овој синдром се карактеризира со тоа една личност во Мај да е екстроверна, зборлеста, динамична, а во Јуни интроверна, срамежлива, мрзлива... во таа смисла различни.
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.