1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Скандал на радиологија-подмити за да не чекаш 5 месеци!!!

Дискусија во 'Политика и настани' започната од Offspring, 21 декември 2010.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    На Клиниката за радиологија дополнителните прегледи и консултации се вршат во текот на работното време, наместо после тоа тврдат вработени од клиниката.

    Долгите и вештачки напумпани листи на чекање на единствената магнетна резонанца во државна сопственост ги принудуваат пациентите да платат дополнителни 1.300 денари за да се снимаат веднаш наместо по неколку месеци.

    Нашиот соговорник кој заради безбедност на работното место сакаше да остане анонимен тврди дека станува збор за организиран криминал во кој се вмешани лекари радиолози, шалтерски работници, техничари.

    „За да се заобиколи законот за дополнителна работа, шалтерскиот работник е принуден, односно така им е кажано, да го менува времето на компјутерот. Значи амбулантските пресметки на клиниката за радиологија се обработуваат компјутерски. Компјутерите се мрежно поврзани, значи шалтерскиот работник го менува времето на барањето за консултација“, вели соговорникот.

    Од документите до кои дојде А1 се гледа дека пациентите со партиципацијата ја плаќаат и дополнителната работа на докторот односно консултацијата од 1.300 денари, потоа се снимаат и експресно го добиваат резултатот.

    ---------------------------------------------------------------------------------

    И после онаа јадачката на трици во парламентот пак нека каже дека здравството е во ред. Ма дај човече, упорно да се лаже дека црното е бело и обратно |(
     
  2. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.818
    Здравствово ни е како во Африка во некое забутано село да пробуваш да стигнеш до лекар (нека ми извини Африка што ја споредувам со нас). Радиологија е тоа, идиоти ќори на власт! Одат луѓе со голема мака, со тумори, ракови... Тие ли да ве подмитуваат? :devil: Како може бе цела Македонија да зависи од еден прастар апарат за снимање? Заборавив, моја грешка, поважно е да имаме споменици во чест на лудоста на еден мегаломан на власт, отколку да ги спасиме болните, моја грешка. Леле колку се нервирам :devil: . Точно, ако имаш пари, има приватни болници со сите можни апарати, ама кажете како со просечна македонска плата од 300 евра ќе плати некој снимање приватно (од 500 евра нагоре) и плус лекување во тие приватни клиники? Или болниот нека оди нека се слика до споменицине за да му остави спомен на семејството, оти спас му нема... Како се доведовме до ова дереџе? Не ми се верува.... Сите напред, ние забрзано наназад, на сите полиња... Уфффф :devil:
     
    На stilas7 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. budala.sum-pa.sto

    budala.sum-pa.sto Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    199
    Така функционираат работите секаде во нашата ни мила државичка, плати па клати. Ама некој да печали на маката на друг :x :x :x Здравството од приватни до државни болници е хаос, ама тоа е. Побитно е да се спроведе проект секој да се лечи кај му било најблиску, а за нови апарати ќе почекаме. Па кој сака одма да се лечи нека оди во странство, таму има скапа опрема :geek: Ние имаме споменици, па сега вие многу сакате, не може градот да ни биде во барок стил, а здравството како во 21век. Мора и опремата да биде од тоа време :envy:
     
  4. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Кој скандал човече.
    Чекам други доктори(ако така можам да ги наречам) да се огрдат од овој настан,а земаат 5000 евра за незакажана операција.
     
  5. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Јас ништо нема да коментирам, нема да мешам политики затоа што најмногу мразам политика од се, само ќе прашам... Тој "доктор" што го одобрува ова и го практикува, дали знае што всушност претставуваат х зраци и што се може да се случи доколку има зрачење во близок период кој секако може да настане кога има промена на податоците за ВРЕМЕТО во компјутерот ???
     
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Најисфрустрирани се едвај докторите,така наречени радолози,со се нивните техничарчиња.
    Ова не за друго,од комплекс им е де.
    Без навреди де,така си е.

    А пропо темава,не ме изненадува со нашево здравство.Се на бесилка.
     
    На budala.sum-pa.sto му/ѝ се допаѓа ова.
  7. mila-vanila

    mila-vanila Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Воопшто не ме изненадува ова :) Па на сите клиники кај нас е така... Или под рака "нешто" ќе дадеш или ќе пробиеш некој канал до соодветниот доктор преку добри познајници, па ако сакаш поквалитетна услуга..Тоа е.. :rock: (ова иронично...) Освен во приватните клиники и поликлиники, но таму е огин скапо...Јас пред некој месец прашував за КТМ на абдомен во една приватна клиника и ми рекоа дека чини 15.000,00 ден :o Па тоа е 90% од мојата плата, за еден преглед на стомак...А морам да направам, па ќе со чекам ред на раскантаните апарати на Клиника сега.. :tmi:
     
  8. elygj

    elygj Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2010
    Пораки:
    452
    Допаѓања:
    68
    Срамота и греота,да се печали на туѓо здравје....Наместо да се интервенира луѓето што побрзо да ги извршат прегледите,нивната финасиска и здравствена немоќе се искористува за екстра заработка.
    Па кај им е етиката на докторите???
     
    На budala.sum-pa.sto му/ѝ се допаѓа ова.
  9. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Проблемот не е само на Радиологија!
    Истото се случува на сите клиники, ама овде некој си игра играчки со маката на луѓето и печали на тоа . СРАМОТА!
    Имало гужва, немало други такви апарати, немале кадар ...незнам што и морало да се чека 5 месеци! :@ Некои луѓе од тие опаки болести умираат за помалку од два месеци, а замислете ХИПОКРИЗИЈА -ДА ПЛАТИШ ЗА ДА НЕ ЧЕКАШ -па ова е СПРОТИВНО НА УСТАВОТ-тоа значи кај нас немаат сите еднакво право на здраствено лекување.
    А дури сега со плаќањето по учинок, уште повеќе ќе го разработи овој систем...дојди после 14 за да не чекаш :@
     
  10. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Со парите фрлени за СКОПЈЕ 2014 ќе се реконструираше комплетно цела државна во Ск, ќе се модернизираа и опремеа сите болници во поголемите градови со посебна опрема, ќе се обучеше и усовршеше кадарот кој работи во овие болници....и ред други работи од кои бенефит ќе имаа граѓаните.

    Арно ама некој мисли дека статуетките ќе донеле туристи и прилив на средства!
    :@
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  11. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    4.115
    Гледам темава е пред 2 год. Има ли некои позитивни промени, набавка на нова опрема со сегашниов министер за здравство? Вакви клиники треба да направат во Тетово, Охрид, Струмица за да нема гужви во Скопје а и пациентите да не се малтретираат со патување низ цела Македонија.