Го пишувам ова анонимно бидејќи се плашам од целата ситуација во државава.Не сум поврзана ниту со една политичка партија,ниту имам таква намера,но ова води само кон пропаст. Ќе ви опишам една ситуација што ме запрепасти пред малку,и ме натера да размислам што понатака.Седам во локално кафуле,на масата до мене седат двајца инспектори и секако сопственикот на кафулето.Упорни да пишат казна,се фаќаат за влакно,иако сопственикот за се си имаше оправдание и документација,се му беше уредно,а бидејќи не сакаа да си заминат со празни раце,се фатија токму за маичката на келнерката дека не смеела таква да доаѓа на работа,и оп казна.Ок,може беа во право не знам но дека мораа да пишат казна не мораа,постои опомена.Дали ова важи за сите? Дали има закони секаде? Нема,затоа и ми е криво,да имаше подеднакво за сите тогаш ќе речев океј,но знам дека не сите плаќаат даноци,давачки кон државата кафулиња што немаат фискална,ама не е проблем нема да стапне инспекција таму,затоа што не смее. Да не бидам погрешно сфатена,не се разбирам од закони и било што,но дали има малку совест во оваа наша земја? Се е енормно скапо,струја,вода се се е прескапо веќе,а битно полиција,инспекција на секој чекор,и без грешка пак ќе најдат само да не се помиме така.Почнаа фабрики,продавници со македонски производ да се затвараат,зошто? Затоа што сопствениците од давачки спрема државата немаат пари да ги исплатат вработените.Зашто го саботираат и рекетираат македонскиот народ? Има луѓе кои поштено заработуваат,зошто овие правила не важат за непоштените? Зошто се прави се за секој да си замине од државава?Има страшни умови,но се плашат нешто да направат затоа што од давачки и вакви рекети глава нема да кренат. Јас искрено се прашувам кон што води ова? Јас сум само посматрач на целава ситуација,но сега сфаќам дека сите мои визии и соништа пропагаат во вода.
Не му ја мисли ти многу. И со тебе, и без тебе, државава кај што тргнала, таму ќе иде. Неможеш ништо да направиш. И онака се е во аут отидено.
Гладни се копилињата од вмро-сдс-учк. Буџетот е празен а странски кредити повеќе не им даваат. Отиде РСМ во банкрот
И после ќе ми рече некој, абе требало да се отвораат бизниси, да не чувале гастарбајтерите пари во банка. Не ќе фрлат илјадници евра во ветер, оти ако немаш поддршка од партија или ако си трн во око некому ќе те одерат. Македонија цел век е вејка на ветер, што ќе биде со неа, Господ знае.
Можат од санитарна инспекција да ги казнат ако келнерите имаат несредени нокти или пак готвачите имаат неисечени нокти, ако готвачот е без капа, работат во нечиста средина т.е кујната не им е исчистена, знам дека има соодветна готвачка опрема за во кујна, келнерот има соодветна опрема исто, се состои од кецела, машна, кошула.. Не е проблем законот, закон има, проблемот е што нема да го казнат Љурзим со бентлито од Арачиново што има ресторан, вози бентли, нема денар данок платено на државата, и не плаќа струја со години, туку ќе го казнат газдата на кафич македонец со два вработени кој едвај крај со крај врзува за да не го затвори кафичот затоа што не е исповрзан како црево со централната власт..
Келнерка била, не готвач. И не рече дека е заради униформа. Оти ако е, тогаш можи на црно работи. Нека кажи шо инспекција е... трудова? финансова? санитарна?
А може после целава случка се јавил кај некого и средил преку пријатели,роднини. Нема ни прв ни последен да е.А исто така и инспекториве. НИШТО ЧУДНО,НИШТО НОВО.
На чичко му, брат, дете. Е, така функционира нашава прекрасна земја. И после ко ќе прашаат зошто државава не оди напред, ми иде телевизорот од глава да им го акнам.
Па секој нормален знае каде оди ова. Титаник не ни е рамен. Затоа секој месец слушам како еден по еден од пријателите полека заминуваат надвор од државата . Бидејки имам допирна точка со ова што го зборуваш , можам само да потврдам дека е вистина. Инспекциите буквално се растрчани на сите страни за да соберат пари во буџетот, кој на сите ни е јасно дека е празен. Вистина е буквално за ситници казнуваат, во ситуации кога неможат да најдат ништо и тоа само во македонските делови. Од друга страна пак ако појдеш по институциите , ќе наидеш на џаболебари кои пред 9часот очите неможат да ги отворат, а не пак да сработат нешто. Бегајте луѓе ако имате можност додека е време..
Најчудни се оние што се враќаат и отвараат фирма мислејќи дека овде се функционира како на западот. Овде без да ги нараниш, напоиш и тутнеш некое евро во џеб на инспектори и останати крвопијци не тргнува работа. Овде фирми без вработени огромен профит прават, додека оние со вработени пропаѓаат.
Јас многу одамна сфатив дека државава е отидена у ку***, не се ни замарам што прават, како прават. Порано многу се нервирав, гледам дека се што е останато во државава е неписмено, сите млади си отидоа, не гледам иднина тука, ни просперитет.
Кон што води? Водено е веќе - во држава која се држи на стаклени нозе. Соништа и идеали надвор од тука. Делуваш како фина личност и изненадена од ова што се случува. И јас се чудев на времето, но веќе навикнав. Народот само пцуе по фејсбук, никој, вклучувајќи ме и мене, не презема ништо и само го голтаме нашето незадоволство и се гушиме и бориме да преживееме. Со омраза и отров не се живее, но ние сме предалеку од државите- држави, во се' - од ставови, гледишта, па се' до тоа да се преземе некаква акција, а крајното е тоа што немаме до кој да застанеме - сите се исти кои сакаат да се дочепаат до власт. Народот додека се дели, се' така ќе биде. Кога ќе се сфати дека не излегуваш на протест, револуција или било што за да дојде партијата за која си, ами ИДНИНАТА на твоите сограѓани и на самиот ти, ќе биде поинаку. Вака не. Совет, никогаш не станувај огорчена поради ова што се случува. Не ја пиј таа горка пилула. Реализирај ги своите сништа таму каде што се добредојдени.
Преееееточно!!!....Се повеќе и повеќе забележувам дека луѓето во оваа држава стануваат толку огорчени од ситуацијата која што ни се случува моментално, се повеќе народот се дели меѓу себе, се повеќе љубомора, завист, натпревар помеѓу луѓето да се дојде до некоја позиција...ж а л н о....
Над 70 000 народ излезе во Прага против новите поскапувања на цените на струја, храна, гориво. https://ct24.ceskatelevize.cz/domaci/3526926-na-vaclavske-namesti-prisli-protestujici-proti-vlade Ова се вика менталитет. Затоа тие се држава а ние дупка.