Па не се нормални жими све.Со кој памет го прават ова? И плус пред цела публика.Ги глеаат пријатели,нивните семејства,и уопште не им е гајле?
Ова треба или да оди со кодови на посебен канал никако на национална програма во 23 часот. Ако помине ова, следно е Задруга и тепачки и секс преку цел ден на ТВ. Може некој што ги разбира овие работи да пише каде да пријавиме, мора на време да се пресече.
Од вчера почнале да го емитуваат? Катастрофа. Некогаш гледавме нормални, едукативни програми, сега само глупости ни нудат. Никому ништо, само Тв Алфа им е маката и трн во око, од политички причини, за ова никој нема да се побуни.
Го немам видено на тв, жал ми е што отворив на нет, за на пет минути да проверам... Јас без зборови останав.
Цензурирано е? Оти ако не е, не само шо е кич, прерано е за да има на тв. Ако е цензурирано, ќе е само голем, no pun intended, кич.
Сега гледав дел на јутуб. Прва елиминација е според изглед на вагина, се коментира изглед на клиторис на секоја девојка, потоа следат гради, пупки вакви такви... До таму изгледав, не знам потоа што следува. Дефинитивно не е за тој термин и воопшто за на национална телевизија. Канал 5
Хахахахахахахах леле умрев. Сега го гледав британското, скроз голи се, ама ги откриваат дел по дел, додека не стигнат до фацата, а на крај одат на дејт. Облечени. Ова не е за на телевизија, не е за нигде, сосема безвезен концепт со никаква вредност. Толку ли се очајни канал 5 со гледаноста, па на ова спаднале, гревови.
Секакви глупости дознавам преку форумов, а ова шоу сигурно има многу евтина откупна цена. Се потсетив сител кога пушташе т.н. "голи вести" на полувремиња од фудбалски натпревари кои ги гледаше половина држава, воедно и ние, тогаш малолетни деца, па ајде, менувај канал на паузата. Нема што ново да се каже, телевизии водени и програмски уредувани од напалени чичковци со низок интелект, ништо поарни не се гледачите на се што им сервираат.
Ауч . Не се знае кој од кој е побетер. Дали тој кој ја смислил оваа глупост, дали Канал 5, дали тие кои се пријавуваат. Мислам со кој памет, како не им е срам на тв да ги гледаат нивни блиски и познати.
Мене ми текнува на Голи и смешни. Скриената камера со експлицитни моменти. Исто ми текнува кога рандом даваа стари југословенски филмови за викенд приквечер, исполнети со омраза и насилство. Сѐ уште сум трауматизиран од една сцена што ја имам видено. Правилно? Не, ама не и скандалозно. Имаме историја, а богами и сегашност со глупости по нашиве телевизии. Кога би имал деца, на тв само нешто ко анимал планет би одело.
Пробано е, ќерка ми се расплака оти незнам лавовите се степаа. Енивеј, не е за тоа темата. Не знам за скандалозно, ама прилично сум сигурна дека има некој закон за експлицитни содржини.
Смешно. Глупаво. Луѓево па никакви. Дебели, развисени, обесени, тетовирани, пирсови. Мајка ми е погодна од овие. Бог да чува.