Јас како голем обожавател на сирење и добар кашкавал, неделава си пребарав ваква тема ама немаше. Чисто поради тоа што во последниов период, сите сирења вакумирани ми се грди и не можам да си најдам некое убаво, и како по навика ај викам да видам што јадат женскиве, али не сме отрвориле до сега. Какво сирење и кашкавал јадете вие? Дали имате пробано некои специфични видови на сирења (од оние мувлосанине)? Дали знаете рецепти за нивно приготвување, како на пример за топено сирење?
И јас многу ги обожавам, ги комбинирам со скоро секое јадење. Дури ми се чудат луѓето околу мене... Инаку немам некое кое ми е омилено, сирењето сакам да е тврдо и многу солено, а најмногу го сакам оној кашкавалот со дупчиња. А многу сакам и топен кашкавал ммм
Кашкавал ОБОЖАВАМ секаков, млечен, растителен, важно кашкавал да е.Додуше овој растителниов поубав ми е, ама ни на млечен не се жалам. Абе цел живот може да јадам кашкавал, кечап и леб. Ама сирење МРАЗАМ! Пробав еднашка и такво едно никакво солено, па и како мириса ау.Гадно. Тоа уште еднаш во моја уста нема да влезе.
Обожавам млечни производи, а сирењето и кашкавалот ги конзумирам во скоро секое јадење. Многу сакам овчо сирење и тоа исклучиво Беровско, другите некако ми мирисаат. Пред еден месец прв пат пробав козјо, ама не го можам. А од кашкавалите омилен ми е на ,,Кожув,,. Често ги пржам намачкани со јајца и презла, сирење додавам и во салати, во макарони потпечени, а со ајварче ми е омилено јадење. Едно време бев навлечена на Фета, ама ми се згади пошо цело канче во два дена сама го јадев, а мувлосано сирење едниствено имам пробано во пица со четири сирења. Кашкавалот е посебна прича. Кога се пости јадам пушен и многу ми се допаѓа, инаку кравјиот често го топам врз Патос чипс или го јадам така со путер и лебче.
Кашкавал само во пици, тостови или растопен врз леб во рерна, поинаку не ми е многу убав. Од сирење само кравјо и мешано, биено никако
И сирење и кашкавал. Кашкавал секаков. Битно кашкавал да е. А сирење, посебно сакам посоленко да е Обожавам млечни производи. Кашкавал обожавам во тост, пица. Посебно растопен, кога се тегне. Мххх... Најубаво ми е. Си правам јајце и кашкавал помешани. А сирење, со се значи. Со ајвар, макарони, топено сирење Макарони од Подравка со четири сирења ми се омилено од сите тестенини на Подравка... Абе што пишувам олку, јасно е дека обожавам и тоа и тоа
Од мувлосаните би пробала што значи не сум досега, а ме привлекуваат но цената ме одбива ептен е скапо а незнам дали ќе ми се допадне, исто така имам мерак на она француското Брие и Камберт мислам се викаше, но тоа понатаму имам во план да ги пробам, досега имам пробано од Гауда, Ементалер и тоа ементалер со дупчиња некој специфичен вид кој е преубав и мој омилен инаку не сум го здогледала тука и секако италијанска Моцарела која одлично ми оди на салата со свеж патлиџан но најубаво во пица или тост. Покрај мувлосан исто така специфичен тип на кашкавал кој наводно во Италија е најскап е кашкавалот со дупчиња и црви, да тоа го дознав од роднини кои живеат таму и тој бил најскапиот кашкавал и највкусниот. Мора тоа да се проба кога тогаш . Од кашкавали најомилен ми е Гауда и тоа Олдемберг и Ливада и од нам досатпните видови на кашкавали и фирми најубави ми се германските и словенските. Сирење само преферирам македонско, ги имам пробано сите видови но најомилено ми е козјо, најчесто го зимам она Беровското или Пелистер, а млекара Николовски имаат најубаво овчо според мене. Без кашкавал или сирење не ми почнува денот, и едното и другото се застапени во секојдневната исхрана.
Сирење многу сакам. Дури и премногу. Најмногу го сакам сочен и малку посолен. А кашкавалот го јадам само во пици, сендвичи, и похован. Онака "жив" не ми е убав. Ич.
Повеќе сакам сиренце него ли кашкавал. Во кафанка секогаш со винцето мора да има и едно парче сиренце на скара а потоа и се друго. Кашкавал онака не јадам многу,освен во пица,топли сендвичиња или тост.Ама сиренце знам со лепче да си јадам само,ај лајк ит
Без сирење денот не ми поминува и најчесто со се‘ го јадам. Омилено ми е биеното, затоа што ми е најсолено. Омилен кашкавал, може ќе ми се смеете: посниот
Едно од омилнетите ми е А си го сакам и овчото сирење, а добро е и биенотот сирење на скара само некогаш ми е многу солено.
Обожавам овчо строго беровско сирење. И најчесто моите не купуваат од маркет, туку од некој Беровчанец во канта И фета сирењето ми е убаво, ама јас јадам многу солено а тоа е не ми е толку по вкус. Ама како за мезе - одлично е. Кашкавал јадам или мешан или кравји, сега хит ми е кумановски Сирењето и кашкавалот се дел од мојот секојдневен оброк
Од понеделникот у мојот топол дом,стапи на сила законот за строго контролирано и ограничено конзумирање на кашкавали и сирења,особено на особите над 40 години,а тоа се добри 80 посто од членовите дома А и оние со проблеми со варењето,читај 100 посто сме опфатени со новиов закон. Така што,ова зло од производ,а толку вкусно и потребно (леле кој сирењејадач сум,уништувач,фашист за сирење),со тешко срце ќе го јадам ретко. Остај ти мувлосано сирење,горгонзоли (да де со ајвар ги јадат некои ако не сте знаеле ).Убаво,мрсно,богато,овчо шарско сиренце,онака тамам зрело...леле...абе крици на убавина!
УУУУУУУ, можам до утре да јадам сиренце! Летно време посебно го форсирам. Со патлиџанчиња, со чувчиња, со салати, тестенини, а мајке ми, и со ајварот не заостанува. Многу сакам топено/пржено и топло, само што ептен ретко го правам така. Најомилено јадење - кифлички, патлиџанче, маслинче и СИРЕНЦЕ. Их, сега да имаше да си каснам, мњам. Имам јадено и мувлосано сирење. Додуша, прво помислив дека е нешто како зденка измешано со спанаќ, и се заграбав да пробам. Не е лошо, има прилично јак и горчлив вкус. Кој е љубител на тие вкусови, сигурно ќе му се допадне. Разни видови има, некои веднаш горчат, а некои дури по 10тина секунди ,,експлодираат,,. За кашкавалот, го јадам, омилен ми е кога е топен. Сепак секојдневна предност му давам на сирењето.
Ајвар и сирење-кој пробал знае . Сирење овој период јадам најчесто со ајвар, многу ретко уз некој друг ручек. Иако некогаш ме маваат тачки па си правам олд скул сендвич со салама и сирење. А летно време рендам на салата често, најчесто купуваме Мешано од Здравје Радово, и навистина не е лошо. Кашкавал најчесто во сендвичи, тостови, пица. Прибидејки Петко е пребирлив и доста специфичен што се тиче кашкавал дома се јаде строго Едамер, вкусен е додуша, не е воопшто лош. Ама дека нон-стоп само таков јадеме кога ќе каснам друг вид многу поубав одколку претходно што бил ми делува.
Обожавам сиренце и тоа на далеку познатото малешевско сирење, овчо и мрсно. Незнам дали некој има пробано ама прекрасно е со извонреден вкус е сирење со пиперки (така си е правено и се е исто само што мириса на пиперки). Кога немаме вакво малешевско овчо си јадам фета, ама без сирење неможам, барем 2 пати во неделата си каснувам. Кашкавал јадам и кравји и овчи, ама најубав ми е мешан. Единствено неможам да го јадам растителниот, многу ми е грд. Преубав мешан кашкавал (овчи+кравји) ми е оној од Рудине-Делчево.
Cирењето ми е најголемата слабост,ако не каснам во денот -не сум јадена и кога сум на диета-пак јадам.... Cакам секаков вид на сирење,солено биено,не биено,мешано со лукче,кајсија...го сакам на секаков начин,и секогаш си јадам полека со уживање.... Kашкавал сакам но не како сирењето,имам пробано мешано со лукче и преубав беше,во Mакедонија најмогу го сакав Aјдамерот,може и овде го има-не знам не ми текнало да побарам